На денешен ден, пред точно 10 години (7 август 2001), за време на конфликтот, албанските терористи кукавички киднапираа пет невооружени и ненападни Македонци - работници на градежната компанија "Маврово", кои за време на нивната голгота се психички, физички и сексуално малтретирани. На сите пет македонски работници со нож на телото им се врежани букви, кои се претпоставува дека се иницијали на албанските терористи. Овој случај во судството стана познат под името "Мавровски работници".
Ваков сличен настан се случил и пред околу 116 години кога Македонија била под т.н. турско ропство. Во статија со наслов "Срамности во Македонија" (Outrages in Macedonia) на весникот "The Mercury" од 1 јули 1895 година (стр. 3), се пишува за деветмина масакрирани Македонци од страна на башибозукот:
"Башибозукот масакрираше девет ненападни работници во Македонија."
(Bashi Bazouks have massacred nine inofensive workmen in Macedonia.)
Башибозукот бил нередовната војска во Отоманската Империја, која што немала редовни примања и се издржувала од грабежите на македонските христијански села. Башибозукот бил составен од муслимани, а тогашна Македонија во рамките на Отоманската Империја, била честа мета на башибозукот составен од Албанци муслимани.
Исто како што во конфиктот од 2001 година не сите етнички Албанци од Македонија застанаа на страната на терористите, кои според некои историчари, од Косово извршија агресија врз Македонија, исто така на никој начин не сакаме да сугерираме дека сите Албанци од времето кога Македонија била под т.н. турско ропство биле разбојници и дел од башибозучки чети. Напротив, имало и многу кои со векови живееле во добрососедски односи со Македонците. За тоа пишува и претседателот на Крушевската Република - Никола Карев во Крушевскиот манифест:
"Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути (Албанци) и мусљумани...Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите..."
Александар Стеванов, објавено и на Macedonian Spark

No comments:
Post a Comment