Showing posts with label Кумановскиот крал. Show all posts
Showing posts with label Кумановскиот крал. Show all posts

November 25, 2012

Помирување на Јеген паша со Султанот

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ПОМИРУВАЊЕТО НА ЈЕГЕН ПАША СО СУЛТАНОТ

Додека Јеген паша ограбуваше и беснееше, приликитe во турското царство мошне се изменија.
Новиот султан Сулејман II мошне бргу успеа да ги придобие симпатиите на своите команданти и соработници, меѓу кои беше и Мустафа Ќуприли, кој уживаше целосна поддршка на новиот султан, кој подоцна го наименува за голем везир. Ќуприли со своите реформи успеа одново да го врати угледот и престижот на турската војска. Со укинување на извесни намети и со заведување на посовремена даночна политика, успеа на индиректен начин да го искорени ајдуштвото кое во најголем број случаи наидуваше на оправдување во неиздржливиот товар на разни намети и терор на одделни локални управници.

Новиот султан Сулејман II, зацврстувајќи се на престолот, почна да се подготвува за нова војна против Австрија. Лично самиот султан Сулејман II се стави на чело на армијата. На 25 април 1689 година тој пристигна во воениот логор во Едрене, а веќе на 6 јуни јаничарските единици тргнаа кон Софија, додека султанот со својата свита пристига на 26 јуни 1689 година.

Во новоформираната армија беа понудени високи функции и ветени големи награди на одметнатите бегови и големодостојници кои му пришле на Јеген паша. Еден по друг почнале да ги прифаќаат понудените функции напуштајќи го Јеген паша, кој одново останува осамен.

Во знак на помируваке, султанот Сулејмаи II исто така, и на Јеген паша му понуди команда над цела Србија и Босна и лично со таа понуда му упати и свое писмо. Оваа ласкава понула Јеген паша мошне радо ја прифати и веднаш потоа почна да собира војска за освојување на Белград, што Турците го загубија во септември 1688 година. Освојувањето на Белград му беше поверено на Сераскер Арап Реџап паша, и му беа приклучени, меѓу другите и единиците на Јеген паша како и на кримскиот кан Селим Гирај, на кого многу се сметаше во турскиот штаб. Кримскиот кан на почетокот беше спречен со борбите што ги водеше со рускокозачките сили, кои го нападнаа татарски Крим, а потоа откако се разболе, не можеше веднаш да ја изврши султановата наредба да се приклучи кон главнината на турската армија на Балканскнот Полуосгров. Со одлагањето на доаѓањето на кримските татари на канот Селим Гирај, на кои многу се полагаше, турските сили беа мошне ослабени.

Под влијание на околностите во тој процес и австриските сили беа мошне ослабени. Имено, од февруари 1689 година Австрија мораше да води „двојна војна“, зашто покрај војната со Турција, Австрија беше во војна и со Франција.

Во меѓувреме, ситуацијата се измени во полза на Турција. Русија беше поразена при нападот на Крим. Татарите, по успешно одбиениот напад на руско-козачките сили на Крим, можеа да дојдат на Балканскнот фронт против главниот турски непријател — Австрија.

Во моментот кога султанот Сулејман II ја започна офанзивата на Балканот, австрискиот цар Леополд I мораше да повлече добар дел од своите трупи од Балканот, за да ги упати истите против францускнот крал Луј XIV кој упаднал во Германија, а која беше во состав на австриското царство. Во тој период за нов командант на австриската војска на Балканот беше наименуван Марк-граф Баденски, на кого австрискиот цар му нареди да го разбие непријателот јужно од Белград: да го освои Ниш и потоа да се обиде да избие на Јадранско Море.

Се сметаше дека со тоа Босна ќе биде опколена и лесно ќе падне во рацетс на Австријците. Во моментот на свосто наименување за главен командант на Балканскиот фронт Маркграф Лудвиг Баденски имаше само 24 илјади војници, поради што по доаѓањето во Белград на 9 јуни 1689 година остана да почека засилување од Горна Унгарија, Трансилванија и Хрватска. (Корпусот на Пиколомини).

За тоа време — во текот на јули — август 1689 година — на Сераскер Реџеп паша непрекинато му се упатувани засилувања од Софија, при што му беше додадена и војската на Јеген паша, кој веќе се помири со султанот. Во тој момент Реџеп паша под своја команда имаше над 50 илјади луѓе. Проценувајќи ги силите на Австријците, не се впушти во борба, туку својот напад врз Австријците го одлагаше од ден во ден во очекување на нови засилувања, крстосувајќи низ Србија, додека неговите одреди ја пустошеа земјата ограбувајќи и убивајќи. Јеген паша кога со својата војска тргна кон Белград и веќе пристигна близу до Белград на големо изненадување на другите команданти и на самиот султан, едноставно го напушти фронтот и побегна во Смедерево, а потоа се повлече кон Ниш, ограбувајќи сè од ред — не се обѕираше дали се тоа христијани или муслимани. Од Ниш преку Пирот се упати во Софија каде што војската, верна на султанот, го пречека како предавник.

Дознавајќи дека султанот против него ги упатил своите најверни јаничари, кои добиле задача пред да стигнат на фронтот против Австрија, да го ликвидираат Јеген паша и да ја исчистат заднината од неговите одметници, заплашен од таа вест се повлече преку Кустендил кон Скопје, со намера да го заземе и на ајдучкн начин да се брани од султановата војска. Но, на негова голема жалост, кога беше на дофат на Скопје, дозна дека Скопје е во рацете на султановата војска. За да го избегне судирот со него, побегна на Косово и се засолни кај својот побратим Махмуд бег, кој единствено му остана верен. Со поддршка на Махмуд бег успеа да се утврди на Ново Брдо, од каде што ги продолжи своите ограбувачки акции во ајдучки стил, напаѓајќи ги трговските каравани и патниците кон минувале од таму.

Искорнстувајќи ја несредената состојба во турската војска, но бегството на Јеген паша од фронтот, Маркграф Баденски на 13 август 1689 година тргна кон Ниш. Во битката кај Граховац тој ја победи турската војска — коњицата, а на 30 август кај Баточина ја разби огромната војска и на самиот Сераскср Реџеп паша. Турската војска, иако помногубројна и многу понадмоќна, беше наполно деморализирана и почна да се повлекува кон Крушевац, Алексинац и Ниш. Значителен број од турската војска дезертира, откако претходно го ограби својот сопствен логор пред да падне во рацете на Австријците.

Со своите акции и постапки Јеген паша во заднината на турската војска создаваше збрки и забуни, што го олеснуваше напредувањето на Австријците и јакнењето на ајдучките акции.

Султанот Сулејман, добивајќи поразни извештаи од фронтот, како и за акциите на Јеген паша кои се закануваа да го предизвикаат општо распаѓање, нареди да се преземат итни мерки — Јеген паша да се ликвидира по секоја цена. Со таа намера за командант на скопската област беше наименуван познатиот Арап Реџеп паша. Јегеп паша беше прогласен за противннк на „светата вера“ и против него беше поведена „света војна“ (нефирием).

Бегајќи пред војската на Арап паша, Јеген паша почна да се крие во планините, од каде што успеа да се префрли преку Галичник и да се улогори во околнната на Охрид — далеку од правецот на движењето на турската војска, која одеше на фронт против Австријците. Пристигнувајќи во Охрид, прва акција му беше да ја ограби Охридската архиепископија.

Продолжува

June 24, 2012

Карпошовата заклетва

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

КАРПОШОВATA ЗAKЛETBA

Враќајки се во есента 1688 година од својот поход во Македонија и Метохија, Јеген паша логоруваше во Куманово. Оваа прилика турското население ја искористи на Јеген паша да му се пожали на ајдуците. Сослушувајќи ги Јеген паша праша: кој е ајдучки водач и од каде е. Откако му ги раскажаа сите подробности за Карпош и за неговата фамилија, Јеген паша реши да го продолжи својот престој во Куманово со намера да ги уништи Карпош и неговите чети, кои беа мошне намножени.

Како прв потфат во таа акција Јеген паша испрати свои луѓе во селото Војник. Откако ги фатија карпошовиот татко и чичко, ги преведоа кај Јеген паша. По негова наредба беа јавно погубени „за пример“ на другите.

Во тој период Карпош се наоѓаше во близината на градот Радомир, подготвувајќи логор за зимуване, каде што имаше намера таа зима да ја мине со своите најблиски соработници. Кога слушна за злосторството на Јеген паша, над неговиот татко и чичко, уште истиот ден го напушти веќе подготвениот логор и со своите луѓе тргна по правец на селото Војник. Од куќата на неговиот татко останал само пепел. На остатоците од куќата во која се родил Карпош ја изрече следната свечена заклетва:

„Се колнам дека во борба за слобода на својата земја и на својот народ ќе ги осветам убиениот татко и чичко со крвта на главниот крвник Јеген паша“.

Продолжува

June 22, 2012

Заговор против Султанот

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ЗАГОВОР ПРОТИВ СУЛТАНОТ

Поразот на турската војска пред Виена влијаеше мошне многу да опадне угледот и престижот на султанот Мехмед IV. Одделни војсководци и важни големодостојници го обвинуваа султанот за погрешна политика и за многу други слабости во Царството. Тоа даде повод за ковање заговор против слутанот Мехмед IV со намера да го соборат од престолот.

Заговорниците, меѓу другите, се обидоа да го вовлечат во заговорот и Халеп Јеген Осман паша, кој, за разлика од другите команданти, се прослави при повлекувањето по поразот кај Виена. Тој имаше задача да го штити левото крило на турската главнина. Поради своите смели акции, што внесуваа полет и го креваа разнишаниот морал на турската војска, беше забележан како надарен и способен командант. Со негова заслуга беше спасен огромен плен и многубројни робови.

Јеген паша, дознавајќи за заговорот против султанот Мехмед IV што го коваа неговите противници, тој му го откри заговорот на султанот. Како надомест за верноста султанот Мехмед IV го наименува за командант на јаничарските единици, кои под негова команда ги убија речиси сите заговорници. По таа успешна акција султанот Мехмед IV му ја даде најстарата ќерка за жена и истовремено го наименува за беглер бег на Румелија — една од најголемите и најважните покраини на Балканот со седиште во Софија.

Co колежот на заговорниците против султанот Мехмед IV, како и со назначувањето на Јеген паша на така висока функција, не се изменија приликите во Турција. Незадоволството против султанот Мехмед IV од ден во ден стануваше сè поголемо. Одново почна да се размиалува со преврат да се собори од престолот султанот Мехмед IV.

Во 1687 година, одново беше организиран заговор против султанот со истата цел. Овој пат беше организиран со многу поголема претпазливост и многу подобро од претходниот. При превратот беше убиен султанот Мехмед IV, а на негово место беше доведен за султан Сулејман II.

Еген паша не ги прифати промоните па престолот. Румелија ја прогласи за независна од централната власт во Цариград. Бунтот на Јеген паша создаде уште поголем хаос во Турското царство. Неговата постапка имаше мошне голем одек во целото Царство, со што беа разнишани и самите основи на Турското царство во периодот од 1687 до 1689 година.

Од Цариград беа упатени повеќе казнени експедиции против Јеген паша, што тој секогаш успеваше да ги разбие и повеќето луѓе од тие експедиции да ги придобие за своето дело. Многу офицери и разни големодостојници кои му останаа верни на султанот Мехмед IV, му приоѓаа на Еген паша, создавајќи на тој начин едно мошне силно упориште на Балканот против централната власт во Цариград.

Почувствувајќи се апсолутен господар во Румелија, во својство на одметник од престолот, откако наполно го уништи авторитетот на турските власти, укинувајќн ги сите законски гаранции и права на граѓаните, почна да ограбува сè од ред; не ги почитуваше ни аџиите кон одеа или сс враќаа од аџилак. Неговите банди навлегуваа и во други области: мошне често допираа дури до Скопје, Призpeн и Пеќ. Во еден од тие ограбувачки походи но 1688 година учествуваше и самиот Јеген наша. Притоа стигна и до Пеќката патријаршија. Патријархот Арсинија III го уцени со 30 кесиња чисто злато. Иако му беше неплатена бараната сума, не ги поштеди животите на неколкумина калугери и многубројни селани. Скрнавењето на ова христијанско светилиште предизвика мошне голем револт кај христијанското население и кај самнот патријарх Арсенија III, што придонесе уште повеќе да се прошири и онака веќе мошне силното ајдучко движење и неговото прераснуваше во востаничко движење.

Продолжува

June 19, 2012

Состојбата во Турција по поразот кај Виена

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

СОСТОЈБАТА ВО ТУРЦИЈА ПО ПОРАЗОТ КAJ ВИЕНА

По турскиот неуспех и по поразот кај Виена, речиси во целото турско царство завладеа општо распаѓање. Австриските трупи триумфално навлегувале во турските провинции со векови потчинети на турската власт. Речиси без никаков отпор на турската војска Австријците ги освојувале градовите и селата и насекаде се прифаќани како ослободители. Турскиот воен пораз се претвори во воено политичка катастрофа. Турското царство преживувало најголема криза од своето настанување. Се очекувало дури целосен слом на турската војска и распаѓање на царството. Последиците од поразот кај Виена се почувствувале и во Македонија. Таквата состојба била мошне погодна за ајдукувања, што му дало можност на Карпош да ги зацврсти и зголеми своите одреди. За разлика од поранешното ајдукувањс, Kapпoш завел мошне строга дисциплина во своите одреди, заснована врз принципите на војничко уредување, и со една повисока цел — да ја брани правдата и да ги штити интереситс на својот народ. Кога завршил со органнзацијата на своите одреди, Карпош почнал да склучува соујзи со другите ајдучки водачи, што ги имало речиси во сите македонски планини. Со таа цел ја посетил Пирин Планина, каде што извршил спојување на своите одреди со ајдуците од Петрич. Џумаја и Ќуcтендил. Потоа преку Штип се префрлил до Битола и Охрид, а потоа минал во Егејска Македонија пристигнувајќи се до Лерин и Костур, за потоа да се врати преку Галичник и Тетово на Шар Планина, од каде што пошол до Качаник, Урошевац и Сува Река.

Угледот на Карпош раснел од ден во ден. Напатениот народ и јатаците го прифатиле со воодушевување и му ја давале сета можна поддршка. За Карпош се зборувало не само во Скопје и Македонија, туку вестите за него допирале дури и до мошне оддалечениот Цариград. За неговите подвизи почнале да кружат најразлични легенди и да го опеваат во песните.

Од материјалите на цариградските архиви јасно може да се заклучи дека Карпош не бил обичен ајдук — ограбувач, туку водач на еден поробен народ. Неговите чети, покрај нападате па разни турски каравани, воделе и многубројни други акции како што се помагање на сиромасите, казнување на разни богаташи, заштита на селаните од насилните бегови, заштита на честа на жените и ќерките од насилниците и слично. Поради сите тие хумани акции Карпош и неговите луѓе биле сесрдно помагани од поробеното селско население. Освен тоа, Карпош, на територијата што ја држеле неговите луѓе, им наметнал данок на рудниците, па закупциге и на богатите трговци. Тие пари се користени за изградба на воденици, патишта, цркви, па дури се плаќани учителите и поповите, што сето тоа говори за добро организирана сила која Карпош ја претставувал, како и дека сите тие акции биле инспирирани со една повисока цел — создавање основа за една идна држава, која треба да настане од урнатините на турското царство.

Карпошовите чети дејствувале од Петрич во Пиринска Македонија, преку Вардарска Македонија па сè до Лерин и Костур вo Ereјска Македонија. Благодарејќи на нивната организираност, на заштитата на народот од неправдата, на борбата против насилните бегови. одземањето на турските имоти, помагањето на сиромасите и поради многубројните други хумани акции, Карпошовата слава мошне бргу се ширела во цела Македонија. што сериозно почнало да ги загрижува турските власти.

Увидувајќи ја опасноста од Карпошовите добро организирани чети и сестраната поддршка на подјармениот народ, турските власти организирале повеќе акции да го уништат. Испраќани се многубројни казнени експедиции со широки размери за што сведочи и прочуениот турски патеписец Евлија Челебија. Опишувајќи го градот Петрич во Пиринска Македонија, во тој опис дословно вели:
...„Во ова гратче не можат да живеат чесни луѓе поради многуте ајдуци, кон се симнуваат од планините. Поради нив многу имоти останаа необработени. Во последно време толку се намножиле нивните напади така што софискиот беглербег Мелак Ахмед паша, во заедница со уважениот Халид паша, презеде повеќе казнени експедиции. Предводејќи ја потерата со повеќе од 10.000 вооружени луѓе, ги гонеше неверните ајдуци. Наши хајки секојдневно крстосуваа по шумите; понекогаш одвај би успеале да фатат десетина ајдуци — неверници, кои најчесто јавно се бесени во Петрич, Ќустендил и Дупница, или дури и во Софија“.

