June 16, 2012

Во рудниците - 18 часовен работен ден

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ВО РУДНИЦИТЕ — 18 ЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН

Турците, за да соберат што повеќе пари за водење на големата војна против Австрија, која била на повидок, покрај нови давачки и даноци на христијанското население, завеле и еден нов начин за добивањс на пари. Имено, почнале да издаваат под наем разни имоти, рудници па дури и ковачници па пари. Закупци во поголем дел биле богати Грци и Евреи. Овие, за да би извлекле што поголем профит, се служеле со најнечисти средства. Ги потплатувале посредниците, почнувајќи од најобичните војници тa се до самите бегови и паши. Овие за возврат им давале целосна власт над населението. За што побрзо да се збоготат воведе 18 часовен работен ден но рудниците. Покрај мажите морале да работат и жени и деца, што го потврдува еден од записите на прочуениот патеписец Евлија Челебија, кој гласи: „Кога дојдов во Пробиштипските рудници, кои важат за најбогатите, видов во една градина како една баба ниша над 70 лулки; ми објаснија дека се тоа деца на рударите чии татковци и мајки работат во рудникот".

Карпош, во својство водач на една група мартолози, добил задача да го обезбедува караванот, кој пренесувал сребро од рудниците во Пробиштип за ковачницата во Кратово. Еден од закупниците на рудникот — наречен Грк Механџија со уште двајца Турци — надзорници тепале една постара жена и двајца рудари. Карпош кога ја видел таа глетка го запрашал Механџија зошто ги тепа тие луѓе. На тоа Механџија остро му одговорил: „Што тебе тоа те интересира“. Поради тоа дошло најнапред до кавга, која потоа се претворила во тепачка. Во таа тепачка биле убиени Гркот — Механџијата, Турчин — надзорник. Тој инцидент предизвикал општа збрка во рудникот, која потоа се претворила во отворен бунт.

На Карпош, покрај неговите мартолози, му се придружиле и сите присутни рудари. Предводени од Карпош, тргнале кон зградата на управата на рудникот. Откако ги избркале стражарите и другиот персонал на управата, го собрале сето оружје и заедно со целиот товар сребро отишле во планината, формирајќи на тој начин своја нова ајдучка дружина од неколку стотици рудари.

Продолжува

No comments: