August 28, 2011

16 зрачното сонце и Хуните

Случајно наидов на еден интересен артефакт на сајт за Хуните (врска) за кој пишува:

"Ornaments found in archaeological sites in Bulgaria. Ornaments such as these were used by rich Hun nobles to decorate their clothing. Like the Scythians beofre them, Huns prefered gold, but silver could also be used."

Превод:

„Орнамент најден на археолошки локалитет во Бугарија. Орнаменти како овие биле користени од страна на богатите хунски благородници за декорирање на нивните облеки. Како и Скитите пред нив и Хуните преферирале злато, но се користело и сребро.“

Според досека кажаното овој артефакт нема врска со Македонија и Македонците освен тоа што симболот прикажан на него неверојатно многу наликува на 16 зрачното македонско сонце.



Вакви сонца се пронаоѓани и во многу други делови од светот, па можно е да се работи и за случајна сличност или пак за општ култ кој повеќе цивилизации го делеле, како што денес повеќе цркви и луѓе од различни нации се идентификуваат со крстот или пак со полумесечината со ѕвезда.

Не е исклучена можноста дека овој симбол Хуните го презеле од Македонците преку пронаоѓање на македонски антички монети или други артефакти. Александар во своите походи имал средби со повеќе племиња меѓу кои и со Скитите, па ширејки ја македонската култура можно е тие народи да го презеле овој симбол како свој, но секако ова е само во рамките на шпекулацијата.

Поентата на овој текст, не е да се бара и пронаоѓа генезата на симболот и тоа како стигнал до Хуните туку да се покаже дека ниеден ваков антички симбол не може да подлежи на ексклузивитет од некоја земја и нација. Тоа што ние некој симбол си го сметаме за наш не значи и дека некој друг народ не го смета за свој, и не значи дека поради тоа треба да се чувствуваме загрозени.

Ние Македонците многу добро го знаеме ова. Кога во 1992 година Македонија го постави симболот 16 зрачно македонско сонце на своето знаме таа со ништо не им забрани на другите земји да го употребуваат овој симбол како свој доколку и тие го сметаат за нивно духовно и културно наследство. Грција е таа која што не го знае ова или и одговара да остане слепа и глува на фактите. Токму Грција беше таа што тврдеше ексклузивитет над симболот и со економска блокада ја принуди Македонија да се откаже од него.

No comments: