Showing posts with label Етимологија. Show all posts
Showing posts with label Етимологија. Show all posts

July 20, 2012

Потекло на името Мариово

Познато е дека постојат многу легенди за потеклото на името Мариово. Според една од нив се вели дека името Мариово е добиено по некоја убавица Марија. Таа се согласила да живее во турскиот харем но под услов бегот да не врши исламизирање, потурчување на населението од тој крај. Па така и турскиот бег и дал ветување дека ќе го испочитува нејзиното барање и селаните се спасиле од натамошно потурчување и градење на џамии. Во чест на убавата Марија, оваа област го добила името Мариово.

Другата легенда вели дека името Мариово доаѓа од верувањето дека пред многу векови таму постоело море за што сведоци се многубројните карпи во облик на школки.

Мариовскиот крај плени со својата едноставност, но преубава природа. Мариово е област која крие безброј тајни, легенди, културна оставнина.

Превземено од Македонски Времеплов

(кликнете за да ја прочитате целата статија на Гордана Димовска)

April 30, 2012

Песна за Патрикот (1762 Лето)

Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
Еј! Дошел Солаор.

Се претставил пред Арсениа, наша Патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш, денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо, в црква Свјати Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.

Д'лго време липал старец, в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци, така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п'т.
Еј! За последен пат.

Ч'рна т'га поразила, старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие т`жни, му целуват десна р'ка и од р'ка
как' од извор с'лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња, и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
Еј! Пејко челеби.

Милостивиј Бог послушал, Патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни, ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.

(Глигор Прличев)



(Ансамбл Билјана)

Го прочитавте целиот текст? Го знае(в)те веќе? Ако да - убаво, ако не, не е страшно. Песната / Поемата му се припишува на големиот македонски Поет Глигор Прличев, макар што има и „муабет“ дека бил инспириран од песна создадена од Народот, која ја преработил и дополнал. И да е точен „муабетот“, не менува ништо, една прекрасна песна за една трагедија на Македонскиот Народ. Во песната се пее за укинувањето на Охридската Архиепископија од страна на Цариград (Истанбул) , под влијание / нарачка на грчката црква. За оваа случка пишувале многумина, а ние нема директно да ја обработуваме содржината. За нашиов муабет, пред се е важно тоа што исто како во „Учи ме Мајко Карај ме“ и „Големо Чудо“, без разлика дали „народна“ или „авторска“, се рас-кажува некој настан, некоја „приказна“.

Да ја напишам сега и „Сердарот“? Или ќе испее некој некоја друга песна? „Ми Заплакало Селото Ваташа“? „Абер ми иди од Солуна Града“? Се надевам се разбираме...

Би можеле да наброиме барем неколку стотини такви Македонски Народни песни / поеми, и не само Македонски, луѓето многу често практикуваат да пеат за Херои, анти-Херои, херојски подвизи, предавства, важни настани.

Да разгледаме некои дефиниции за епика и поезија:

Поезија (Од Википедија, слободната енциклопедија)

Цитирам:

"Poetry (from the Greek "poiesis" — "ποίησις" — with a broad meaning of a "making", seen also in such terms as "hemopoiesis"; more narrowly, the making of poetry) is a form of literary art which uses the aesthetic qualities of language to evoke meanings in addition to, or in place of, the prosaic ostensible meaning."

(Од Википедија, слободната енциклопедија)

Цитирам:

„Поезија или лирика (од старогрч. ποιέω = создавам) е уметничка форма во која човечкиот јазик се користи за неговите естетски квалитети во додаток на, или место за, неговата семантичка содржина. Поезијата се состои претежно од усни или литературни дела во кои јазикот се користи на начин што јасно се разликува од тој на обичната проза.“

Епика (Од Википедија, слободната енциклопедија)

Цитирам:

„Епика (од старогрчката придавка ἐπικός (епикос), од ἔπος (епос) „збор, говор, приказна“) е еден од трите рода во уметничката литература, кој опфаќа дела во стих и во проза, во кои вообичаено се раскажува за херојски подвизи или настани значајни за одредена култура или нација.“

„Епиката се смета за раскажувачка, претставувачка, односно миметична уметност. Со други зборови едно книжевно дело се смета за епско доколку постои раскажување, односно нарација, раскажувач или наратор и ликови кои ги градат дејствијата односно сижето и фабулата.“

Значи, Поезија да ти било од „старо-грчки“ (што и да означува тој поим „грчки“) „поиесис“ (ако го прочитаме Коине зборот, најверојатно се чита како [пои:ес:ис] или [пои:ое:сис] , или од ποιέω = создавам , каде она „старо-грчкото“ би било [пои:е:о] или [по:и:је:о] )

Пее на грчки = τραγουδώ [тра:гоу:до]

Ајде да разгледаме како се вели за „пее“ и „поема“ / „песна“ на неколку „словенски“ јазици. (и на неколку други)

Полски
piosenka, pieśń, śpiew, śpiewka, przyśpiewka, pośpiew, śpiewanka, pieśń nabożna, pienie
пее = śPIEwać, śpiew,

Руски / Украински / Белоруски
поэма, поема, пение, спевка, зустрічати співом, спеть, воспевать, припевать, песня
пее = петь, співати, спяваць

Чешки / Словачки
báseň, píseň, pieseň
пее = zpívat, opěvovat, spievať, zaspievať, ospevovať

Словенски (Словенечки)
pesem, poema
пее = poje, pojejo

Српски / Хрватски
песма, поема, спев, pjesma, poema, spjev
пее = пева, pjeva

Азербеџански
poema (претпоставувам преку рускиот)
пее = oxumaq

Романски
poem, poezie, poemă
пее = cânta

Италијански / Латински
poesia, poema, poemetto
пее = cantare

Германски
Gedicht, Dichtung,
Poem пее = singen

На МНОГУ Македонски дијалекти ПОЕ = ПЕЕ.

Да го анализираме следниот текст:

„Poetry as an art form may predate literacy.[1] Epic poetry, from the Indian Vedas (1700–1200 BC) and Zoroaster's Gathas to the Odyssey (800–675 BC), appears to have been composed in poetic form to aid memorization and oral transmission, in prehistoric and ancient societies.[2] Other forms of poetry developed directly from folk songs.

Слободен превод:

- Поезијата како уметничка форма можеби / изгледа е претходник на литературата (пишувањето и читањето, писменоста). Епската поезија / Епиката, (пр. Индиските Веди и други) изгледа се компонирани во ПОЕтска форма за да помогнат во запомнувањето и оралното пренесување на податоци за настани (личности, итн.) и искуства во древните општества. Други форми на поезија се развиле ДИРЕКТНО од Народните Песни!

Значи ПОЕзија и Е-ПОИ се ПОЕ-ле како Народни Песни и преку својата ПОЕтска форма служеле за пренесување на податоци за настани (личности, итн.) и искуства.

Зошто „од грчко“? Тие кои го напишале тоа, не знаеле Македонски и други „словенски“ јазици“? Или смислен акт, извртување на дел од минатото?

Зошто воопшто потребата да се присвојува, или да се етикетира како „грчко“ и ова, и толку од она кое „западниот свет“ не го разбира, исто како што не разбираат и поголемиот дел од „грците“, кога на Македонски и на други „словенски“ јазици има совршено логично и описно значење? Нека не биде „македонско“, но доколку некој етикетира нешто како „грчко“ или дека доаѓа од некој „грчки“ или „старо-грчки“ збор (второво претежно се мисли на Коинето, кое е посебна приказна...), тогаш молам за објаснување! И секако, да не се отфрла можноста дека Македонците или некои други се „кумовите“ на некои работи.

И тие Античките, и ние денешните, зборуваме јазик кој е многу сличен на јазикот кој го говорело домородното население на Балканот, пред доаѓањето на оние што се нарекуваат како „антички грци“. Од проста причина, што живееме на истата територија, и јазикот се пренесувал од колено на колено, преку говорот и ПОЕњето. Од проста причина, што никогаш во последните 3000 години Македонија не била пустина. Секогаш била населена.

Од Преди Многаја Лета

На Многаја Лета

Автор: Ѓорѓи МАРКОВ

1. Hoivik, S; Luger, K (3 June 2009). "Folk Media for Biodiversity Conservation: A Pilot Project from the Himalaya-Hindu Kush". International Communication Gazette 71 (4): 321–346.
2. Ahl, Frederick; Roisman, Hannah M (1996). The Odyssey Re-Formed. Cornell University Press. pp. 1–26. ISBN 0801483352.. Others suggest that poetry did not necessarily predate writing. Goody, Jack (1987). The Interface Between the Written and the Oral. Cambridge University Press. p. 98. ISBN 0521337941.

(продолжува, нова приказна и нова песна во следниот дел)

January 12, 2010

Macedonian Cry

Macedonian cry е израз којшто потекнува од Библијата, Дела Ап.: 16:9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”

Во двата артикли подолу можете да видите како Macedonian cry (Cry from Macedonia) се користи за писокот на Македонците за помош пред еден век. Но изразот не се користи ексклузивно само за Македонци туку и има општ карактер, каков што е случајот со овој артикл на Time.

Macedonian Cry is a phrase that originete from the Bible Acts 16:9 During the night Paul had a vision. A man from Macedonia was standing there and pleading with him, "Come over to Macedonia and help us!"

The phrase is used in these two articles below for the cry from Macedonia for help, a century ago. The phrase is used not only for the Macedonians, but more general. Тhat is the case with this article by Time

December 15, 2009

БРАН и неговата приказна

Како може од јужните словени само Македонците за валови, далги и таласи да го користат терминот БРАН. Приказната за БРАН е прилично стара и ни открива доста тајни. А каде би побарале ако не кај веќе проверените извори, Келтската митологија и Санскритот.

Во Келтската митологија богот на морето е ЛИР а негов син е БРАН. Во своето патешествие низ морињата, БРАН пристигнал на женски остров, таму господарката на островот му забранила да си оди и му рекла дека доколку одлучат да си одат, тој и неговите луѓе на првото стапнување на Британското копно ќе бидат ничкосани. Бран не ја послушал и си тргнал дома. Кога првиот негов човек стапнал на копно веднаш се спружил. Од тогаш БРАН бил проколнат вечно да талка низ морето. Долу на сликата е БРАН со неговите луге.

Во античко време Македонците и Келтите биле соседи, затоа и постојат сличности. Но како и за претходните постови, така и за овој не е лошо да направиме контрола преку Санскритот. Видовме дека во Санскритот ВОДА е UDA, па така во Санскритот БРАН е UD-BHRAM (to whirl or move) значи вода која врти, исто така во Санскритот и ВАЛ е VALI (wave, fold), потоа нашето ВРТИ е VRT (round , revolve , roll). Значи оној кој е проколнат вечно да талка низ морето е БРАН, брановите вечно постојат на водните површини, па најверојатно од таму за вода која се врти во водните површини викаме БРАН.

Втората варијанта за потеклото на името на митолошкиот јунак БРАН можеби е поточна. Заштитен симбол на БРАН бил ГАВРАНот, па от тука БРАН = ВРАН (гавран)

Можеби пак не треба да бараме толку варијанти, едноставно БРАН може да биде БРАНЕ (заштитник) од глаголот БРАНИ, имаме многу такви имиња и зборови, Бранимир, Бранко, Бране, браник, одбрана, забрана ...

За да ја зголемиме веродостојноста, во Келтската митологија постои и богот ВЕТЕРИС, и ден денес се расправаат за неговата етимологија во светските кругови. Зошто не се потрудат со нас а и со Санскритот. Најблиску дошле во преводот со Старо Ирскиот, Ветерис го преведуваат како воздух.

Да видиме што ќе ни покаже Санскритот. VATARA (windy , stormy, swift as the wind) во превод ВЕТЕР, ВЕТРОВИТО, потоа имаме и VATR ( blower, air , wind)

На сето ова може само да се каже, ТОЛКУ БЛИСКУ а ТОЛКУ ДАЛЕКУ!

Превемено од http://trebenishte.blog.com.mk/

December 13, 2009

Кума Лиса

Дали Кума ЛИСА може да ни помогне да откриеме некои тајни кои светот се труди да ги прикрие на секој начин. Дали се што е на "грчките" вазни и митологија е "грчко"?

Целиот свет знае дека грците целата култура ја превзеле од староседелците, целиот Балкан бил населен со домородно население, тоа го потврдува и Херодот, "грчки" историчар од 5 век пред Христа, кој вели дека и Атина била создадена од староседелците. Хомеровата Илијада била усно прераскажувана околу 500 години пред да ја запишат "грците" (по нивна мерка).

Значи претставата ни е променета, но за среќа се појавуваат остатоци од староседелците. А за кој друг ако не за ЛИСА.

Во "грчката" митологија постои божицата ЛИСА која е божица на беснилото, лудилото, дивината. Таа ги терала кучињата да збеснат. Најинтересно е тоа што Атињаните ја викале Lutta ЛУТА. За да не бидеме пристрасни, да видиме што велат од една грчка интернет страна посветена на "грчката" митологија и култура.

Lyssa the goddess of madness drives the dogs of Aktaion to tear their master apart. She is depicted as a Thrakian huntress, similar to Bendis, with a fox-head cap, short skirt, and skin vest.

Описот ни дава дека се работи за ЛИСА (лисица). Над главата носи лисица и се идентификува со беснилото и лутината, па од таму и Атињаните ја викале ЛУТА, а јасно е дека Атињаните не биле отсекогаш "грци".

Името ЛИСА за лисица, до ден денес се употребува во Македонија. Марко Цепенков ни ги оставил запишани приказните за Кума Лиса.

Превемено од http://trebenishte.blog.com.mk/

October 16, 2009

Шкрети

Шкрети е македонски назив за етничките Македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше-Маврово).
Етимилогијата на македонскиот збор шкрет потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен. Самите Албанци (геги) ги нарекувале етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. словени, за да се разликуваат од етничките Албанци. Но, шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани Македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Берат), Горица (турски Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн.
Поконкретно, ШКЈА е термин кои гегите (Албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Цвијиќ, забележал дека Албанците ги нарекуваат и Србите и Црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“ ( J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61). Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува словен (Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973).
Општопознато е дека Македонците, како хрстијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните Албанци, кои биле главни отомански сојузници на Балканот. Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од Македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните шкрети. Многу од шкретите со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во Албанци. Денеска исламизираните шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за Албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско.
Се претпоставува дека шкретите го прифатиле албанскиот јазик во 19 век. Постојат белгиски сведоштва од 19 век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички Македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита. Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870 година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.). Пишаните историски извори и факти, ни откриваат дека голем број од денешните Албанци имаат македонско етничко потекло.

Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

October 8, 2009

БИЛЕ, Билка, Билјана

Дали името Билјана може да ни посведочи за староста на нашиот јазик и нашето битисување. Едно мало истражување даде интересен резултат. Распростреноста на Биле/Билјана е огромно. Во нашиот јазик лесно распознаваме од каде доага името Билјана, биље (билки, растенија), дали е истото и во другите јазици.

Во Индија, БИЈА претставува поле за сеење, INDIAN BIJA (field for seed), во Санскритот терминот БИЈА означува семе (растително и животинско), seed (of plants) , semen (of men and animals). И денес за чаеви го користат БИЈА.

Во Европа, Келтите го имаат БИЛЕ во превод свето дрво, bile (sacred tree).Во старо-францускиот БИЛЕ е дрвен стап, O.Fr. bille (stick of wood) from Gaul. bilia (tree) Gaulish bilia (tree trunk), OIr bile (landmark tree)

За да се зголеми важноста на името и терминот БИЛЕ, допринесува фактот што билките во минатото биле сметани за свети, а со тоа и се подигнати на митолошко ниво. Па така Келтите за свето дрво го имаат БИЛЕ /BILE (sacred tree), тоа е всушност ДАБ (oak), а тој е синоним за Келтскиот бог на светлината кој се вика БЕЛ/BEL (shining one), со помош на водите на божицата ДАНУ/DANU (дунав), добиваат син.

Колку се интересни овие термини во Келтската митологија, превод не ни треба. А пак БЕЛ не не води назад само до Келтите, тој оди до Сумерите, Bel (pronounced beli), но да го оставиме Бели за другпат.

Се надевам ви се допадна БИЛЕ (лековитата билка)

Превемено од http://trebenishte.blog.com.mk/

September 5, 2009

САРИСА, Зариса, Сараци

САРИСА, оружјето кое го промени светот засекогаш. Тоа е долго копје од 4 до 7 метри и 5 килограми тежина. На врвот има краток зашилен нож во форма на лист додека на долната страна има мал бронзен клин кој служел за добро вкопување на копјето и задржување на позицијата при налетот на непријателот. Изум е од времето на најголемиот Македонски Владетел Филип II Македонски. Со помош на Сарисата и воените формации кои за првпат во историјата почнале да се увежбуваат преку целата година, Филип создал држава пандан на Персија.

САРИСА, покрај историската важност, од каде зборот Сариса?

Прво би започнал со "грците", етимологија и потекло за sarissa немаат, исто така и војниците кои ја носеле Сарисата биле викани sarissophoroi, се разбира запишано од грците. Нивното sarissophoroi доага од sarisso+phoroi а phoroi е од индо-европскиот збор bere, значи phoroi=bere. Бере е Македонски збор кој може да се употреби и како донесува, носи, береш гајле, береш/носиш, се сеќираш за нешто. Потврда за ова во Санскритот има, зборот носи во санскритот е bhara (bearing , carrying , bringing). Значи како во индоевропскиот, така и во санскритот имаме исти збор кој пак е идентичен со македонскиот бере. Толку од "грчката" етимологија.

Сега малку посложеното САРИСА. Во последно време се појави Македонска етимологија ЗАРИСА=ЗАРИ СА=ЗАРИЈ СЕ, да се набодеш. Дали има подршка за овие зборови во санскритот, се разбира дека има zaravya (wounding or injuring, an arrowshot), zaravya=зарива, зарија, потоа zara (to rend), zarana (killing, slaying, what slays or injures) zarana=зариена. Од тука се надоврзува и стрела, zaravani (the head of an arñarrow), zaravani=заривени, што во санскритот значи и врв на стрела. Интересно е и zarazani (arrow like a thunderbolt), зареза, стрела која засекува како молња. Како што може да видиме, прилично доста зборови кои се поврзани со оружје и нивната деструкција а имаат исто значење кај нас.

Дека може да се потпреме на санскритот, zaravya (wounding or injuring, an arrowshot), zaravya=зарива, зарија, ќе го поткрепиме со уште еден збор. Санскрит bhid, prabhid (pierce) боде, прободе.

Но можеби постои многу попросто објаснување. Сарисата е долг стап, во речникот на Македонскиот јазик постои збор САРАЦИ - долги стапови, мотки.

Значи САРИСА е долг стап кој зарива како молња, а потоа следи слава за добиената битка. Со што друго би се славело ако не со sura (spirituous liquor, wine), sura=шира.

Превземено од http://trebenishte.blog.com.mk/

September 2, 2009

Вардар - етимологија

Хидронимот Вардар е чест атрибут на сите оние кој сакаат Македонците да ги прикажат како паднати од Марс. Секогаш се форсира варијантата дека Вардар е ново име, дојдено со днешните Македонци. Но дали е тоа вистината?

Хидронимот Вардар, не само што не е нов, туку го користеле и самите "грци" (Βαρδάρης) Бардарис, како во антиката така и за време на Византија. За "грчкиот" хидроним Аксиос, нема да објаснувам, ќе се задржиме на Вардар.

За да се оддалечи хидронимот Вардар од Македонците, тој се прилепува на Тракијците и ПИЕ (Прото-Индо-Европски) зборот wordo-wori (black water) во превод Црна Река. Јасно се гледа дека зборот е постар од денешните јазици, но сите тие се сметаат за производ на ПИЕ, вклучувајки го и Македонскиот.

Но објаснувањето не завршува тука бидејки ПИЕ не е најпрецизно (има свој мани). Убаво е да се изврши дополнителна контрола. Таа најдобро може да ја направиме преку санскритот, јазик кој е стар 2000 години пред Христа, а науката го смета како дел од ПИЕ јазиците. Постојат САНСКРИТ речници на интернет каде може да побараме. Па така на Cologne Online Tamil Lexicon http://webapps.uni-koeln.de/tamil/ впишете во барај VARDHARA, ќе добиете превод млаз на вода (a jet of water). Зборот ВАР се поврзува со вода но и со заштитник, vAr (water), vAri (water , rain , fluid), vAr (a protector , defender).

Значи староста на хидронимот Вардар не треба да се докажува. А каде сме ние и санскритот. Покрај vаri за вода се употребува и uda, ВОДА/UDA, на санскрит - вода за пиење е udapiti (a place for drinking water), плива на вода е udapluta (swimming in water), поплава е udaplava (water-flood), преплавено praplаvana (flooding with water).

Нема потреба од повеќе зборови, иако можеме да одиме до бескрај. За крај ќе го спомнеме познатиот БУДА. Каде и да побарате ќе најдете дека тој е Разбудениот. awakened, enlightened, budh "to awake, know, perceive," related to Skt. bodhati "is awake.

Секогаш е добро да се повикаме на стариот санскрит (ведите)

Превемено од http://trebenishte.blog.com.mk/

July 11, 2009

Значењето на терминот Бугар

Значењето на терминот Бугар во Македонија во 19 век.

Првите обиди за бугаризација на Македонија, најнапред започнаа на Света Гора, кон крајот на 18 век. Двата манастира, Хиландар и Зограф беа вистински жаришта и расадници на бугариштина, кои од втората половина на 18 век потпаднаа под јуриздикција на грчкото свештенство и Цариградската Патријаршија. Работата на светогорските калуѓери од крајот на 18 век беше толку “плодоносна“, како што вели В. К`нчев, учител од бугарската егзархија во Македонија, при што стотици и стотици монаси и аџии добиваа бугарски помазанија. Сите тие заминувале со убедување дека сè што е словенско православно во отоманската империја е бугарско (Драган Ташковски, “Раѓањето на македонската нација“ стр. 129).

На таквите убедувања дека сè што е словенско православно во отоманската империја е бугарско, главно влијание имаше грчкото свештенство. Тоа се докажува и со самиот факт дека обидите за бугаризација почнаа од крајот на 18 век, по укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г., кога Македонија потпадна целосно под Цариградската Партијаршија. Таа црковна организација, беше управувана од Грци и назначуваше исклучиво грци или гркофили цинцари и албанци како црковни првенци и раководители по македонските епархии. Нивната цел со таквата монополизација на црковната организација во Македонија, секако беше елинизација на Македонците. На зборовите “ако не сакате да бидете горди елини, тогаш ќе бидете прости вулгари“ се сведуваше основната пропаганда на грчкото свештенство.

Грчките свештеници, кои беа во тие времиња и просветари, сите словенски народи ги нарекуваа Бугари. И Србите беа “Бугари“ за Грците. Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што запишал: „Грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот Бугар означува Словен“ (Петар Драгашевић. "Маћедонски Словени", 1890 г., Београд). Друг српски учен кој престојувал како во Македонија и Грција во 19 век, проф. Јован Цвијиќ, сведочи: “кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат “Бугари“ и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим (Јован Цвијић. "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). Истот тој Др. Јован Цвијиќ дава слика за националната свест на Македонците од тоа време и вели: "малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци" (Svetozar Pribičević: „ Diktatura kralja Aleksandra”, V. poglavlje, str.128). Не само српските учени, туку и британско-ирскиот историчар Wilkinson тврди дека во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја и селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: страна 149).

Зошто Грците сите Словени ги нарекуваа Бугари во минатото? За да се разгатне ова, мора да навлеземе подлабоко во историјата, во времето на Византија, чие вистинско име беше Романија. Византија т.е. Романија или Источното римско царство, своите жители ги декларираше не на етничка база, туку секогаш географски, по Темите каде што живееле. Тема е византиска воено-административна област, со посебна управа, но потчинета на Византија т.е. Романија. Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население, за затоа за полесно да ги асимилира, но и лоцира своите поданици, Византија секогаш ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име. Тенденцијата на Византија беше сите византиски народи да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, беа стримионци, жителите на темата Македонија беа географски Македонци, жителите на тема Бугарија беа географски ромејски Бугари, но не и етнички. Грците од византиско доба, па сè до пред стотина години се нарекуваа исклучиво Ромеи т.е. Византијци.

Од 972 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија. Слободните територии на Самоил и неговите браќа, Византијците не ди признаваа како посебна држава, туку тие за нив беа само бунтовници. По пропаста на Самоиловото Царство во 1018 г. Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Инаку, темите како административно уредување беа воведени во Византија уште од 9 век. За да ги асимилира различните етникуми во својата држава во Ромени (Византијци), Византија ги менуваше вистинските етногеографски имиња на областите, добиени по името на етносите кои ги населуваа тие територии, во нови, кои немаат врска со националноста на домицилниот народ. Поради тоа, Византија само ги дислоцираше имињата од една во друга византиска област. При тоа, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се византиски тематски жители и поданоци- Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина, беа сместени во тема Тракија, а жителите на оваа нова тематска Тракија од Визатија беа нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегоа во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија тематски “Бугари“, поданици на Византија. Права, вистинска Бугарија ја направија тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите по византиската книжнина беа нарекувани Паристрионци или Мизи (извори: Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).

Најубаво ќе го разбереме византиското декларирање на нивните поданици според темите каде што живеат, а не по народноста, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, етнички Ерменец, а некои византиолози сметаат дека е од мешана словеноерменска фамилија, која стотина години живеела во Адријанопол. Поради тоа што е роден 811 г. во Адријанопол (денешно Едрене), во тогашна византиска тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Историски недвосмислено е докажано дека Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историска етно-географска Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа тематски Бугари. Василиј Втори Македонецот беше најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, тојт ја победи македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од византиската тема Бугарија, а не етнички Бугари, зошто самоиловата војска беше составена покрај од Македонци, така и од останати народи (Срби, Црногорци, Цинцари итн.). Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец за византиските хроничари, така и Цар Самоил беше Бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Седиште на темата Бугарија бил градот Скопје, од каде се управувал не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представуваа во средниот век “Бугари“- жители на темата Бугарија. Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26). Во истиот период, вистинските Бугари за Византијците представуваа Мизи или Паристрионци- жители и поданици на византиската Тема/област Паристрион или Мизија.

Скилица, најголемиот византиски хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекуваше Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин го нарече „Цар на Бугарите“, додека целата негова војска составена од Црногорци, Срби и Македонци ја окарактеризира како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Неговиот татко Јован Владимир (кнез зетски т.е. црногорски), византиските хроничари го именуваа како Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи Црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Византискиот хроничар од средмиот век, Михаил Псел, за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) напиша дека тоа е востание на племето на "Бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).

Теофилакт Охридски, родум Грк од Еврип, е, Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него Бугари се сите поданици на византиската тема Бугарија. Бидејќи и самиот Теофилакт Охридски бил жител на темата Бугарија, се сметал за Бугарин (види Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)

Друг охридски Архиепископ од 1216 година, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), поради тоа што немал добри познавања до каде се простираат границите на византиската тема Бугарија, сите словенски народи на Балканот ги нарекува Бугари - Волгарои. Во познатата “Охридска Легенда“, тој објаснува дека “Бугарите“ го населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). “Папата го ракоположил Св. Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (мили на тема Бугарија мое дополнување), а Св. Kлимент бил ракоположен од Св. Методиј за епископ на "бугарскиот народ" од Илирик“- пишува Хоматијан (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171).
Дека во тоа време поимот "Бугар" ги означувал словенските жители на византиската Тема Бугарија , но, не и посебна народност, доказ се и останатите документи од времето на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан. Од негово време имаме зачувано записи на луѓе од Македонија кои се декларирале "по род Македонци" во времето кога Охрид бил во состав на Епирската држава, па со сигурност можеме да констатираме дека Македонец во тие документи представува етникум, а не географски поим. Таму имаме запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово, охридско) кој се изјасник дека е „по род Македонец“ во состав на тогашното деспотство Епир (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena. Parissis et Romae 1891, col. 315).

Името Бугарија на византиската тема која ги опфаќаше териториите на етногеографските Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, беше причина сите јужнословенски народи, недоволнообразованото грчко свештенство да ги нарече со едно име- Бугари. Оттогаш, за Грците сè што беше словенско православно, беше бугарско. Но, не бугарско како етноним, туку како подвид на Ромените, како поданици на Романија (Византија) и дел од византиската култура и држава. Грчкото свештенство сонуваше за воскрснување на старата Византија, која ќе ги опфати и јужнословенските краишта од византиската тема Бугарија.

Дури и словенските етноси во Елада и Тесалија, гркофоните и влахофините го нарекуваа Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугарија некогаш ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани кнежевствата на племињата Милинги, Езерци, Војунити и Велегезити. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., постоеше една многу позната песна за премавнување на различностите на етносите кои ја населувале Елада и создавање на една елинска нација: „“Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).

Ова погрешно грчко именување на сите јужни словени како Бугари, а со тоа и Македонците, бугарската историографија крајно необјективно и извитоперено го користи да ги представи Македонците како дел од бугарскиот народ. Особено поради тоа што и дел од македонската ителегенција од крајот на 18 и целиот 19 век прифати од Грците сите јужнословенски народи да ги нарекува Бугари, наместо словени. Од 1767 год., Охридската Архиепископија е укината по ургенција на Грците и Македонија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, целосно контролирана од грчки и гркофилски клир. Во тоа време, Патријаршијата отвара грчки училишта ширум Македонија, на грчки јазик. Грчките учители го наметнале терминот бугар, бугарски јазик, како синоним за словен и словенски јазик. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваа бугарски, но не мислејќи на бугарски, онаков каков што сега го знаеме, туку на словенски. Инаку, пред тој период, во Македонија никогаш не се употребувал зборот бугар како синоним за словен и не постои ниту еден пишан историски извор, постар од 18 век, каде некој Македонец се изјаснил како бугарин или својот јазик го нарекол бугарски.
За Господин Генадиј, Митрополит Велешки од 19 век (роден во село Подкожене, Поградец) поимот Бугари е исто со поимот Словени, па запишал дека и Чесите и Словеците се Бугари: "од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа". (Извор: Симеон Радев, "РАННИ СПОМЕНИ", наслов: "ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994). Никола Поп-Филипов, македонски учител вели дека “бугарскиот“ јазик е општ балкански јазик (вестник "Македония" Цариград, 6. Април, 1868 г.), мислејќи на словенскиот јазик.

Глигор Прличев во својата Автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него и Србите се Бугари т.е. словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска.
Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, кажува дека за него поимот Бугари означува словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени), а во Бугари ги вклучува и Моравјаните од Велика Моравија и Панонија (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).

Горе: Варијанти на преписи на "Солунската Легенда" од 19 век, каде пишува дека Св. Кирил и неговиот брат Страхота (св. Методиј) ја создале словенската азбука за просвета на "Бугарите" (словените) од Моравија и дека кнезот на Велика Моравија бил "бугарски" кнез (Йордан Иванов, "Български старини из Македония", БАН, 1970 г. ).

Шопот, отец Спиридон Габровски, врз основа на постари истории, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите (Хрватите и Србите, мое дополнување) се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите..., а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (ц), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. Кънчев (ц), предп. инж. Д. Кънев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г. ; - Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Райков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", София, 1992 г.). Уште еден неоспорлив доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните “Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (Хрватите, Црногорците и Словенците).

Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин: “Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко... Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( Крсте Петков Мисирков. “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ).

Кирил Пејчиновиќ на својата книга "Огледало" од 1816 г. ставил дека е напишана на "препростејшим и некнижним јазиком Болгарским долнаја Мисии". Ова, бугарските историчари го користат за да наметнат бугарштина на К. Пејчиновиќ. Тогаш не постоел книжен - литературен бугарски јазик, ниту пак некој друг јужнословенски литературен јазик. Најпрво од јужнословенските јазици е стандардизиран српскиот, за дури кон крајот на 19 век да се создаде литературен бугарски јазик. Единствен книжен (литературен) јазик во 1816 г. бил старословенскиот, кој како што погоре опишав се нарекувал болгарски во Македонија, а некнижен болгарски јазик го означува словенскиот народен говор.

Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/