Showing posts with label Trivia. Show all posts
Showing posts with label Trivia. Show all posts

March 15, 2016

The Macedonians from Romania


The Macedonians from Romania are a Slavic, Orthodox population that came from Macedonia`s territory in several migration waves starting with the eleventh century. The Macedonians are a recognized national minority in Romania since 2000. The Macedonia village (Timis county) is one of the first Macedonian settlements in Romania, documented by Catholic Church records in 1332-1337 under the name of Machadonia. Nicodim from Tismana (1340-1406), born in Prilep, Macedonia, came from the Athos mountain with a group of Macedonian, Greek, and Armani/Vlach monks and together built several monasteries: Tismana, Vodita, Prislop,Visina, etc. Sanctified in 1767, he is commemorated on December 26th.

For Macedonians, whose country was a Ottoman province, Walachia represented an ideal of social and religious freedom. Therefore, many waves of migration have come to Romania, even during the nineteenth and the twentieth centuries. For Macedonians, the fight of the Romanian people against foreign occupations became their own fight, taking part in Mihai Viteazu`s fight against the Turks, in Tudor Vladimirescu`s revolt, as well as other wars for freedom and keeping the Orthodox religion.

The Association of the Macedonians from Romania was founded in 2000, and since 2001 is a member of the National Minority Board. The goal of the association is to represent, promote, and protect the interests of the Macedonian ethnic community from Romania, to make their culture, language, and history known, to protect and widen the individual and collective rights of the members of the Macedonians minority in Romania, and to strengthen the Romanian-Macedonian collaboration. AMR`s women organization is involved in the public life of the organization and has provided a large part of the organization`s leadership. The youth organization is the main provider of volunteers for AMR activities.

In the four years of its existence, AMR has raised awareness about the Macedonians` contribution to the Romanian public life, through cultural institutions that promote Macedonian culture and artists, supporting children in assuming their ethnic identity, through contests, camps, festivals, trips, prizes, the publication of artistic works, organizing seminars and round-table discussions.

April 4, 2014

Патот на Гоцевите мошти до македонската престолнина

Од Баница, преку Kсанти и Софија до Скопје
 
 
Цело Скопје и околината, на 10 октомври 1946 година, излегле на градските улици за достоинствено да ги дочекаат дрвениот саркофаг со Гоцевите мошти и колоната што ги придружувала

По 43 години од загинувањето - во 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев се пренесени во Скопје, во неговото вечно почивалиште - црквата „Свети Спас“. Освен што пронашол и откопал дел од коските на војводата во 1906, неговиот соборец Михаил Чаков се погрижил тие да бидат зачувани низ годините на балканските војни и други премрежиња, с` до октомври 1946. Во неговите зачувани сведоштва, Чаков детаљно го опишал и патешествието на моштите на Гоце с` до Скопје. „Дневник“ веќе објави дел од Чаковите записи за тоа како ги откопал и зачувал коските. Откако ги извадил остатоците од распаднатите раце, нозе и черепот, ги измил со шпиритус и ги ставил во дрвено сандаче, му оставил аманет на црковниот клисар Никола Мутавџиев, за некое време да го откопа и трупот на Гоце, што дотогаш не бил изгниен. Во сведоштвото е запишано дека по две години - во 1908, клисарот го исполнил ветувањето и ги собрал останатите коски. Еве што се случувало потоа според Михаил Чаков:

- Kон крајот на 1915 година како подофицер се најдов во Kсанти. Во ноември-декември веќе можев да ги чујам топовските грмежи од Серскиот фронт. Ми пролета мислата дека англиско-француските војски може толку да напредуваат и да ги принудат нашите да отстапат од тие места, а заедно со тоа, и коските на Гоце да ги изгубиме засекогаш. Тогаш смислив како да ги земам? Дедо Никола Мутафчиев уште во 1913 година се беше преселил во селото Kојункој, на половина час до Kсанти. Па го повикав да дојде. Му кажав што мислам, па реков да оди и да ги прибере коските. Дедо Никола замина и го најде сандачето со коските така како што го оставил. Селото Баница беше палено трипати. И црквата била запалена, но за чудо, олтарчето, заедно со коските на Гоце останало.

Во 1919 година, по силата на нештата заминав од Kсанти. Пред да заминам, по свеска ми Василка Бонева го испратив сандачето со коските во Пловдив. Во меѓувреме, направив и ново сандаче, ги префрлив коските во него и до 1923 година ги чував дома крај иконата, а едно кандилце гореше деноноќно, раскажува Чаков.

Така коските се нашле во Бугарија. Во домот на Чаков во Пловдив - во куќата во која тој живеел со својата сопруга Kостадинка, дрвеното сандаче било чувано до мај 1923 година. Оттаму, Чаков ги однел во Софија, каде што во август 1923 година биле изложени заедно со коските на Георги Сава Раковски во црквата „Света Недела“, на поклонение.

Потоа одново ги зел. Тогаш ги однел во канцеларијата на организацијата „Илинден“. Според записите на Чаков, на сандачето било испишано: „Се заколнуваат идните генерации светите мошти да бидат погребани во престолнината на независна Македонија“.

Илинденската организација во Софија ги чувала моштите повеќе од четврт век - си до октомври 1946 година. Тогаш, во заеднички и компромисен договор меѓу македонската и бугарската власт, останките на великанот, со достојна поворка биле испратени од Софија, преку Дупница, Горна Џумаја, Петрич и Струмица кон Скопје.

Цело Скопје и околината на 10 октомври 1946 година, излегле на градските улици за достоинствено да ги дочекаат дрвениот саркофаг со Делчевите мошти и колоната што ги придружувала. Со нивното положување во вечниот дом во „Св. Спас“ проследена со сите достојни почести, бил остварен и историскиот аманет на неговите соборци: моштите вечно да почиваат во престолнината на Македонија.

Искра Kоровешовска (Дневник)

February 27, 2014

Живков: Постоењето на Македонија е факт

„Не би биле реални ако не признаеме дека постои македонска држава“, ова се зборови на комунистичкиот моќник Тодор Живков, објавени во транскриптите од неговите разговори во 1967 со тогашниот првенец на македонските комунисти, Крсте Црвенковски.

„Не би биле реални ако не признаеме дека постои македонска држава“, ова се зборови на комунистичкиот моќник Тодор Живков, објавени во транскриптите од неговите разговори во 1967 со тогашниот првенец на македонските комунисти, Крсте Црвенковски. Тој, според стенограмите му се жалел на Црвенковски дека таквото признание не може да биде јавно обелоденето поради впечатокот дека македонската национална свест се гради на антибугарска основа.

„Што да им кажам на членовите на Централниот Комитет, во кој половина од членовите се македонци, на писателите, во чија асоцијација третина се македонци, а во Вашите книги за се се обвинуваат бугарите.
 
Постојано се зборува за бугарско ропство и за асимилација а сте биле и под српско и под грчко влијание. Јас треба да влезам во конфликт со целото општество. Зошто е неопходно, на таа основа да ја формирате македонската самосвест“, го прашал Живков Црвенковски.

Македонскиот комунистички лидер, во отворената дебата полемизирал со ваквите ставови на Живков укажувајќи дека впечатокот е погрешен и дека ако така се гледа тогаш, може да се каже дека Македонија својата национална самосвест ја гради и на антисрпска основа.

„Ние не ги изедначуваме бугарскиот фашизам со бугарскиот народ. Се работи за национално чувство. Треба да имате разбирање. Ние сме мала нација. Најдолго сме биле под туѓо ропство, последни во Европа сме се ослободиле и се разбира дека сме чувствителни по тоа прашање“, бил одговорот на Црвенковски.

На забелешките од Живков дека Климент Охридски е бугарин и дека е непримерно Македонија да прави филмови за Самоуил претставувајќи го како создавач на македонска држава, оти тоа можела да го прави и Бугарија, Црвенковски е дециден дека Македонија неможе да се откаже од сопствената историја, нагласувајќи дека македонска национална свест, според сите податоци постоела и во 19 век. „Што сме биле во 18-от? Не се знае, ниту за Вас, ниту за нас. Сме биле аморфна маса. Но, тоа треба да биде работа на историчарите“, рекол Црвенковски со што се согласил и Живков.

Сепак, бугарскиот коминистички лидер, од досега објавените стенограми нема одговор на податокот што го соопштил Црвенковски во кој според пописот од 1956 во Бугарија имало 180 илјади македонци, а по десет години само осум. „Иако не сакаме да се мешаме во Вашата внатрешна политика, ниту имаме територијални или какви било претензии, ниту кон Вас ниту кон Грција, тоа сепак не загрижува. Кај нас се смета дека тоа е резулат на притисок“, му рекол тој на Живков.

Среќко Поповски  (извор: Алфа ТВ)

February 7, 2014

Македонскиот опиум бил најбаран и се извезувал во цел свет

Во Архивата на Југославија, има флејтон „Ран Балкан“ од францускиот публицист Албер Лондар од 1931 година. Врз основа на расположливите податоци за производството и извозот,  се гледа дека производителите на опиум во Вардарската долина, помеѓу двете светски војни, задоволувале 43% од побарувачката на легалната преработувачка индустрија, додека последователната турско-југословенска соработка опфаќала 80% од светските потреби!

Од цевките на пушка на тиквешката земја

Благодарение на геолошките предиспозиции на македонската земја и специфичната клима, одгледувањето афион уште во раниот 19-ти век стана ветувачка активност, преку која Турците видоа „скратен пат“ за економско придвижување на Македонија и зголемување на профитабилноста на турските поседи.

Првиот афион бил засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотата вели дека афионските семиња биле донесени во цевките на пушка. Како први одгледувачи на афион се споменуваат Абдул Хешан Халил и извесен Али Симон Заде, кои првото семе го засеале во Кавадарци.

Во осумдесеттите години на 19-ти век селаните во Штип, според инструкциите на солунските трговци го одгеледувале растението, го посипувале со катран и го наплаќале добро.

Веста за чудната билка брзо се проширила, па долините Тиквеш и Рајац побелеле од огромните полиња со цветови. Со оглед дека македонскиот подвид на афион е создаден со вкрстување на бел и виолетово-сив афион, многумина заклучиле дека при формирањето на првото експериментално поле активно учествувал и некој експерт. Добрата страна на одгледвањето афион била во фактот дека по жетвата можеле да се засеајат уште семиња, па истата година, од истата област да се добијат две жетви.

Првите статистички податоци покажуваат дека во 1880 година во долината на реката Вардар се произвеле 70 тони, дека во 1893 година преку солунското пристаниште се извезени над 19 тони, а дека следната година производството достигнало 79 тони суров опиум.

Во тогашната Отоманската Империја само во областа на Повардарието се одгледувани 28% од целокупното турско производство, иако и тогаш била забележана навиката на производителите да тежината на стоката ја зголемуваат со разни додатоци, со додавање на пржен леб, жолчка од јајце, варен скроб и слично.

Зоната на одгледувањето на опиумот на југословенското царство опфаќала 14.000 хектари во 40 општини во Вардарската долина. Македонскиот опиум благодарение на поволната почва и речни наноси бил меѓу најдобрите во светот, бидејќи содржел 14-16% морфин. За пример, кинескиот имал само 3-5% морфин.

Францускиот ботаничар Емил Перо за време на својот престој во Скопје изјавил дека „афионот од Јужна Србија го дава најдобриот опиум“, па не е чудно што бил многу баран во Франција, Германија и Швајцарија.

Највисок процент на морфин содржел опиумот одгледуван во околината на Кавадарци, Струмица и Велес, додека малку посиромашен бил во регионот на Прилеп и Кочани.

Покрај опиум, од афионпт се добивало и масло за јадење, кое половина се состоело од афионско семе. Културата на афионот барала добра подготовка на почвата и прецизен „тајминг“ и строго придржување кон роковите: од сеидбата кон крајот на август, разредување во почетокот на март, до запрашување на билките кон крајот на март и сечење на чаурите во почетокот на јуни.

Трошоците за производство на културата афион биле околу 5.000 динари по хектар, од кој се добивале 10-20 килограми опиум.

Откуп во рацете на политичката елита

Опиумскиот оддел на Првилигираното извозно друштво (ПРИЗАД) со седиште во Белград бил одговорен за купување на опиумот од македонските производители.

Според тврдењето на софискиот весник „Македонија“, основувањето на наведеното привилегирано друштво, имало за цел целиот извоз на земјоделски производи (вклучувајќи го и опиумот) да го стави во рацете на државата, па според неговите одлуки целиот опиум кој имал пазарна вредност од 80 милиони динари се откупувал од македонските производители за само два милиони!

Покрај ваквите потези секој член на друштвото добивал по 2% од прометот, покрај платата и хонорарите. На овие привилигирани положби биле поставувани луѓе лојални на кралството и се формирала монополска управа.

На производителите и трговците на опиум не им одговарал овој паушален откуп, туку барале плаќање според процентот на морфин, кој е содржан. Наместо тоа, ПРИЗАД одредил фиксен надомест од 200 динари за килограм, при што штипските производители биле принудени да ги продаваат своите производи на околните пазари, значително под цената.
Женевската конвенција како кошмар

На иницијатива на Лигата на народите, за намалување на „опиумманијата“, во Женева е потпишана меѓународната конвенција за опиум (1925), за производството, ограничување и регулирање на поделбата на наркотиците (1931), и Конвенцијата за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги (1936).

opium5Конвенцијата стапи на сила кон крајот на септември 1928 година и Југославија беше меѓу 36-те земји-потписнички, на општо незадоволство на македонските производители на опиум. Точно, многу држави ги кршеја одредбите на конвенцијата сé до октомври 1939 година, кога стапи во сила указот со кој се предвидувале драконски казни за трговците и посредниците на дрога. Инаку, од вкупното светско производство, само 42% се користеле за медицински цели, а остатокот се конзумирал како опиум за пушење на Далечниот Исток и во Северна Америка.

Белградската Постојана комисија за наркотични дроги проценувала дека целата светска индустрија можела да апсорбира 250 тони суров опиум, а дека само во Вардарската долина се произведуваат 70 тони.

Пристапувањето на Југославија кон Женевската конвенција било примено со општо неодобрување. Некои ги критикувале „неетичките“ мотиви на Конвенцијата, сожалувајќи ја „потта на нашите земјоделци“. За нив тогашна Јужна Србија без опиум била иста како и Франција без лозје, Бразил без гума Америка без нафта.

Женевската конвенција влијаела на откупните и продажните цени, кои биле во постојан пад, како и приходите на производителите.
Малверзации и шверц

opiumВо сите берби на македонскиот опиум меѓу 1920 и 1932 година биле добиени 1.029.000 килограми чист опиум, додека во истиот период извозот бил 808.505 кг. Настаните од март 1933 година кога во притвор се нашле пет членови на Одборот на директори на Економската банка на Јужна Србија, индиректно може да ни укаже на тоа што се случило со остатокот на неизвезениот опиум.

Трговските магнати во опиумскиот бизнис биле силно против монополизирање на извозот.

Имајќи предвид дека профитите на европските фабрики на опојни дроги во картел надминувале 400% во однос на трошоците на производство, во Турција почнале да се разредуваат резервите и да се претвораат во опиум за пушење, кој потоа се шверцувал во Кина.

Вишоците на македонскиот опиум, исто така, се движеле по нелегални канали, па југословенските граничари наишле на грав филуван со опиум, афионска смола во охридската јагула итн.
Југославија и Турција ги здружиле силите

Најголемите производители на опиум во Европа биле Турција, Југославија и Бугарија, додека во Азија, доминирале Кина, Персија, Индија и Јапонија.

Бидејќи Женевската конвенција ја преполовила опиумската потрошувачка во индустријализираните земји и ги намалила на приходите на производителите за една четвртина, се јавила идеја за југословенско-турска опиумска соработка.

Во составот на мешаното цариградско Централното биро за опиум влегле двајца турски и еден југословенски делегат, поради што е изразено сомневање во однос на непристрасноста на идните одлуки. Покрај тоа, Турција била една од 14-те земји кои не ја ратификувале Женевската конвенција, па во тие фактори треба да се бараат мотивите за нејзиното влегување во соработка со Југославија.

Почетокот на работата на Централното биро бил темпиран за јануари 1934 година, кога се очекувало нагло зголемување на цената на опиумот. Во меѓувреме, Турција под притисок од неколку моќни трговци и политичари, безгрижно ги извезувала старите резерви, но испадна дека токму тие ќе бидат главната конкуренција на пазарот за официјалниот југословенско-турски опиум!

Подредената положба на Југославија во однос на Турција, во која имало погони за преработка на опиумот, југословенското Министерството за трговија и индустрија, одлучило да ја поправи во август 1935 година, одобрувајќи да се изгради фабриката за производство на опиумски деривати покрај патот Скопје-Велес.

Залудни биле протестите на хемиско здружение на Кралството Југославија, кое тврдело дека таков бизнис им се доверува на необучени луѓе, бидејќи веќе во средината на октомври 1936 година, скопскиот митрополит ја осветувал новата фабрика, чиј капацитет бил 35 тони суров опиум или половина од целото југословенско годишно производство.

Владан Јовановиќ, „Македонски опиум: за финансиските и политичките размери на феноменот (1918-1941)“, Годишњак за социјална историја, XVI/3, Белград 2009, страна 69-79.

Извор: Peščanik.net
Факултети.мк / http://mkrevolucija.com/ / Mkd news

January 7, 2014

БОБИШТА (КОСТУРСКО)

    Селото Бобишта е расположено на подножјето на планината Врбица и Которска планина. Селото се наоѓа во познатата клисура Дауло, на околу 20 км источно од Костур. Околу Бобишта се наоѓаат селата: Загоричани, Бмбоки, Куманичево и Клисура. Името го добило бидејќи во неговата околија успевал гравот (Боб). Најпознати месности во Бобишта се: Шурбово, Бобишка корија, Јанков камен, Широк пат и други. Во 1926 е преименувано во Верга.
    Бобишта било и е населено со етнички Македонци, освен неколку Власи кои се населиле во селото откако земале невести од Бобишта. Во 1900 година имало околу 700 жители, по Балканските војни бројот енормно се намалил на само 243 жители, додека денес има околу 100 до 150 жители. Во минатото иселувањето од селото било пред се’ од политички и национални причини, додека жителите ретко се одлучувале да ги напуштат своите домови поради економски причини, т.е. да заминат на печелба.

    Жителите на селото се занимавале со земјоделие и сточарство, додека почвата во атарот е доста плодна. На неа релативно добро успеваат пченицата, р’жта, пченката и гравот. Бидејќи финансиите кои селаните ги добивале од земјоделие не биле доволни за исхрана на своите семејства, се запослувале како дневничари по државните патишта и оделе на работа во внатрешноста на Грција во период од 5-6 месеци.

    Во 1900 година во Бобишта бил формиран првиот селски комитет на ВМРО, во кој влегле Дине Чулев, Коста Левендов, Никола Диновски, Ѓорги Розовски, Димитар Фасловски и други. Членовите на селскиот комитет биле снабдени со оружје кое го купувале од Грција. На селскиот празник во селото, Св. Архангел, во ноември 1902 година, со четата влегол војводата Гајко, за што биле известени Турците и многубројна војска го обиколила Бобишта. Започнала крвава битка која траела цел ден. Откако на комитите им снемало муниција, со својот последен куршум се обиделе со јуриш да го напуштат селото. За жал 9 биле убиени, а 3 успеале да се спасат. Исто така, Турците како одмазда убиле неколку претставници на месниот комитет на ВМРО. За време на Илинденското востание (1903) од селото учество земале 33 четници, меѓу кои Ѓорги Мишков, Златко Попов, Андреа Сидов, Кузо Розов и други. Во борбите загинале 3 четници. Кога започнала турската офанзива против востаниците во Костурско, жителите на Бобиште го напуштиле селото и се засолниле во Клисура, додека оние кои не избегале биле убиени, вкупно 13 на број. Турскиот башибозук најпрвин го опљачкал селото а потоа и го запалил. Изгореле сите 115 куќи, машкото и женското селско училиште. Во Клисура селаните останале околу две години, но исто така и голем број на семејства немајќи каде да се вратат за навек ја напуштиле Македонија. И после Илинденското востание продолжиле страдањата на Бобиште, овој пат од грчките андарти. Посебно цел на напади било во 1905 година кога неколку пати било нападнато од групите на Вардас, при што биле убиени неколку селани.

