Showing posts with label Илинден. Show all posts
Showing posts with label Илинден. Show all posts

December 17, 2019

Груев „Волјата на револуционерна Македонија“

Ристо Дамјановски

Во историјата на секој народ постојат личности што го симболизираат своето време, што претставуваат меѓник на цела една епоха. Тоа се луѓе достојни за почит и вечна слава од поколенијата. Таква личност е Дамјан Груев, еден од врвните апостоли и раководители на македонската националноослободителна и револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Не случајно тој е наречен „Волјата на револуционерна Македонија“. Таа волја е олицетворена во неговото учество при формирањето на МРО во Солун, на 23 октомври (стар стил) 1893 година. Таа волја е изразена во неговото претседателствување со Смилевскиот конгрес (2-7 мај) 1903 и со неговото раководно и командно учество во Илинденското востание. Таа волја се отсликува и по востанието преку силниот ангажман во заздравувањето на Организацијата, со учеството на Прилепскиот подвижен конгре (1904) и со претседателствувањето на Рилскиот конгрес (октомври 1905). И се' така до оној кобен декемвриски ден (23) од 1906 година, кога во нерамна борба со турска потера самиот си го докрајчува животот кај месноста Петлец с. Русиново, Беровско.

Меѓу раѓањето и смртта на Дамјан Груев минаа само 35 години, а придонесот е вековит за македонскиот народ. Загинува во време кога можеше најмногу да придонесе за исполнување на неговиот сон, да ја види Македонија слободна и да ги оствари желбите на повеќе генерации македонски борци за самостоен и пристоен живот. И не е случајно што големиот бугарски поет Иван Вазов во една песна ќе ја изрази својата огромна почит и жал за загубата на големиот македонски револуционер, споредувајќи го со бугарскиот национален великан Васил Левски: „О, Македонијо, ти го губиш својот Левски, својот најверен син, својот најсилен меч!“ Се прашуваме од каде потекнувал тој неизмерен вруток на волја и енергија во една личност, за во еден толку ограничен живот да оствари толку врвни постигања. Затоа Дамјан и Илинден се нештата што нѐ обединуваат, независно од противречностите што ги наметнува животот на социјален, материјален и духовен план. Нему, во вистинска смисла на зборот, Македонија му беше сѐ! Тој во својот приватен живот бил самотник, аскет и борец за идеали. Личните задоволства за него се нешто туѓо и неспоиво со револуционерната дејност. Тој со макотрпно чекорење низ многубројните животни крстопати ќе го искажува своето нераскинливо чувство и својата желба за оддолжување кон сопствениот народ. Во деновите на својот најголем револуционерен разгор ќе преземе подолга турнеја низ Македонија за да ги обеснажи врховистичките сили. Тој на своите соработници често им говорел: „Мене местото ми е овде кај народот... и ете, ќе го бранам до последниот мој здив и куршум. Треба да се одвикнеме од робувањето. Македонското име е славно и нашите дедовци се големи. Слободата ќе ја добиеме со борба „Слободата е голема работа, но бара големи жртви. Само со неа ќе го заштитиме македонскиот народ од робувањето, од асимилацијата и од исчезнувањето како народ“.

Роден е во револуционерното демирхисарско село Смилево на 19.1.1871 година, во семејство на ѕидари-печалбари. Се школува во Битола, Солун, Белград и во Софија. Идејата целосно да му се посвети на македонското ослободително дело доаѓа до израз за време на неговите студии во Софија кога со група студенти Македонци цврсто решиле по завршувањето на студиите сите да се вратат во Македонија, во која имало големи потреби од образовани луѓе. Така, Даме заминува за учител во своето Смилево. Потоа бил преместен во Битола, Прилеп, а од 1894/95 година бил учител во штипско Ново Село. Таму доаѓа до првата средба меѓу Дамјан Груев и Гоце Делчев и нивното заколнување пред традиционалните симболи - Библија, кама и пиштол. Тие во слога и соработка ќе станат идеален тандем што дејствува беспрекорно, се' до пролетта 1903 година. Дамјан и Гоце откриваат дека се слични души, со исти цели и во името на македонската револуционерна борба се побратимуваат. Дамјан со аналитичен ум, спокојство и такт, реалистичен и при најкомпликувани ситуации, Гоце смел во одлуките, буен во занесот и фантазијата, со богатство идеи, стануваат двигатели на Организацијата.

Во учебната 1895/1896 година Дамјан Груев станал егзархиски училиштен инспектор во Солунско. Тоа му овозможило да дејствува слободно и во интерес на организацијата. Меѓутоа, Дамјан набргу бил накодошен дека бил организатор на ученичките бунтови во повеќе градови во Македонија и човек што се занимавал со бунтовничка дејност, поради што добива отказ од службата. Заминал кај егзархот Јосиф во Цариград за лично да се пожали на неправилно донесената одлука. Есента 1898 година бил интерниран во Битола и се вработил во битолската класична гимназија. Во август 1900 година, во таканаречената Поп-Ставрева афера, Дамјан бил осуден на 10 години затвор. Одлежал само две години во Битола, а една во Подрум Кале во Мала Азија. Иако се наоѓал во затвор, Дамјан не престанал да се занимава со револуционерна активност.

По амнестијата во април 1903, се враќа во Солун. Тогаш ја сознава и веста за решението на Солунскиот конгрес за востание во Македонија. Во Солун Дамјан се сретнал со Иван Гарванов, со Гоце Делчев и со други, но ништо не можел да измени. Само успеал да го организира и одржи Смилевскиот конгрес, кога дефинитивно е решено востанието во Битолскиот револуционерен округ да се крене на верскиот празник Илинден. На конгресот бил избран востанички Главен штаб на чело со Дамјан Груев и во такво својство учествувал во подготовките и во востанието.

По задушувањето на востанието Дамјан прави обиколки низ цела Македонија, со цел да ја враќа вербата во силата на Организацијата. Во тие години имал повеќе средби со дипломати и новинари и давал повеќе интервјуа за странскиот печат. По Рилскиот конгрес на пат кон Смилево, во Ќустендил ја посетил мајката на легендарниот охридски војвода Христо Узунов. На разделбата Дамјан се обратил на мајката на Узунов со зборовите: „и јас ќе бидам среќен, мајко, ако загинам за Македонија“. На 22 декември 1906 година, кај месноста Петлец, во борба со турскиот аксер, откога му загинува придружбата, Дамјан си го одзел животот за да не падне жив во рацете на Османлиите. Селаните мртвото тело на Дамјан и го погребале во дворот на црквата во Русиново. Подоцна, неговите посмртни останки беа пренесени во родното Смилево.

Подвизите на Дамјан Груев и неговата улога во Организацијата не останале незабележани од народниот гениј, кој испеал песни за овој славен војвода, а забележани се и повеќе приказни, кажувања, легенди и преданија за неговиот лик и револуционерно дејствување, неговата истрајба до крај да му остане верен на делото за кое живееше, работеше и се бореше. Така Дамјан со својата национална идеја и борба има трајно трансисториско значење кое сјае со силно и продолжено дејство.

(Авторот е професор, доктор по историски науки, генерал во пензија)

December 16, 2019

Последниот бранител на Републиката

Пишува: Анита ДИМОВА
 
  • Името на Питу Гули, прославен илинденски војвода, стана синоним за бестрашен борец, предан до смртта на македонското револуционерно дело. Тој е легенда којашто продолжува да живее, трајно вкоренета во народното паметење, богато опеана во македонските песни за последниот бранител на ослободеното Крушево. Неговата популарност видливо ги има оставено зад себе сличните подвизи и саможртви на стотини војводи и револуционери од илинденската епоха.
  • Неговата девиза била негување на долготрајната програмска ориентација за заедништво во неволјите, во борбите и во стремежите кон слобода на сите угнетени во Македонија. Тој бил пример за учеството на македонските Власи во ослободителните движења во Македонија.

Изворните податоци за животниот пат и за револуционерното дело на Питу Гули се скудни, фрагментарни, расфрлени низ мемоарите и литературата за борбите од илинденската епоха. Оваа празнина ја пополнува биографскиот осврт што го направи академик Манол Пандевски.

Среќна околност претставува фактот што за Питу Гули како и за многумина истакнати револуционери да не останат анонимни се погрижиле нивните преживеани соборци, блиски и пријатели.

ГОЛГОТСКИ ПАТ

Современиците се согласни во тврдењето дека Питу Гули се родил во Крушево и дека бил од влашко, ароманско потекло. Некои современици сведочат дека имал завршено само две одделенија основно училиште, а од сите кажувања следува заклучокот дека во младоста бил овчар, крчмар, гостилничар, заточеник и комита. По раната смрт на таткото, мајка му го главила, поскоро да слугува одошто да работи, кај богатиот трговец и сточар Манду во Кочани. Тогаш по првпат Питу ја почувствувал горчината на експлоатацијата и понижувањата. По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција, се нашол меѓу македонските печалбари во Софија.
 
Годината на раѓањето се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков. Неколкумина современици тврдат дека тогаш, во 1885 година, тој бил на дваесетгодишна возраст. Затоа може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година. Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.

Калмиковата чета се формирала во Ќустендил, а се состоела од 120 четници, чија главнина дошла од Софија. Со неа дошол и Питу Гули. Префрлувањето преку границата станало во две групи, ноќта на 18 спроти 19 мај 1885. По влегувањето во Македонија, четата се движела во јужна насока - преку Осогово, Пијанец, Голак, Плачковица, Радовишко и Плауш кон Демир Капија. Во Радовишко четата била откриена по што започнале прогоните, судирите и разбивањето. Против неа излегле јаки потерни единици, составени од турска војска и башибозуци. Најтешко било тоа што, останувајќи без водичи и врски, четата изгубила ориентација, а преминот на Вардар кај селото Градец бил чуван од бројна аскерска единица.

Питу Гули, на голготскиот пат од Ќустендил до Солун, ја споделил судбината на своите преживеани соборци. Тој ги доживеал гладот и заморот, турските потери и заседи, понижувачките мигови на предавањето, тагата на разделбата со другарите и со оружјето. Заробените востаници во Солун биле држани неколку месеци во затворот "Беаз Куле" (Белата Кула), којашто и денес стои до самиот морски брег. Турските архиви се уште ја кријат тајната на судењето, но се знаат тешки пресуди. Сите добиле по десет години затвор, освен Ташко од Лазарополе, кој затоа што изјавил дека тие дошле да се бијат за ослободувањето на Македонија добил 15 години. Судот го одредил и местото на издржувањето, во затворот на градот Аргале Маден, оддалечен два дена пешачење на исток од Дијарбекир. Поаѓајќи со брод од Солун, изврзани еден со друг со синџири од по седум алки. Целото патување од Солун до Аргале Маден траело три и пол месеци, од 19 декември 1885 до 28 март 1886 година.

Питу Гули се вратил во родниот крај во годината на основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација којашто само по две години ќе почне да ја разгранува својата мрежа и во Крушевско. Доста скудни се податоците и за овој период од неговиот живот. Се спријателил со семејството Зердевци кои држеле гостилница во Кичево. Крушевчани и денес кажуваат дека Питу Гули, пак во тие години и во Крушево отворил кафеанче во месноста Ќошкот, кај Влашка Корија. Питу отпрвин работел во Кичево, а потоа во родно Крушево. Зачленет во Организацијата и поврзан со нејзината мрежа, крушевското меанче го претворил во сигурен јатак за организационата чета на Дуко Тасев, другарот од заточеништво. Преку него крушевската организација ги одржувала врските со четите на ВМРО. Во тие години, во 1895 или 1896 година, тој се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Така Питу задомил дом и формирал семејство. Во бракот со Евгенија имале четири деца - три сина и една ќерка.

