Колку ли само пати сме слушале како одредени Грци не обвинуваат дека сме им ја краделе нивната историја и нивното културно наследство. Но, ајде да видиме кој е оној што има практика да краде.
Дел од читателите на блогов сигурно се сеќаваат дека пред околу три месеци тој имаше сосема поразличен изглед (Macedonian Documents со нов лик). За оние кои не се сеќаваат еве слика за потсетување:
Во месец јануари оваа година некој Грк, засегнат од вистините кои ги промовира овој блог решил да направи негова грчка копија - антипод во кој што ќе ја прикажува Македонија не како македонска, туку како нераскинлив дел од Грција.
Легитимно е на блогот авторот да пишува што си сака, па дури и лаги, ние не се мешаме. Но она што удира в очи е тоа што грчкиот блогер не само што го избрал истиот темплејт каков што во тоа време имаше овој блог, туку и поставил идејно ист банер (со две македонски сонца со 16 краци, меѓу нив името на блогот, а оддолу адресата), избрал исти или слични називи за врските (линковите), избрал исти алатки и ги поставил на истите места (за пребарување лево, архива горе десно, feedjit десно...), и избрал речиси ист назив на блогот - Macedonia Documents (недостасува само едно n), како и слична адреса - documents-macedon.blogspot.com.
Еве слика:
Сличностите не се случајни, туку намерни. Истите сведочат за безидејноста, опседнатоста со Република Македонија, како и арамилакот на колегата блогер од Грција.
И после ние сме им го краделе историското-културно наследство?!?

No comments:
Post a Comment