Скопскиот беглер бег во својот извештај во Цариград, меѓу другото, пишува:
„... Ајдукот Карпош, ниедна, па ни најдобро организирана потера не успеја да го стигне и да го унншти, за што селаните — христијани во сите села го штитат...“

За одмазда, во бес поради неуспехот во тие потери, Турците на најсвиреп начин го казнуваа недолжното население. Во еден од документите на Цариградскиот архив стои напишано:
„Во една акција против ајдуците во Битолската нахија беа запалени 40 христијански села, зашто го поддржуваа ајдукот Карпош“.

Во еден друг документ, што се однесува на воденскиот и костурскиот крај во Егејска Македонија, се говори за групите и четите на „проклетиот ајдук Карпош“, кои господарат во тие области.

Продолжува

June 16, 2012

Во рудниците - 18 часовен работен ден

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ВО РУДНИЦИТЕ — 18 ЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН

Турците, за да соберат што повеќе пари за водење на големата војна против Австрија, која била на повидок, покрај нови давачки и даноци на христијанското население, завеле и еден нов начин за добивањс на пари. Имено, почнале да издаваат под наем разни имоти, рудници па дури и ковачници па пари. Закупци во поголем дел биле богати Грци и Евреи. Овие, за да би извлекле што поголем профит, се служеле со најнечисти средства. Ги потплатувале посредниците, почнувајќи од најобичните војници тa се до самите бегови и паши. Овие за возврат им давале целосна власт над населението. За што побрзо да се збоготат воведе 18 часовен работен ден но рудниците. Покрај мажите морале да работат и жени и деца, што го потврдува еден од записите на прочуениот патеписец Евлија Челебија, кој гласи: „Кога дојдов во Пробиштипските рудници, кои важат за најбогатите, видов во една градина како една баба ниша над 70 лулки; ми објаснија дека се тоа деца на рударите чии татковци и мајки работат во рудникот".

Карпош, во својство водач на една група мартолози, добил задача да го обезбедува караванот, кој пренесувал сребро од рудниците во Пробиштип за ковачницата во Кратово. Еден од закупниците на рудникот — наречен Грк Механџија со уште двајца Турци — надзорници тепале една постара жена и двајца рудари. Карпош кога ја видел таа глетка го запрашал Механџија зошто ги тепа тие луѓе. На тоа Механџија остро му одговорил: „Што тебе тоа те интересира“. Поради тоа дошло најнапред до кавга, која потоа се претворила во тепачка. Во таа тепачка биле убиени Гркот — Механџијата, Турчин — надзорник. Тој инцидент предизвикал општа збрка во рудникот, која потоа се претворила во отворен бунт.

На Карпош, покрај неговите мартолози, му се придружиле и сите присутни рудари. Предводени од Карпош, тргнале кон зградата на управата на рудникот. Откако ги избркале стражарите и другиот персонал на управата, го собрале сето оружје и заедно со целиот товар сребро отишле во планината, формирајќи на тој начин своја нова ајдучка дружина од неколку стотици рудари.

Продолжува

June 13, 2012

Бегство од рудникот

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

БЕГСТВО ОД РУДНИКОТ

За да ја одбегне одмаздата на турските власти кои беа немилосрдни кога се работеше за убиство на еден турски функционер, Карпош, откако се прости од жената и двете малолетни дена, исчезнал без трага. Се до 1680 година ништо не се знаело за него. Се претпоставува дека Карпош тоа време го минал во Влашка, работејќи најразлични работи. Кога во есента, таа 1680 година, се вратил во сслото Војник во куќата на својот татко Митре, каде што по неговото бегство од рудникот се засолннле неговата жена Калина и двата сина, имал намера одново да отпочне мирен живот во кругот на своето ссмејство. И, додека еден ден Карпош седел во воденицата на својот татко и го планирал својот иден живот, неочекувано наишле неколку Турци поради наплатување на данок и на разни други давачки. Кога влегле во воденицата Карпош не се поместил од своето седиште. Навикнати на сервилност и рајата да им се поклонува, еден од нив, навреден поради неговото невнимание, му се обратил со зборовите:
— Зошто ти накинџурен ѓаурине не стануваш кога наидува Турчин?!...
— Зошто да станувам? — му одговорил мирно Карпош.
На тој Карпошов одговор Турчинот замавнал со камшикот удирајќи го преку рамо. Разлутен Карпош со еден удар со тупаница го онесвестил чаушот — Турчин. Во тој момент во воденицата влегувал и бегот. Гледајќи го испружен на земјата во бесвесна состојба својот чауш, бегот го извадил пиштолот, но Карпош успеал да го совлада и да му го земе оружјето.