    Со потпаѓањето на Егејскиот дел на Македонија под власт на Грција во 1913 година, во селото Бобишта отишла грчка полиција. По нејзина наредба биле собрани сите селани во новоизграденото селско училиште и без разлика сите немилосрдно биле претепани. Причината била затоа што се Македонци, затоа што учествувале во Илинденското востание и бидејќи после востанието ги криеле комитите. Црковните и училишните книги напишаи на словенски јазик, како и иконите, биле јавно изгорени сред село. Од 1913 година поради државниот терор на Грција започна масовно иселување на селаните од Бобиште. Во 1928 година грчките власти го интернирале на една година во грчките острови Алексо Динов. Потоа, пак, во 1940 година Алексо Динов, но овој пат заедно со Златко Попов, биле интернирани на грчкиот остров Хиос. Во 1936-37 година властите во Бобишта отвориле вечерно училиште за сите оние кои не го знаеле грчкиот јазик. Во 1937 година по 350 драхми биле казнети поради зборувањето на својот мајчин македонски јазик селаните: Симо Чулев, Коста Левендов и Алексо Рибов. Во грчко-италијанската војна (1940-41) од селото земале учество околу 10 лица, меѓу кои во воените дејствија немало жртви.

    Во 1941 година Бобишта се нашло под италијанска окупација. Од фашистите биле малтретирани и тепани следните лица: Ставро Каракостов, Алексо Рибов и други. Поради неподносливата ситуација неколку жители на селото во истата 1941 пребегнале во Битола. Во 1943 година грчката националистичка организација на чело со капетан Коларас била во село Лошница. Таа се припремала да го нападне Бобишта и изврши масовно изгонување на македонското население. За оваа намера на Коларас жителите на Бобишта ги извести еден жител, Грк, од Лошница. Селаните на Бобишта ги презеле сите превентивни мерки. Бандата на Коларас го нападнала селото но никого не успеала да фати, бидејќи сите селани биле сокриени во блиските кории. Во септември 1944 година за прв пат во селото биле формирани организациите ЕАМ и СНОФ. Во СНОФ биле организирани преку 40 лица, а секретар бил Никола Попов. Во Егејската бригада од Бобишта учество зеле Димитар Чулев, Димитар Мичов, Ѓорѓи Мичов, Коста Левендов, Коста Ларгов и Тоди Далов.

    Во мај 1945 година, по ослободувањето на Грција, една грчка банда на чело со Лекопулос навечер го заобиколила Бобишта. Бандата го фатила Симо Чулев и го претепала бидејќи син му бил дел од Егејската бригада и моментално бил Во НР Македонија. Лекопулос наредил да се соберат сите селани. Штом тоа било направено, наредил сите оние кои имаат свои блиски во НР Македонија да излезат три чекори понапред од другите. Тогаш тројца членови на бандата на ѕверски начин почнале да ги тепат родителите и блиските на оние кои биле дел од Егејската бригада. Во октомври 1945 во селото бил формиран комитет на НОФ, во кој влегле повеќе селани, а за секретар бил избран Ѓорѓи Поповски. Во 1947 година во селото поминала Комисијата на ООН за испитување на положбата во Грција. За таа пригода Македонците писмено и усно ги изложиле пред меѓународните претставници сите свои забелешки. Како одмазда за ова, режимските сили по две недели го нападнале селото. Во истата година од селото во редовите на ДАГ излегле 26 борци, а селото извесно време било ослободено од партизаните.     

Димитар Љоровски Вамваковски

Објавено во Македонска Ризница, број 18

January 2, 2014

Битката во село Паралово – Мариовско

Битката во село Паралово – Мариовско
Предавството на Петар Лигушев – убиството на Ѓорѓи Сугарев

Битолскиот реонски војвода Ѓорѓи Сугарев е од онаа плејада на скромни и беззаветно предани дејци на македонската епопеја, кои што, сред виорот на нерамната борба против потисниците на народот, умреа со насмевка на усните за достоинствено исполнување на светиот долг и врз чии што свети коски сред народните маси, како џин израсна свеста за револуционерната борба на македонските полиња.


Сугарев е роден во 1876 година во градот Битола во семејство на крајно сиромашни родители. Преживеаната мизерија од рани години во голем степен се беше отпечатила по неговото лице. Уште од детските години тој почувствувал омраза и одврат кон поробителите, кои што кон неговите момчешки години станаа со сè поголеми и поголеми размери. Едвај навршил IV клас во битолската гимназија, поради големите семејни лишувања, тој ја напушта гимназијата и се оддава на учителска кариера во која што единствено тој ја пронајде својата мисија: да го буди народот и да го учи како да се умре за својата слобода. Тој учителствува во демир хисарско, кичевско и Поречието, а потоа и во Битола.

Во 1901 година, незадоволен од својата легална учителска дејност, тој ја грабнува пушката  и станува комита во четата на Никола Петров Русински, кој што се движел со својата чета во демир хисарско, крушевско, кичевско и охридско. Последниот гледајќи во Сугарев вредни заложби за иден војвода и организатор му дава поттик за подобра подготовка, која што брзо се прифаќа од младото даскалче. Така тој ја започнува својата револуционерна дејност: како комита и организатор. Тој сепак, во истата година е избран за член на раководното тело на организацијата во градот Битола и, за да може да ја исполнува неговата револуционерна должност, станува учител во Битола.


Шумната Битола и надмените ефендии, заедно со влекачите околу нив, ја исполнија со одврат до дно душата на Сугарев. Како член на реонското тело, тој го напушта градот и започнува со нелегалната дејност. Неговиот висок организаторски интелект превоспитува многумина од неговите комити меѓу кои Алексо Стефанов, Блаже Биринчето, Димко Могилчето, Иван Пашата, Трајко Краљо, Ставре Спиров, Михаил Јосков и други и како резултат на тоа многумина од нив станаа реонски војводи. Тој се движеше насекаде каде што ќе се почувствуваше потреба од неговото смело организаторско искуство. Така тој го помина Битолско поле, мариовско, демир хисарско, кичевско, ресенско, крушевско и Поречието. Тој сакаше да разговара со селаните, по цели ноќи водејќи разговори за револуционерните и домаќинските и селски стремежи на дадено село. Тој беше исклучително тивок, спокоен и разумен: сакаше да ислушува и секогаш беше праведен во својата проценка по какво и да е прашање. Какви конфликти и да се појавуваа во организацијата, вмешувањето на Сугарев ги задушуваше уште во нивниот зародиш. Тој имаше тврд карактер и силна воља, беше крајно упорен во своите расудувања и никогаш не отстапуваше од веќе еднаш заземениот став. Тој поседуваше вредни карактеристики за еден добар раководител.

Илинденската епопеја го затече битолскиот војвода, а следствено беше назначен за горски началник во регионот на Ѓавато и зема учество во таму водените жестоки битки. Тивкиот, скромниот и секогаш молчаливиот Сугарев, со своето држење, меѓу населението создаде неверојатни легенди. Тој немаше непријатели, а само браќа кои го сакаат.


Во виорот на нерамната борба многу храбри борци го положија својот живот пред олтарот на слободата... Малкумина останаа живи. Првите дејци и раководители од градските и селските организации се наоѓаа во ужасна положба. Имаше потери по селата за да бараат оружје. Сè трепереше за учеството на својот ближен. Многумина очајуваа и заминаа далеку од татковиот крај. Даме беше единствениот кој што со стоицизам ја поднесе грозната катастрофа. На неговиот повик: „И вие ли ќе ме оставите“ – Сугарев, Узунов и Д.Е. се фрлаат во прегратките на Груев со зборовите: „Од народот сме и со народот ќе споделиме маки и неволји“. Така Сугарев стана еден од првите соработници на Даме Груев, кој што ги гледаше и чувствуваше болките на народот, така што со својата непринудена насмевка започна да го утешува и развеселува. Ако Турците сега успееа да го задушат востанието, при друг случај нема да може да го направат тоа и ќе дојде великиот ден, во кој што ќе изгрее како Деница, заветната слобода на македонскиот народ, точно така, како што говореа и уште неколкумина Дамеви другари и соработници. Таа четворка, скитајќи од предел во предел, од село во село, прогонувана и следена, по едногодишна мачна работа, одново изгради многу посилни и солидни организации во целиот Битолски вилает. Така беззаветно работеше Сугарев меѓу народот и го поддржува неговиот дух до крајот на 1904 година, кога поради болест е принуден да отиде на одмор во Бугарија.

Во август 1905 година, патувајќи за битолско, Сугарев пристигнува со 28 комити во Азот. Тој идеше во тој крај за да почне една поефикасна борба против претензиите на српската пропаганда. Неговото пристигнување внесе голема радост меѓу населението и комитите. На секого од устата му излегуваше радосна вест: „Сугарето пристигна“. Ние децата ги чувствувавме и разбиравме желбите на народот и нескриена радост бликаше во нашите души, гледајќи како народот ги цени своите заслужни и несебични организациски дејци.

Сугарев им соопшти на велешките војводи Панчо Константинов и Иван Алабакот за средбата со Даме Груев во кратовско и со него разменетите мисли односно мерките кои што треба да се преземат против пропагандата, зајавувајќи дека тој со целата своја чета, додека не биде повикан во битолско - ќе остане во велешко. Детска радост ги осветли челата на двајцата велешки војводи, кои што не наоѓаа зборови да ја искажат својата радост. По долги борби во Бабуна, по итна работа, Сугарев замина за битолско за да се сретне со раководните лица во тој револуционерен округ и со нив да договори заедничко дејствие на сите револуционерни чети од битолскиот и скопскиот вилает, во пролетта 1906 година да се справат со српската пропаганда во Поречието.


Во пролетта 1906 година, поради појавата на грчки андарти во мариовско и Буфкол од една страна и од друга страна поради навлегувањето на српска чета од Поречието во село Карбуница (кичевско) со кое што дејствие се заплашуваа неколку окрузи, на Сугарев му беше наложено да се справи првично со андартите. На почетокот од месец март, претседателот на окружното тело Петар Лигушев, му наложува на Сугарев, заедно со ресенскиот војвода Алексо Стефанов, веднаш да заминат со своите чети за Мариовско за да се справат со таму појавените андарти. Сугарев и Ѓакон Евстатиј, имајќи го предвид лошото време и другите околности, писмено соопштуваат дека ќе го направат тоа веднаш штом времето се подобри. Тогаш ренегатот-предавник Лигушев ја прави следнава игра: наложува на Ѓаконот веднаш да замине за Битола, а на Сугарев му наложува без одлагање да тргне за Мариовско, залажувајќи го дека Ѓаконот со својата чета ќе го настигне по пат.  Во тоа писмо тој со подол тон му пишува на Сугарев: „Е да, војводи, кои што ги чекаат убавите и млади невести, не им се сака да се изложуваат и умираат“. Тоа писмо силно го засегнува честољубието на Сугарев, кој што, не сфаќајќи ги валканите замисли на Лигушев, огорчен и навреден од потсмевот, го напушта Смилево за да ја исполни волјата на окружното тело. Минувајќи преку село Кукуречани, тој писмено бара средба со Ѓаконот, кој што во тоа време беше во Битола, но писмото стигнува  во рацете на Лигушев. Последниот, без да го предаде на оној кому што е наменето, му одговара на Сугарев дека има големо раздвижување на аскерот во градот и Ѓаконот нема можност да ја оствари бараната средба. И на другиот ден, 23 март, Ѓаконот дознава за писмото на Сугарев и го зема. Ѓаконот претчувствувајќи ја опасноста која што го застрашуваше Сугарев и неговата чета, особено во тој момент кога многумина од поактивните дејци на организацијата во Битола немаа никаква доверба во Лигушев, веднаш во ноќта тргнува од Битола за село Агларци на побараната средба, но Сугарев заминува за Паралово, при тоа Ѓаконот без да може да направи што и да е за да го врати обратно. Кога турските војски преку денот почнуваат да се придвижуваат за Паралово, Ѓаконот едвај се снаоѓа да се прикрие во село Карамани.

На 24 март 1906 година, стар стил, пред зори, како резултат на предавството со предумисла на Петар Лигушев, кој што имаше врски директно со валијата и беше ја предал целата маршрута на четата на Сугарев, многубројни турски орди ја заобиколија четата во гората над параловскиот манастир. По жестока битка која што траеше од утрото до пладнето, падна убиен војводата Сугарев со своите 22-ца другари.


Кон Сугарев, Георги поп Христов, Павел Христов, Ѓакон Евстатиј и други организациски дејци, Лигушев имаше голема омраза и тој се реши преку предавство да се ослободи од нивната беспоштедна критика и Сугарев беше една од неговите први жртви. Без сомнеж  е дека и предавството на ресенската чета и битката кај село Волкодери беше негово дело.

Така во нерамна борба за надмоќноста на темните сили од типот на Лигушевци, падна на македонското поле еден од скромните македонски работници , кој што беше искрено сакан заради неговите високи човечки добродетели.

Светите сенки на 23-цата параловци бродат на усоите на мариовските планини и матните води на крвавата Црна и кога изгрее зората на слободата, битолчани, шетајќи по Пелистер, при дувањето на Зефирот и заруменувањето на гората, со болка на душа ќе ги согледат мариовските планини и крвавата Црна за да ги видат силуетите на 23-цата витези.

Стефан Аврамов „Илустрација Илинден“, година 2, книга 1 (11), Софија, септември 1928, стр. 11-15

Превод: Александар Стеванов. Објавено во Македонска Ризница, број 18

December 30, 2013

Знамето се вееше гордо и праќаше порака СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО!!!

“Ладно есенско утро, 13 Ноември, 1944-тата година. Партизаните се подготвуваат за борба. Срцата бијат како едно, мислата е насочена само во слободата и другарите, со кои можеби ова ќе биде последната средба” – на ова се сеќава, денес 85 годишната Пенка Кралевска, тогаш една од најмладите партизанки во 12-тата Ударна бригада, која учествувала директно во ослободувањето на Скопје. Сеќавањата вели, се сè уште свежи, како да беше вчера. Заменик на политичкиот комесар на 12 та бригада, таа зад себе има многу спомени поврзани со војната, со предвоено и повоено Скопје, но повеќе од сигурно, најубавите се врзани токму со ослободувањето на градот.


“Со бригадата бевме стационирани на Водно, се спуштивме кон Офицерскиот дом. Се сеќавам на најзначајниот момент во мојот живот, кога по долга борба низ скопските улици, татнежот на оружјето и стравот во душата, го поставив знамето на врвот од Офицерскиот дом. Драга, мојата другарка го даде својот живот и до последната минута им помагаше на ранетите. Таа како болничарка, се обидуваше да помогне на ранет војник пре училиштето “Гоце Делчев” кај денешното Друштво на писатели, но тоа беше нејзината последна задача.

Токму тука загина Драгана. Со неа заминаа уште многу наши соборци, другари, роднини, сограѓани кои исто колку нас го сакаа градот и живот што пулсираше низ него, се додека војната не го зави во мрак. Драга, мојата другарка беше погодена од непријателскиот куршум, во обид да го спаси својот соборец. Таа загина, а тој ранет успеа да се избори со смртта.

Тогаш ми се мешаа чувствата, емоциите и желбата да се успее во намерата да се ослободи градот од окупаторот. Кога стигнавме пред Офицерскиот дом, едвај ја разбивме вратата, но успеавме да стигнеме на врвот. Знамето се вееше гордо и праќаше порака СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО!!!


Јас тогаш, паметам, бев најгордата скопјанка, бидејќи ја имав честа да го развијорам знамето, во чест на слободата, во чест на моите другари кои ги дадоа своите животи за својот град. Од Офицерскиот дом, дел од бригадата се упати кон учителската школа.Иако слободно, низ улиците на Скопје сè уште се водеше борба” –  вели Пенка Кралевска.

Војна и љубов!

Во бригадата, се сеќава Пенка Кралевска, го запознала својот сопруг Боро Кралевски, сопартиец, другар, а потоа и животен сопатник. Вели, тоа беше голема партизанска љубов. Во бригадата влегов во 1943-тата, а сопругот беше член од 1941-вата под водство на командант Бузо. Тоа беа времиња на разбирање, дружење и другарство, кога сите дишеа како едно. Уличните борби продолжија, иако Скопје беше ослободено. Но послободно се движевме, како победници, како свои на своето. Во 1946 година својата љубов со Боро ја крунисавме со брак, среќата ја делевме со другарите од бригадата. Многумина од нив останаа наши семејни пријатели уште долго време. Во мене остана да тлее искрата на другарството од партизани, таа врска е најсилна, бидејќи како ретко кога, за другарот си спремен да го дадеш животот. Ќерка ми на шега и денес ме вика “партизанка”. По името на мојот сопруг-истакнат борец денес има и улица “Боро Кралевски” во населбата Радишани. Јас од “Бирарија” во скопската населба Црниче, тој чаирчанец. И двајцата имавме само една мисла-да го видиме нашиот град слободен, да дишеме и шетаме слободно”-додава Кралевска.


Пред 69 години, по 24-часовни борби, Скопје го дочекало снежното 13-ноемвриско утро, ослободено од германските фашистички, окупаторски и воени единици. Партизаните 12-тата, 3-тата и од 16-та Македонска бригада се спуштиле од Водно во добро обезбедениот град, во кој непријателот ги обезбедувал поголемиот број улици и објекти. Татнежот на уличните борби, бил најсилен кај Офицерскиот дом, поранешната учителска школа, поштата, хотелот „Македонија“ и кај други значајни објекти во кои биле утврдени германците. Партизаните Сепак по деноноќни борби ги протерале и последните германски војници од градот. Утрото на 13 ноември со коњи промарширале низ градскиот плоштад каде што граѓаните ги поздравиле со цвеќиња. На ова се сеќава и претседателот на градскиот одбор на борците, Трајко Стаматовски, кој исто така бил директен учесник во ослободувањето на градот.


“Слабиот снег кој паѓаше токму на 13-ти Ноември, само ни ја олеснуваше работата. Борците од дванаесетата и третата бригада беа скоро сите скопјани, кои го знаеја својот град како својот џеб. Секое ќоше од теренот можеа мижејќи да го изодат. Патот кон Куманово кое беше ослободено им беше попречен на Германците, се извлекуваа само кон Качаничката клусура-накај Блаце, кадешто ги чекаше во заседа шестата бригада. Во бригадата бевме распоредени по целиот североисточен дел, ја покривавме цела Скопска Црна Гора. Кога пристигнавме во Скопје веќе се водеа жестоки битки. Дванаесеттата бригада се бореше за ослободување на десниот брег на Вардар, како и за сите поголеми објекти – хотелот „Македонија“, училиштето „Гоце Делчев“ (сегашно Друштво на писатели), Офицерскиот дом, Народна банка. Голема битка се водеше кај Старата железничка станица. Германците беа присилени да се предадат. За женската гимназија, која се наоѓаше кај Владата, се водеа борби за секој кат, за секоја училница. Голема помош добивавме од формираните диверзантски групи кои ги имаше околу 20. Ги сечеа телефонските и телеграфските кабли, фаќаа соработници на непријателот од кои ги вадеа клучните информации. Еден таков момент беше кога ги пресекоа каблите кај Камени мост, бидејќи тој беше планирано да се минира од непријателот, како стратешки објект кој ги поврзува двете страни на Вардар. Непријателот беше стациониран во Офицерскиот дом, можеше се да посматра бидејќи цело Скопје им беше како на дланка. Позначајни се и битките на Водно и на Матка, и онаа кај денешната кафеана Идадија. Мачна борба ги чекаше борците. Но истрааја до крај” -се сеќава Стаматовски.


Победата дочекана со солзи и цвеќе!

Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, е врежан во спомените на борците, кои ја пренесуваат радоста и гордоста и денес. Да потсетат, да укажат и да пренесат како се сакал својот град. Победата над непријателот во далечната 1944 година била дочекана со солзи радосници и цвеќе за ослободителите. Партизаните победоносно на коњи, парадирале низ центарот на градот. По Скопје, останале неослободени градовите Тетово и Гостивар. Но, најголемата и најтешката битка, се сеќаваат борците, била издвојувана со ослободувањето на главниот град. Околу 500 партизани од кои стотина жени, учествувале во битките за ослободување на градот. Од денешна перспектива, велат оние кои останале да сведочат за херојствата, тоа не била само борба за градот, туку и борба за животот, за иднината, бидејќи овие настани ја пишуваат историјата и патот по кој таа се создава. Војната велат борците, не носи добро никому, но ниту окупацијата, и затоа токму на овој ден ја испраќаат пораката “ Да не се повтори, но и да не се заборави”.

С.Б. (извор: Фактор, 13/11/2013)

December 29, 2013

Македонците и во 4-от век биле посебен народ

Македонците споменати во првата книгa на Хермиј Созомен во која е опфатен периодот 312 - 325 год. т.е. владеењето на Константин I Велики…

Хермиј Созомен е еден од т.н. рани историчари на христијанството. Живеел помеѓу 400-450 година. Се смета дека е роден во појасот Газа во Палестина и дека своите книги за црковна историја ги пишувал во последната деценија од својот живот т.е. помеѓу 440-450 г.

Заедно со други автори е споменат во "Историја на македонскиот народ" (ИНИ, 2008, Скопје, стр. 88-89)


Oвa e подоцнежно издание од 1677 г. во кое се поместени прво историјата на Сократ од Константинопол (Сократ Схоластик), а потоа и историјата на Хермиј Созомен. Текстовите се објавени паралелно во оригинал и во превод на латински.


Македонците споменати во второто поглавје…

"The Christians of the East, as far as Libya on the borders of Egypt, did not dare to meet openly as a church; for Licinius had withdrawn his favor from them; but the Christians of the West, the Greeks, the Macedonians, and the Illyrians, met for worship in safety through the protection of Constantine, who was then at the head of the Roman Empire."

Превод:

„Христијаните од истокот, дури до Либија на границите со Египет, не се осмелуваа јавно црковно да се собираат; затоа што Ликиниј ја прекина неговата наклоност за нив; но христијаните од западот, Грците, Македонците, и Илирите безбедно се собираа да обожуваат заради заштитата од Константин, којшто тогаш беше на чело на Римската Империја.“


Во шестото поглавје Македонците повторно споменати…

"After the battle of Cibalis [one of the battles in which Licinius was routed by Constantine, a.d. 314. Eutrop. Brev. hist. Rom. x. 5,] the Dardanians and the Macedonians, the inhabitants of the banks of the Ister, of Hellas, and the whole nation of Illyria, became subject to Constantine." 

Превод:

„После битката кај Кибалае [една од битките во која Ликиниј бил поразен од страна на Константин, 314 г.] Дарданците, и Македонците, жителите на бреговите на Дунав, на Грција, и целиот народ на Илирија, станаа поданици на Константин.“



извор: Socratis Scholastici et Hermiae Sozomeni Historia Ecclesiastica (Google eBook)

Автор на написот: ЧЕНТО. Извор на написот (и дополнителни информации): Форум Кајгана 

Објавено и на:  Macedonia : a True Endless Story ...

December 21, 2013

Херојската смрт на Ставре Војвода

На триста метри од прекрасните Вевчански извори, на оградата од една куќа, ќе здогледате спомен-плоча на која пишува: "Во април 1907 година на ова место во нерамна борба со многуброен турски аскер херојски загина Војводата Ставре Гогов". Се што е напишано е историска вистина, но вистината е многу поголема од напишаното.

На местото каде што е поставена спомен-плочата не само што херојски загинал Ставре Гогов-Војводата Илинденски, туку во оваа куќа во април 1907 година се случил голем настан, што не треба да се минимизира, зашто е дел од историјата на македонскиот народ.А еве и зошто.

КРВАВА БОРБА

Ставре Гогов - еден од војводите во Илинденското востание, уште долго во постилинденскиот период со својата чета се бори во Дримкол за идеите на Илинден. Една априлска ноќ 1907 година, Ставре затропал на портата на Трпе Шекутков во Вевчани, кој му бил вујко. Трпе, свесен за борбата на илинденците и како секој добар вујко му дал засолниште на својот внук, ризикувајќи да го жртвува целото свое семејство. Турскиот аскер дознал дека Ставре таа ноќ е во куќата на Трпе Шекутков и со многуброен аскер и башибозук уште вечерта ја сардисале куќата.

Нерамноправната борба почнала од утрината и траела до квечерина. Со Војводата се борело и семејството на браќата Трпе и Кузман Шекутков, кое броело 10 члена. Кога го потрошил оружјето и се нашол во безизлезна положба Војводата Ставре Гогов се самоубил со последниот куршум во својата берданка, како што направија многу од големите дејци во илинденската и постилинденската епопеја. Во нерамноправната борба гинат и домаќините на куќата: Трпе Шекутков и неговиот брат Кузман, снаата Андрица, а трите внуци од синовите на Трпе се ранети: Ангелина, Вјанка и Наум (синовите биле на печалба). Потоа турскиот аскер ја запалил куќата и таа изгорела до темел. Подоцна, потомците на загинатиот Трпе Шекутков на истото место изградиле нова, на која денес стои спомен-плочата. Во борбата според едни искажувања загинале 27, а според други 117 непријатели.

ПЕСНА ЗА ВОЈВОДАТА

Вевчанскиот македонски народ не останал рамнодушен кон трагедијата на семејството на браќата Трпе и Кузман Шекутков и кон херојското загинување на Војводата Ставре Гогов и овој историски настан го овековечува во песната: "Од Битола до Вевчани се сардисано, ура, ура Ставре Војвода/ го сардисаа млади Ставре во Шекуткој, Ставре има машко срце не се предава, Ставре има бердан пушка не се предава. Прва бомба што ми фрли во конопиштата, таа уби десет души од аскерот, сврти пушка од вратата Ставре Војвода сам се уби, ура, ура за Македонија."

Ова песна и ден-денешен вевчанци ја пеат при најразлични свечени поводи.

Ваквите настани зборуваат за исконската верност на македонскиот човек кон идеите на Илинден, а со нив недоволно е запознаена македонската јавност. Стогодишнината од Илинденското востание, сметам дека е вистински момент народот македонски (особено младите) и меѓународната заедница многу повеќе да се запознаат со Илинден од 1903 година и со постилинденската епопеја. Во нив здушно учествувал целиот народ вклучително и жените, кои криејќи ги писмата во плетенките од косата ги разнесувале на комитите. Ете така и во Вевчани се пишувала историјата на македонскиот народ.

Милосија Шекутковска (извор: Дневник, број 2216, сабота, 18 март 2006)

(Авторката е сопруга на доктор Трпе Шекутковски, крстен по името на неговиот загинат прадедо)

December 17, 2013

СВЕДОШТВА НА МАКЕДОНЦИ ЗА ГРЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА

СВЕДОШТВА НА МАКЕДОНЦИ ЗА ГРЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ВО ТЕКОТ НА ГРЧКАТА „МАКЕДОНСКА БОРБА“

Со терминот грчка т.н. „Македонска борба“ се означува историскиот период од 1904 до 1908 година, и овој термин територијално опфаќал голем дел од површината на географска Македонија, пред сѐ во нејзините јужни и централни делови. Во суштина таа претставувала паравоена интервенција на грчката држава против Внатрешната Македонската Револуционерна Организација (ВМРО) и структурите на другите балкански, црковно-национални пропаганди во османлиска Македонија.
Во основа андартското движење претставувало терористичка организација, т.е. паравоена формација на Кралството Грција која дејствувала на делови од османлиска Македонија. Целта била завладување на територии кои веќе биле организирани од страна на ВМРО и користење на терор, насилство и заплашување на месното население во насока на негово враќање или останување во рамките на Патријаршијата. Поимот паравоена организација означува воена структура која е организирана како напоредна воена формација на регуларната армија на одредена држава или на одделни нејзини партии на власт, или на организации блиски до власта, додека нејзината цел е преку субверзивна активност да подготвува терен за завладување на одделни територии. Главни носители на грчката „Македонска борба“ во грчкото кралство, покрај поединци од националистичките кругови во Атина, биле претставниците на официјалната држава, кои имале круцијално влијание во водењето на вооружената борба, како дел од извршната власт или индивидуалци поставени во управата на грчкиот „Македонски комитет“. Од друга страна, андартското движење во османлиска Македонија било координирано и раководено преку Министерство за надворешни работи и грчките конзулати, од офицерите на грчката армија и високото патријаршиско свештенство, во чиј избор влијание имала и грчката влада. Во однос на финансирањето главните трошоци биле покриени од буџетот на Кралството Грција, но и од донации на поимотни грчки државјани, како и од богатата грчка емиграција. Што се однесува конкретно до учесниците во грчкото вооружено движење, т.е. андартите, тие биле класични платеници, кои за својата работа добивале месечна плата. Додека офицерите, кои всушност биле и водачи на андартските групи, за време на нивниот престој во Македонија добивале платено остуство и биле привремено ослободувани од служба во грчката армија. Офицерите за време на престојот на територијата на Империјата без разлика дали биле назначени во грчките конзулати или, пак, биле дел од андартските чети, секогаш во комуникацијата користеле псевдоними, со единствена цел - при евентуално откривање од страна на османлиските власти да не дојде до нивно поврзување со грчката држава. Целокупната дејност на грчкиот „Македонски комитет“ и на грчката влада, посебно нивните меѓусебни врски, во текот на грчката „Македонска борба“ се карактеризирале со конспиративност. Целта била пред османлиската власт и пред меѓународната јавност да се покаже дека андартското движење било дело на „македонскиот елинизам“ и дека официјална Атина немала никаква поврзаност со грчките вооружени акции во Македонија. Од погореизнесеното заклучуваме дека андартското движење единствено можеме да го третираме како паравоена формација на грчката држава во Османлиската империја.
Основниот начин на дејствување на грчката паравоена организација било заплашување и насилство, односно терор врз месното македонско население. Според грчкиот историчар Димитрис Ливаниос, грчката „Македонска борба“ имала повеќе психолошки отколку воен карактер, чиј почеток се карактеризирал со политичка акција, секако мислејќи на периодот пред почетокот на андартското движење, а кулминирал со вооружено насилство. Идеолозите на „борбата“ сметале дека вооруженото насилство и терор биле единствените начини кои дефинитивно ќе овозможеле црковно, т.е. „национално“ определување на македонското население. Практиката на грчките вооружени групи да спроведуваат терористички акции, чија „вистинска цел е пред сè да создадат страв меѓу одредени категории од населението на една територија или меѓу сите нејзини членови“, претставувало обид да се принуди „непријателот“, во овој случај ВМРО и македонското егзархиско население, да егзсистира по нивна волја, т.е. да станат „Грци“. Исто така, според Ливаниос, примарната цел на андартското движење била „психолошката експедиција изведена со воени средства“. Во тој случај, користењето на воени средства од страна на грчката пропаганда значело користење на терор и насилство, кои во основа претставувале принуда со која „терористите влијаат врз сознанието (психата) на објектот, со цел негово мотивирање да преземат, или не, некакво дејствие, т.е кон насочување на определено однесување посакувано од терористите“. Од друга страна, теророт и насилството продуцирале страв кој требало да биде одлучувачки фактор во опстојување или кон враќање на одредено село во рамките на Патријаршијата. Како резултат на  извршувањето на терористички дејствија, според научникот Георги Стојанов се создава т.н. синдром на последици од насилството, кој се карактеризира со пројави на страв, паника и несигурност. Во такви околности многу полесно било спроведувањето на грчката национална доктрина, односно како што забележал Вардас во писмото до Зимвракакис Епаминондас (Памикос) од 26 јануари 1905 година, дека по нападот на костурското село Либешево и убиството на месниот војвода Костандо Живков, „имавме напредок, шизматичките села Либешево, Жиговишта и Бухин дојдоа со нас“, т.е. се вратија кон Патријаршијата.
Андартската организација користела најразлични методи за да го принуди македонското население да се откаже од Егзархијата и да се приклони кон „духовното водство“ на Цариградската патријаршија. Некогаш единствено било доволно андартите да „посетат“ одредено село за да тоа се врати во рамките на Патријаршијата. Процесот бил прилично едноставен. Така, на пример, при посетата на с. Прекопана за време на последната експедиција на П. Мелас во Македонија, во есента 1904 година, најпрвин биле убиени влијателните егзархисти, свештеникот и учителот, кои според логиката на Мелас „имаа важно место во Комитетот“, т.е. ВМРО. Потоа, пишува Мелас, „ги поканив сите селани, посебно старешините кои порано беа православни (патријаршисти, б.н.), и им укажав со топол пријателски говор да се вратат во православието (Патријаршијата, б.н.)“. Во продолжение водачот ги „замолил“ присутните селани да се изјаснат за нивните црковни и „национални“ чувства, потенцирајќи дека ќе го почитувал нивниот избор, „но дека на никого нема да дозволам да врши притисок врз Грците (патријаршисти, б.н.) и да ги тера насилно да се отцепуваат“. Откако Мелас ја завршил агитацијата, им наредил на жителите на Прекопана „да дадат заклетва за посветеност и верност кон православието и, второ, да поднесат исто таква изјава пред кајмакамот и митрополитот“, но и да побараат од вториот, во рок од 10 дена, да им испрати „грчки“ свештеник и учител. На крај отворено им се заканил на селаните, дека по заклетвата која ја дале, „ако некој од нив отстапи од ветеното... и човек кој ја погазил својата заклетва, па според тоа и соодветно ќе го казнам“. Ова претставувало само еден од мноштвото на вакви или слични на овие настани кои се случиле во текот на грчката „Македонска борба“. Воочлива е употребата на закани, уцени, насилство и убиства врз месното македонско население, со единствена цел да се влијае врз нивната психа, т.е. да им се всади страв и да им се наметне дека единствено решение било прифаќањето на црковната и „националната“ определба диктирана од грчката пропаганда.
Следен метод кој бил практикуван од страна на грчките паравоени формации бил испраќањето на предупредувачко - заканувачки писма. Во нив бил поставен ултиматум, кој доколку не бил прифатен од селаните, тогаш се стапувало во акција, односно кон принуда на македонското население преку ноќ на стане „грчко“. Заканувачките писма биле потпишувани од страна на водачот на андартската чета, адресирани најчесто до највлијателните жители на селото, т.е. кметот, учителот или свештеникот. За подискриптивно претставување на овој вид на притисок ќе пренесеме дел од едно такво писмо, испратени до с. Арапли, Солунско. Писмото датира од 20 март 1908 год., на кое стоел округол печат со натпис „Капетан Апостолис“. Од истото дознаваме дека претходно било испратено уште едно писмо, за кое „капетанот“ констатирал дека селаните не го добиле, „поради што сум принуден повторно да ви напишам, за да разберете дека единствениот ваш спас е да станете Грци“. Откако најпрвин ги прогласил селаните за „Бугари-Македонци“, набрзо ретерирал од својот став и посочил дека такви не постојат, за да веднаш потоа им порачал: „во некое село постојат луѓе кои не се убедени дека се со грчко потекло, тоа, по потреба, ќе ги научиме ние, првин со советување, а потоа и со меч“. Во продолжение на прилично долгото писмо, водачот на андартската чета „најдобронамерно“ им укажал на селаните за нивното „историско потекло“, докажувајќи со „историски факти“ дека тие не се „Бугари“ и дека неговата цел е да ги врати на „вистинскиот пат“, ако треба и со помош на оружјето. Сосема на крај авторот на писмото заклучил: „Штом го примите моето писмо треба да станете Грци, инаку овие дена очекувајте да дојдам за да ве научам дека Бугарите не се Македонци... Ќе ве изгорам и вас и вашите деца... Не ќе оставам ниту еден од вас... Повеќе не чекам! Или сега веднаш ќе се вратите (под јурисдикција на Патријаршијата, б.н.) или некој ден сите ќе ве убијам. Ќе ви покажам дека Грците можат да чекат, но дека трпението им има граници. Значи, или едното или другото. И чекам брз одговор“. Вака формулираното писмо, полно со закани и уцени, било доволна причина за жителите на засегнатото село да преминат на страна на Патријаршијата, а со тоа и кон елинизмот, посебно ако тие не биле организирани и заштитени од организационата мрежа на ВМРО или нејзината структура во селото била слаба. Андартите употребувале и друг метод, односно од одредено село земале заложници, со што ги принудувале сите селани да станат „Грци“, бидејќи во спротивно заложниците би биле убиени. 
Во секој случај, најесктремен метод употребуван од страна на грчките формации претставувал класичниот терористички напад на одредено населено место. Тоа се реализирало откако жителите на „избраното“ село се однесувале игнорантски кон заканувачките писма на андартските водачи или, пак, нападот најчесто бил реализиран без никакво претходно предупредување. Во најголем број од примерите изборот паѓал на села кои во дадениот момент, или во минатото, пред сè во Илинденското востание, преставувале значајна база на ВМРО или во кои егзархиската црковна организација имала поголемо влијание. Но, имало и напади на села кои не спаѓале во претходните две категории, додека нивниот избор, а со тоа и напад, требало да претставува предупредување за самите негови жители или на македонското население од околните населени места. Пред реализацијата на конкретниот терористички акт водачите на андартските чети се подготвувале неколку дена. Во тој период тие собирале детални информации за највлијателните жители на селото, а најчесто информациите ги добивале од претставници на грчкото свештенство или поединци од самото село кои биле поткупени од грчката пропаганда. Исто така, доаѓало до групирање на неколку андартски чети, со што бројот на четниците бил значително голем, со цел поефикасно извршување на зададената цел. Терористичкиот чин најчесто бил реазлизиран во доцните вечерни или раните утрински часови и секогаш бил користен факторот на изненадување и неподготвеност за самоодбрана или активирање на селската милиција на ВМРО од конкретното или околните села. Нападот бил молскавичен и траел неколку часа, сè до оној момент кога андартите сметале дека ја завршиле поставената задача или почуствувале опасност дека можат да бидат нападнати од четите и селската милиција на ВМРО или, пак, од активирањето на османлиската војска, со која секако дека не сакале да имаат никаков вооружен контакт.  Вооружениот акт се карактеризирал со насилство и терор врз недолжното население, со убиство на голем број на невооружено население, кои за андартите најчесто биле „вооружени комити“, потоа следеле грабежи, но и убиства на добиток и опожарување на недвижниот имот. Откако ќе завршел нападот, андартските чети се повлекувале на сигурно во своите бази. По неколкудневно криење и чекање да се стабилизира ситуацијата и прогонот од османлиската војска се разделувале и секоја група се враќала во својот реон на дејствување, а некои се повлекувале и на територијата на грчката држава.
Класичен пример за овој метод на работа претставуваат нападите на селата Зеленич, Загоричани и Неволјани. Првиот крупен терористички напад се случил на 13 ноември 1904 година, во с. Зеленич (Леринско), во македонската историографија попознат уште како и „Зеленичка крвава свадба“. На тој ден, 36 андарти под водство на водачите Катехакис, Каудис, Пулакас и Вранас, без никаква причина го нападнале селото, а како повод им послужила свадбата на внуката на егзархискиот свештеник во Зеленич. Убиени биле 11 селани, а 4 биле ранети. Најжестокиот напад во текот на грчката „Македонска борба“ се случил на 25 март 1905 год., кога во с. Загоричани (Костурско) околу 200 андарти извршиле типично злосторство врз недолжното македонско население. Убиени биле голем број на селани, а опожарен бил и добар дел од селото. Последниот пример кој ќе го наведеме, за кој во  историографијата е малку пишувано, се однесува на нападот на с. Неволјани (Леринско). Овој напад бил сличен како оној во с. Зеленич, т.е. повторно се случил на свадба, а го извршила четата на критјанинот Ефтимијос Каудис.
Како и да е, покрај наведените методи и средства кои најчесто биле користени од страна на андартските паравоени формации, биле практикувани и многу други од различен вид. Тие најчесто зависеле од начинот на дејствување и проценките на поедини водачи на грчките чети, од наредбите кои ги добивале од своите претпоставени, пред сè „центрите“ на грчката пропаганда во Македонија, од моменталните околности и местоположбата на одредено населено место, од ангажирањето на османлиската власт, како и од присуството на четите на ВМРО и поставеноста на нејзината организациона структура.
За оваа пригода, на пошироката јавност во Грција ќе претставиме неколку документи кои биле испраќани од македонски села до претставниците на Големите сили, пред се до руски претставници, во Османлиската империја, преку кои Македонците ги изразувале сите злосторства кои им биле направени од страна на грчките андарти.

1.
No 213,
28 март 1905

ДО ГОСПОДАТА РУСКИ И АВСТРИСКИ КОНЗУЛ

На 25 март во темни зори една грка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најанапред слушнавме како свири војничка труба и потоа започнаа да грмат маузерки пушки. Населението мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска не мрдна од своите места и замрзна од силен грмеж и на разни места исфрлените динамитни бомби и од куршумите, коишто како град се сосипаа над покривите  на замрзнатите и од никаде не подржуваните селани. Со голема сила разбојниците не им дадоа време на несреќните селани да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од 4 до 8 души... о, Боже!!! Перото е безсилно да ги опише ужасите, злоделата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до пети. Тие извршија нечуени ужаси до сега во светската историја на човештвото. Започнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, и да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични моменти голем беше плачот и лелекот по целото село! Безпомошното население  обземено од паничен страв трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште да се сокрие од куршумите и ножот на тие поклоници на вандализмот! Секој што им падна на нивните немилостиви раце беше трагично убиен!!! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту солзите и писоците на истите, на малите и невини деца, ниту паричните наградувања коишто разбојниците ги прифаќаа на драго срце - ништо не беше во состојба да го смекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!!
Ние сите ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Германос Каравангелис, б.н.), ако не пристигнеше едно одделение војска. При појавата на тоа мало одделение на војска  разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од јавната смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението не спаси!!!
По малку време (разбојниците отворија оган во 10 ½ часот „алатурска“. Аскерот се појави во еден часот и по 1 ½ час борба, во 2 ½ часот бандата отстапи), кога разбојниците дивееја во нашето село, кога извршија злосторства чии што размери јасно личат на приклучените тука таблици.
По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме кон човекољубивата и хумана Европа, апелираме кон цивилизацијата, којашто веруваме не може да бара по варварски цени – достојни на средните векови, апелираме кон европското општествено мнение, апелираме и кон целата природа и кон сите што се покровители на поробените народи и високо изјавуваме дека сакаме и ние човечки живот и човечки права или смрт!!!...
Бараме накажување на виновниците и осигурување на човечкиот живот и човечките права!

с. Загоричани
28 март 1905                                Од целото население.


Ваше Височество,

Долупотпишаните од с. Мокрени, Костурско, доаѓаат да го искажат кон Вас своето неизмерно почитување и да го изјават следното:
Со оглед на неочекуваните злосторства, коишто го снајде ненадејно несречните во с. Загоричани, тукашните жители од страв се разбегаа горе-долу и ништо не мислат друго освен како да се избават од тие напади коишто станаа очигледен факт. Нашите тука работаат заплашени, па поради тоа работата ќе им остане незавршена, а нивните семејства ќе останат гладни. Поради тоа се обраќаме и кон Вас, апелираме и покорно Ве молиме да ја имате предвид нашата состојба и да посредувате пред нашето чесно Правителство за да ја земе посериозно нашата човечка заштита. Уверени впрочем дека ќе ја земете предвид нашата положба и ќе осврните милостлив поглед кон нашата молба, остануваме со најголемо почитување и уважување кон Вас.

с. Мокрени                                Старешини на Мокрени
29 март 1905                                Никола Добрев
                                    Димо Мирчев
                                    Дино Димитров
                                    Иван Попов
                                    Мино Андонов
                                    Стерјо Димитров
                                    Димитар Ѓорчев

2.
No 3388
27 мај 1907 година

ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО
РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ ЦИВИЛЕН АГЕНТ
ГОСПОДИНОТ ДЕМЕРИК

Ваше Височество,
   
Потпишаните, од името на македонското население во с.Градобор, Солунско, доаѓаме да му се пожалиме на Вашето Височество за следното:
На 18 мај вечерта една грчка банда го плени нашиот соселанец, Македонецот Ичо Сеизов, што таа вечер се наоѓаше во својата мандра крај селото Сарамурово. Отогаш досега ништо немаме чуено за него, и не знаеме дали е уште жив, или е убиен. Од сето се гледа, дека грчката банда го има завлечено овој наш соселанец за да ги присили неговите роднини и пријатели да станат Грци и да преминат во патријаршисти.
Од друга страна, секој ден гледаме како се појавуваат непознати личности по полето, па не можеме да си ги прибериме посевите. Затоа најсмирено молиме да и се заповеда на војската што е стационирана во нашето село, да излегува секој ден по полето да ни ги чуват животите.
    Солун, 1907
        28 мај
                                Со почитување, Вашите слуги,
Мухтир (потпис)
Иван Атанасов

П.с. За неопходно потребно сметаме уште да го известиме на Ваше знаење тоа, дека во нашето село се има загнездено еден Грк, по име Христо. Овој човек беше порано во селото Ново Село. Како во Ново Село, така и кај нас, тој се занимава навидум со кафеџиство, но во истото тоа време се занимава и со уредување на грчките комитетски работи, а со извршување на разни престапништва.
Ние сме со сигурност уверени дека тој Христо има прсти во грабнувањето и на нашиот соселанец Ичо Сеизов.
За овој кафеџија Христо имаше многу поплаки од Македонците во Ново Село, затоа и нему му се забрани да живее во тоа село.
Се додека овој Христо не се тргне од нашето село, се дотогаш ќе ни се случуваат престапништва од страна на Грците.
Молиме да го преземите потребното за да се тргне од нашето село овој шев на грчките банди.

3.
No 3435, 24 јуни 1907

ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО
ГОСПОДИНОТ ДЕМЕРИК
РУСКИ ЦИВИЛЕН АГЕНТ ВО ГРАДОТ

Ваше Височество,

Потпишаните мухтири од името на македонското население во нашите села од Солунско доаѓаме да му се пожалиме на Вашето Височество за следното:
Вам ви е познато, дека грчките андарти извршија многу големи насилства врз нас и не присилуваат да преминеме под раководство на грчката патријаршија. Заплашувањата, што ни доаѓаат секој ден од страна на грчките андарти се многу чести. Тие убија многумина од нашите соселани, им ги изгореа куќите на многумина, и сега слободно се движат по полето и ние не можеме слободно да си ги прибериме посевите од нивите.
Макар и да сме Ви ги ставиле на Вашето значење сите извршени злодела од страна на грчките андарти, дозволете ни да наброиме овде само неколку од нив по хронолошки ред, што беа извршени околу нас од 1 јануари до денес.
1.    На 8 јануари Македонецот Хаџи Марко Костандинов од с. Негован, Солунска епархија, Лагадинска каза, беше убиен од грчки убијци.
2.    На 9 јануари Грците му ја потпалија куќата на Македонецот Никола Петров од Ново Село, Солунско.
3.    На 17 март Грци убијци го нападнаа близу до Солун Македонецот од Ново Село, Солунско, Ставре Георгиев, со цел да го убијат.
4.    На 2 март Македонците од селото Илиџиево, Солунско, добија едно заплашувачко писмо од грчките андарти, со кои се поткануваат да станат патријаршисти.
5.    На 12 март преку ноќта една многубројна грчка банда го нападна македонското егзархиско село Горно Куфалово, Солунско, им ги изгореа куќите на 5-мина селани, го убија Констандин Офил Масларов, ја ранија Марија Ив. Масларов и го заробија Георги Гогулев и малолетните дечиња од Ташко Стојанов: Божин, Стојан, Илија и Христо.
6.    На 27 прил вечерта една многубројна банда го нападна егзархиското маало во селото Ново Село, Солунско, му ја изгореа куќата на мухтирот Костандин Димитров и го зедоа плен Македонецот Димитар Димов, кого неколку дена потоа најжестоко го убиле.
7.    На 17 април дента Македонецот Ставре Георгиев од с. Ново Село, Солунско, беше нападнат во Солун од еден Грк убиец и му нанесе смртоносни рани.
8.    На 25 мај Грци-убијци го нападнаа Македонецот егзархист од селото Даут-Бал, Христо Кабак, и го убија, токму кога си работеше во нивата близу селото.

Ваше Височество,
Од погорново се гледа дека нас не убиваат и на улицата и во полето. Не напаѓаат во нашите училишта. При таква грозна положба не можеме да си ги гледаме нашите мирни полски работи, а од тоа уште и нашите деца изумираат од глад и вергијата на царштината не ќе можеме да ја исплатиме.
Ве молиме најсмирено да благоволите да се застапите за нашава судба и да бидат преземени потребните мерки да ни се запази животот, било со тоа што ќе се постави војска по нашите села, било со тоа што ќе бидат поставени жандари, и да ни биде дозволено да држиме по 20 пушки во нашиве села заради самозаштита.

Со почит сме, Вашите слуги од селата:
Грдобор, Дудуларе, Ново Село, Арапли, Бугариево.
Солун,
18 мај 1907
Грдобор: мухтар Штерјо Попов (печат)
Дудулари: мухтар Атанас Панајот (печат)
Ново Село: мухтар Дино Митре (печат)
Арапли: мухтар Никола Стојанов (печат)
Бугариево: мухтар Иван Димитров (печат)

4.
No 3575, 18 август 1907

ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ КОНЗУЛ
ГОСПОДИНОТ КОХМАНСКИ

Ваше Височество,

Ние долепотпишаните селани од селото Голо (Голи), Ениџевардарско, ополномоштени од целото наше село, доаѓаме да Ви се поплачиме за зулумите направени врз нас од грчките вооружени банди.
1.    На 15 октомври 1905 една вооружена грчка банда ги фати и ги однесе како плен нашите селани Васил Димев и Петре Димев, додека се враќаа од своите полски работи, а селанецо Дионис Георгиев го земаа од неговата сопствена куќа. По 10-15 дена тие беа пуштени, откако несреќниците им ветија дека ќе ја признаат, како тие, така и целото село, грчката Патријаршија.
2.    Во месец фебруари 1906 една грчка чета ни влезе во селото на разденување и им ги потпали куќите на нашите соселани Дионис Георгиев и Гоце Николов, при што да се знае дека и целата нивна покуќнина изгоре. Додека бегаше, Дионис Георгиев беше ранет со куршум во ногата, откако беше убиена и кобилата од Мице Арфанос.
3.    На 20 април 1906 нашите селани Георги Христов, Доне Мандов, Димитар Божинов и Васил Асарџи беа убиени со штикови од грчка чета по патот Ениџевардар – с. Голо.
4.    На 18 септември 1906 на разденување една вооружена грчка банда навлезе во нашето село, предизвика паника со пукотниците од пушките. Ги убија во куќата Мице Арфанос, Митре Атанасов и Камена Митрева. Го убија волот на Ташо Нацев, ја ранија кравата на Мице Јанев, ја потпалија куќата на Мице Иванов, но се изгасна на време.
5.    На 9 август 1907 една грчка вооружена банда ни навлезе во селото изутрината рано во 9 ½ часот по разденување, кога некои од селаните се спремаа да станат од сон, а другите спиеја. Андартите беа забележани од селаните од селаните уште оддалеку, додека беа надвор од селото, меѓутоа никому не му падна на ум дека тие се злосторници, бидејќи беа со фесови и со аскерски облеки. Штом влегоа во селото, тие се распраснаа по село и заобиколија неколку куќи и куќата на Васил Динев, кого го имаа фатено жив во 1905, на 15 октомври. Разбудените селани од пред куќите се прснаа да бегаат кој каде му гледаат очите. Петар Крстов на 50 годишна возраст додека бегал бил фатен од злосторниците и врзан со јаже; фатен е исто така и Георги Митрев, на 18 години, и врзан, но бидејќи не се согласувал да оди, тој бил застрелан на местото и убиен; ја ранија жената... Донова, го ранија и Трпче Иванов. Ги фатија и ги врзаа Димитар Иванов и Сотир Динев. Тројцата фатеги одведоа со нив, а понапред фатениот Т. Крстев го ослободија, а другите двајца ги отераа во блатото.

Ваше Височество,
Веќе станува петти пат како грчка чета ни го напаѓа селото и осум (8) души наши соселани ни се убиени, шестмина ни се ранети од грчки банди и сето тоа ни се прави нас само и само затоа што сме Македонци и  не ја признаваме туѓата духовна власт на грчката патријаршија. За сите случаеви го имаме известено неговото Величество Хилми паша и до господата Цивилни агенти, меѓутоа никаква помош не ни  е укажана. Кога се случи нападот на нашето село во месец септември 1906 се поплакавме до неговото Височество Хилми паша, и тој ни даде дозвола да можеме да имаме оружје за да се браниме, но ениџевардарскиот кајмакам одби да го изврши ветувањето што ни беше дадено од Хилми паша. Освен што оружјето не ни беше дадено, туку потоа ениџевардарската војска при претресите на куќите ни одзема пет (5) пушки што ни служеа за одбрана. Со солзи во очите го молиме Вашето Височество да застане зад нас несречните селани, бидејќ секој час ни стои заканата да бидеме ѕверски убивани, опожарувани од нашите крвожедни православни христијани, грчките чети; да ни се дозволи да чуваме пушки за одбрана и да се нареди на царскиот аскер да не го бастисува нашето село ноќно време, бидејќи не можеме да знаеме дали е аскер или се грчки андарти, преоблечени во аскерски алишта.
Уверени сме дека на нашата молба ќе и биде обрнато сериозно внимание, остануваме со одлична почит:

Солун, 1907 година
14 август
Мухтар: Христо Динов
Селани: Кољо Мицев, Васил Динев и Камена Димитрова (печат)

5.
No 3751, 21 октомври 1907

ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО РУСКИ ЦИВИЛЕН АГЕНТ
ГОСПОДИНОТ ДЕМЕРИК

Ваше Височество,

Потпишаните мухтири од селата Горно Куфалево, Средно Куфалево и Долно Куфалево, Солунско, доаѓаме да му се поплачиме на Вашето Височество за следното:
1.    На 10 декември преку ден беа убиени од Грци убијци нашите соселани: 1. Христо Трајков, 2. Димитар Мишев, 3. Георги Николов, 4. Атанас Наков, 5. Георги Митрев, родум во Горно Куфалово.
2.    На 15 јули беше убиен од страна на Грци разбојници нашиот соселанец Лазар Петров, родум од с. Горно Куфалово.
3.    На 12 декември преку ноќта беше потпален со оган, ставен однадвор, куќата на нашиот соселанец Бербер Лазар, родум од с. Горно Куфалово.
4.    Порано, на 4 декември преку ноќта беше пленета и ограбена куќата на нашиот соселанец Иван Ванчул во с. Горно Куфалово.

Ваше Височество,
Нас не’ убиваат по патиштата; нам нашиот живот и нашиот имот не ни е сигурен во нашите сопствени живеалишта; најсмирено молиме да се застапите за нашава судбина и да го направите потребното да ни се дозволи да имаме по четворица души свои падари во селото, кои што да имаат право да носат свое оружје и да ги чуваат нашите живеалишта, нашите имоти и нашите животи, барем внатре во нашите села. Тоа го молиме, бидејќи секој ден добиваме заплашувачки писма и известувања од грчките андарти што не заплашуваат со убиство ако не се откажеме од Егзархијата и ако не преминеме под туѓата за нас грчка Патријаршија.
Ние длабоко веруваме, дека, кога ќе имате предвид дека нас не убиваат и не ограбуваат грчки андарти само затоа што сме Македонци ќе благоволите да ни ја задовоолите молбава да имаме право да си одбереме четворица чесни пред Правителството селани, на кои да им се дозволи да носат оружје за да ни го бранат животот и живеалиштата внатре во селото.

Солун, 20 декември
1907 година
Со почитување,
Мухтар на Горно Куфалово, Псорозли Никола, Никола Далјан и
Стојан Орешков (печат)
Мухтар на Долно Куфалово, Иван Златан, Христо Џамбаз (печат)
Мухтар на Средно Куфалово, Георги Трајан, Никола Гонов (печат)

Димитар Љоровски Вамваковски

December 16, 2013

Словенската писменост може да е постара и од грчката

Сведоштвото дека Грците ја примиле писменоста од некакви загадочни малоазиски или дури северноафрикански Феникијци ни кажува дека всушност се работи за балканските Сло-Вени, т.е. за Јужните Венети. Словенската писменост е постара од грчката, односно Словените се постар и поцивилизиран народ од Елините, вели Милош Линдро, поет и критичар и долгогодишен истражувач на словенската писменост

 Глаголицата е продукт на генијалниот ум на еден човек, односно, како што тврди славистиката, нејзиниот создавач е свети Кирил. До денешен ден нема ниту една општоприфатена претпоставка за потеклото или, пак, евентуална родственост на глаголицата со некоја друга азбука. Повеќе истражувачи останале со впечатокот дека глаголицата во своите форми е оригинална во целост, а јас го делам тоа мислење. Ова е ставот на Милош Линдро, македонскиот поет и критичар, кој ја истражува оваа област и, врз основа на сознанијата, тврди дека словенската писменост е постара од грчката. Во своето дело „Заборавениот Кадмо“, од пред неколку години, тој ги посочува дилемите за настанокот на глаголицата. Малку народи во Европа имаат празник како нашиот, кој им е посветен на светите браќа Кирил и Методиј, па затоа треба да сме горди на нив.

- Да си го честитаме овој наш голем и прекрасен празник на писменоста. Треба да сме горди на нашите предци што ни оставиле во наследство дури две азбуки: глаголицата и кирилицата. Можеме тоа да го наречеме дар на судбината. Треба да имаме предвид дека многу поголеми народи од македонскиот не создале сопствена писменост, туку позајмиле некоја туѓа. Да не заборавиме дека папата Јован Петти предложи и во 1980 година светите Кирил и Методиј беа прогласени за светци-заштитници на Европа. Во таа смисла, делото на светите Кирил и Методиј е епохално - дециден е Линдро.

Грците ја примиле писменоста од Словените

Зборот „Словени“ е составен од две составки (Сло-Вени) и доаѓа од постарата форма „Сур-Вени“, чие значење е „црвени“, „сончеви“ или, најточно, „јужни“ Венети.

Понекогаш нивното име со грчки букви е запишувано како „Фоеникс“.

- Замагленото сведоштво дека Грците ја примиле писменоста од некакви загадочни малоазиски или дури северноафрикански Феникијци ни кажува дека всушност се работи за балканските Сло-Вени, т.е. за Јужните Венети. Додека во глаголицата местото на буквата го дава нејзиниот број на вредност, во грчкиот алфабет и во кириличната азбука тоа не е така. Словенската писменост е постара од грчката, односно Словените се постар и поцивилизиран народ од Елините - објаснува Линдро.

Според претпоставката на стариот автор, грофот Клемент Грубишич, таткото Фенисиј им ја дал азбуката на Словените/Венетите, а синот Кадмо им го дал алфабетот на Грците. Излегува дека словенската писменост е постара од грчката, и токму тоа се обидува да го докаже Грубишич. Заклучокот, објаснува Линдро, е дека глаголицата е супериорен знаковен систем во однос на другите соседни азбуки. Поради својата кохерентност, глаголицата нема потреба да се сообразува со кабинетски измислениот „јонски“ („александриски“) броен систем. Подредбата на грчкиот алфабет не се согласува со тој броен систем, што потврдува дека нештата стојат токму обратно - оние што го користеле грчкиот алфабет правеле напори да се сообразат со словенската глаголица.

Македонскиот автор, занимавајќи се долго време со записи на глаголицата, откривал восхитувачки работи. Оформил мислење дека во неа се енкодирани некои тајни, скриени значења и пораки. Во последните години тој открил дека до слични гледишта, по самостоен пат, стигнале и професорите-слависти Лидија Карпенко од Русија и Славомир Самбуњак и Марица Чунчиќ од Хрватска.

Глаголицата постара од латинската абецеда?

- Глаголицата поради својата идеограмска, па дури и пиктограмска природа (отсликува конфигурации, т.е. констелации на ѕвезденото небо) ни го дава правото да тврдиме дека е постар азбучен систем, не само од кирилицата туку и од грчкиот алфабет и од латинската абецеда. А нема да е грешка ако тоа се прошири и врз, грузиското, еврејското и т.н. коптско писмо (кое е речиси стопроцентен алфабет). Затоа што во наброените писма, во нивната подредба, се запазиле траги од совршената подредба на глаголицата. Имено, во сите нив е запазена подредбата на буквите КЛМН. Ова средишно јато од консонанти е запазено и во арапската и персиската азбука. Според него, арапските суфисти го формулирале и принципот КАЛМАН - објаснува Линдро.

Оваа година се одбележува 1.150-годишнината од Моравската мисија на словенските првоучители, творците на првата словенска азбука, мисионери, неуморни проповедници, св. Кирил и Методиј. Тоа е можност да се осврнеме на нивното дело со благодарност и чувство на гордост што му припаѓаме на народ што ги напојувал своите далечни корени од кирилометодиевското дело. Тие ги поставиле темелите на словенската писменост и со својата дејност отвориле нова ера во историјата на Словените. Во славистичката научна јавност е општоприфатено дека првите словенски книги биле напишани на јазикот на македонските Словени од околината на Солун, јазикот што им бил близок на браќата Кирил и Методиј, творците на првата словенска азбука - глаголицата со 38 буквени знаци. Во Методиевото житие пишува дека византискиот император, испраќајќи ги во мисијата, им рекол дека тие можат најдобро да ја извршат задачата „бидејќи се Солуњани, а Солуњаните сите чисто словенски зборуваат“.

За св. Климент и Наум и дејноста на Охридската книжевна школа е карактеристично негувањето на глаголицата до 12 век, како потврда за верноста кон кирилометодиевската традиција и делото на првоучителите, за разлика од Преславскиот центар, кој мошне рано ја прифаќа кирилицата. Иако е несомнено дека кирилицата е писмо што најпрво било воведено во Преславскиот книжевен центар (на Преславскиот црковно-народен собор во 893 год.), а таа кирилица содржела и букви од глаголицата за означување одделни гласови, во нашата средина уште среќаваме написи во кои авторството на кирилицата му се припишува на Климент Охридски. За доминантната улога на глаголицата сведочат деловите пишувани со глаголско писмо во кирилските текстови од дванаесеттиот и тринаесеттиот век: Битолскиот триод, Охридскиот апостол, Болоњскиот псалтир, а кирилските редови во глаголските ракописи (Асеманово, Зографско, Мариинско евангелие) го потврдуваат долгото опстојување на глаголската традиција во Македонија и употребата на овие ракописи како предлошки за кирилски ракописи.

Глаголското писмо на најстарата македонска писменост се поврзува со глаголицата употребувана во Моравија и Панонија, за што сведочат некои архаични црти и тенденции во текстовите како што се Синајскиот псалтир или Охридските ливчиња, па и подоцнежната глаголица на Охридскиот апостол. Охридските текстови се одликуваат со јазични црти, зборови и изрази што се сметаат за постари во споредба со преславските.

Автор: Антонија Поповска-Христов (Нова Македонија)