EMINOVA Akile - Amanet
Аманет - Еминова Акиле
Wednesday, August 31, 2011
Tuesday, August 30, 2011
Љупчо Арсов - биста
Биста на народниот херој, министер и претседател на извршен совет на собрание Љупчо Арсов - Штип, Република МакедонијаStatue of Ljupco Arsov - Stip, Republic of Macedonia
Фото: А.С. мај, 2011 година.
Кликнете на сликaтa за целосен размер!
Click on the photo to enlarge!
Labels: Statues
Monday, August 29, 2011
Sunday, August 28, 2011
16 зрачното сонце и Хуните
Случајно наидов на еден интересен артефакт на сајт за Хуните (врска) за кој пишува:
"Ornaments found in archaeological sites in Bulgaria. Ornaments such as these were used by rich Hun nobles to decorate their clothing. Like the Scythians beofre them, Huns prefered gold, but silver could also be used."
Превод:
"Орнамент најден на археолошки локалитет во Бугарија. Орнаменти како овие биле користени од страна на богатите хунски благородници за декорирање на нивните облеки. Како и Скитите пред нив и Хуните преферирале злато, но се користело и сребро."
Според досека кажаното овој артефакт нема врска со Македонија и Македонците освен тоа што симболот прикажан на него неверојатно многу наликува на 16 зрачното македонско сонце.
Вакви сонца се пронаоѓани и во многу други делови од светот, па можно е да се работи и за случајна сличност или пак за општ култ кој повеќе цивилизации го делеле, како што денес повеќе цркви и луѓе од различни нации се идентификуваат со крстот или пак со полумесечината со ѕвезда.
Не е исклучена можноста дека овој симбол Хуните го презеле од Македонците преку пронаоѓање на македонски антички монети или други артефакти. Александар во своите походи имал средби со повеќе племиња меѓу кои и со Скитите, па ширејки ја македонската култура можно е тие народи да го презеле овој симбол како свој, но секако ова е само во рамките на шпекулацијата.
Поентата на овој текст, не е да се бара и пронаоѓа генезата на симболот и тоа како стигнал до Хуните туку да се покаже дека ниеден ваков антички симбол не може да подлежи на ексклузивитет од некоја земја и нација. Тоа што ние некој симбол си го сметаме за наш не значи и дека некој друг народ не го смета за свој, и не значи дека поради тоа треба да се чувствуваме загрозени.
Ние Македонците многу добро го знаеме ова. Кога во 1992 година Македонија го постави симболот 16 зрачно македонско сонце на своето знаме таа со ништо не им забрани на другите земји да го употребуваат овој симбол како свој доколку и тие го сметаат за нивно духовно и културно наследство. Грција е таа која што не го знае ова или и одговара да остане слепа и глува на фактите. Токму Грција беше таа што тврдеше ексклузивитет над симболот и со економска блокада ја принуди Македонија да се откаже од него.

Labels: Artefacts
Saturday, August 27, 2011
Адресар на верските заедници
Адресар на црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија
Адресар на црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија
Адресар на црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија
Labels: eBooks
Friday, August 26, 2011
Official Report of the Debates - 1907-8

Македонците спомнати во / Macedonians mentioned in
Official Report of the
Debates of the
House of Commons of the
Dominion of Canada
1907-8
Кликнете на сликите за целосен размер!
Click on the Images to enlarge!
Labels: Books
Thursday, August 25, 2011
Wednesday, August 24, 2011
Македонска свест - март 1924
"Многу е важно, вонредно решавачко за правилниот развиток на целото прашање, да се определи има ли, постои ли македонска свест, надвор од српската и бугарската. Ние мислиме дека на ова прашање може да се даде само еден одговор: позитивен. Времето, историjата, особените услови во коишто живееле Македонците од краjвреме, независно од тоа како какви минувале и какви се чувствувале, создавале една специфична, чисто македонска психологиjа, во коjа се корени длабоко македонската свест.
Не се разбоjници, како што ги нарекуваат српските весници оние Македонци што живеат со мислата за еден подобар национален живот и коишто прават семожни усилби во таа насока. Не може да не биде свет споменот за сите живи Македонци, за сите борци од македонско потекло од епохата на преродбата и од епохата на борбите за слобода и сносен политички живот што продолжуваат до ден денешен.
Србите и Бугарите ќе го сознаат ли тоа, патот за едно реазбирање лесно ќе се исчисти. Тоа жилаво племе, коешто од своjата татковина Македониjа од краjвреме ползело и ползи по целиот Балкански полуостров влева оживителна крв во стопанскиот живот на сите балкански народи, нека признаеме дека навистина има своjа психологиjа и своjа свест, и нека не сакаме да jа измениме со насилство, ами да се восползуваме врз неа да го изградиме идното бугарско-српско разбирателство."
в. "Македонска свест", в. Мир, 11. март, 1924 година.