Плашејќи се од беговата одмазда, Карпош уште истиот ден избегал во шумата во околината на Страцин.* Во пролетта 1681 година Карпош отишол во Осоговските планини каде што се сретнал со поголем број рудари — одметници, со кои ајдукувал цела 1681 и 1682 година — сè до пролетта 1683 година. Таа година султанот Мехмед IV ги отпочнал подготовките за освојување на Европа. За оваа голема војна вршени се грандиозни подготовки. Во согласност со тие подготовки им е дадена амнестија на многу затвореници и на сите оние ајдуци кои би се покориле на турските власти. Карпош жеден за мирен семеен живот се одзвал на овој повик и, заедно со својата чета, слегол од планините и започнал мирен живот меѓу своите. Турците го одржале ветувањето во врска со амнестијата. И него и неговите бивши ајдуци Турците ги оставија па мира, сè додека еден ден кратовскиот бег не го повикал на разговор. По еден исцрпен разговор, бегот, ценејќи ја Карпошовата храброст и вештината со ракувањето со оружје, му понудил место на мартолоз. Тоа, впрочем, бил чест случај во тоа време. Кога Турците не можеле да скршат некој попознат ајдук, биле готови да го амнестираат и да го примат во својата служба, за на тој начин да го одвојат од ајдучките акции и да го неутрализираат и, евентуално, да го натераат и самиот да ги прогонува ајдуците. Тоа не било само турски обичај. Co тој начин се служеле и Венецијанците и Австријците и се применувал во многу случаи и во XIX век.

Мартолозите биле посебен вид војска — еден вид селска милиција. Во нејзин состав можеле да бидат и оние кои не се муслимани. Имале право да носат оружје; во почетокот им давале ладно, а подоцна и огнено оружје. Нивна задача била да ги чуваат селата, поважните патишта, мостовите и други објекти од важност. Мошне често се употребувани и за борба против ајдуците.

Карпош, иако ги мразел Турците, ја прифатил спомнатата понуда на кратовскиот бег и така станал мартолоз.

Продолжува

* Во тој период Страцин и блиските предели биле под густа шума што Турците подоцна ја исекле, за на тој начин да го оневозможат ајдукувањето во тие предели низ кои минувал царски друм. Истиот водел од Цариград преку Софија, Ќустендил за Куманово. каде што се двои во правец за Скопје и Ниш. Овој факт за сечењето на шумите околу Страцин го потврдил и Ј. Цвијиќ, за време на проучувањето на Балканскиот Полуостров.

June 12, 2012

Заминување од татковата куќа

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ЗАМИНУВАЊЕ ОД ТАТКОВАТА КУЌА

Долго таа вечер Карпош не можел да заспие, размислувајќи за настанот што се случил тој ден, и за многубројните други злосторства на Турцитe за кои таа вечер дознал од својот татко. Како резултат на тоа размислување, кај него созреала одлуката која утредента му ја соопштил па својот татко со зборовите:

— Сакам да отидам од селото, бидејќи не сакам деноноќно да работам, како ти и другите селани, за некаков бег!

Сите убедувања на неговнот татко останале без ефект. Карпошовата одлука да оди на печалба била дефинитивна и неотповиклива.

Првото негово вработување надвор од татковиот дом било во селото Коњух, блиску до Кратово, кај некој богат селанец Киро. Кај газдата Киро работел најразлични работи. Бил мошне вреден и внимателен. Кога имал 18 години, Карпош се загледал во ќерката на газда Киро, Калина, која имала 17 години. Наскоро меѓу Калина и Карпош се родила љубов. Кога Калина му соопштила на Карпош дека очекува негово дете, тој ја побарал од нејзиниот татко. Газда Киро не сакал ни да слушне за тој брак и, изненаден од дрскоста на својот слуга, му одговорил:
— Зарем ќерката на газда Киро да се омажи за слуга? ... Не, никогаш!... Додека јас сум жив тоа нема да се случи! Ти барај за себе девојка меѓу оние кои се еднакви на тебе. A јас на Калина ќе ѝ најдам маж кој на неа и одговара!

