Showing posts with label Балкански војни. Show all posts
Showing posts with label Балкански војни. Show all posts

June 22, 2019

Crimes of the Balkan armies in Macedonia

"Just a year before the First World War, or as it is called in the West - the Great War, civilized Europe was scared of the crimes of the Balkan armies (Bulgarian and Greek) in Macedonia in 1912/1913."

Milan Šćekić,
on the atrocities of the Balkan armies, during 1912/1913 (translation from Montenegrin).

„Само година дена пред да започне Првата светска војна, или како што на Запад ја викаат - Големата војна, цивилизирана Европа се згрозуваше од злочините на балканските војски (бугарска и грчка) во Македонија во 1912/1913 година.“

Милан Шќекиќ,
за злосторствата на балканските војски во Македонија, во 1912/1913 година (превод од црногорски).

„Samo godinu dana prije nego će početi Prvi svjetski rat, ili kako ga na Zapadu zovu Veliki rat, civilizovana Evropa zgražavala se nad zločinima balkanskih vojski (bugarske i grčke) u Makedoniji 1912/1913.“ 

Milan Šćekić,
o zločinima balkanskih vojski u Makedoniji 1912/1913.

Partitioned Macedonia

Source/Извор/Izvor: AUSTROUGARSKI ZAROBLJENICIU CRNOJ GORI (1914-1915), Milan Šćekić

June 10, 2019

Crimes in tormented Macedonia

"The dark Middle Ages laughs in our face, when mentioning the crimes in tormented Macedonia. The victorious army by destructive force is exterminating the population who did not participate in the war."

French witness,
on the atrocities of the Balkan armies in Macedonia, during 1912/1913 (translation from Montenegrin).

„Мрачниот среден век ни се смее в лице при споменување на злочините во измачена Македонија. Победничката војска со разорна сила го истребува населението кое не учествуваше во војната.“

Француски очевидец,
за злосторствата на балканските војски во Македонија, во 1912/1913 година (превод од црногорски).

„Mračni srednji vek nam se kezi u lice pri pomenu zločinima izmučene Makedonije. Pobednička vojska istrebljuje razornom silom stanovništvo koje nije učestvovalo u ratu.“ 

Francuski očevidac,
o zločinima balkanskih vojski u Makedoniji 1912/1913.

Partitioned Macedonia

Source/Извор/Izvor: AUSTROUGARSKI ZAROBLJENICIU CRNOJ GORI (1914-1915), Milan Šćekić

December 28, 2018

Карактеристични белези на стопанскиот и политичкиот живот во југоисточна Македонија меѓу 1913 и 1915 г.

Балканските, особено II балканска војна, му нанеле катастрофални последици на стопанскиот развој на територијата на југоисточна Македонија. Пред се македонската целост, која со векови наназад во својот стопански и општествено-политички развој претставувала една заокружена и специфична географска целина, по војните била распокината на 3, односно на 4 дела. По завршувањето на II балканска војна, секоја од балканските држави на овој начин постапувала со пленот, со заграбената територија од македонската земја.

Србија, која пред балканските војни и по територија и по бројот на населението била помала од Македонија, по завршувањето на II балканска војна, завладеала скоро со целата територија на денешна РМ, без Струмичкиот округ. Во склоп на Србија влегувала и територијата на југоисточна Македонија од Вардарскиот дел (без делови од Гевгелиска и Дојранска околија до Струмичкиот округ), кој излегол од војните ограбен, опожарен и многу запустен. Всушност, по II балканска војна во сите предели на југоисточна Македонија владееле глад, бада, болести, грабежи и сите видови легални и нелегални разбојништва. Селаните, занаетчиите, трговците, чифлигарите, а во извесна смисла и чифликсајбиите и сите други слоеви на населението, кои останале во своите родни места, западнале во тешка материјална положба. Ретко некои, особено жителите на опожарените населени места, да не биле доведени до питачки стап.

И интелигенцијата, која се до воните стоела на чело на масите во сите револуционерни акции, сега, во услови на окупацијата, била тероризирана, прогонувана и разбивана, поради што дејствувале дезорганизирано и изгубено. Кога кон сето ова се надоврзе и фактот што пределот на југоисточна Македонија бил зафатен од неколку мошне силни бранови на расселување, станува јасно, зошто овој предел западнал во целосна стопанска и политичка криза. За земјоделска летнина не можело да стане ни збор. Зашто, онаму (каде што не било опожарено, летнината била ограбена. Во есента 1913 и во зимата и пролетта на 1914 г. ретко кое од селските семејства не гладувало. Мнозинството од анкетираните современици категорични се во тврдењата дека во тој период (1913 и 1914 г.) меѓу народот царувал глад, мнозина немало каде да живеат, се криеле низ урнатините и во пештерите по планииите и се хранеле со варени лисја и шумски корења. Оние пак, кои се решиле да се симнат од шумата, започнале да ги напаѓаат имотите на поранешните турски бегови. Вакави примери на изнудено разбојништво се појавиле скоро насакаде во Областа, а најмногу ги имало на територијата на Штипска, Овчеполска и Кратовска околија.

Така на пример, од тужбата на адвокатот Живоин Симиќ, поднесена во декември 1913 г. до Министерството за внатрешни работи на Кралството Србија, против селаните од селата Мечкуевци, Врсаково, Мустафино, Судик, Брловци (Г. Балван) (б.а.) и Ерџелија, Штипско и Светиниколско, може да се види дека населението од овие села во борбата за опстанок, го нападнале чифликот на Супи-беј од Штип, и грабеле се што може да се грабне. Меѓу другото, селаните му то исекле лозјето на Бегот и 200 стебла круши од градината во с. Куково, Злетовско. Против селаните од с. Врсаково и Карбинци, Штипско, жалби до воените власти поднел и Џелал-беј од Штип, како и Мевмед-беј, кој ги обвинува селаните од Мечкуевци затоа што требало да му предадат 5.200 шиници жито, а му предале само 400 шиници.

Против непослушните чифлигари од Уларци, Ерџелија, Мустафино и од Гујновци, тужба поднел и Шефкет-беј од Штип. Началникот на Овчеполска омолија се исплашил од ваквата состојба.. Имено, тој, од една страна, бил напаѓан од турските бегови и од турското население, а, од друга страна, преку писма и на друг начин му се заканувале христијаните. И едните и другите му праќале абер да си оди од каде што дошол. И навистина, токму на ова подрачје ќе доде до обединување на незадоволните Турци и христијани, кое во 1914 г. ќе се прошири и во останатите краеви на Областа. Борбата за опстанок го принудувала македонското население и во другите околии на Областа, да се однесува на ист начин.

Ограбувачкиот и одмаздничкиот карактер на II балканска војна, му нанеле непоправливи последици на сточарството, една од најрентабилните и пред војната мошне развиени стопански гранки во Областа. Преживеаните сточари од тоа време наведуваат драстични примери и бројки на разграбена и стрелана стока од сите населени места без исклучок. Во прилог на тоа зборуваат и податоците за Пехчевската каза (подоцна Малешевска околија), од кои може да се види дека сточннот фонд на тој простор по балканските војни, спореден со оној пред нив, е за петпати, помал од пред 1912 година. Во Пехчевската каза пред I балканска војна (само во Малеш), сточарите одгледувале 20О илјади овци, а во 1914 година имало само 14 илјади овци, додека коњи пред војната имало 13 илјади, а во 1914 г. само 2.600 итн.

И не само тоа. Новите српски управувачи, за да се одбранат од масовното навлегување на четите на ВМРО издавале наредби да се палат овчарските колиби и трла по планините. Ваквата безбедносна мерка на српските воени и цивилни власти, најблаго речено, го докусурила сточарството во Областа.

Меѓу првите, против бесмислената безбеднсона мерка на српските господари кренале глас селаните од селата Серменин, Коноко, Моин и Петрово, Гевгелиско. Тие упатиле молба до Министерот за внатрешни работи на Кралството Србија, во која укажуваат на последиците за развојот на сточарството во нивните села, доколку не се стави вон сила заповедта на околискиот началник од Гевгелија, за опожарување на овчарските колиби и трлата. Потписниците истовремено земаат обвр

ска дека нема да дозволат нивните колиби да се користат од никого и нагласуваат: „Во турско време да ја кажеме вистината, комитите доаѓаа во колибите, но денес даваме чесен збор, дека нема да дозволиме, р’ѓосан човек и комита да влезе во нашите планини и села … Дека ќе се прндржуваме на дадениот збор гарантираме со имотот и нашите животи.“

(Молба од група сточари од селата: Серменин, Конжо, Мони и Петрово, Гввгелиско, од 12. I. 1914 г. Молбата е потпишана од Трајко Калев, Хр. Николов, Гл. Трајков, Хр. Кончалиев, Тано Божинов, Јован Клаов, Петров, Стојо Јованов, Дим. Попов, Јов. Јованов, Темелко Митров, Петко Смилев, Ризо Георгиев, Петко Иванов)

Молбата на селаните не биша прифатана. Овчарските колиби во Гевгелискиот, Царевоселскиот, Малешевскиот и во другите краеви, во најголем број биле опожарени.

Од индустриски постројки ко 1914 и 1915 година се споменуваат само 4 млина за мелење жито во Штип, еден во Свети Николе и еден во с. Прибачево, Кочанско. Потоа 3—4 стругари и валалници во Малеш, една мала фабрика за преработка на зејтин од афионово семе и сусам во Штип, три примитивни тулани: во Пехчево, Радовиш и Свети Николе, и една работилница за праработка на свилена буба во Гевгелија.

Трговијата која порано се одвивала во правец на Солун, по (војните, сосема замрела. Трговците од Штип и од другите гратчиша меѓу 1913 и 1915 г. ги разнесувале своите стоки најмногу со магариња и тие повеќе личеле на торбари одошто на трговци.

Сепак, најголема загуба за развој на стопанството во југоисточна Македонија претставувал човечкиот фактор. Од сихе последици што ги оставиле војните, најголемата се состои во тоа што; Областа била останата без луѓе. Понапред е кажано дека во овој простор тред I и II балканска војна .живееле околу 350 до 400 илјади жители, а сега, меѓу 1913 и 1915 г. во Брегалничкиот округ останале едвај 98.473 жители, со тенденција овој број и натаму да опаѓа. Така на примвр, во гр. Штип пред војната живееле над 20 илјади, а во јануари 1914 г. останале 12.342 жители, во Пехчево пред војната живееле околу 5.000, а сега нешто повеќе од 600 луѓе. Или на простарот на поранешната Штипска каза пред војните живееле околу 49 до 50 илјади, а во јануари 1914 г. останале само 5.052 жители. И нешто друго треба да се одбележи. Во Штипска околија при пописот на населението, од овие 5.052 жители, регистриран е само 1 писмен граѓанин.

Бројот на населението во Брегалничкиот округ и во Дојранско, Валандовско, Гевгелиско и Пробиштипско се намалува за околу 30 илјади во периодот меѓу април 1914 и октомври 1915 г., за време на регрутацијата на младинците од тој простор на Македовија, кои биле упатувани да служат во српската армија. Голем број податоци говорат дека цели подрачја од југаисточна Македонија во тоа време биле лишени од работоопособно машко население. Во отсуство на машка работна рака, во полето работеле само жени, деца и старци, поради што продуктивноста на трудот и резултатите на учениците во училиштата биле сведени на нула.

Згора на сите неприлики, бројниот придојден големосрпски управен апарат расфрлил и даночни обврски на ова толку оголено население. Тоа било уште една причина, населанието да се отуѓува од државата и нејзините системски институции, а да го прифаќа поредокот на ВМРО која за неполни две години прераснала како др-жава во држава. И така, општините на кои навистина им требала помош, биле оптоварени со данок и плаќале: 31.952,5 динари за потребите на окружната администрација, 21.799 дин. за околиската управа, 58.610 дин, за друга градски опаштини и 110.790 динари за издршка на сите други селски општини. (Податоците се однесуваат само за Штипска, Овчеполска, Кочанска, Царевоселска, Малешевска и Радовишка околија).

Извор: ВМРО

December 20, 2018

Теророт во Кочанско-Виничкиот и Царевоселскиот регион во периодот јули-август 1913 г.

Териториите на Кочанска околија, Виничко и западниот дел од Царевоселска околија (Каменичко), за време и (во првите денови по завршувањето на II балканска војна, ги снашла вистинака катастрофа, како во поглед на човечкиот потенцијал така и на сите видови на материјални добра. Оваа територија за време на II балканска војна често ги менувала воените господари, бугарски, српски, час со неа владееле бугарските, час српските и црногорските војски.

Со оглед на тоа што ова подрачје се наоѓало (во центарот на воените дејстнија, тоа било посетено од членовите на Карнегиевата комисија, која (во својот труд Анкета на Балканите, меѓу другото, забележала: „Селото Виница, означено во српските документи како изгорено и опустошено од Бугарите при отстранувањето, српските војници при навлегувањето во него (веднаш почнале да ги прашуваат селаните еден по еден, дали се Срби илн Бугари? Оној што ќе речел дека е Бугарин, ужасно бил тепан. По ова, началникот на војската избрал 70 души и дал заповед да ли стрелаат… На 10. VII 1913 г., три дена по ова во селото се (вратила бугарската армија, а по извесно време пак го напуштила селото. Тогаш, освен старците, сите селани се повлекле со бугарската војска.

Кочани

Од цивилното население, поради здобиените рани за време на тепањето, умрел Коле Атанасов.

„Во село Блатец се повторува истата историја. Турците ги (клеветат „Бугарите“ како сомнителни. Затвораат дваесетина од нив, му ги извртуваат очите на едно момче за да посочи каде се сокриени парите, друго едно го фрлаат во оган за истата цел, а потоа ограбиле и опожариле цели квартови. По ова ги извеле осомничените надвор од селото. Офицерот извикал: кој може нека се спасува. Војниците стрелале на нив и ги избиле сите. Поради ваквата бесмислена осветољубиво-користољубива заповед на еден војник, недостоен да го носи тоа име, во с. Блатец, Виничко, загинале:

  1. Зафир Момчилов Трајков, бил измачуван, му биле извртени очите, за да покаже каде се сокриени парите
  2. Доне Темов, му биле (извртени очите
  3. Алекса Темов, жив изгорен
  4. Ангел Мирчев, стрелан
  5. Трифун Митрев,
  6. Симеон Стојменов,
  7. Поп Спиро Стојанов, 8. Павел Синадинов,
  8. Михаил Ангелов,

Како и лруги 11 души селани кои биле затворени и измачувани во туроката џамија, а потоа, изведени надвор од селото и во месноста „Оризарски брест“, биле стрелани.

Одмаздата на српските војници врз имотот, честа и животите на селаните од с. Лаки, Виничко, била уште поголема. Тие се (нафрлиле врз селаните како на стока и ги тепале каде ќе ги престасале и со се што ќе им паднало во раце. Двајца современици, кои на некој начин успеале да го преживеат крвавиот масакр, сведочат: „Селото беше сардисано од сите страни. Војниците влегуваа во куќите и секој што ќе го најдеа дома го тепаа и бараа пари. За пари многу го мачеа соседот Серафим Ѓоргиев. Тој пискаше колку што можеше да го држи гласот. И колку повеќе пискаше, толку повеќе го тепаа. Едно време тој го изгуби гласот и татко ми рече: „Му ја зедоа душата, кучиња!“ Од спротивната страна се слушаше врисок на женски глас. Тоа беше дода Евда Цекова. И таа престана по едно време да вика. Тогаш, татко ми рече да бегаме низ задната врата. Така и сторивме, побегнавме во шумата, во месноста „Грбовец“. На ова место пред и по нас се собра многу народ. Оттука гледавме како изгоре селото. Од 145 куќи, само 3 не беа изгорени, беа останале случајно. Кога се враќавме кон селото, на патот кај месноста „Бел Камен“ го препознавме трупот на Тодор Марков, овчар, убиен на овчарската колиба. Малку панастрана од него беа парчосани други двајца, кои едвај, можеше да се препознаат оти се луѓе. Кога се вративме во селото ги најдовме избодени и потонати во крв:

  1. Иван Мицев
  2. Серафим Георгиев
  3. Мите Јанев, парчосан на делови. Неговите блиски го „собраа“ во вреќа и го однесоа во гробиштата да го погребат.
  4. Евда Цекова, целата беше избодена со ножеви и беше искрвавена,
  5. Марко Гоцвв, убиен во овчарската колиба
  6. Атанас Марков, негов син
  7. Харалампие Митев, стрелан и избоден
  8. Александрија С. Домазетов, од с. Бигла, Царевоселско,
  9. Саво Александров,
  10. Спасо Петров,
  11. Андан Стојков,
  12. Илија Пецев,
  13. Петар Христов,
  14. Герасим Александров,
  15. Георги Јовев,
  16. Ефтим Темелков,
  17. Милош Еф. Темелков,
  18. Стоилко Митвв,
  19. Илија Гошев,
  20. Коле Лазаров,
  21. Мите Јанев,
  22. Саво Георгиев,
  23. Георги Атанасов

И селаните од с. Безиково биле изложени на страотен терор од страна на српските војници. Кога го зазеле селото, војниците се пуштиле во грабеж и силување на жените. Две од групно силуваните жени умреле на лице место, а една друта жена умрела нешто подоцна од последиците на повредите добиени од војниците-насилници. На една од жените што ја силувале, и го испекле детето на оган. Детето штотуку наполнило една година старост. Од мажите во с. Безиково, од оние што биле фатени од војниците, не преживеал ниту еден. Имињата на убиените се:

  1. Атанас Велков, дете
  2. Стојмен Јанакиев, дете
  3. Атанас Стојчев, стрелан
  4. Иван Каранфилов
  5. Велко Илиев, ги изгубил и синот и жената
  6. Георш Арсов
  7. Теодосие Христов
  8. Мито Христов
  9. Никола Ангелов
  10. Симеон Ангелов, стрелан
  11. Гаврил Арсов
  12. Ангел Арсов
  13. Велин Јанакиев
  14. Лазар Тасев
  15. Стојмен Иванов

и уште 3 други селани чии имиња не се познати. Пакрај масакрот српските војници го опожариле селото, куќите, плевните, овчарските колиби и собраната летнина. Останатиот дел од населението побегнале во планината и во Бугарија. Стоката за која немало кој да во ди сметка била разграбена и стрелана од страна на војниците.

Во селото Липец српските војници паднале под влијание на Турците и крваво се пресметале со голем број селани. Едни биле стрелани, други избодени со бајонети и друго ладно оружје, а оние што останале живи, кусо време по тепањето, умреле. Селото во два наврати било ограбувано. Во првиот грабеж биле убиени:

  1. Трифун Јакимов, учител
  2. Нико Јакимов, брат на учителот
  3. Филип Јакимов, исто така брат на учителот.

Пред да бидат стрелани долго време биле измачувани во турските гробишта. Мачителите од нив барале пари и оружје. Бидејќи немале ниту пари (ниту оружје, биле избодени со бајонети, а потоа закопани во плитка дупка од каде што им се гледале нозете. На истото место по нив биле закопани и:

  1. Захариј Постолов
  2. Тодор Постолов Чорбаџиев
  3. Трифун Постолов
  4. Симеон Ароов
  5. Ампо Постолов
  6. Иван Постолов
  7. Мите Дамјанов
  8. Илија Тирелков, гајдаџијата
  9. Симеон Арсов
  10. Цветан Митрев

Војниците не се задоволиле со овие жртви, туку повторно се вратиле во селото и почнале да ги измачуваат жените и уште неколкумина мажи. Меѓу сите нив на најголеми маки бил изложен свештеникот П. Георгиев на кого српските војници му забиле нож во устата. Од свештеникот војниците барале пари и оружје. Заедно со попот биле тепани и затворени:

  1. Панчо Трајанов, сокршен од тепање
  2. Гиго Трајанов
  3. Мише Манов
  4. Крсте Георгиев,
  5. Теодосиј Постолов, беследно исчезнал
  6. Спасе Иванов, тепан и измачуван
  7. Мите Трајков
  8. Петар Иванов
  9. Стефан Мишев, одвлечен во шумата и беследно исчезнал
  10. Евгенија Тодорова, групно давена
  11. Стојна Григорова
  12. Агница Симеонова
  13. Стојанка Стојанова

Останатите жители од селото се разбегале во шумата или побегнале кон бугарската војска.

Исто така поради клевета од месните Турци, големо злосторство српските војници извршиле врз населението на с. Зрновци. Од сведоштвата на преживеани луѓе се дознава дека кон средината на јули 1913 г. селото било опседнато од голема единица, готова да го срамни со земјата. „Српските војници — наведуваат сведоците, придружени од голем број турски одмаздници, се растрчаа во групи по нашите куќи, влегуваа внатре кршејќи ги вратите и прозорците, а потоа грабеа се што ќе им паднеше во рацете. Тие не пцуваа и тепаа. Оние што пружаа отпор ги врзуваа со ортоми и синџири и според нивните постапки спрема нас, во нивните очи бевме пониски и од обичен добиток. Кога ги разграбија куќите, сите мажи, жени, деца и старци не поведоа кон турските гробишта. По патот од селото до гробиштата војниците не клоцаа, пцуваа и ни се закануваа дека сите до еден ке не стрелаат. Кога стигнавме до гробиштата, на секој од нас му беше јасно дека нема враќање назад. По едно време одделија 7 души од другите и почнаа само нив да ги тепаат и да прават со нив кој што сака и мисли. Најжестоко беше измачуван поп Томан Трифунов, а по него и Иван Фурнаџиев. Другите се разбегавме, некој во селото, некој во шумата, а некои во другите села. По извесно време, кога работата се стивна, видовме на каков грозен начин им беа одземени животите на седуммината наши соселани. Тие беа, најблаго речено, искасапени и не се препоанаваа оти се човечки суштества. Нивните имиња се:

  1. поп Томан Трифунов
  2. Иван Фурнаџиев
  3. Панчо Данаилов
  4. Ефтим (Тимо) Лазаров
  5. Димитруш Јованов
  6. Мишо Стојков
  7. Иван Павлов

Истиот ден кога се извршени масакрите во Блатец и Зрновци, српските војници го разграбиле и селото Мородвис, кое штотуку почнало да се населува со христијанско население од планинските села на Кочанска околија. По разграбувањето на куќите, војниците стрелале петмина селани од Мородвис и тоа:

  1. Апостол Божинов
  2. Јордан Савев
  3. Ристо Стојменов
  4. Мито Станоев
  5. Мите Николов

По извршеното злосторство била одземена стоката — едриот и ситен добиток од селаните, за потребите на војската. Единствениот сведок што останал, Турчинката Алиева, по се она што го видела, на повратниците во селото им рекла: „Ова место ќе ги казни тие луѓе, убија невин свет.“

На големи грабежи и насилства биле изложени и населените места Пеклани и Трсино. Во овие две села биле тепани и масакрирани голем број селани и тоа:

  1. Филип Апостолов, избоден
  2. Данчо (Дане) Спиров
  3. Горги Постолов
  4. Јордан Серјафимов
  5. Трифун Дончев
  6. Златан Стајчев
  7. Пешо Филипов
  8. Гоше Лазаров, од с. Трсино
  9. Тасе Георгнев
  10. Коле Лазаров
  11. Велин Христов
  12. Зафир Христов

сите родум од село Пеклане, Кочанско.

Нешто подоцна, по избивањето на спорот меѓу околискиот началник на Светиниколска околија и разбојникот Јаја-ага, од страна на четниците на Јован Бабунски биле изложени на терор и неколку турски семејства, Од Турците биле убиени:

  1. Мурат Фератов, убиен, родум од с. Трсино
  2. Муарем Хасанов
  3. Расим Косев
  4. Денчо Сулеманов

За селото Соколарци меѓу српските војнвди и офицери се ширеле гласови дека било богато. Неколку фамилии од селото биле внесени во списокот што го изготвил четникот Јане Нивичаноки, посочени дека располагаат со многу златни турски лири. На сугестиите на четникот наседнал српскиот офицер Понјавиќ кој почнал жестоко да ги измачува маркирините семејства. Од страна на офицерот Понјавиќ мноту бил тепан Постол Мицев (кој не можел да ги издржи маките, му дал 50 златни лири на офицерот и потоа умрел. По него на ист начин бил измачуван и селанецот Мите Стојмилов, кој исто така им подлегнал на раните, не му дал пари на офицерот, но умрел, На офицерот Понјавиќ, во измачувањето на селаните за пари, му се придружиле и: четни-кот Јане од с. Нивичино, Кочанско, како и српскиот офицер Поповиќ. Тие ги мачеле, затворале и изнудувале за пари сите селани за кои биле убедени дека имаат скриено златни турски лири.

Покрај деветмниа мажи, кои биле сокршени од тепање, исто така биле тепани и давени и три жени од се лото, кои останале со последици. Мачителите не се задоволиле со тоа, па расфрлиле данок на целото село и им се заканувале на луѓето дека сите до еден ќе биле испотепани, ако не ја исполнат обврската.

Покрај овие, од Кочани и Кочанако за време на војната и по нивното завршување, биле убиени, ранети, тепани и испропадени од своите родни места повеќе од половината на населението, во овој питом крај пред започнувањето на војните.

Извор: ВМРО

December 19, 2018

Теророт и денационализацијата во југоисточна Македонија меѓу 1912—1913 г.

Првите чекори за денационализација на македонскиот народ од страна на српските воени власти и четничките формации, на просторот на југоисточна Македонија, биле преземани во реонот на Велес, Тиквеш, во Гевгелиско, Валандовско, Дојранско, во Овче Поле и во Злетовскиот крај.

(Главниот и познат учител на Тиквешко, Глигор Варналиев, известува дека уште во ноември 1912 година српската врховна команда во Кавадарци не била задоволна од „радоста“ на месното население по случај влегувањето на српската војска во градот. Само еден месец потоа, општинската власт во Кавадарци и Неготино ја заграбил српскиот воен командант, а дотогашните месни раководители ги развластил и најавил затворање на училиштата и црквите, до доаѓањето на српски учители и свештеници. По примерот на градовите, биле развластени и носителите на власта во селата на Тиквешијата.

На 21 октомври 1912 г. во Велес била формирана месна управа во состав:

1. Димитар Ничев, околиски началник
2. Крум Зографоки, полициски началник
3. Алексо Мартулко

По два дена, на 23 октомври 1912 г. во (Велес пристигнува српски околиски началник со неколку писари и жандари. Со нив во Велес дошол и мајорот Воин Поповиќ, придружуван од една чета четници, припадници на организацијата „Црна рака“. Воин Лоповиќ повторно им ставил до знаење на граѓаните на Велес дека треба да се прогласат за Срби.

Југоисточна Македонија

Кон средината на декември од страна на српската власт била растурена и мрежата на месната власт во Свети Николе и Околијата. Сите луѓе кои давале каков и да е отпор на српските мерки, биле изложувани на терор и прогон. Во прилог на тоа се зборува во едно писмо без број од април 1913 г. на Командата на местото во Крива Паланка, во кое се обвинува околискиот началник Витомир Крстиќ затоа што не обраќал доволно внимание на „Повикот на Софискиот македоноки комитет“ и издавал пропусници – дозволи на бугарофилите за нивно слободно заминување од Македонија во Бугарија. Понатаму, во истото писмо Петар Бајаловиќ (командантот на местото од К. Паланка) вели: „Кога по барање на мајорот Вуловиќ ги упатив сите (гранични стражари во Св. Николе и кога од околиокиот началник побарав да ми даде седум жандарми за чување на границата, тој не сакаше да ми даде“ (мисли на 7 жандарми).

Во Гевгелија и Дојран се случува истото. Овие два града се ослободени од страна на четите на: Аргир Манасиев, капетан Тодоров, Ичко Димитров, Михаил Радев, Тане Николов и од страна на месната милиција која била меѓу најбројните во Областа. По ослободувањето во градовите и во селата на Околијата била конституирана месна власт. Во Гевгелија за кмет на градот бил избран Владимир Димитров, со помошниците: Мирче Димитров и Турчинот Абдулах Селимов. Во декември-јануари 1913 г. во Гевгелија доаѓа српска војска и ја растура месната власт, а место неа воспоставува српска администрација. Српската војска истото го направила и во: Богданци, Стојаково, Сермвнин, Конско, Ѓавато, Фурка, Групчиште и во другите населени места на Околијата од десната и од левата страна на Вардар.

Во Дојран српската војска на двапати прави обид за воспоставување на своја власт во градот и Околијата. Првиот пат носител на ваквиот потег бил началникот на Тиквешкиот округ, Душан Николиќ. Тој, на 15. I. 1913 г., откако ги обезбеди сите потребни информации за состојбата во Дојранска околија, упатил писмо до Врховната команда на Српската кралска војска во кое, меѓу другото, пишува: „Началникот (мисли на оној што бил назначен од српската управа б.а.) на Околијата, се до денес нема формирано ниту една општина во Околијата, ниту пак започнал со нивното формирање. Тој засега единствено ја (наместил својата канцеларија, но таа е без никакво дејство. Нашиот началник се на се досега сослушал само една странка. Причина за тоа е што Бугарите во сите општини завеле свои општински власти, па и во самиот Дојран имаат своја општинска и полициска власт), што ја воспоставиле веднаш по доаѓањето на нивните војски! Пред 3 месеци… Бугарите во Дојран имаат месна команда, полициска власт, окружен суд, пошта и телеграф и околу 160 војника оо 40—50 четници (месни членови на ВМОРО) и 5 офицери… Во самиот Дојран има околу 450 турски домови, 320 бугарски, 240 грчки и 12 српски… Според тоа, во колку сакаме во овој предел да формираме наша власт, тогаш тоа може да се стори единствено со сила.“

По ова писмо на окружниот началник на Тиквешкнот округ, Врховната команда на српската војска го известила министерот за внатрешни работи на Србија со зборовите: „Бидејќи не е добро (безсмила е) капетанот и писарите и натаму овде да седат (без работа), па Ви предлагам Дојранска околија да се укине, а околискиот началник да се именува или за секретар на началството на Битолскиот округ, во колку Гриовиќ биде назначен , за окружен началник, а писарите да се префрлат во Гевгелиска и Неготинска околија, зашто таму ке бидат потребни за формирање на општини за отстранување на Бугарите и Грците.“

Но, српската влада и Дворот не мислеле така едноставно да се напушти и да се загуби за нив Дојран и неговата околија. Претселателот на српската влада Никола Пашиќ не бил задоволен од одредбите на склучениот договор меѓу Србија и Бугарија на 29. II. 1912 г. поради што, уште на 28 септември 1912 г., пуштил во движење еден циркулар до кабинетите на големите сили, во кој Србија ставала до знаење дека: и да се даде автономија на Македонија, Србија претендира на градовите Кратово, Велес и Прилеп. Нешто подоцна, претензиите на Србија се прошириле на сите територии на западна и северна Македонија, долината Крива Лакавица, Брегалница и Злетовска Река. Со други зборови кажано, Србија пројавила апетит за цела денешна Вардарска Македонија, без територијата на Штипскиот округ и Струмичкиот крај, додека Дојранска околија била подрачје кое останало да виси. Но, независно од тоа, во февруари 1913 г. во Дојран навлегла српска војска и го уапсила околискиот началник Иван Топков со сите придружни органи на месната власт: судски, полициски и општински. По примерот на Дојран, српските војници ја растуриле и месната власт (администрација) по селата на Дојранска околија. Кметските наместници на Валандово и с.Пирава, Томе Бејлозов и Васил Николов, поради тоа што се осмепиле да испратат телеграми до бугарскиот цар Фердинанд, биле фатени од српските војници и по долго измачување биле заклани и фрлени во еден длабок вир во реката Вардар. Насилства од српските војници во тоа време се регистрирани и во селата: Богданци, Балинци, Фурка и во Собри. Прашањето околу поделбата на завладеаните територии од Турција, меѓу балканските сојузници уште повеќе се заострила по создавањето на Албанија. Создавањето на оваа нова држава на Балкавот ги погодило интересите на Србија и Грција, бидејки првата претендирала преку албанска територија да обезбеди излез на море, а втората намеравала да ги завладее териториите на јужна Албанија, под изговор дека Албанците немаат јазик, државна традиција и сл. Меѓу другото, од страна на Србија е поставено и прашањето за рамнотежа меѓу балканските држави.

Ваквите противречија и претензии меѓу довчерашните сојузници довеле до целосно запоставување на формулата за добивање на автономија на Македонија. Од сите делови на окупираните територии биле протерувани учителите, свештениците и припадниците на ВМОРО, четите, членовите на месните чети и др. За зачувување на Балканокиот сојуз се залагале: Англија, Франција и Русија. На 23.VI 1913 г., рускиот император испратил телеграма до цар Фердинанд и до крал Петар, со цел да ги вразуми и се залагал сојузниците да ги разрешат сите спорни прашања по мирен пат!

За цело време додека траеле овие меѓусебни договарања на балканските сојузници, теророт врз македонското население на окупираните територии продолжувал со несмалено темпо. А кога избувнала II балканска војна, паралелно со теророт, српските воени власти, војниците и најмногу четничките формации добиле одврзани раце и за спроведување на непречени грабежи на македонското население и за опожарување на населените места.

Извор: ВМРО

January 26, 2015

Македонија во балканските војни

Првата балканска војна формално била започната од страна Кралството Црна Гора на 9 октомври 1912 година, а потоа на 18 октомври се приклучиле и останатите сојузници, што всушност се смета и за почеток на Првата балканска војна. Балканските сојузнички војски за релативно кратко време ја скршиле воената моќ на Отоманската империја која била победена на сите фронтови и била принудена набргу да побара мир.

Воените операции главно се воделе во Тракија и Македонија, со забележително учество на македонски доброволци. Балканските сојузници успеале да го исползуваат ентузијазмот и воодушевувањето на Македонците да се борат за слободата на својата земја.

Главнината на кралската српска војска под команда на принц Александар Караѓорѓевиќ ја нападнала најголемата концентрација на единиците на Отоманската империја во Куманово, во северна Македонија; втората војска минала во Бугарија, а оттаму во Источна Македонија за да ја ослабнат главната турска армија одзади; Косово била целта на третата војска, додека четвртата го зазела Нови Пазар, што преку Санџак ги поврзувал Црна Гора и Србија.

Во Тракија, двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград (сегашен Киркларели во северозападна Турција) и Одрин (Едрине во Турција) што била влезната врата кон Истанбул. Тие биле охрабрени од патриотската хистерија што со месеци постепено растела во сите земји. Во предвечерјето на војната насловите во белградските весници ги повикувале Србите: "Подгответе се за војна! Здружената српско-бугарска офанзива само што не почнала!" Со ентузијазам се пишувало за брзиот напредок на Црногорците на патот за Скутари (денешен Шкодер во Албанија), додека на останатите страници во весниците имало убави слики од "Стара Србија", средновековното кралство кое новата земја била решена да го поврати. Весниците исто така ги повикувале поетите да придонесуваат со патриотски стихови.

Целосниот економски живот во Кралството Србија и Царството Бугариjа бил ставен во функција на војната.

На бојните полиња било уште понепријатно за војската на Отоманската империја. Девет дена по почнувањето на насилствата, србите ја разбиле главната сила на Отоманската империја во Куманово. Оваа победа го отворила патот кон Скопје, што набрзо паднало под српска контрола

Македонскиот поход се одвивал во свирепи услови. Дождот и снегот го направиле теренот и патеките калливи. Целиот регион бил покриен со мртви тела на војници, цивили и коњи. Додека се приближувала кон Скопје српската војска го уништувала и убивала локално албанско население. Загреани од приказните за злосторствата што Албанците ги вршеле врз христијанското население за време немирите во албанските територии, Србите ја ослободиле сета националистичка омраза против незаштитените села.

Главниот иследник на масакрите во Скопје била "Црната рака", со седиште во близина на Рускиот конзулат, во објект што набрзо потоа го нарекле Црната куќа. "Црната рака", со својата мрежа на агенти, ја избегнала контролата на воените власти и сe повеќе ја земала улогата на неформална влада на ослободена стара Србија. Неколку недели потоа, власта во Белград почнала да назначува цивилни администратори на овие територии, но оние што одбивале да се потчинат на барањата на "Црната рака" и на четниците биле исплашени. Бранислав Нушиќ, писателот кој ја поздрави војната со голем ентузијазам, се повлекол од функцијата гувернер на Битола со страв и згрозеност од активностите на овие единици.

Иако се соочиле со слаб отпор при нивната офанзива северно од Епир и источно од Солун, Грците биле неспособни да ја заземат Јанина, којашто жестоко ја бранел еден турски гарнизон. Додека се пробивале северно кон Македонија во правец на Битола, што според српско-грчките сознанија Грците требало да ја окупираат, тие станале единствената војска во Балканскиот сојуз на која Турците им нанеле сериозна воена штета. Од оваа причина, и на големо незадоволство на српската команда, Србите биле тие што требале да се соочат со турската војска кај нејзиното последно упориште во близината на Битола.

Битолска битка

Околу 110.000 Срби биле поттиснати на север и на запад од Битола наспроти 80 или 90.000 турски војници. По три дена борби, во кои загинале 12.000 Срби и 17.000 Турци, турските сили капитулирале на 18 ноември. Речиси 45.000 мажи биле заробени од страна на Србите; други 30.000 избегале во планините на македонско-албанската граница. Со ова му било ставено крај на турското владеење во Европа.

Ослободување на Солун

Грците не биле многу потресени околу нивната неможност да се борат во Битола. Пет дена пред почнувањето на борбите, принцот Константин церемонијално влегол во Солун, покиснат на студениот, зимски дожд. Непосредно по почнувањето на српската офанзива на Куманово, престанале да работат телеграфските врски од и кон Солун. Дури откако почнале во градот да пристигнуваат огромен број албански и турски бегалци, народот почнал да го сфаќа обемот на воената катастрофа со која се соочила Османлиската Империја. Речиси 20.000 бегалци биле сместени по локалните џамии во страшно нехигиенски услови. По нив дошле и војниците кои се повлекувале - некои од нив бегале од Србите, дел бегале од Грците кои се движеле источно од планината Олимп, а дел биле поттиснати од бугарската дивизија Рила што брзала надолу по реката Струма.

Грчките и бугарските сили очајно настојувале први да стигнат до Солун, кој што бил најголемата награда од османлиското наследство и немало никакви претходни договори за неговиот статус. Во тој случај, поседувањето ќе биде закон. Принцот Константин и единиците под негова команда ја претркрале дивизијата Рила за неколку часа. Кога влеглe во Солун, грчкото население го преплавило градот со сино-бели бои. Заедно со него бил Теоктистос, патријархот од Атина, коj му се придружил на метрополитот од Солун Генадиос во прославата на специјалната миса во црквата Свети Минас.

Учество на Македонци во Првата балканска војна

Најмногу македонски доброволци беа регрутирани во армијата на Царството Бугарија. На тракискиот фронт учествуваа 14.000 Македонци организирани во Македонско-одринско ополчение (доброволци). Македонски доброволци биле регрутирани и во војската на Кралството Србија и Краслтвото Грција.

Одредот на Јане Сандански со 500 четници, составен од реонските чети на Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски, Чудомир Кантарџиев и други дејствувајќи самостојно прво го освоиле градот Мелник со околните места. Во реонот на Мелник и Свети Врач покрај споменативе самостојни чети, под нивна команда се наоѓаа околу 400 мелничани, триста лица од Свети Врач и околу седумдесет востаници од околните села.

Откако ја пробиле Рупелиската Теснина, Седмата рилска бугарска девизија и четите под команда на Сандански со 300 востаници, во придружба на четите на Стојо Хаџиев, Димитар Арнаудов, Александар Бујнов и други, како претходница на бугарската коњаница, влегле во Солун пред настапувањето на бугарските единици.

Иако Македонија била ослободена од Турското ропство, со големо учество на свои доброволци кои се бореле за автономна држава, нејзината судбина била решена на Лондонската конференција, односно таа останала окупирана од страна на новите окупатори Кралството Србија, Царството Бугарија и Кралството Грција.

Лондонски договор

На 30 мај 1913 година, Отоманската империја го потпишала мировниот договор во Лондон, според кој се откажала од териториите западно од линијата Енез-Мидија во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително. Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: Отоманска Империја 153.000, Царство Бугариjа 73.000, Кралство Србија 30.000, Кралство Грција 28.671 и Кралство Црна Гора 10.000 луѓе.

Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милиони и на Кралството Црна Гора околу 100.000 франци. Загубите на Македонија, човечки и материјални, не се наведуваат, ниту во еден извор, иако војната се водела во Македонија, а од глад и болест умирале најмногу деца и стари. Македонија загубила сé што имала: територијата распарчена, народ и имотот национализирани, историјата погребана, и затоа Сандански рекол дека за Македонија ќе било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат.

Македонија во Втората балканска војна

Меѓусојузничката балканска војна — Втора балканска војна, започнала на 17 јуни 1913 година, меѓу Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција од една страна и Бугарија од друга.

Македонија по завршувањето на Првата балканска војна

Најголемиот товар и најбројните жртви во Балканските војни ги поднел македонскиот народ. Македонскиот народ на различни начини и во разни вооружени формации учествувал во војните, самостојно или во составот на бугарската, на српската или на грчката војска. Силната пропаганда на соседните држави дека војната против турската војска имала за цел ослободување на христијанското население од петвековното османлиско владеење и големата омраза против султановиот режим била мотив македонскиот народ да се вклучи во таа војна.

По завршувањето на Првата балканска војна, односно по Битолската битка, кога еден полк на српската војска влегол во Охрид, во кој веќе три дена функционирала месната власт воспоставена со помош на македонските чети, при обидот да се воспостави српска власт, остро се спротивставил војводата Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО. Во таа расправија, командантот на српскиот полк се пофалил дека според Српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година, Македонија е поделена меѓу Србија и Бугарија и според тоа во Охрид треба да се воспостави српска власт.

Сличното чувство го доживеал и Јане Сандански, кога во Солун бугарските офицери му се заканиле дека за зборовите автономија за Македонија јазици ќе сечат. Немањето единствена национална и политичка програма и меѓусебната недоверба, биле најголема пречка за обединување на разединетите и спротивставени сили во македонското револуционерно движење непосредно пред Балканските војни. По завршувањето на Првата балканска војна, на ВМРО и на Јане Сандански им станало јасно дека нивните меѓусебни кавги оделе во полза на соседите и дека токму тие ја пропуштиле можноста да се обединат и да го предводат народот во борбата за ослободување и за создавање самостојна држава Македонија.

Во Првата балканска војна учествувале околу 100.000 Македонци, не земајќи ја предвид помошта од целото население што им ја укажувало на сојузниците. Можеби оваа бројка е преголема, но ако се знае дека постоеле самоформирани македонски единици, како што биле оние на Јане Сандански, четите на ВМРО, четите на МВК, Доброволниот полк, Ополченските дружини, Српските месни одреди и чети, селските чети, месната милиција, четите и дружините формирани од македонската емиграција и сите други Македонци мобилизирани самоволно или насилно во српската, бугарската и грчката војска, тогаш бројката од 100.000 луѓе веројатно ќе биде надмината.

Се смета дека во Првата балканска војна загинале неколку десетици илјади Македонци, а неколку стотици илјади Македонци емигрирале од Македонија поради теророт што го доживувале и од турската и од ослободителните војски. Општата политичка положба во освоените земји не станала подобра, туку полоша, отколку под Турците.

Ревизија на договорите

Бугарија не се сметала обврзана да направи територијални отстапки во Македонија по повлекувањето на српската војска од Албанија, поради тоа што Србија тоа го направила по одлука на големите сили, а не во спогодба со Бугарија. Според бугарското гледање на договорените обврски, Србија била должна да испрати помош кај Одрин. Тогаш дошло и до различни гледања на таканаречената спорна зона

За Бугарија таа зафаќала дел од Македонија, што според договорот требало да и се отстапи на Србија, а Србите за спорна зона ја сметале цела Македонија.

Воено технички подготовки

Во Бугарија, покрај веќе ангажираното македонско население кое во Првата балканска војна се борело во состав на бугарската војска, непосредно пред Втората балканска војна во новоослободените земји, односно во Македонија, била извршена мобилизација на младинците од 20 до 26-годишна возраст, од кои биле формирани Серската, Драмската и Одринската бригада. Бројната состојба на новомобилизираните младинци изнесувала 40.000 души. Од нив биле формирани 12 и 13 пешадиска дивизија и една самостојна бригада. Во секој новоформиран полк имало по еден баталјон искусни борци од Првата балканска војна.

Присилна мобилизација во српската војска

Причината за формирањето на Доброволниот полк е отфрлувањето на Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година, со која била договорена поделбата на Македонија на спорна и неспорна зона, како и воспоставувањето нови граници. Со создавањето на државата Албанија, на Србија ѝ бил оневозможен излез на Јадранското Море, па таа барала можност да се прошири на територијата на Македонија и да излезе на Егејското Море.

Масовната мобилизација на македонското население во бугарската војска и префрлувањето на македонските доброволни дружини (баталјони) од Тракискиот на Македонскиот фронт биле силен мотив српската влада на окупираната територија на Македонија да изврши присилна мобилизација. На тој начин биле формирани четири таканаречени крстосувачки одделенија, под команда на командантот на граничните единици. Од овие одделенија, две дејствувале на левата страна на реката Вардар, а две од десната страна, меѓу Кавадарци и Гевгелија. Последниве две крстосувачки одделенија го формирале Вардарскиот одред, со кој командувал Василие Трбиќ. Во реонот на Кратово-Овче Поле-Кочани бил формиран Крстосувачкиот одред на Јован Бабунски.

Слично како бугарската, и српската влада ги мобилизирала Македонците од својата окупациона зона и ги концентрирала во првите редови. На тој начин, Македонците се нашле во првите редови на српската и на бугарската војска, а тие војувале за поделбата на Македонија. Со оглед на тоа што според Хашките конвенции окупаторите немале право да го мобилизираат окупираното население, македонските единици биле наречени Доброволен полк, односно Ополченски дружини. Присилната мобилизација била спроведувана под изговор за запишување на доброволци.

Формирањето на Доброволниот полк било извршено со одобрување на Владата. На 16 мај 1913 година војводата Ратомир Путник наредил: 1. да се создадат четири баталјони со седишта: првиот баталјон во Свети Николе, вториот во Приштина, третиот во Гевгелија и четвртиот во Неготино. Пополнувањето на овие баталјони требало да се изврши со месно население од соодветните реони, а командниот кадар да го обезбедат граничните команди. Покрај христијаните, можеле да се мобилизираат Турци и Арнаути, и тоа оние што имале служено војска и кои би ги задржале чиновите од турската војска. Сите доброволци требало да положат заклетва на верност на врховниот командант на српската војска, Н. В. Кралот Петар. Сите мобилизирани биле обезбедени со униформа, со оружје и со храна. За секои 10 доброволци од месни извори бил обезбедуван по еден коњ за пренос на товар.

Самоуништувачка војна

Во текот на Втората балканска војна, во армиите на двете завојувани страни, покрај масовните дезертерства, имало и бунтови во одредени единици. Особено незадоволство поради меѓусојузничката војна покажало македонското население кое се наоѓало главно во првите борбени редови на двете завојувани страни, водејќи самоуништувачка борба во корист на сопствените окупатори. За време на битката на Брегалница избувнале повеќе бунтови во четвртата. бугарска армија, а во српската трета. армија имало масовни дезертерства.

На некои делови на фронтовската линија биле забележани и братимења меѓу српската и бугарската војска. Се работи за Македонци кои се познавале од порано и кои ги сфатиле целите на војната, па не сакале да учествуваат во борбата за распарчување на сопствената татковина. Во 22 полк на 7. Рилска дивизија, што дејствувал на правецот кон Солун, избувнала побуна затоа што во времето на првото примирје бил префрлен во Источна Тракија. Околу 70 војници не сакале да заминат од Македонија, по што биле тепани со стапови. Појавата на колерата на Македонскиот фронт, исто така, предизвикала масовни дезертерства.

Во битката на Брегалница, загубите биле мошне големи и на двете страни. Во српската војска имало 16.200 мртви и ранети, од кои 11.350 во третата. армија.

Во бугарската војска имало 25.000 загинати. Само на српската страна имало околу 5.000 кои умреле од колера. Во бугарската војска од колера умреле многу повеќе луѓе, со оглед на тоа дека таа болест била пренесена од борбата против Турците во Тракија. Македонското население на двете страни на фронтот, исто така било, заразено од колерата. Освен тоа, многу села биле опожарени, храната однесена, недостасувала облека, па се водело грижа само за гол опстанок. По битката на Брегалница, дејствата во Македонија се претвориле во исцрпувачка рововска војна. Меѓусебното исцрпување траело до 31 јули 1913 година, кога било потпишано примирјето, кога балканските војни официјално завршиле.

Борбените дејства продолжуваат

Големите сили решиле да ја прекинат Втората балканска војна, особено поради злосторствата што сите војски ги вршеле врз недолжното македонско население.-И натаму поединечни и здружени меѓусебни воени судрувања

Борбата за територии во Македонија се водела со сите сили и средства и во сите области. По повлекувањето на турските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштале во меѓувреме воспоставената месна власт и воспоставиле свои органи на власта. Како претставници на своите држави, тие го принудиле македонското население да се прикажува како да е од иста националност со органите што ја воспоставиле власта и како такви да испраќаат писма, анкети и апели, оти наводно сакале нивниот град и околијата да бидат присоединети кон соодветната држава.

На пример, селаните од Негорци, Гевгелиско, во текот на една недела трипати ја менувале својата национална и државна припадност. Тие биле принудени да испратат телеграма до бугарскиот цар Фердинанд дека се Бугари и дека бараат тој да ги присоедини кон Бугарија. Откако се повлекла бугарската, дошла грчката власт, па следела телеграма до грчкиот крал Ѓорги и на крајот била испратена телеграма со соодветна содржина до српскиот крал Петар.

Извор: Македонско братство

Влијанието на војните врз развојот на народната носија

ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЈНИТЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА НАРОДНАТА НОСИЈА ОД БИТОЛСКО-ПРИЛЕПСКИОТ И ДЕМИРХИСАРСКИОТ РЕГИОН

Воените збиднувања кои во овој бурен историски период се одвивале на територијата на Македонија во првите децении на 20 век и кои биле проследени со масовни миграции на населението, довеле до низа промени во традиционалниот начин на живеење на македонскиот народ. Овие промени негативно се одразиле и врз народниот костум, неговите традиционални форми на оформување и орнаментика, како интегрален дел на традиционалната култура на Македонците.


Соочени со низа реперкусии и недостиг од материјални ресурси, населението во овој период постепено започнало да ги редуцира, а потоа и целосно да ги отфрла традиционалните форми на изработка на носиите и нив да ги заменува со облека карактеристична за модерниот, европски костум. Ваквите дијахрониски процеси најпрво се манифестирале во градските средини кои биле во поголема мера подложени на современите текови на индустриjализација и на зголемен транспорт на стоки и луѓе. Значаен фактор во трансформацијата на народната носија имало и печалбарството, како особено развиена форма на економска миграција во овој период. Најконзистентно на овој план останало населението од руралните заедници, кое поради својата релативна затвореност и изолација подоцна ги прифатило современите текови на модерниот живот, а со тоа и промените во традиционалниот начин на облекување. Овие промени, започнати уште во периодот непосредно пред Илинденското востание, активно се одвивале за време на двете Балкански војни, па сè до крајот на Втората светска војна, кога доаѓа до целосно напуштање на традиционалните форми на облекување. Сите тие појави негативно се одразиле врз самобитниот и специфичен карактер на македонските носии, за што сведоштва ни даваат многубројните етнографски и архивски материјали и музејски предмети, а се однесуваат на целокупната територија на етнoграфска Македонија.1


Промените што настанале во овој период се одразиле на целокупната машка и женска носија од регионот на битолско и прилепско, и тоа не само во составот на облеката, туку и во начинот на нивната изработка, орнаментика и колоритот. Овие промени првично се манифестирале во машкиот костум, кои очигледно бил пофлексибилен и поподложен на новите влијанија. Значајни сведоштва на овој план ни даваат записите на М. Цепенков, кој како професионален терзија бил непосредно запознаен со сите модни текови и специфики на облекување на своите сограѓани.2 Во своите материјали од „Еснафите во Прилепско“3, тој дава детален опис на сите видови занаети поврзани со изработката на облеката, како и имињата на алатките неопходни за нејзина изработка. Во тој контекст приложува богат описен и илустративен материјал за моделите на машкиот костум и начините за негова изработка4, од што може да се констатираат различните културни влијанија и заемни процеси што се одвивале во оваа сфера од секојдневниот живот на населението од прилепско. Благодарение на неговите записи, како и врз основа на некои други материјали5, може да констатираме дека непосредно во самиот град опстојувале многу занаетчии, како што се: терзискиот, абаџискиот, ќурчискиот и кожарскиот еснаф, но и френските и азарџиските мајстори, кои паралелно изработувале облека - едните следејќи ги обрасците на ориенталниот костум, а другите француската мода, позната кај народот и како а ла – Турка и а ла – Франка. Паралелно со овие типови костими населението особено од руралните заедници продолжило да ги носи своите традиционални облеки, за што исцрпни сведоштва ни дава еден друг прилепчанец - Ѓорѓи Трајчев, кој во својот труд „Град Прилеп“ детално ги опишал текстилните занаети во градот и начинот на облекување на прилепчаните.6


Покрај овие материјали, значајни докази за начинот на облекување и промените во традиционалната носија на населението од овие региони ни даваат теренските истражувања, најголемиот дел од нив спроведени во 50-тите год. на минатиот век од страна на научните работници на Институтот за фолклор и на Музејот на Македонија. Во прилог ќе го посочиме искажувањето на селаните од Кривогаштани, Прилепско кои велат: „Машките кошули некогаш биле многу повеќе везени од женските. Тие биле „по тавросани“. Се везел корилот, предноците, па и ракавите (два-три прста). Се лозеле, поленеле и везеле шапки со заметушки, со ресулки, крфчиња и друго. Од „турско време“ почнаваме машките кошули слабо или сосема да не се везат.“7 Слична била состојбата и во Битола, како и во останатите делови од Македонија, каде од Илинденското востание, па натаму се забележува значителна редукција на везот и трансформација на носијата.


Промените што настанале како резултат на Илинденското востание и на Балканските војни биле манифестирани и во секојдневната женска носија, нејзината орнаментика и колорит. Особено значајно е што за многу кусо време од составот на невестинската носија целосно изчезнува сокајот, убрусот8, чалмата9, но и некој други украсни и облековни елементи, обележје на овој тип носија. Овие промени можеби најјасно може да ги проследиме во везовите од битолскиот регион каде, сè до 1915 год., женското население носело т.н. алска носија - именувана така според доминацијата на црвената – алова боја во колоритот на везот. По Балканските војни помладите жени од овој регион започнале да везат т.н. калеши кошули, во потемна црвена боја - позната и како винеста или ѓувезија, а своите постари алски кошули ги доносувале или им ги продавале на германски војници10. Во врска со ова една информаторка од с. Брусник, Битолско, вели: Германците купвеја руба за убави пари, па жениве се научија да продаваат алишта.11 Меѓу другите причини се наведува тешката и макотрпна работа за нивната изработка, како и високата цена за потрошениот материјал (арч). Во прилог на ова е искажувањето на една друга информаторка од истото село која вели дека тие повеќе на сакале да седат дома, како во турско, туку да бидат послободни, но и дека по војните нивните мажи, кои биле војници, веќе не ги бендисувале во старата алска носија. Поради сето ова калешите кошули, како и целокупната алска носија во овој регион се задржале сè до Првото бугарско12, односно до 1925 год., кога биле заменети со носија во која наместо црвената доминирала белата, т.е. црната боја.


Во еден кус периодот меѓу Балканските војни и крајот на Првата светска војна, најверојатно како резултат на тешките состојби и на недостигот од материјал и средства неопходни за нивна изработка (за аловните кошули арчот е скап)13, регистрирана е појавата жените од овој регион да носат кошули декорирани со бел вез т.н. бели кошули14, односно аплицирани (опточени) само со бел порабен вез и тегел15. Паралелно со оваа ново настаната состојба, во с. Буково жените започнале да носат кошули изработени со црн вез, по што овие кошули биле именувани како црни кошули. За кусо време оваа мода била прифатена и во другите села од Битолскиот и Прилепскиот регион, по што тие биле именувани како буковки или црно-буки кошули16 - везени по буковска мода17. Според искажувањата на информаторките од овој регион, во почетокот орнаментиката на овие кошули не се разликувала од постарите аловни или алцки кошули (од алцките кошули предземаа црни)18, но подоцна тие започнале да се изработуваат со поедноставен и поредуциран вез. Истите промени може да се проследат и во колоритот на женската марама за на глава гуган, кој од црвен бил заменет со црн, односно со бел вез. Притоа, младите жени носеле гуган изработен целосно со црн вез, а постарите црн гуган (оформен со ситен бел вез) и бели реси т.н. бела киска.19 Како една од причините за појавата на оваа мода е траорот, кој се јавил како последица на многубројните жртви и маки кои што народот ги доживеал во овој бурен историски период. Потврда за ова е појавата на повторно навраќање кон постариот тип алски кошули, веднаш по завршувањето на војните кога жените од овој регион започнале одново да ги изработуваат своите кошули со црвени, но сега веќе индустриски конци.


Слични процеси на промена на колоритот и трансформација на носијата се бележи и кај женското население од Прилепскиот регион, каде се до Првата Светска војна невестите се мажеле со алово руво.20 Позначителни промени во носијата и колоритот започнува од српско (околу 1920),21 со тоа што прилепчанките започнале исто како и женското население во битолско да носат кошули по буковска мода и за  разлика од нив, тие оваа носија ја задржале и во поствоениот период. Во прилог на ова ќе го цитираме искажувањето на една информаторка која вели: „Се што се прави за невеста - кошула, чорапи – целото руво се вика црнето. Дури и сегашната руба (1954), макар да е се со бело наклавана, падури и да е градски облечена невестата велиме: црнет вустан, црнети чевли итн.“22


По Втората Светска војна, изработката на кошули орнаментирани во везови полека започнал да замира во прилог на што е и сведочењето на информаторките од с. Единаковци, кои велат: „од партизаните наваму (1944) веќе не се вези. Но, за венчавање и сега девојките облекуваат „жолта кошула“ – „горноселска“.23 Дека станува збор за долготраен и континуиран процес ни потврдува и една друга соселанка која, бидејки се венчала во екот на Илинденското востание, била приморана нејзната венчална - црнета кошула да ја изработи со помал вез („комитите забраниле везови“), иако останатите 15 кошули од рувото и биле со поголеми везови („ракаи како корупки“).24 Слични се искажувањата на женското население и од с. Цер (Демир-Хисарско) кои во врска со овие забрани посочуваат дека „комитите ги засипваа со боја везените кошули како што играа на оро навестите. На чупите им ги зимаа од раце како што везеја, ќе им ги потуреа со боја и ќе го закоаа везот на црквената врата и ќе напишеа на која чупа е везот – чија черча везела вез.. потем забраната се криеа чупите за да везат- во визба, на чатија се качвеја. Ношва (ноќе б.а.) ги затвараа пенџерите со черги да не се гледа видело, а чупите да везат, зошто комитите шетаа и ношја“.25 Причина за овие забрани како што наведуваат тие била потребата од дополнителни материјални средства, што комити ги собирале од населението за потребите на востанието.


Процесот на трансформација и симплификација на народната носија, кој настанал како резултат на воените дејства и репрекусиите кои македонскиот народ ги преживувал во времето на овој бурен и траурен историски период, сведочи за нивната директна поврзаност и условеност. Промените кои настанале, негативно се одразиле и засекогаш го промениле не само традиционалниот бит на македонскиот народ, туку и начинот на облекување и изработка на носијата. Оттука, може да констатираме дека носијата со сета своја комплексност, како своевиден показател на половата, возрасната, обредната и социјалната компонента на македонскиот народ се јавува и како непосреден - нем сведок на едно изминато, историски бурно и траурно време.


Автор: Д-р Јасминка Ристова Пичичкова


1 К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884; Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001; Български
народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т. Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928; Вакарелски Х. - Д. ИвановÍ, ИсториÔ на
облÍклото, СофиÔ, 1941; Албум на Български македонски шевици, Райна Руменова, СофиÔ, б.г.; Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, СофиÔ, 1931; В. С.
Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник Скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179; В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског
научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208; С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368;
Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314; Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова
околина: историска, етнографска и културно-политичка излагања, Београд, 1930; Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001; Ј. Ф.
Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951; Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1929 и др.
2 Види: Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10. Скопје 1980, 27-127.
3 Исто, 63-122.
4 Исто, 122-127.
5 Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902; Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925 .
6 Ѓ. Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925, 21, 69, 357, 358-359, 361
7 Информатори од с. Кривогаштани, Прилепско, АИФ папка бр.37, рег. Бр. 208. теренски записи од А. Крстева, собрани на 10-13. 5.1953 г.
8 Како што вели една информаторка од с. Цер : Сега (1951 г. б.а.) во селото нема ниту еден убрус. Поминаа Евреи едно време и ги искупија. АИФ папка бр. 4, рег.бр. 84, теренски
истражувања собрани од М. Антонова, на 18.06.1951 г.
9 Информаторките од село цапари , Демир Хисарско, воопшто и не слупшнале за нив. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теремнски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.
10 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., Томе Димев Станков, род. 1898 г. и неговата жена, род. 1904 г., сите од с. Брусник, Битолско. АИФ папка бр. 2, рег. бр. 175.
11 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., с. Брусник, Битолско. АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175
12 Информаторка од с. Брусник, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.
13 Информаторка од с. Могила, Битолско АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.
14 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.
15 Информаторки од с. Драгош, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 173.
16 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.
17 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175, рег. бр. 188.
18 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.
19 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.
20 Ракавите на кошулата долги до под лактите и широки.Информаторка од с. Кривогаштани , Прилепско. АИФ, папка бр.39, рег. бр. 220, теренски материјал собран на 12,13, 14-11, 1954
од М. Антонова.
21 Фатија да носат друга мода, со покуси ракави – над лактите и тесни, како што се носат и сега од постари жени (б.а. 1954г.). Исто.
22 Исто.
23 Оваа кошула е слична на невестинските кошули од Демир Хисарскиот регион. Информатори: Марија Котева (1887 г.) и Милка Ѓореска (род.1914 г.) од с. Единаковци, Прилепско, АИФ папка бр. 37, рег. бр. 365. Теренски материјал собран од М. Антонов, на 21-22.3.1957
24 Информатори: Марија Котева (1883 г.). Исто.
25 Информатори од с. Цапраи, Демир-Хисарско. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теренски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.


Библиографија
К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884;
Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001.
Български народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т.
Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928.
Вакарелски Х. - Д. Ивановъ, История на облъклото, София, 1941.
Албум на Български македонски шевици, събрала и подредила: Райна Руменова, Издание на Македонскиот женски союзъ, София, б.г.
Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, София, 1931.
В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179.
В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208.
С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова околина: историска, етнографска и културно- политичка излагања, Београд, 1930.
Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001.
Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1992, 220-244.
Ј. Ф. Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951, 66-75;
Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10., Скопје,1980.
Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925.


Скратеници:
АИФ – Архива на институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје

Илустрации:
Сл.1 Селани од Буково - Битолско, фотографирани од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл. 2. Селани од Буково, Битолско, фотографирани од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.3 Мариовки на оро со војници во позадината, снимено на 27. 10 .1018 год. некаде во Мариово
Сл. 4 Деца со војник, фотографирани некаде во Битолско од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.5 Селани од Буково – Битолско, облечени по буковска мода со српски жандар, `20-30 год на 20 век
Сл. 6 4 Жени со деца, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле, од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.7 4 Семејство на селани, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл. 8 Семејство од с. Кривогаштани, Прилепско фотографирано за време на Втората Светска Војна – „за време на бугарско“
Сл.9 Машко оро, Прилеп, фотографирано за време на Втората Светска Војна

January 23, 2015

Поделбата на Македонија

На 18 октомври 1912 година Србија, Бугарија и Грција и објавија војна на Турција, а командантите на нивните врховни команди издадоа заповед воените единици, од албанските планини до Црното Море, да појдат во напад. Кога ќе се погледне наназад и ќе се проследи развојот на настаните, лесно ќе се заклучи: војната, всушност, започнала заради поделба на Македонија, сеедно што мотото на нејзиниот повод е завиткан во шарената лага за некакво "ослободување на Македонија!". Почетокот на Првата балканска војна го означи крајот на повеќегодишните договарања меѓу Србија и Бугарија како да се подели, пред сe македонската територија и некои други области над кои се ширела шепата на Турската империја. Имено, уште во октомври 1911 година Бугарија и ставила до знаење на Србија дека треба "што поскоро да се разберат околу територијата на Македонија, односно кој што ќе добие таму". Притоа, не станало збор за "спорните" територии, туку за оние што се "сигурни": Бугарија би се согласила на Србија да и припадне Скопје, а таа за себе да ги задржи Солун, Битола и Велес. На двете заинтересирани страни им одело на рака и тоа што Турција влегла во војна со Италија (октомври 1911 година). По повеќемесечни интензивни договарања, на 13 март 1912 година е потпишан (јавно) Договор за пријателство и сојуз, на кој му било додадено дополнување во вид на "таен анекс", чиј член 2 предвидувал, најдоцна по три месеци откако "со заедничка работа би се реализирале сите територијални придобивки", Србија да го признае правото на Бугарија на територијата источно од Родопите и реката Струма, а Бугарија на Србија правото на територијата северно и западно од Шара. Територијата, пак, меѓу Шар, Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро, доколку на овој простор не може да се формира автономија, со оглед на "интересите на српската и бугарската народност", и на "другите надворешни и внатрешни причини", би била поделена според линијата повлечена од Голем Врв (северно од Крива Паланка) до Охридското Езеро. Тогаш падна и српската изјава: "Ние сме готови на сè и ќе влеземе во секаква комбинација, со Бога или со ѓаволот ако притреба, за да ги решиме нашите животни интереси". А бугарската страна изјави: "Македонските Бугари беа изгубени за нашата кауза, бидејќи тргнаа по својот пат".

Веднаш потоа српско-бугарскиот сојуз бил проширен со Одбранбениот сојузнички договор меѓу Бугарија и Грција од 29 мај, меѓу Србија и Грција од септември, меѓу Бугарија и Црна Гора и Црна Гора и Србија, така што до почетокот на октомври 1912 година бил оформен Четворниот балкански сојуз против Турција. Во меѓувреме, пропагандните апаратури ја верглаа, постојано и настојчиво, потребата да им се помогне на "браќата христијани" во нивните настојувања да се ослободат од турското ропство. Не само што во ова поверуваа народите на соседните земји на Македонија, туку поверува, во еден добар дел, и самото македонско население.

Целата територија на Македонија била опфатена со воени акции. Силите на сојузниците, по неколкуте последователни победи над турската војска, ја окупирале Македонија и ја принудиле Турција на 4 декември, таа, 1912 година, да побара склучување договор.

Во борбите на сојузниците против Турците зеле активно учество и чети составени од Македонци. Така, Штабот што го организирала Врховната бугарска команда за организирање македонски чети и кој бил раководен од врховистите Александров и Протогеров, организирал и испратил во Македонија 44 чети, кои, заедно со 34 чети што дејствувале во самата Македонија, претставувале едно јадро од околу 1.500 македонски доброволци. Одредот, пак, на Јане Сандански имал околу 500 души и тој во Мелник, откако во него влегол Сандански со своите четници, воспоставил своја власт. Покрај четите со доброволци, Штабот на бугарската армија формирал и 12 бригади со доброволци, од кои 10 чисто македонски со 12.000 ополченци - доброволци. На тој начин во бугарската армија се бореле околу 14.000 Македонци. И Врховната српска команда формирала доброволни чети од Македонци - вкупно 30 со 400 доброволци. Помош на српската војска укажувале и други македонски чети, надвор од овие доброволечки. Така, на пример, четата на Петар Чаулев го прочистила патот до Охрид, влегла прва во градот и воспоставила привремена управа во него.

Постоеле доброволечки чети и во Грција, составени од Македонци и Власи од Македонија. Нивниот број не е точно утврден.

Меѓутоа, како по правило, од која и да е делба, некој мора да е незадоволен. Овојпат, тоа била Србија. Бидејќи во меѓувреме таа го загубила излезот на Јадранско Море, побарала компензација во Македонија по должината на реката Вардар. Бугарите тоа го одбиле. И Грција барала нешто специјално: правото на Солун и уште "нешто" од источните македонски територии. Бугарија го одбила и тоа. Тајно, Србија и Грција на 1 јуни 1913 година се договориле за заедничка акција против Бугарите. Ним им се придружила и Романија, која ја побарала Јужна Добруџа. Русија се обидела работите да се решат по мирен пат, додека, пак, Австро-Унгарија, држејќи ја страната на Буга-рија, работела на тоа страните да се скараат, а најновиот сојуз, кој, повеќе од очигледно, бил вперен против Бугарите, да се распадне. Потпирајќи се на поддршката на Виена, на 29 јуни 1913 година, бугарската војска ги нападнала своите довчерашни сојузници.

И оваа меѓусојузничка војна исцело се водела на територијата на Македонија. На 10 јули во војната се вклучила и Романија, а четири дена подоцна и Турција. Тоа било премногу за Бугарија: таа претрпела катастрофален пораз и под итно побарала примирје.

Победниците не сакале да ја испуштат шансата на Бугарија да и наметнат услови, кои на Балканот ќе "воспостават праведна рамнотежа". А под тоа подразбирале меѓусебно разграничување на сметка на Македонија, не водејќи притоа грижа за етничката, политичката и економската целост на територијата врз која почнале да ги кројат новите граници, по вторпат за неполна година. Во почетокот на август 1913 година во Букурешт е склучен Букурешкиот мир. Според него, целата "неспорна зона" и припаднала на Србија. Грција се утврдила во Солун и ја добила територијата на југоисточна Македонија. Бугарите го загубиле сè она што го добиле во Првата балканска војна од Турција, освен Источна (Пиринска) Македонија. Така и на тој начин заврши долгогодишното надмудрување околу македонскиот простор на великобугарските, великосрпските и великогрчките аспирации кон Македонија.

Она што се случувало за време на војните и по поделбата, најдобро говори за тоа до кои граници можат да стигнат националистичките и шовинистичките страсти. Во меѓусојузничката војна, на пример, гонејќи ја бугарската војска, Грците систематски ги палеле и гореле до темел сите македонски села, вршејќи притоа и масовни убиства. Тоа го направила грчката војска и кога влегла во Кукуш и кога ги зазела селата околу него: околу 400 старци и деца биле затворени во Домот за старци, каде што биле ликвидирани. Според однапред подготвените листи, во градот биле убиени неколку десетици истакнати Македонци. Специјално за тоа подготвени грчки единици уништиле 40 македонски села. Во селото Аканџели се собрале 4.000 бегалци од Кукушко. На 6 јули 1913 година во селото влегла една грчка воена единица и, наспроти тоа што била пречекана со бели знамиња, селото било запалено, а меѓу бегалците бил направен ужасен колеж - убиени 356 мажи, жени, деца, старци. Во Серез, грчката милиција уапсила околу 200 Македонци, кои потоа, постапно, биле ликвидирани со колење. Во градот Ингрита биле заклани околу 1.000 мажи.

Со ништо зад грчките злосторства не заостанувале ни бугарските војски и врховистичките чети. Во гратчето Докаст, населено со грчко и турско население, од 570 куќи тие изгореле 270 и убиле стотина луѓе. Наводно, одмаздувајќи се за искланото македонско население во Серез, тие од 6.000 куќи во овој град изгореле 4.000, кога повторно го зазеле градот, и масакрирале многу жители, главно Турци и Грци во овој македонски град. Воопшто, на подрачјето на јужна Македонија Грците изгореле околу 16.000 куќи, а повеќе од 100.000 Македонци тие денови со сила биле принудени да ги напуштат родните огништа и да избегаат во соседните земји.

Во пожарењето и убиствата ширум Македонија не заостанувале ни српските "ослободители": голем број села биле изгорени, при што биле убиени повеќемина нивни жители, а во Битола, Скопје, Штип и Гевгелија, српската војска, полицијата и четниците, извршиле масовни колежи.

Трагичните последици на Балканските војни не завршиле само со ова: огромен број бегалци од Македонија, принудени со закани и сила да ги напуштат илјадагодишните огништа, масовно бегале во Бугарија, Грција и Србија. Околу 112.000 бегалци се обиделе да најдат заштита во Бугарија, од кои 50.000 биле Македонци. Грција добила 157.000 бегалци, главно Турци и Грци, кои се населиле наместо избеганите Македонци. Околу 1.000 бегалци се населиле на македонската територија што ја окупирала Србија. На тој начин се случила дотогаш невидена драма на европскиот простор: околу половина милион луѓе станале бегалци во сопствената, македонска, земја!

Очигледно: на агресивните соседи им станало сосема јасно дека нивните со децении организирани пропаганди во Македонија не ги даваат очекуваните резултати и нема да ги дадат во иднина. Александар Белиќ уште во 1913 година подвлече: "На крајот им беше познато тврдењето на самите Македонци дека се подеднакво далеку и од Србите и од Бугарите...". Голем дел од македонската интелигенција размислуваше како Димитар Ризов: "Вистина е дека професорите во Гимназијата ни зборуваа дека сме Срби, како и на оние во Бугарската гимназија оти се Бугари, но ние во себе си мислевме, а тоа и дома ни го зборуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си Македонски Словени-христијани...". Кога е така, повеќе од јасно е дека Бугарија, Србија и Грција кренаа раце од пропагандата, и она што не го направија преку неа, се обидоа, преку двете Балкански војни, да го направат со оружјето. Димитрија Чуповски во своето гласило "Македонскиј голос", во Петроград, во тоа време ќе ја објави статијата "Македонија и Македонците", сериозен, значаен оглед за историјата на Македонија, со што се удрени темелите на современата македонска историографија. Во неа тој, меѓу другото, ќе рече: "На тој начин Македонија, во однос на Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора, се појавува како сојузник во сегашната балканска војна. Воопшто, во таа војна учествуваа повеќе од 100.000 Македонци, не земајќи ја предвид помошта од целото население што им ја укажуваше на сојузниците за своето ослободување. Правдата бара, кога веќе Македонија се бореше против Турците за својата слобода под паролата "Македонија на Македонците", и им помагаше во времето на сојузнштвото, тогаш треба и од Балканскиот сојуз, интересите на Македонија да се признаат и задолжително да добијат свое задоволување во вид на автономија. Во текот на речиси 20 векови македонскиот народ секогаш и при сите околности се стремел кон слобода и кон самостојност."

На 1 март 1913 година до Конференцијата на претставниците на големите држави во Лондон, заедно со географско-етничката карта на Македонија, што ја подготви Д. Чуповски, македонската колонија од Петроград испрати Меморандум за независноста на Македонија, на француски и на руски јазик. Во него стои и ова: "Европа е готова да ја направи истата грешка што ја направи во 1788 година. Наместо Македонија да се прогласи за самостојна држава, нејзините ослободители решија да ја разделат меѓу себе... Македонците го извојуваа правото на самоопределување и низ целата своја најнова историја... Сега во Македонија царува ужасен терор, слободата на сојузниците нема граници, никој од Македонците нема право да отпатува од Македонија во странство за да протестира кај европските држави. Кој ќе се обиде да го стори тоа, него или го убиваат или го ставаат в затвор. Војските на сојузниците ја опкружија цела Македонија со железен обрач. На македонскиот народ му е потребна: 1. Македонија во своите географски, етнографски, историски и економско-политички граници да остане единствена, неделива, независна балканска држава; 2. во најскоро време да се свика, врз основа на општо гласање, македонско народно собрание во Солун, кое подобро ќе го разработи внатрешното устројство на државата и ќе го определи својот однос со соседните држави."

Во петроградскиот весник "Славјанин" Д. Чуповски, под псевдонимот Управда, на 21 април 1913 година ќе ја објави статијата "Македонската држава", во која предвидува дека "... И покрај енергичното спротивставување на самите Македонци, делбата на Македонија ќе доведе несомнено до меѓусебна крвава борба меѓу сојузниците... Балканскиот Полуостров е премногу мал за да можат на него да коегзистираат неколку великодржавни идеи. Само во федеративна држава составена од сите балкански народи, во која мора да влезе врз еднакви права и неделивата, во внатрешните свои работи самостојна Македонија - само таквата федерација може да им обезбеди мирна коегзистенција и прогрес на балканските народи!"

Наце Димов Чуповски, братот на Димитрија, во брошурата "Политички преглед на Македонија и Македонците", отпечатена во март 1913 година во Петроград, ќе запише: "Македонскиот народ нема да се помири ни со оние што се стремат да му го одземат јазикот, обичаите и природниот стремеж да биде слободен стопан во својата куќа. Ете, ако Србите, Грците и Бугарите се откажат од тој стремеж, само тогаш Македонија ќе живее дружно со Грците и ќе остане вечен сојузник на Србите и Бугарите".

До владите и до општественото мислење на сојузничките балкански држави беше испратен и Меморандум на Македонците на 7 јуни 1913 година во кој "во името на природното право, во името на историјата", Македонците го ставаат на знаење до општествената јавност следново:

"Македонија е населена со еднородно население, со своја историја, па според тоа и со право на самоопределување. Македонија треба да биде самостојна држава, во своите природни граници македонската држава треба да биде одделна рамноправна единица на Балканскиот сојуз со своја Црква, што ќе се востанови на темелите на древната Охридска архиепископија". На крајот се предлага да се свика народно претставничко тело во Солун. Потписници на Меморандумот се членовите на најтесното раководство на Македонската колонија од Петроград, од каде Меморандумот е пратен.

Штитејќи ги сопствените интереси, големите сили во Париз (јуни - номеври 1919), наспроти очигледниот факт дека со поделбата на Македонија се черечат еден народ и една земја, ги потврдија одлуките на Букурешкиот мир од 1912 година, со мошне скромни измени.

На Конференцијата, македонското прашање, во оваа или во онаа форма, беше присутно во текот на целата нејзината работа. Пред Комитетот за нови држави постоеја три предлози според кои "најправедно" би требало да се реши горливиот проблем на Балканот: македонското прашање. Италијанската делегација на 10 јуни 1919 година предложила Македонија да добие статус на автономија во рамките на границите на Кралството СХС. Притоа би бил предвиден најголем степен на самоуправување, при што Македонија би добила автономно собрание, пред кое македонскиот гувернер би бил одговорен, безразлично што тој би бил поставен од југословенската влада. На спротивставување на француската делегација, Италијанците на наредната седница на Комитетот за нови држави го измениле предлогот за политичка автономија на Македонија и него го свеле на административна самоуправа, со централен совет во Битола. Француската делегација, штитејќи ги интересите на "своето чедо", Кралството СХС, категорично беше против каква и да е автономија на Македонија, предлагајќи македонското прашање да се разгледува заедно со прашањето за заштитата на малцинствата и дека општите ставови за проблемот и заштитата на малцинствата се доволна гаранција населението во Македонија да ужива слобода и заштита. Англичаните излегоа со свој предлог: во Македонија да се воведе посебна контрола од Друштвото на народите за да се зачуваат гаранциите против угнетувањето. Инсистирањето на Франција да се симне македонското прашање од дневен ред, завршило со ставот на нејзината делегација дека "Македонците немаат јасно дефинирана националност, а населението е поделено на партии, кои, со оглед на настаните, го менуваат својот карактер".

Штитејќи го барањето на Пашиќ, на новата држава, Кралството на СХС, да и се обезбеди "стратешка граница",

Франција, која, практично, одлучуваше за сe на Конференцијата се избори, без голем напор, да мине нејзиното гледање дека во рамките на Кралството СХС, а во согласност со општиот критериум за правото на малцинствата, населението во Македонија ќе може да биде заштитено.

И пред Конференцијата, и по неа, барањата на македонските друштва и на Македноците поединечно, упатувани до општествената светска и балканска јавност и до компетентните институции, беа постојани и драматични. Внатрешната револуционерна организација и прогресивните политички групи на македонскиот народ, на Мировната конференција во Париз покренаа две основни барања од посебно меѓународно правно значење, ќе истакне д-р Александар Христов. Прво, до Мировната конференција беше упатено барањето да се прифати делегацијата на ВМРО, која во името на македонскиот народ ќе ги изложи неговите легитимни интереси за решавањето на таканареченото македонско прашање и "склучувањето на меѓународните договори во кои се тангираат неговите витални и национални права" и барањето македонскиот народ да биде претставен на Конференцијата од страна на ВМРО, бидејќи историска вистина е дека само оваа Организација е вистинскиот претставник на македонскиот народ. Обраќајќи му се на Жорж Клемансо, претставниците на ВМРО особено подвлекуваа дека "македонската емиграција во Бугарија за време од 30 години создаде малубројна група на бугаризирани Македонци, кои не се посветија комплетно на интересите на својата родена земја, туку на Бугарија. Тие луѓе, кои, воопшто, се сомнителни и во двете татковини, кои се, како што велиме ние, нерешителни, предложија делегати на Конференцијата да бидат две личности, Тодор Александров и Протогеров, заколнати пријатели на Кајзерот и на Фердинанд и организатори на масакрот во Ниш!... Единствено од македонските друштва, кои ослободени од бугарските и други политички влијанија, лојално ја претставуваат цела Македонија, се револуционерните комитети на Македонците, собрани во формираната во 1893 година Тајна македонско-одринска револуционерна организација"

Припадниците на Серскиот револуционерен округ, во октомври 1918 година објавија Декларација за решавање на македонското прашање. Во четири точки тие го актуелизираат прашањето за македонска автономија и идното балканско братство. Тие, меѓу другото, побараа Македонија да се установи во нејзините географски граници и главно врз базата: Солун, Вардарска долина, Битола и Скопје, потоа, побараа територијално обновување на Македонија и, на крајот, Македонија да добие за себе, за народностите што ја населуваат и за своите балкански собраќа, најпогодна форма на управа, организирана по примерот на Швајцарската Федеративна Република.

Во Лозана на 15 декември 1918 година беше формиран Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија, кој во јуни 1919 година од Лозана испрати апел во кој нагласи дека Македонците не се аморфна маса ниту пак несвесна заедница, како што мнозина заинтересирани сакаат "да нè уверат во тоа". Генералниот совет побара на Македонците да им се даде неприкосновеното право на слободно самоопределување, а Конференцијата да донесе одлуки со кои Македонија ќе биде подигната на ранг на независна држава, со кантонална управа, по примерот на Швајцарија, под протекторат на една од големите сили, при што Македонија, еднаш слободна и независна, ќе послужи како соединувачка врска меѓу балканските држави. Во Апелот до македонскиот народ што на 9 март 1919 година го потпишаа поголем број македонски патриоти и јавни дејци, меѓу кои Ѓорче Петров, Петар Ацев, Туше Делииванов, Михаил Герџиков, Таско Серски, Александар Лозанчев, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов, Георги Скрижевски и други, стои дека "македонското население во својата целост стана жртва на една балканска политика, која надворешно имаше извесна национална оправданост, но која фактички, поради географската положба на Македонија, којшто и даваше цена само како на цела, се изрази во стремежите за насилни завојувања, кои го фрлија целото население... во катастрофално самоистребување и сега, искрвавено, разорено..., е исправено пред неопходноста да живее самостојно". Ова население, се подвлекува во Апелот, има право да бара владите на сродните балкански народи да ја "почитуваат Македонија како постојан и рамноправен фактор на Балканот".

ВМРО упати до бугарската влада Мемоар во кој се оспорува нејзиното право пред Мировната конференција во Париз да го застапува македонскиот народ. Привременото претставништво на ВМРО ја обвини бугарската влада дека "... се наоѓа кон насочување на својата политика..." кон фрлање на "Македонија во полна пропаст и во формално уништување". Привременото претставништво на ВМРО наедно го постави и прашањето: "Зошто бугарската влада има негативен став кон идејата за самостојна Македонија, кога таа е должна и таа идеја да ја прифати искрено и безрезервно, т.е. во нејзиниот чист облик?".

Серскиот револуционерен округ на ВМРО, кој стана непосреден следбеник на програмските барања на првобитната ВМРО за создавање македонска држава, објави Декларација во која тргнува од посебните интереси на македонскиот народ во конституирањето на македонската држава, при што истакнува дека македонското прашање "... не е работа на бугарската, грчката или српската државна политика", затоа што како народ тој има право сам да се грижи за својата судбина и за својата земја,,.

За жал, гласот на Македонецот големите сили ниту сакаа да го послушаат ниту го послушаа - поделбата на Македонија веќе беше свршен чин. Според неа Грција заграби најголемо парче: таа доби 35.169 квадратни километри територија од Македонија, Кралството на СХС 25.774, а Бугарија 6.798 квадратни километри. Разгромено беше и населението во Македонија: според неофицијалната статистика, тоа пред Илинденското востание броеше околу 2.500.000 луѓе, а по Париската конференција одвај ја надмина бројката од два милиона луѓе, поточно: 2.028.000 души, што значи војните и емиграциите го намалија населението во Македонија за 270.000 луѓе. Оваа несреќна статистичка слика беше највидлива во Егеј-ска Македонија: во овој дел на Македонија во 1896 година живееле 681.451 жител, од кои 354.406 Македонци, 68.000 Грци, 195.000 Турци и околу 66.000 други. На истава оваа територија во 1920 година бројот на населението беше сведено на 584.294 жители, при што македонското население изнесувало 307.643 или 46.763 души помалку, а грчкото 107.437 или 38.927 луѓе повеќе.

Попусти беа протестите, молбите, декларациите, меморандумите, личните обраќања на претставниците на македонскиот народ до Мировната конференција, до владите на големите сили, до соседите, на македонскиот народ да не се гледа како на "аморфна маса", туку да се цени "духовното единство" на Македонецот, Македонија да се подигне на ранг на "независна држава".Земјата и нејзиниот народ беа поделени грубо,нецивилизирано, надвор од нивните желби и интереси.

Извор: Македонско братство