Животот и делото
на Методија Андонов-Ченто неколку децении претставуваа табу-тема на
македонските простори. Но, народот не дозволи од нашата историја да се избрише
името на овој достоен борец за македонската кауза, а во 1990 година, на барање
на неговиот син Илија Андонов-Ченто, беше обновен судскиот процес за него и
обвинувањата беа повлечени, односно падна пресудата од монтираниот судски
процес.
За жал, долго
време на македонските простори се правеше сè за да не се знае историјата на македонскиот
народ. Но, помнењето никој не може да го избрише и кога и да е таа ќе биде
напишана токму таква каква што била. Од сè ова не беа поштедени ниту животот
и делото на Методија Андонов-Ченто, со единствена цел да се стави во
заборав неговиот придонес за исполнување на исконските желби на македонскиот народ: да живее обединет, самостојно и во добри односи со сите соседни
народи.
Учејќи ја историјата на својот народ во прилепската
чаршија, а потоа и од спомените на учесниците во Илинденското востание,
среќавајќи се со некои од нив и во емиграција, во Софија, патувајќи низ
другите делови од Југославија и посетувајќи ја Грција, Методија Андонов-Ченто, на почетокот на триесеттите години, го потврдил своето сознание за националната припадност, односно дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, а
уште помалку Грци, иако им се поделени на нивните држави, кои се обидувале да ги
асимилираат. Тој се вклучил во борбата за националните права на македонскиот народ,
уверен дека до нив може да се дојде по мирен пат. Ченто заклучил дека до Балканските
војни македонскиот народ требало да се бори за ослободување од Отоманското ропство,
а по тоа и за обединување. Според него, по Првата светска војна, а особено по
Грчко-турската војна, Македонија била поделена на четири дела: Вардарска, Егејска,
Пиринска и четвртата - Емигрантска, чии маки ги сознал при посетата на
Софија во 1935 година.
„По Илинденските демонстрации во 1940 година -
раскажува Илија - заради одржаниот говор на Шаторов Камен, Ченто бил затворен
и задржан во затвор три месеци, под обвинение дека е главен организатор на
демонстрациите. На родителскиот состанок во прилепската гимназија на 8 декември 1940 година, веднаш по враќањето од затворот, на барањето на директорот на
гимназијата, учениците да зборуваат и дома, и на улица и во гимназијата само на
српски јазик, одговорил на македонски: ’Господине директоре, не можете тоа од
нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на
нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин
македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски
деца. Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат
насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може
да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на
нивниот мајчин српски јазик. Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека
останат Македонци. Ако овој политички поредок не ни ги дава нашите политички
и национални права за самостојност, ќе дојде ден, во една федеративна
држава, кога оваа земја нема да се вика Јужна Србија, туку Македонија и ќе
биде самостојна држава. Уште на состанокот бил физички нападнат од полицискиот
писар Матиќ. Веднаш потоа - се потсетува Илија - неговиот татко Ченто бил затворен,
а на почетокот на јануари 1941 година бил интерниран во Бајина Башта. Подоцна
бил обвинет како петтоколонаш и осуден на смрт од Прекиот воен суд, но на интервенција
на видните граѓани на Бајина Башта, бил спасен во после ден момент, пред построениот вод за егзекуција.“
По нападот на Германија против Советскиот Сојуз, кога на Петровден
комунистите растуриле летоци, Ченто бил првиот затвореник на новодојдената бугарска
полиција во Прилеп, а по него биле затворени Никола и Благоја Поповски и Аспарух,
братот на Кузман Јосифовски-Питу. Го пуштиле по неколку дена, но постојано бил под
надзор на будното око на полицијата. На крајот на 1942 година бил интерниран
на југот на Бугарија, а веднаш по враќањето го испратиле во работниот логор
во Чучулигово - Рупел, каде што многумината интернирани и образовани Бугари
ги убедил дека Македонците не се Бугари. Есента 1943 година, по разговорите со
Кузман Јосифовски-Питу, Ченто заминал на ослободената територија во
Дебарца, каде што станал член на Главниот штаб на НОБ и претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
Но, за жал, сите тие желби и прокламации постепено се напуштиле
затоа што не биле во интерес на Комунистичката партија на Југославија, и на
верните извршители на таа политика во Македонија, кои почнале да го менуваат текот
на настаните, со силата на оружјето, и тоа уште на Второто заседание на АСНОМ,
на крајот на декември 1944 година. Тогаш, на местото на Панко Брашнаров, познат
народен трибун, за прв потпретседател на Президиумот го поставиле Лазар
Колишевски.
Извор - Не му се судеше на Ченто
Дополнително:
Пишува: Жаклина Митевска
Прилепската
чаршија беше вистинското место каде што се осознаваше историјата на македонскиот
народ и каде што се кроеја плановите за неговата иднина. Во таа чаршија одрасна
и Методија Андонов-Ченто, како чирак и калфа, но и како сопственик на своја
трговска фирма со алкохолни пијалаци и колонијална стока. Методија Андонов-Ченто е роден на 17.8.1902 година, во предвечерието на славното Илинденско востание, во кое е создадена првата република на Балканот - Крушевската
Република. Младешките денови ги минал во својот роден град Прилеп. Ги преживеал сите тешкотии и неправди низ кои мина целиот македонски народ, како последица на ропствата, кои се заменуваа едно со друго, соседите
ја при својуваа и ја делеа македонската земја.
МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО КАКО КАЛФА, 1919 ГОДИНА |
Чентовото дело не смее да се заборави. Тоа беше причина преку
разговорот со син му Илија Андонов-Ченто, да ве потсетиме на животниот пат и идеалите
на овој голем Македонец.
ЖИВОТЕН ПАТ
„Ќе ви кажам зошто сум се залагал и зошто дотерав дотаму
да одлежам затвор цели девет години и педесет дена, ниту крив ниту должен. Вие сте
сега големи, можете сè тоа да го разберете и должни сте да го знаете. Покрај мене
и вие страдавте заедно со мајка ви. Дали ќе ми забележите или не, вие сами
ќе си оцените. Но, едно треба да знаете, дека секогаш треба да ја почитувате
мајка ви и да бидете благодарни што успеа, со многу маки, да ве истера на
некој пат. Јас сакав да имате многу повеќе од она што го имавте, и не само вие,
туку и сите ваши врсници, затоа што за вас, откако се родивте, имаше секогаш повеќе отколку за многу други. Многу пати ви ускратував, оти како деца не
можевте да ги разберите сите работи. Тоа го правев за ваше добро, затоа што како
дете имав многу тежок живот, и не сакав таков живот да има било кое
дете“, се потсетува Илија на зборовите на својот татко и додава: „Никој од нас, никогаш не му забележи што беше многу малку со нас. На
против, секогаш бевме и сме горди со него, заради неговото дело.“
КАКО ГИМНАСТИЧАР |
КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ |
ДОЧЕК НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ И ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОБ НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСЛОБОДЕНО СКОПЈЕ, 15 НОЕМВРИ 1944 |
СУДИР
Ченто влегол во судир со Светозар Вукмановиќ-Темпо, кој кога
партизаните биле притиснати од германската војска и од балистите, инсистирал
да се повлечат кон Косово и Санџак, а Ченто му одговорил:
„Таму не е Македонија! Ако треба да се повлечеме, тогаш
ќе се повлечеме во Егејска и Пиринска Македонија, кои се делови од Македонија
и каде што живеат Македонци, кои треба да се вклучат во ослободувањето и во обединувањето на Македонија.“
„Во април и на почетокот на мај 1944 година, на седниците
на Иницијативниот одбор - раскажува Илија - Методија Андонов-Ченто се залагаше делегацијата, која требало да оди кај Националниот комитет за ослободување на Југославија, да го истакне правото и барањето на македонскиот народ
за обединување, како и за повикување на видните емигрирани Македонци да се
приклучат во борбата за создавање македонска држава. Делегацијата составена од
Методија Андонов-Ченто, Емануел-Мане Чучков и Кирил Петрушев, барала Националниот комитет да делува кај сојузниците да се постави главниот проблем на
македонската борба - прашањето за целосна обединета Македонија. Тие определби се внесени и во одлуките на Првото заседание на АСНОМ, на Илинден 1944
година, кое го отворил најстариот пратеник Панко Брашнаров.“
Желбата на македонскиот народ сам да си ја создава својата држава
се гледа и од тоа кога Методија Андонов-Ченто, пред заседанието, на Темпо, кој
рекол дека Иницијативниот одбор „мора“ да го кооптира анонимниот Видоје Смилевиќ (се однесува на Видое Смилевски-Бато), му рекол:
„Дали мораме или не мораме, тоа е работа на Иницијативниот
одбор. Ти можеш да присуствуваш на нашиве заседанија, но не можеш да ни кажуваш
што ’мораме‘ да правиме. Ние не сме деца, па постојано некој да ни кажува што ’мораме‘
и што треба да правиме. Како делегација, на Вис се договоривме, во Националниот комитет, како да го одржиме заседанието и ние знаеме што е најдобро
за Македонија. Со тоа и Тито се согласи. Затоа, те молам, да не се мешаш многу
во работата на Иницијативниот одбор, без да бидеш прашан.“
Темпо излегол, но веднаш побарал да се состави партиска
комисија, на чело со Видоје Смилевиќ да го осуди непартиецот Ченто.
При формулацијата на Манифестот се воделе жестоки дискусии.
На инсистирање на Ченто било запишано и објавено:
„Тргнувајќи од вековните идеали на македонскиот народ,
Првото македонско народно собрание ја прокламира, пред целиот свет, својата праведна
и неотстапна желба за обединување на целиот македонски народ. Со тоа ќе се стави
крај на ропството во сите делови на македонската земја и ќе се создадат услови
за искрена солидарност и мир меѓу балканските народи. И натаму АСНОМ
станува и останува единствен носител на народниот суверенитет на првата
македонска држава. Правото на македонскиот народ оди до самоопределување, отцепување и присоединување со други народи.“
ГОВОРИ ВО АВНОЈ, БЕЛГРАД, 10 ЈУНИ 1945 ГОДИНА |
Синот Илија нè потсетува и дека за прашањето каде да оди македонската
војска: на Солун или на Срем, Ченто и неговите истомисленици се нашле во дилема
- дали треба да се ризикува влегувањето во Солун со можен воен судир со единици
од Британската армија, сличен на оној кој се случил кога таа ја бомбардирала
Атина од своите бродови и со авиони. Заклучокот бил дека еден таков судир со сојузничка
армија, би бил контрапродуктивен на идејата за обединување на Македонија,
затоа што Англија била голем противник на менувањето на границите и поборник
за враќање на кралот во Грција и кралот во Југославија.
Ченто длабоко верувал во реализацијата на одлуките на АСНОМ.
По жестоките критики на Главниот одбор на Народниот фронт
на Македонија, Ченто поднел оставка на сите функции и се вратил во Прилеп (март
1946 година), со единствена надеж во Мировната конференција во Париз,
закажана за есента 1946 година, затоа што сакал даостане доследен на
принципите од договорот на Вис и на одлуките на АСНОМ, и затоа што не сакал да „си го врати часовникот назад“, како што му било препорачано од генералниот секретар на Главниот одбор на Народниот фронт и на Централниот комитет на Комунистичката партија.
На 14 јули 1946 година бил уапсен во близина на паркот во Прилеп,
а три недели подоцна било објавено дека е „уапсен токму кога се обидувал
да ја премине југословенско - грчката граница“!
Намерата, а не обидот за илегално емигрирање, при испитувањата
ги објаснил вака:
„Се интересирам за обединувањето на македонскиот народ
и тоа може правилно да се реши, ако биде признаено, на прво место од големите сили. Сега засега е при знаено од Советскиот Сојуз, а треба да биде признаено
и од Америка и Англија. Само при таква согласност можеме да се надеваме дека македонското прашање, односно обединувањето на македонскиот народ може да биде
правилно решено...“
Понатаму изјавил:
„Времето на вооружена борба помина. Сега сите спорни прашања
треба да се решаваат со разум. Мене, македонското прашање, ме интересира како
и секој Македонец, и сè што би можел би сторил за обединувањето на
Македонија и доброто на македонскиот народ, било да сум во Македонија, било да
сум надвор од Македонија. Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на
Македонија на три дела во 1912 година. Заради тоа доколку решев и успеев да се
префрлам во Америка, и ако ми се дадеше можност, тој свој политички став и јавно
би го изнел, пред Обединетите нации и Мировната конференција, со цел да
придонесам за обединувањето на македонскиот народ.“
Потоа, додал: „Сметам дека обединувањето на Македонија
може да биде по мирен пат. Јас лично не сакам повеќе ни една капка крв да се
пролева за Македонија.“
„Во ноември 1946
година - објаснува Илија - се одржа судење по сценарио на Видое Смилевски-Бато,
во кое обвинението го читаше Благоја Попоски и му судеа Коле Чашуле и Лазар
Мојсов, за едно со Панта Марина. Беше осуден на 11 години затвор со
присилна работа и потоа 5 години губење на граѓанските и политичките права. Во
затворот остана 9 години и 50 дена, од кои 59 месеци во потполна изолација. Во
затворот боледуваше од хронична анемија, му беше ускратувана лекарска помош и
како последица на тоа се разболе од рак на желудникот и почина на 24 јули 1957
година, кога неговиот град, и по крај сите забрани од Комунистичката партија,
достојно го испрати до вечниот дом. Во 1990 година, по мое барање, беше обновен
судскиот процес и неправедната пресуда од 1946 година беше укината, бидејќи обвинителот го повлече неодржливото обвинение.“
Извор - Не му се судеше на Ченто
Дополнително:
No comments:
Post a Comment