После ваквиот став на газда Киро, на Калина и на Карпош ништо друго не им преостанало туку да бегаат од селото.

За да може да ги издржува жената и детето, кое било на пат, Карпош се вработил во кратовскиот рудник Згура. Карпош мошне брзо се прилагодил во новата средина и успешно ги извршувал тешките рударски работи. Наскоро си изградил куќичка со мал овоштарник и започнал среќен семеен живот со Калина и синот Димитар, кој им се родил по бегството од куќата на газда Киро.

Благодарејќи на својата сила и интелигенција Карпош мошне брзо се истакнал и станал рудар — предводник. Особено се истакнал и стекнал мошне голем углед меѓу рударите, кога се случила несреќата во рудникот со уривање на главното окно, во кое биле затрупани повеќе од 200 рудари.

Карпош со својата несебичиост и голема пожртвуваност успеал да спаси најголем број од затрупаните рудари. што уште повеќе го подигна неговиот углед и авторитет меѓу рударите, кои го прогласиле за неофицијален претставник на сите рудари во тој крај.
Покрај мажи во рудникот морале да работат и жени. Еден ден, кога Карпош со другите рудари се подготвувал за заминување по завршеното работно време, слушнал слаби извици за помош. Кога пошол на местото од каде што доаѓал повикот, Карпош видел на земјата млада жена која надзорникот — Турчин сакал да ја силува. На Карпошово барање насилникот да ја пушти и да ја остави на мир, надзорникот го извадил револверот, но Карпош го испреварил. Удирајќи го со парче руда по главата го усмртил.

Продолжува

June 10, 2012

Потеклото на Карпош

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ПОТЕКЛОТО НА КАРПОШ

Најновите истражувања за животот, делото и херојската смрт на Карпош, внесуваат нови светлини. Врз основа на тие истражувања, животниот пат на Карпош може да се реконструира на следниот начин:

„Во селото Војник, блиску до Куманово, живеел со својата жена Бојана воденичарот Митре. Точно на Нова година т.е. на 1 јануари 1655 година им се родил синот првенец, кого на крштевката му дале име Петар. Петар, окружен со нежноста и љубовта на своите родители, растел и се развивал во мошне напредно момче. Уште во своето најрано детство се истакнувал меѓу своите врсници. За своите години бил мошне крупен и развиен. Во својата десетта година изгледал како вистинско момче. Покрај другите работи, тој мошне често му помагал на својот татко во воденицата.

Воденицата на неговиот татко често ја посетувал некој Грк — трговец, кој тргувал со Митре. При една од тие посети Карпош (Петар) се наоѓал во воденицата, помагајќи му на својот татко при наместувањето на воденичкиот камен. Гркот — трговец изненаден од силата на момчето го запрашал Митре:
— Чие е ова вака силно момче?
— Мое, — одговори гордо Митре!... — Има само десeт години и името му е Петар.
Гркот воодушевен од силата на Петар, притоа додал:
— Баш како да е скршен од карпа, а и името сосема му одговара, бидејќи на старогрчки Петар значи камен — односно карпа.
Забелешката на Гркот — трговец за силата на Петар била прераскажувана во селото, па така малиот Петар го нарекле Карпа, од што подоцна произлезе неговиот надимок Карпош.

Кога Карпош имал 15 години, на Гурѓовден 1670 година, во црковниот двор (манастирот Свети Горѓи во Старо Нагоричане) селаните го прославувале овој христијански празник. Покрај другите, на таа прослава бил и Карпош со своите родители.

Кога прославата била во полн ек неочекувано пристигнале вооружени Турци — арачлии. Злобните Турци, откако го растуриле свечениот црковен собор, ги построиле присутните селани, а тие наседнале покрај свечено подготвената трпеза. И, откако се најале и напиле со сè она што било подготвено за селаните, почнале да ги повикуваат еден по елен присутните домаќини, одредувајќи за секого од нив нови давачки и даноци. На Карпошовиот татко му одредиле на бегот да му дава половина од собраниот уем во воденицата. Сето тоа Карпош го посматрал од крај со стегнати тупаници. Таа вечер Карпош долго разговарал со својот татко за тој грабеж, за она што било стекнато со пот. Откако се наслушал за многубројните турски зулуми во нивното село и во другите краишта, отишол на спиење.

Продолжува