Labels: Newspapers
Tuesday, August 23, 2011
Monday, August 22, 2011
Sunday, August 21, 2011
Saturday, August 20, 2011
Никола Карев - писмо
Писмо на Никола Карев до Гоце Делчев – 1902 година
Драги Г(оце)
Моите извештаи стануваат се' повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.
Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.
Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека "сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција".
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Н(икола)
„Сами ние да се бориме за наша Македонија”, (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) Нова Македонија (Скопје) г. бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.

Labels: Documents
Friday, August 19, 2011
Thursday, August 18, 2011
Филип II Македонецот
MARKUS Angelina, POPOVSKI Risto - Filip 2. Make Done Cot
Ангелина Маркус и Ристо Поповски - Филип II Македонецот
Ангелина Маркус и Ристо Поповски - Филип II Македонецот
Labels: eBooks
Wednesday, August 17, 2011
Tuesday, August 16, 2011
War against Turkish Rule
The Pittsburgh Post-Gazette
War against Turkish Rule
The Pittsburgh Press
Apr 5, 1903
"...In Macedonia there is a temporary cessation of hostilities, but it is believed this is the lull before the storm, for the Macedonians only await the signal for a bloody uprising against Turkish rule..."
Labels: Newspapers
Monday, August 15, 2011
Sunday, August 14, 2011
Saturday, August 13, 2011
Friday, August 12, 2011
16 кракото сонце сеуште грее
Во времената спогодба од 1995 година на наша штета е договорено Македонија да "престане да го користи на било кој начин и во сите негови форми симболот од своето национално знаме", сега веќе поранешно национално знаме. Но и покрај оваа неправедна спогодба и покрај промената на старото знаме и усвојувањето на ново знаме, таканареченото Сонце од Кутлеш го продолжува својот живот и тоа не само како македонски неформален симбол.
Светскиот Македонски Конгрес, за свое знаме и официјално го има 16 кракото македонско златно сонце на црвена позадина. Ова знаме се разликува од претходното знаме на Македонија главно по тоа што централниот круг е обиколен од два златни прстени и во него има дополнителни елементи (слика горе десно).
Според некои извори ваквото знаме било првично предложено за официјално знаме на Македонија во 1992 година но поради политички притисок било повлечено.
16 кракото македонско златно сонце на своето лого го има поставено и здружението на Македонци од егејскиот дел на Македонија - Битола, знамето и грбот на МОС, Сојузот на Македонците од егејот "Македон", Македонската Алијанса, партијата ВМРО-ДП, и здруженијата на бранителите од конфликтот во 2001 година - Бедем и Достоинство.
Знамето (и логото) на организацијата на Македонците во Бугарија ОМО "Илинден" - ПИРИН го краси 16 крако златно македонско сонце на црвена позадина што го прави ова знаме речиси идентично со претходното знаме на Македонија (слика горе лево).
Официјалното знаме на Македонците во Словенија е исто така 16 крако златно македонско сонце на црвена позадина.
И на официјалното знаме на Македонците во Србија присутно е 16 кракото златно македонско сонце, овој пат обиколено од златен прстен, на црвена позадина. 16 кракото македонско златно сонце на црвена позадина го краси логото и на здружението на Македонците од пчињскиот округ "Гоце Делчев".
Сонцето од претходното знаме на Македонија е присутно и на логото на Македонците организирани во Македонскиот сојуз во Шведска (слика горе десно), на логото на "Canadian macedonian historical society" од Канада и е неформален симбол на Македонците во Канада (на позадина од црвениот јаворов лист од канадското знаме).
Општина Пустец во Албанија која е претежно населена со етнички Македонци на својот општински грб и знаме го има поставено 16 кракото македонско златно сонце на црвена позадина (слика долу лево).

Ист е случајот и со логото на партијата на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (слика горе десно) и со логото на македонското друштво Илинден - Тирана (слика долу лево). За време на изборите во Албанија во 2009 и 2011 година на митинзите организирани од македонската партија се вееа знамиња со македонско 16 крако златно сонце на црвена позадина.
И Македонците од Австралија и остатокот од дијаспората сеуште го користат претходното знаме на Македонија паралелно со актуелното.
Светскиот Македонски Конгрес, за свое знаме и официјално го има 16 кракото македонско златно сонце на црвена позадина. Ова знаме се разликува од претходното знаме на Македонија главно по тоа што централниот круг е обиколен од два златни прстени и во него има дополнителни елементи (слика горе десно).Според некои извори ваквото знаме било првично предложено за официјално знаме на Македонија во 1992 година но поради политички притисок било повлечено.
16 кракото македонско златно сонце на своето лого го има поставено и здружението на Македонци од егејскиот дел на Македонија - Битола, знамето и грбот на МОС, Сојузот на Македонците од егејот "Македон", Македонската Алијанса, партијата ВМРО-ДП, и здруженијата на бранителите од конфликтот во 2001 година - Бедем и Достоинство.Знамето (и логото) на организацијата на Македонците во Бугарија ОМО "Илинден" - ПИРИН го краси 16 крако златно македонско сонце на црвена позадина што го прави ова знаме речиси идентично со претходното знаме на Македонија (слика горе лево).
Официјалното знаме на Македонците во Словенија е исто така 16 крако златно македонско сонце на црвена позадина.
И на официјалното знаме на Македонците во Србија присутно е 16 кракото златно македонско сонце, овој пат обиколено од златен прстен, на црвена позадина. 16 кракото македонско златно сонце на црвена позадина го краси логото и на здружението на Македонците од пчињскиот округ "Гоце Делчев".Сонцето од претходното знаме на Македонија е присутно и на логото на Македонците организирани во Македонскиот сојуз во Шведска (слика горе десно), на логото на "Canadian macedonian historical society" од Канада и е неформален симбол на Македонците во Канада (на позадина од црвениот јаворов лист од канадското знаме).
Општина Пустец во Албанија која е претежно населена со етнички Македонци на својот општински грб и знаме го има поставено 16 кракото македонско златно сонце на црвена позадина (слика долу лево).

Ист е случајот и со логото на партијата на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (слика горе десно) и со логото на македонското друштво Илинден - Тирана (слика долу лево). За време на изборите во Албанија во 2009 и 2011 година на митинзите организирани од македонската партија се вееа знамиња со македонско 16 крако златно сонце на црвена позадина.
И Македонците од Австралија и остатокот од дијаспората сеуште го користат претходното знаме на Македонија паралелно со актуелното. Интересно е тоа што логото на македонската царина (слика долу лево) кое не е променето од 1991 година до ден денес може да се види фрагмент од симболот од претходното знаме на Македонија. На него се присутни 6 сончеви зраци кои се идентични со оние на симболот од претходното знаме.
Таков е случајот и со логото на Македонскиот олимписки комитет. На него има 8 сончеви зраци кои ги огреваат круговите на симболот на олимписките игри (слика долу десно).

Симболот од претходното знаме на Македонија ги краси логоата на повеќе приватни компании во Македонија. Можеби најпозната меѓу нив е Кардиохирургија Филип II на Д-р Жан Митрев.
Исто така 16кракото македонско златно сонце е присутно и на логото на македонската телевизија Сонце, на весникот Македонско Сонце и хотелот Сонце - Га.
Повеќе македонски општини на своите грбови и знамиња го имаат поставено сонцето. Дел од нив и 16 кракото македонско златно сонце.Такви се знамињата на Другово, Македонска Каменица и Свети Николе (слики лево)

Грците треба да разберат дека еден симбол не е на оној којшто тврди дека е негов и само негов туку на оние кои што се соживуваат со
тој симбол и кои што го користат и во моментите на радост и тага.Македонците до ден денес не престанаа да го користат шеснаесеткракото македонско сонце. Напротив тоа станува се почест декор кој што навивачите го истакнуваат кога македонската репрезентација настапува како и при протестите за зачувување на името и македонскиот идентитет.
Слика (долу десно) - џиновско знаме со 16 крако златно македонско сонце на спортски натпревар на кој што настапува македонската репрезентација:
На денешен датум во 1992
година по изборот во македонското собрание законот за знамето е објавен во службен весник, а по 8 дена и официјално 16 кракото златно македонско сонце на црвена позадина станува македонско национално и државно знаме. Иако не како официјално знаме на Македонија, сонцето од претходното знаме сеуште ги огрева Македонците до ден денес.Александар Стеванов
Labels: Trivia
Thursday, August 11, 2011
Речникот на Константин Петкович
Речникот на Константин Петкович
Речникот на Константин Петкович
Labels: eBooks
Wednesday, August 10, 2011
Tuesday, August 9, 2011
Monday, August 8, 2011
ОМО Илинден ПИРИН - знаме
Знаме на ОМО "Илинден" - Пирин, организација на Македонците во Република Бугарија основана во ноември 1989 година.Македонско златно 16 крако сонце (т.н. Сонце од Кутлеш) на црвена позадина.
Под него
со златни букви е напишано "ОМО "Илинден" - ПИРИН".Кликнете на сликите за целосен размер!
Click on the images to enlarge!
Верзија на знамето од втората национална конференција на ОМО Илинден ПИРИН

Уште една фотографија на знамето од втората национална конференција на ОМО Илинден ПИРИН

Labels: Flags
Sunday, August 7, 2011
Масакрирани македонски работници
На денешен ден, пред точно 10 години (7 август 2001), за време на конфликтот, албанските терористи кукавички киднапираа пет невооружени и ненападни Македонци - работници на градежната компанија "Маврово", кои за време на нивната голгота се психички, физички и сексуално малтретирани. На сите пет македонски работници со нож на телото им се врежани букви, кои се претпоставува дека се иницијали на албанските терористи. Овој случај во судството стана познат под името "Мавровски работници".
Ваков сличен настан се случил и пред околу 116 години кога Македонија била под т.н. турско ропство. Во статија со наслов "Срамности во Македонија" (Outrages in Macedonia) на весникот "The Mercury" од 1 јули 1895 година (стр. 3), се пишува за деветмина масакрирани Македонци од страна на башибозукот:
"Башибозукот масакрираше девет ненападни работници во Македонија."

(Bashi Bazouks have massacred nine inofensive workmen in Macedonia.)
Башибозукот бил нередовната војска во Отоманската Империја, која што немала редовни примања и се издржувала од грабежите на македонските христијански села. Башибозукот бил составен од муслимани, а тогашна Македонија во рамките на Отоманската Империја, била честа мета на башибозукот составен од Албанци муслимани.
Исто како што во конфиктот од 2001 година не сите етнички Албанци од Македонија застанаа на страната на терористите, кои според некои историчари, од Косово извршија агресија врз Македонија, исто така на никој начин не сакаме да сугерираме дека сите Албанци од времето кога Македонија била под т.н. турско ропство биле разбојници и дел од башибозучки чети. Напротив, имало и многу кои со векови живееле во добрососедски односи со Македонците. За тоа пишува и претседателот на Крушевската Република - Никола Карев во Крушевскиот манифест:
"Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути (Албанци) и мусљумани...Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите..."
Александар Стеванов, објавено и на Macedonian Spark

Saturday, August 6, 2011
Friday, August 5, 2011
Thursday, August 4, 2011
Апостол Петков Терзиев - слики

1, 8 Апостол Петков Терзиев
2 Ичко Димитров и Апостол Петков Терзиев
3 Апостол Петков Терзиев (најлево) со неговата чета
4 Иванчо Карасулијата и Апостол Петков Терзиев
5 Тане Николов и Апостол Петков Терзиев
6 Апостол Петков Терзиев (централно) со неговата чета
7 Мртвите тела на Апостол Петков Терзиев, Георги Касапчето и Васил Пуфката
Labels: Photos
Subscribe to:
Posts (Atom)