"Многу е важно, вонредно решавачко за правилниот развиток на целото прашање, да се определи има ли, постои ли македонска свест, надвор од српската и бугарската. Ние мислиме дека на ова прашање може да се даде само еден одговор: позитивен. Времето, историjата, особените услови во коишто живееле Македонците од краjвреме, независно од тоа како какви минувале и какви се чувствувале, создавале една специфична, чисто македонска психологиjа, во коjа се корени длабоко македонската свест.
Не се разбоjници, како што ги нарекуваат српските весници оние Македонци што живеат со мислата за еден подобар национален живот и коишто прават семожни усилби во таа насока. Не може да не биде свет споменот за сите живи Македонци, за сите борци од македонско потекло од епохата на преродбата и од епохата на борбите за слобода и сносен политички живот што продолжуваат до ден денешен.
Србите и Бугарите ќе го сознаат ли тоа, патот за едно реазбирање лесно ќе се исчисти. Тоа жилаво племе, коешто од своjата татковина Македониjа од краjвреме ползело и ползи по целиот Балкански полуостров влева оживителна крв во стопанскиот живот на сите балкански народи, нека признаеме дека навистина има своjа психологиjа и своjа свест, и нека не сакаме да jа измениме со насилство, ами да се восползуваме врз неа да го изградиме идното бугарско-српско разбирателство."
в. "Македонска свест", в. Мир, 11. март, 1924 година.

No comments:
Post a Comment