August 20, 2012

За употребата на 16 зрачното сонце

Претходното знаме на Македонија со 16 зрачното златно македонско сонце (т.н. Сонце од Кутлеш) станува официјално на денешен датум во 1992 година. Но неговата неформална употреба (на конкретниот графички израз или со минимални измени) од страна на Македонците (доколку не се смета античкиот период) е започната повеќе од две години пред тоа - пред Македонија да ја добие својата независност.

На основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ на 17.06.1990 година, Скопје има две знамиња со 16 крако златно македонско сонце на црвена позадина.













Истите знамиња ќе бидат изложени и на подоцнежните конгреси, а ќе бидат изработени и мали канцелариски верзии на знамето.

На конгресот во Прилеп на 6 и 7 април 1991 година, покрај останатите знамиња ќе биде изложено и знаме изработено од Ѕвонко Станковски на кое е видливо 16 крако сонце во горниот лев агол. Знамето е црвено со три црни хоризонтални ленти. (слика лево) Истото знаме ќе се појави и во првиот број на партискиот весник од 4.5.1991 година.

За време на истиот конгрес се појавува и уште едно знаме на кое има 16 крака (модифицирано т.н. Сонце од Кутлеш), но на местото на централниот круг е испишана буквата М - веројатно за Македонија (слика лево).

И за време на прославата за успешниот референдум за независност на Македонија од 08.09.1991 година во публиката се вее знаме со 16 зрачно златно македонско сонце какво што подоцна ќе биде избрано за официјално знаме на Македонија.

Во весникот "Пиринска камбана" од март 1992 година (година II, број 2) непосредно до објавено писмо од Македонец е прикажано 16 зрачното македонско сонце (слика лево).

No comments: