March 30, 2010

Црна се чума зададе

ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ

Црна се чума зададе
там долу Македонија,
там долу Демир Капија.
Кој ќе се јунак избере
чумата да изгони
од жална Македонија.

Избрал се, ми се изнашол
млад Гоце Делчев војвода,
чумата да изгони
с' негова верна дружина.
Тој ојде Македонија
там долу Демир Капија.

Гоце на дружба говори:
Дружино, верна зговорна,
кога ќе вие врвите
низ моја града Кукуша
мајка ми ќе ве запраша:
Каде е Гоце војвода?
Вие ќе и нејзи кажете:
Гоце се, мајко, ожени
за мајка Македонија.

Виданка Георгиева



Добри Ставревски



Љубка Рондова



Меморија



Гоце Делчев - цитати

Гоце Делчев - биографија

Delchev's death in NY Times

Гоце Делчев - видео

Гоце Делчев - слики

No comments: