Извор: Македонска Ризница бр. 37
Showing posts with label Прва светска војна. Show all posts
Showing posts with label Прва светска војна. Show all posts
February 13, 2016
June 23, 2015
Штип во Првата светска војна низ призмата на германскиот природонаучник Франц Дофлајн
Знаеме дека многупати низ историјата, територијата на Македонија претставувала крстосница на различни народи кои поради свои причини и мотиви минувале низ неа или престојувале овде. Конкретно за периодот на Првата светска војна може да се каже дека Македонија била привремена локација за престој на неколку различни војски кои војувале на Македонскиот фронт од 1915 до 1918 година. Една од тие војски била и германската, па така во Македонија, заедно со оваа војска, ќе пристигне и „Македонската земска комисија“ која била формирана во Ниш во 1917 година и составена од околу 30 научници, чија цел била да се проучат природно – географските елементи на земјата.
Член од оваа комисија бил и природонаучникот или поточно зоологот Франц Дофлајн, кој ќе пристигне во Македонија во 1917 година. Своите истражувања тој ќе ги преточи во своето капитално дело „Македонија - доживувања и набљудувања на еден природонаучник во придружба на германската војска“ кое своевремено ќе претставува прво научно дело за Македонија од ваков тип и ќе ја прикаже Македонија во периодот на Првата светска војна од еден поинаков аспект. Фокусот во овој текст ќе биде ставен само на еден дел од книгата, односно делот кој ни ја пренесува атмосферата и околината во Штип во периодот на Првата светска војна, како македонски град под окупација на германска војска.
„Дали Македонците сега знаат какви орли тогаш летале на македонското небо? Какви риби – со должина од метар и пол – имало во македонските реки и езера? Какви жаби, инсекти, цвеќиња, дрвја, растенија? Колку беше „шарено“ населението во Македонија? Како изгледаа македонските села и градови, какви беа нивните имиња во тоа време?“

Ова се зборовите на проф. д – р Волф Ошлис кој дал една рецензија за делото кое е релевантно за биографијата на самиот автор, но уште порелевантно за суштината на Македонија во периодот на Првата светска војна. Тоа може да се извлече како заклучок и од самите зборови, кои иако формираат само реторички прашања, тие нѐ наведуваат да ѝ пристапиме на историјата од еден поинаков аспект, да се сетиме дека историјата како наука за минатото навистина ни пренесува многу повеќе, отколку само фактографски приказни од политичка провениенција.
Токму горенаведените зборови ни ги прераскажуваат сите 500 страници од делото на Франц Дофлајн, кој патувајќи низ Македонија направил една селекција на најубавите места од земјава и ни дал слика за нив преку дескрипција на животните, растенијата и природните појави типични за конкретните места. Во повеќе наврати тој престојувал во повеќе македонски градови и истите ги опишал посветувајќи им посебно поглавје на секој, како Скопје, Велес, Крушево и секако Штип.
Франц Дофлајн пристигнал во Штип на 30 август 1917 година, движејќи се по течението на реката Вардар и свртувајќи кон исток кон „поединечни, остро дефинирани планински блокови, гранитни лаколити на височина од околу 450 метри“. Дофлајн дури наведува дека токму вакви карпи се чинителот на „скелетот на градот Штип“. Понатаму го среќаваме и податокот за течението на реката Брегалница низ Штип во должина од 6 километри. Ова е само еден дел од основните, географски информации што тој ни ги пренесува. Дури и денес би ги забележале истите овие карактеристики на градот пред самиот негов влез. Значи тоа се одликите што одржале една константа до денес.
Има еден интересен податок којшто Дофлајн исто така го забележал при влегувањето во Штип. Во контекст на споменувањето на турскиот назив на градот Иштиб/Иштип, тој наведува дека низ житните полиња на почетокот на градот постојат неколку, скоро разурнати села со турско население, каде пред неколку години се воделе Балканските војни. Знаеме дека токму овде се одиграла една од позначајните битки во Втората балканска војна, односно Брегалничката битка.
„Како и Велес, ова е еден типичен турски град, со куполи од џамии и минариња. Куќите како и таму беа поставени на стрмни ридови и беа изградени од камен и покриени со црвени шупливи цигли. Така настануваше истата разнобојна живописна слика како во Велес, само што тука темните карпи образуваа еден друг вид заднина, помалку хармонична од сивите камења во Велес. Поминуваме низ тесни улички преку еден пазар. Дуќани и работилници ја откриваа интензивната активност во главниот град на една просперитетна провинција.“

Забележуваме дека Дофлајн ни пренесува описи за Штип преку компаративна анализа и аналогии со градот Велес. Од тој чин заклучуваме дека Штип и Велес претставувале слични градови во тој период, ако се земе предвид и географската поставеност на едниот во однос на другиот град. При тоа, си создаваме една слика за едноставноста на градот, доловена преку монохромната и едноличната архитектура, со куќи од камен и црвени цигли.
Една градба која му оставила голем впечаток на Дофлајн и која тој детално ја опишал е џамијата во Штип поставена на една доминантна височинка. Се мисли на денешната Хусамедин Пашина џамија, иако авторот тогаш не ни ја наведува по име. Во текстот е забележливо, дека при опишувањето на оваа градба тој воопшто не штеди зборови како во случајот со описот на куќите, при тоа детализирајќи ја специфичната зелена купола од бакар, масивните камења и плочи, високосводните простории и столбовите кои „оставаа впечаток како да потекнуват од некоја античка градба.“
После анализите на панорамскиот поглед на градот кој го нуди локацијата на џамијата, Дофлајн во кратки црти ја пренесува и атмосферата од централното градско подрачје и делот од Штип наречен Ново село. Иако станувало збор за исклучително топол летен ден, карактеристичната градска архитектура и високите куќи создавале сенка што ја правело жештината поподнослива.

Анализирајќи го трговскиот дел од градот, односно чаршијата, од Дофлајн дознаваме дека во тој топол ден во 1917 година, во екот на светска војна, трговскиот занает во Штип функционирал без проблеми. Авторот се соочил со изобилство од продавници за овошје кои биле одлично снабдени, во кои можело да се набави палета од овошни производи. Овде ја споменува и текстилната индустрија, која исто така работела добро и била снабдена со ткаенини од англиско и германско потекло. Понатаму тој дава кратка информација и за кафетерии кои работеле по течението на Брегалница, во кои се служело турско кафе во бокали од месинг.
Еден опис на Штип не е детален, доколку не се каже збор-два за јадрото на градот, легендарното Ново село. Дофлајн не останува должен ниту со анализа за ова култно, штипско место, кое го нарекува сулфурна бања. Наведено е дека за да се стигне до Ново село, треба да се помине патот од црквата преку сувото корито на Брегалница. Ако се земе во предвид одвивањето на експедицијата, од џамијата на ридот, преку централното градско подрачје и чаршијата, кон Ново село, ќе се заклучи дека авторот најверојатно мисли на реката Отиње која го пресекува градот Штип, а не Брегалница чиј тек минува дури крај Ново село односно северозападно од градот.
Еден интересен податок кој го наведува Дофлајн, а истиот инсинуира на место кое постои и ден денес и е доста познато кај жителите, е „едно корито од цемент во кое на 50 Целзиусови степени вриеше вода која воздухот во околината го исполнуваше со сулфурен мирис“. Секако станува збор за изворот на природна, топла вода кој е познат под името Л’џите.
Дофлајн секако го опишал Штип и неговата околина и од аспект на неговата вокација како природонаучник и професија како зоолог. При тоа, како најзастепени од инсектите ги навел пајаците, наведувајќи повеќе видови, типични само за овие степски простори. Од птиците пак, како најдоминантни ги споменува соколите, чие надлетување го забележал уште при самото пристигнување во градот.
Иако престојот на Дофлајн во Штип траел релативно кратко, тој успеал да истражи неколку поважни сегменти од градот и преку анализа да ги преточи во своето дело. Во суштина, тој ни го дава централното градско подрачје на градот во кратки црти, но сосема конкретно и доволно за да се формира една движечка слика на Штип во периодот на Првата светска војна. Најмалку што користи се историски регресии за Штип, освен во делот кога го посочува местото со куќите разрушени во Балканските војни, но тоа е само едно споменување на поимот, без детализирање.
Како и да е, ова четиво за Штип е доста релевантно и едно од ретките по неговата содржина. Иако бил дел од војската која дошла на овие простори како окупатор, Франц Дофлајн во ниту еден момент не размислува пристрасно. Напротив, неговата цел била сосема друга, а тоа е преку еден ваков елаборат да се прикаже друга димензија од окупираните области.
Бисера Срцева
студент на Институтот за историја и археологија на УГД
Извор: Македонска Ризница, број 33
May 16, 2015
Французин во Првата светска војна
Валентин го гранатирал Македонскиот фронт, но и ги нацртал старите улици на Битола, Мегленци, Бач...
Францускиот војник Етјен Андре Валентин (1893-1940), познат уште и како „уметникот од фронтот“ оставил збирка цртежи од историска важност за настаните и животот на цивилното население од крвавиот Македонски фронт, кој минувал низ Битолско. Вклучен како војник во француската армија изработил збирка од 130 цртежи и скици.

Овие навидум едноставни уметнички творби, изобилуваат со многу детали што го откриваат изгледот на војниците во тоа време, униформите, потеклото, но содржат и вредни информации за животот на цивилното население.
Во збирката има цртежи од Битола, наречена во тоа време Монастир, пејзажи од селата во близина воената линија Мегленци, Бач и Брод. Цртежите ретко имаа текст, но авторот токму на оние што ги работел тука запишал еден доста значаен факт, името Македонија. Од збирката вниманието го привлекуваат цртежите на жени со народна носија и мажи со гајди на кои запишал дека се Македонци. Тоа било во период кога Македонија како држава не постоела, но војниците територијата ја препознавале како таква, а народот како македонски со специфична носија. Има и скици на кои уметникот по името Македонија, тргнал запирка и додал Србија зашто во тоа време овој дел бил под српска власт.
На фронтот се разболел од туберкулоза
Со потомците на војникот Валентин, внуката Нели и нејзиниот сопруг Ванота Гијах, се сретнав во Kаен, Долна Нормандија, регион во Франција. Брачната двојка раскажа дека војникот бил роден во Париз во семејство со уметничка дарба. Бил голем вљубеник во уметноста, што ни војната не му го одзела еланот да твори. Kога не му летале куршуми над главата, во затишјето меѓу битките, додека војската одмарала по рововите, тој со молив, понекогаш и со бои врз хартија оставал траен белег за војната.
-Мојот дедо беше сликар и сликаше за време на Првата светска војна. Неговите цртежи беа предадени на мојот татко, а тој му ги предаде на мојот маж. Знаеме дека во Битолско пристигнал пред пробивањето на фронтот во 1918 година како член на артилериски полк, откако претходно војувал во други делови на Европа. Имал 25 години кога војувал во Македонија. Цртал со молив и понекогаш со пастел зашто немал многу материјал. За среќа, се извлекол жив и во Франција се вратил со цртежите - раскажува неговата внука Нели Гијах.
Војникот успеал да извлечи жива глава од крвавиот конфликт, но тој трајно го загрозил неговото здравје. Покрај ноќните кошмари што ги имал, од кои дел насликал и на цртежите, на фронтот се разболел од туберкулоза. По враќањето во Франција се лекувал подолго време, но на крајот болеста напреднала и во 1940 година починал во Рен, Бретања, на 47-годишна возраст.
Цртежите се чуваат во ковчег за да не се оштетат
- Цртежите ни останаа како семејно наследство. Оригиналите се во еден ковчег за да не се оштетат. Направивме фотокопија од самите цртежи и преземаме повеќе мерки за нивна афирмација. Дел од цртежите и скиците ги испративме во Македонија каде што се чуваат во спомен-собата на француските гробишта, а дел се во Франција - вели зетот за внука, Ванота Гијах.
Потомците на војникот Валентин направиле и разни изработки на кои се изложени цртежите од фронтот, а ја посетиле и Битола, како и околните села во кои некогаш војувал нивниот роднина.
Kон распретувањето на животната приказна за војникот Валентин се вклучија и средношколците од гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Битола и средното училиште „Жан Мермоз “ од Вир, Франција, водени од нивните професори по историја Иљо Трајковски и Ерик Алар. Тие истражуваа на терен, па беа објавени неколку пишувани материјали и брошури за Македонскиот фронт и војниците чии животни судбини ги фрлија на фронтот. Проектите се во рамки на соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија.
Во една од брошурите цртежите на Валентин се класифицирани во неколку групи. Едната е таканаречена„ брада“, воен жаргон кој значи натоварено магаре. Ги отсликува војниците што натоварени со муниција и друга опрема морале да пешачат понекогаш со часови носејќи го товарот во многу тешки услови, на студ или пороен дожд, ноќе.
Друга категорија се војници наречени домородци, односно дојдени од колониите на Франција. Тоа се црнци вклучувани во пешадија, според цртежите со обетки на ушите, а по потекло претежно од Сенегал. Зачувани се скици од непријателски војници, претежно германски. Покрај воените цртежи, многу детаљни се и оние што ја доловуваат убавината на македонската носија, изгледот на Битола во тоа време, селските пејзажи...
- Ова е промоција на Македонија. Тој не ги скицирал само војниците туку и цивилното население кое живеело тука. За нас е значајно зашто има добри скици од Битола и околината, селата Брод, Мегленци, македонските носии, црквите. Некои се црно-бели, а некои во боја. Се случувало талентирани војници да носат и прибор за цртање - вели Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Битола.
Една од скиците на војникот Валентин послужил како модел да се изработи метална плоча во стручното училиште „Мондвил“ во Франција , која беше пренесена на француските гробишта во Битола.
Мариово личи како фронтот вчера да завршил
Досега во неколку наврати средношколци од Битола и од Вир заедно со своите професори ја истражувале линијата на фронтот во Мариовско. Притоа извршиле и нејзино мапирање за познатата кота 1050, а биле забележани остатоци од робови, бункери и други воени утврдувања.
- Во тие села с` уште се користи огромен материјал од Првата светска војна за огради, покриви, фурни , оџаци, влезни врати. Kористат уште железо од Првата светска војна. За Французите тоа беше вистинско откритие зашто на други фронтови многу малку можете да најдете остатоци. Kај нас е како вчера да завршила војната. Само во период од два дена најдовме остатоци од пушки, прибор за храна, за копање, празни шишиња од пијалаци - вели Трајковски.
Несекојдневната животна приказна за војникот што во војна тргнал со хартија и молив е само една од многуте што ги крие теренот каде што пред еден век минувал Македонскиот фронт.
- Македонскиот фронт е специфичен по тоа што сите војски од Првата светска војна имале свои војници тука. На Западниот фронт војувале Германија, Франција и Велика Британија. На Источниот Австро-Унгарија, Русија и Германија. Но, на Македонскиот фронт се сите. Од руската војска, француската, колониите Мароко, Сенегал, Индокина, Лаос, Kамбоџа и сите други држави што учествуваа во Првата светска војна. Најголем дел директно со војска, а на пример Нов Зеланд, САД, Шкотска имале свои болници. Тие им помагале и на локалното население - додава битолскиот историчар.

Извор: Дневник
January 26, 2015
Влијанието на војните врз развојот на народната носија
ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЈНИТЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА НАРОДНАТА НОСИЈА ОД БИТОЛСКО-ПРИЛЕПСКИОТ И ДЕМИРХИСАРСКИОТ РЕГИОН
Воените збиднувања кои во овој бурен историски период се одвивале на територијата на Македонија во првите децении на 20 век и кои биле проследени со масовни миграции на населението, довеле до низа промени во традиционалниот начин на живеење на македонскиот народ. Овие промени негативно се одразиле и врз народниот костум, неговите традиционални форми на оформување и орнаментика, како интегрален дел на традиционалната култура на Македонците.
Соочени со низа реперкусии и недостиг од материјални ресурси, населението во овој период постепено започнало да ги редуцира, а потоа и целосно да ги отфрла традиционалните форми на изработка на носиите и нив да ги заменува со облека карактеристична за модерниот, европски костум. Ваквите дијахрониски процеси најпрво се манифестирале во градските средини кои биле во поголема мера подложени на современите текови на индустриjализација и на зголемен транспорт на стоки и луѓе. Значаен фактор во трансформацијата на народната носија имало и печалбарството, како особено развиена форма на економска миграција во овој период. Најконзистентно на овој план останало населението од руралните заедници, кое поради својата релативна затвореност и изолација подоцна ги прифатило современите текови на модерниот живот, а со тоа и промените во традиционалниот начин на облекување. Овие промени, започнати уште во периодот непосредно пред Илинденското востание, активно се одвивале за време на двете Балкански војни, па сè до крајот на Втората светска војна, кога доаѓа до целосно напуштање на традиционалните форми на облекување. Сите тие појави негативно се одразиле врз самобитниот и специфичен карактер на македонските носии, за што сведоштва ни даваат многубројните етнографски и архивски материјали и музејски предмети, а се однесуваат на целокупната територија на етнoграфска Македонија.1
Промените што настанале во овој период се одразиле на целокупната машка и женска носија од регионот на битолско и прилепско, и тоа не само во составот на облеката, туку и во начинот на нивната изработка, орнаментика и колоритот. Овие промени првично се манифестирале во машкиот костум, кои очигледно бил пофлексибилен и поподложен на новите влијанија. Значајни сведоштва на овој план ни даваат записите на М. Цепенков, кој како професионален терзија бил непосредно запознаен со сите модни текови и специфики на облекување на своите сограѓани.2 Во своите материјали од „Еснафите во Прилепско“3, тој дава детален опис на сите видови занаети поврзани со изработката на облеката, како и имињата на алатките неопходни за нејзина изработка. Во тој контекст приложува богат описен и илустративен материјал за моделите на машкиот костум и начините за негова изработка4, од што може да се констатираат различните културни влијанија и заемни процеси што се одвивале во оваа сфера од секојдневниот живот на населението од прилепско. Благодарение на неговите записи, како и врз основа на некои други материјали5, може да констатираме дека непосредно во самиот град опстојувале многу занаетчии, како што се: терзискиот, абаџискиот, ќурчискиот и кожарскиот еснаф, но и френските и азарџиските мајстори, кои паралелно изработувале облека - едните следејќи ги обрасците на ориенталниот костум, а другите француската мода, позната кај народот и како а ла – Турка и а ла – Франка. Паралелно со овие типови костими населението особено од руралните заедници продолжило да ги носи своите традиционални облеки, за што исцрпни сведоштва ни дава еден друг прилепчанец - Ѓорѓи Трајчев, кој во својот труд „Град Прилеп“ детално ги опишал текстилните занаети во градот и начинот на облекување на прилепчаните.6
Покрај овие материјали, значајни докази за начинот на облекување и промените во традиционалната носија на населението од овие региони ни даваат теренските истражувања, најголемиот дел од нив спроведени во 50-тите год. на минатиот век од страна на научните работници на Институтот за фолклор и на Музејот на Македонија. Во прилог ќе го посочиме искажувањето на селаните од Кривогаштани, Прилепско кои велат: „Машките кошули некогаш биле многу повеќе везени од женските. Тие биле „по тавросани“. Се везел корилот, предноците, па и ракавите (два-три прста). Се лозеле, поленеле и везеле шапки со заметушки, со ресулки, крфчиња и друго. Од „турско време“ почнаваме машките кошули слабо или сосема да не се везат.“7 Слична била состојбата и во Битола, како и во останатите делови од Македонија, каде од Илинденското востание, па натаму се забележува значителна редукција на везот и трансформација на носијата.
Промените што настанале како резултат на Илинденското востание и на Балканските војни биле манифестирани и во секојдневната женска носија, нејзината орнаментика и колорит. Особено значајно е што за многу кусо време од составот на невестинската носија целосно изчезнува сокајот, убрусот8, чалмата9, но и некој други украсни и облековни елементи, обележје на овој тип носија. Овие промени можеби најјасно може да ги проследиме во везовите од битолскиот регион каде, сè до 1915 год., женското население носело т.н. алска носија - именувана така според доминацијата на црвената – алова боја во колоритот на везот. По Балканските војни помладите жени од овој регион започнале да везат т.н. калеши кошули, во потемна црвена боја - позната и како винеста или ѓувезија, а своите постари алски кошули ги доносувале или им ги продавале на германски војници10. Во врска со ова една информаторка од с. Брусник, Битолско, вели: Германците купвеја руба за убави пари, па жениве се научија да продаваат алишта.11 Меѓу другите причини се наведува тешката и макотрпна работа за нивната изработка, како и високата цена за потрошениот материјал (арч). Во прилог на ова е искажувањето на една друга информаторка од истото село која вели дека тие повеќе на сакале да седат дома, како во турско, туку да бидат послободни, но и дека по војните нивните мажи, кои биле војници, веќе не ги бендисувале во старата алска носија. Поради сето ова калешите кошули, како и целокупната алска носија во овој регион се задржале сè до Првото бугарско12, односно до 1925 год., кога биле заменети со носија во која наместо црвената доминирала белата, т.е. црната боја.
Во еден кус периодот меѓу Балканските војни и крајот на Првата светска војна, најверојатно како резултат на тешките состојби и на недостигот од материјал и средства неопходни за нивна изработка (за аловните кошули арчот е скап)13, регистрирана е појавата жените од овој регион да носат кошули декорирани со бел вез т.н. бели кошули14, односно аплицирани (опточени) само со бел порабен вез и тегел15. Паралелно со оваа ново настаната состојба, во с. Буково жените започнале да носат кошули изработени со црн вез, по што овие кошули биле именувани како црни кошули. За кусо време оваа мода била прифатена и во другите села од Битолскиот и Прилепскиот регион, по што тие биле именувани како буковки или црно-буки кошули16 - везени по буковска мода17. Според искажувањата на информаторките од овој регион, во почетокот орнаментиката на овие кошули не се разликувала од постарите аловни или алцки кошули (од алцките кошули предземаа црни)18, но подоцна тие започнале да се изработуваат со поедноставен и поредуциран вез. Истите промени може да се проследат и во колоритот на женската марама за на глава гуган, кој од црвен бил заменет со црн, односно со бел вез. Притоа, младите жени носеле гуган изработен целосно со црн вез, а постарите црн гуган (оформен со ситен бел вез) и бели реси т.н. бела киска.19 Како една од причините за појавата на оваа мода е траорот, кој се јавил како последица на многубројните жртви и маки кои што народот ги доживеал во овој бурен историски период. Потврда за ова е појавата на повторно навраќање кон постариот тип алски кошули, веднаш по завршувањето на војните кога жените од овој регион започнале одново да ги изработуваат своите кошули со црвени, но сега веќе индустриски конци.
Слични процеси на промена на колоритот и трансформација на носијата се бележи и кај женското население од Прилепскиот регион, каде се до Првата Светска војна невестите се мажеле со алово руво.20 Позначителни промени во носијата и колоритот започнува од српско (околу 1920),21 со тоа што прилепчанките започнале исто како и женското население во битолско да носат кошули по буковска мода и за разлика од нив, тие оваа носија ја задржале и во поствоениот период. Во прилог на ова ќе го цитираме искажувањето на една информаторка која вели: „Се што се прави за невеста - кошула, чорапи – целото руво се вика црнето. Дури и сегашната руба (1954), макар да е се со бело наклавана, падури и да е градски облечена невестата велиме: црнет вустан, црнети чевли итн.“22
По Втората Светска војна, изработката на кошули орнаментирани во везови полека започнал да замира во прилог на што е и сведочењето на информаторките од с. Единаковци, кои велат: „од партизаните наваму (1944) веќе не се вези. Но, за венчавање и сега девојките облекуваат „жолта кошула“ – „горноселска“.23 Дека станува збор за долготраен и континуиран процес ни потврдува и една друга соселанка која, бидејки се венчала во екот на Илинденското востание, била приморана нејзната венчална - црнета кошула да ја изработи со помал вез („комитите забраниле везови“), иако останатите 15 кошули од рувото и биле со поголеми везови („ракаи како корупки“).24 Слични се искажувањата на женското население и од с. Цер (Демир-Хисарско) кои во врска со овие забрани посочуваат дека „комитите ги засипваа со боја везените кошули како што играа на оро навестите. На чупите им ги зимаа од раце како што везеја, ќе им ги потуреа со боја и ќе го закоаа везот на црквената врата и ќе напишеа на која чупа е везот – чија черча везела вез.. потем забраната се криеа чупите за да везат- во визба, на чатија се качвеја. Ношва (ноќе б.а.) ги затвараа пенџерите со черги да не се гледа видело, а чупите да везат, зошто комитите шетаа и ношја“.25 Причина за овие забрани како што наведуваат тие била потребата од дополнителни материјални средства, што комити ги собирале од населението за потребите на востанието.
Процесот на трансформација и симплификација на народната носија, кој настанал како резултат на воените дејства и репрекусиите кои македонскиот народ ги преживувал во времето на овој бурен и траурен историски период, сведочи за нивната директна поврзаност и условеност. Промените кои настанале, негативно се одразиле и засекогаш го промениле не само традиционалниот бит на македонскиот народ, туку и начинот на облекување и изработка на носијата. Оттука, може да констатираме дека носијата со сета своја комплексност, како своевиден показател на половата, возрасната, обредната и социјалната компонента на македонскиот народ се јавува и како непосреден - нем сведок на едно изминато, историски бурно и траурно време.
Автор: Д-р Јасминка Ристова Пичичкова
1 К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884; Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001; Български
народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т. Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928; Вакарелски Х. - Д. ИвановÍ, ИсториÔ на
облÍклото, СофиÔ, 1941; Албум на Български македонски шевици, Райна Руменова, СофиÔ, б.г.; Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, СофиÔ, 1931; В. С.
Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник Скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179; В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског
научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208; С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368;
Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314; Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова
околина: историска, етнографска и културно-политичка излагања, Београд, 1930; Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001; Ј. Ф.
Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951; Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1929 и др.
2 Види: Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10. Скопје 1980, 27-127.
3 Исто, 63-122.
4 Исто, 122-127.
5 Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902; Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925 .
6 Ѓ. Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925, 21, 69, 357, 358-359, 361
7 Информатори од с. Кривогаштани, Прилепско, АИФ папка бр.37, рег. Бр. 208. теренски записи од А. Крстева, собрани на 10-13. 5.1953 г.
8 Како што вели една информаторка од с. Цер : Сега (1951 г. б.а.) во селото нема ниту еден убрус. Поминаа Евреи едно време и ги искупија. АИФ папка бр. 4, рег.бр. 84, теренски
истражувања собрани од М. Антонова, на 18.06.1951 г.
9 Информаторките од село цапари , Демир Хисарско, воопшто и не слупшнале за нив. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теремнски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.
10 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., Томе Димев Станков, род. 1898 г. и неговата жена, род. 1904 г., сите од с. Брусник, Битолско. АИФ папка бр. 2, рег. бр. 175.
11 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., с. Брусник, Битолско. АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175
12 Информаторка од с. Брусник, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.
13 Информаторка од с. Могила, Битолско АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.
14 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.
15 Информаторки од с. Драгош, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 173.
16 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.
17 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175, рег. бр. 188.
18 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.
19 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.
20 Ракавите на кошулата долги до под лактите и широки.Информаторка од с. Кривогаштани , Прилепско. АИФ, папка бр.39, рег. бр. 220, теренски материјал собран на 12,13, 14-11, 1954
од М. Антонова.
21 Фатија да носат друга мода, со покуси ракави – над лактите и тесни, како што се носат и сега од постари жени (б.а. 1954г.). Исто.
22 Исто.
23 Оваа кошула е слична на невестинските кошули од Демир Хисарскиот регион. Информатори: Марија Котева (1887 г.) и Милка Ѓореска (род.1914 г.) од с. Единаковци, Прилепско, АИФ папка бр. 37, рег. бр. 365. Теренски материјал собран од М. Антонов, на 21-22.3.1957
24 Информатори: Марија Котева (1883 г.). Исто.
25 Информатори од с. Цапраи, Демир-Хисарско. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теренски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.
Библиографија
К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884;
Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001.
Български народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т.
Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928.
Вакарелски Х. - Д. Ивановъ, История на облъклото, София, 1941.
Албум на Български македонски шевици, събрала и подредила: Райна Руменова, Издание на Македонскиот женски союзъ, София, б.г.
Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, София, 1931.
В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179.
В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208.
С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова околина: историска, етнографска и културно- политичка излагања, Београд, 1930.
Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001.
Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1992, 220-244.
Ј. Ф. Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951, 66-75;
Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10., Скопје,1980.
Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925.
Скратеници:
АИФ – Архива на институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје
Илустрации:
Сл.1 Селани од Буково - Битолско, фотографирани од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл. 2. Селани од Буково, Битолско, фотографирани од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.3 Мариовки на оро со војници во позадината, снимено на 27. 10 .1018 год. некаде во Мариово
Сл. 4 Деца со војник, фотографирани некаде во Битолско од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.5 Селани од Буково – Битолско, облечени по буковска мода со српски жандар, `20-30 год на 20 век
Сл. 6 4 Жени со деца, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле, од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.7 4 Семејство на селани, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл. 8 Семејство од с. Кривогаштани, Прилепско фотографирано за време на Втората Светска Војна – „за време на бугарско“
Сл.9 Машко оро, Прилеп, фотографирано за време на Втората Светска Војна

Subscribe to:
Posts (Atom)