Автор: Ѓорѓи МАРКОВ
Неколку години после случката каде што за првпат ја слушнав „Учи ме Мајко Карај ме“ во поинаква изведба, на една иста таква прослава на Илинден, на истото место, се стори една друга стори(ј)а. Собирањето на Народот и „протоколот“ како се одвиваше Денот беа скоро исти, со некои нови лица, некој дошол од Австралија, од „Америка“, од Канада, Шведска, Германија , од каде не... Не има низ цел свет.
Веќе беше средината на осумдесетите, Тито беше веќе 5-6 години мртов, Југославија одеше понатаму во знакот на Братството и Единството, но на површина се повеќе излегуваше она потиснатото, она „забранетото“, Исконското, Културните и Етничките белези на Народите на Југославија.
Ако во годините пред тоа требаше некоја чашка ракија за да се запеат Комитски и Ајдучки песни, покрај партизанските, во тие времиња веќе беше поинаку. Ова за да се свати подобро „духот на времето“, инаку, јас паметам многу случки (и секако многу други меѓу вас), некои подобро, некои полошо, и „седенки“ со Комитски и други Јуначки песни, и многу разни адети / обичаи, за секакви пригоди. За нашава стори(ј)а, важно е дека во тој период, се почесто се пееја секакви Македонски песни во разни пригоди, и се почесто Комитски и слични. (Тоа што во многу предели на Македонија таа традиција без прекин се негувала и / или се негува и ден денес, е убаво, и ќе биде предмет на размислување подоцна.)
Така беше и тоа лето, за Илинден, во Градешница. Од Утро до Вечер се пееше и играше „на Брен“, а вечерта веселбата продолжи „пред Кооперацијата“, на Сред Село.
Кога „слегоме“ од „Брен“ во „стетселото“, таму веќе имаше и луѓе, и музика, и ора. Се наполна „сретселото“, се играше, пееше, игравме и ора, и разни детски и „детски“ игри, на Ергените и Момите им потеа и рацете и главите кога ќе се фатеа на оро до симпатијата, некои кои случајно се фатиле еден до друг, ќе врзеа муабет, ќе сватеа „се најд`о` ме рода“ (се најдовме роднини, свативме дека сме роднини), какви ли не случки се случуваа.
Старите кои не можеа или не сакаа да играат, беа испоседнати по бројните полни со мезе и разни пијалоци маси, а меѓу нив повремено седнуваа да одморат, да здивнат и пивнат, нивните деца, внуци, правнуци и разни други, се муабетеа, пееа, прекрасно дружење, сите насмеани.
Како што одминуваше времето, некои почнаа да се поздравуваат (по најмалку пола саат, дури да се испоздравиш со барем едно 20-30 луѓе) и разотидуваа по куќите или селата од каде што дошле, местото почна полека да се празни.
Тогаш Митре, еден прилично висок и крупен, а богами и поднапиен Градешец, ја посака „Ај големо Чудо, Чудо ми Станало“.
Песната веќе неколку пати ја имав слушнато, а преку училиштето знаев и за што точно се работи, за Атентатот извршен врз српскиот Крал Александар Караџорџевиќ, во Марсеј, Франција, во 1934та година.
Се зборуваше дека е забранета. По градовите музичарите одбиваа да ја свират, им беше страв да не бидат приведени и казнети или на некој начин малтретирани, а по селата, во зависност од местото и приликата, некогаш се пееше, но ретко. Во целава стори(ј)а од Градешница, еден од клучните фактори како понатаму се се одвиваше, е тоа што едниот од музичарите беше ѓуптин („ром“, „циган“), и што Митре баш нему му се обрати, кога „ја порача“.
Овај почна да мрда некако чудно со главата, и одвај „процеди“ (отприлика) „а бе не ја знајме таја, брат, ај кажи две други, ќе ти ги свириме за џабе,ете и три нека бида“.
Митре ако беше пијан, не беше глупав, по ставот и гласот, и тоа што го рече, свати дека овај точно знае за која песна станува збор, и дека го лаже.
Атмосферата малку „олади“ кога Митре не баш толку фино му подвикна на Музичарот и почна да го пцуе, и најверојатно во желба да се избегни инцидент, еден од другите Музичари рече дека ќе ја свират и без него, дека ја знат. Во шега нешто дофрли дека ако го апсат, ќе се прави дека не знае кој ја порачал, или ако ги накодоши некој ќе го делат кабаетот, некој се насмеа, некој не... Митре почна некаков муабет со „ѓупчето“, овај почна нешто да му се правда, другите Музичари ја почнаа песната, почнавме да пееме, ситуацијата се смири.
За да не бидам погрешно сватен или толкуван, јас лично немам никакви сознанија дека Владо Черноземски, извршителот на атентатот, е Етнички Македонец. Ниту сум нешто посебно застапник на убивање на Кралеви. Едноставно, се работи за дел од нашето минато, каде дел од ВМРО, предводена од Ванчо Михајлов, во соработка со Усташки структури (на Анте Павелиќ) и претпоставувам други странски служби, го убива Кралот Александар Караџорџевиќ.
Со идеолошката позадина, како и целите и на ВМРО - „Михајловисточко“ и на Усташите, апсолутно не се сложувам.
Опеаниот Крал им донел многу страдања на Македонците, и секако нема да го жалам. Народот, кој страдал под неговиот терор, неговото убиство го опеал во песна. Таа песна не е ниту против Србите како Народ, ниту про-усташка. Народот си ја испеал онака како си се чуствува(л):
Значи, никаде некаква „западна б`лгарска покраина“, туку Македонија.
Уште поконкретно:
Мене ми беше уште тогаш јасно дека песната е „сатанизирана“ поради духот на „братството и единството“ и влијанието на Србија во СФРЈ. Но, исто уште тогаш ми беше јасно, дека Народ кој слави Убиство на Султан (Мурат, на Косово), нема никакво морално право да забранува на свој соседен и сроден Народ, да слави Убиство на Крал - Тиранин, па макар бил и Српски Крал.
Но посебно ме фасцинираше системот на наметнување забрани и сеење страв кај луѓето, од / за многу разни, и важни и банални работи, ете и од една песна, која ДА, на некој начин опева насилство, но не повикува на исто, туку јасно говори за љубовта кон Слободата која Македонецот ја носи во себе како составен дел од својот генетско-социјален код. (Каде е разликата со било која песна во која се пее за уништувањето на некој Тиран?)
Некоја година пред тоа, и самиот бев „повикан“ (одведен) во полициска станица на „муабет“ поради нешто што го напишав на училиште, некаква детска песничка за „Ѕид со три Ѕида Сардисан“ и „Македонци, браќа, стиснете тупаница, Гоце Делчев славно загина во Баница“. Бев одведен без присуство на родител, едноставно, од училница кај педагогот, па со „чичкото“ до полиција. Муабети од типот „ај кажи на чичо, кој ми те научи така да пишиш“, до „кажи сега копиле едно, иначе ќе те скршам од ќотек“ (така некако, не е толку ни важно)
Среќен сум што не му се излигавив, туку после некоја минута зеење „што всушност сака овај од мене“ (навистина не го разбирав), му кажав „Ааааа, за ПОЕзијата. Па на училиште учиме тоа...“. Има уште, но не е важно за оваа приказна...
Во одредени периоди, голем дел од Македонците биле неписмени, не знаеле да пишуваат, затоа преку песни и раскази раскажувале И-стории, и свои, и на своите предци. (кога не им било брането и кога знаеле да пишуваат, секако и дека запишувале)
Не ретко им било забранувано, не само да пишуваат, туку и да говорат на свој јазик, да пеат на свој јазик.
Во историјата на човештвото, се познати повеќе примери на моментална лудост, кога книги и други пишани (и непишани, разни) материјали се уништувани, (не ретко) организирано и систематски, на ниво на држава, религија, итн. (Александриската и други Библиотеки, Шпанците во Андалузија после протерувањето на Маврите / Инквизицијата, Советскиот Сојуз, Нацистичка Германија, Талибнаците, бришењето секакви траги на Македонците во Грција, дури и бришење од книгите на родени и умрени... примери има и премногу).
Забраните на песни и друго Народно творештво, забраната да се зборува на Мајчиниот Јазик, и многу други забрани, му се добро познати на Македонецот. Исто како и уништувањето и / или присвојувањето на неговите дела.
Но и покрај сите забрани, продолжиле, и да пишуваат, и да Пеат.
Колку и да ти бранат, ако не можеш да напишеш, тогаш ќе отпееш, ќе рас-кажеш.
Како што јас сега ви раскажувам. (Да не си го уништев гласот, веројатно ќе пеев, јавно. Вака си певнувам во прилики.)
Пееле, ПОеле, Песни, ПОЕми, Е-Пои, ПОЕзија...
Ај Големо Чудо (за Кралот Александро, Македонска Народна, текстот е од Битолско-Мариовско, постојат неколку вариации)
продолжува...

„Ајде ќе те прашам, Кралу Александро, дал` постои Македонија
Дали постои, Македонија, или Јужна Србија“
Значи, никаде некаква „западна б`лгарска покраина“, туку Македонија.
Уште поконкретно:
„мене ме испрати Народ Македонски
тебе Кралу да те Убијам“

Ај големо чудо, чудо ми станало, на двајсти октомбри,
Кралот се спрема, Кралот Александро, на пат ќе ми оди,
Кралот се спрема, Кралот Александро, на пат ќе ми оди.
Ај што ми заплови, по море широко, со параходите,
право ми трга, Кралот Александро, за града Марсеја,
право ми трга, Кралот Александро, за града Марсеја.
Ај таму го чека, министерот Бардо, со генералите,
сојуз да прават, сојуз душмански, против жална Македонија,
сојуз да прават, сојуз душмански, против жална Македонија.
Ај што ми излезе, Владо Черноземски, со букет во рака,
што ми излезе, пред автомобило, со букет во рака,
Букет во рака, револвер во букет, Кралот да го убие.
Ајде ќе те прашам, Кралу Александро, дал постои Македонија
Дали Постои, Македонија, или Јужна Србија,
Дали Постои Македонија, или Јужна Србија.
Па ми рече Кралот, Кралот Александро, не постои Македонија
Не постои Македонија, туку Јужна Србија
Не постои, Македонија, туку Јужна Србија.
Ај тогаш извикна, Владо Черноземски, ево ти ја Јужна Србија
Мене ме испрати, Народ Македонски, тебе Кралу да те убијам,
Мене ме испрати, Народ Македонски, тебе Кралу да те убијам.
продолжува...
No comments:
Post a Comment