Изворните материјали не ја посочуваат годината на повторното одење на Питу Гули како печалбар и емигрант во Софија. Но, отсуството на неговото име од хрониката на неколкуте крупни настани што се случиле во Крушевско во првите две години од минатиот век, говорат за тоа дека Питу Гули го напуштил родниот град кон 1900 година. И во Софија, на периферијата од градот, Питу држел скромна гостилница која станала сврталиште на македонските емигранти и комити, во прв ред, од Крушевско, Кичевско, Прилепско, Демирхисарско.

Питу Гули во Софија останал до март 1903 година, кога по вторпат, сега веќе како војвода на чета, тргнал за Крушевско.

ДРАМАТИЧНА РАЗВРСКА

По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули се здобил со уште поголема популарност и авторитет и наеднаш бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Во тие денови сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу се кажува дека со таква цел ги обиколувал селата. Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе.

На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини.

Веднаш по преземањето на градот, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме. Десетина дена потоа, подготвувајќи се за одбрана на Крушево, и востаниците се реорганизирале и прегрупирале. Утрото на 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат "на милоста на султанот". Заедно со пораката дошол и ултиматумот дека "доколку не се предадете и не наведнете глави, градот ќе го бомбардирам и запалам", додавајќи дека тој го смирил Косово и е кадарен да го смири Крушево. Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, а на војводите им била испратена наредба секој да остане на своите позиции.

Последните денови, часови на Питу Гули ги опишал Наум Томалевски, учесник и сведок на настаните за кого Питу е "еден од големите војводи на Организацијата". И Томалевски знае дека Питу на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.

Тој добил известување дека турскиот аскер наидува од три правци, така што морал да ја поведе четата кон Мечкин Камен. Пред конечниот распоред на бојното поле војводата, со кратка реч ги окуражил борците, строго наредувајќи им никој да не отстапува од своето место, а стрелбата да ја почнат само откако ќе го чујат истрелот од неговата пушка. Еден од учесниците во битката убаво се сеќава: "Потоа Ѓорѓи знаменосецот го раздипли свиленото црвено знаме и го забоде во земјата близу до себе и до двајцата свои наследници - знаменосци. Ја изгореа сета архива, се испрегрнавме и избацивме и фативме позиции во каменестото место. Питу беше во средината. Чекавме да наближат Турците".

По сигналот од војничка труба, непријателот тргнал во жесток јуриш, но бил запрен од плотуните на востаничките пушки и бомби. Томалевски запишал: "Турската колона кај Трстеник и Врбовец се појави зад грбот на четата, која веќе е блокирана скоро од сите страни. Страшен бој. Дојдовме на 5-10 метри, потем на 2-3 чекори и најпосле се измешавме со Турците... Не можевме да се служиме со пушките, зашто недостасуваа фишеци, а и затоа што тетовките и грчките пушки се прегреаја и не ги исфрлаа куршумите. Приквечер борбата престана, зашто Мечкин Камен беше покриен со мртви и тешко ранети четници на коишто никој не можеше да им помогне. Турците не запреа, туку со брз марш го продолжија своето настапување кон градот. Четници, башибозуци и турски војници лежеа мртви и ранети еден до друг. Дури утредента, по конечното освојување на градот, Мечкин Камен повторно поцрне од војници. Дојдоа да ги доубијат нашите ранети, да ги ограбат и да ги погребат своите".

Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало. "Него долго време ќе го прогонува проклетството на илинденскиот пораз. Тоа ќе ја сподели судбината на безброј други откорнати македонски огништа. Несреќите за домашните, во уште поголема мерка, продолжиле по драматичната разврска на Мечкин Камен.

Извор: Македонско сонце

December 19, 2018

Лерински војводи загинати за слободата на Македонија

Board of Lerin revolutionaries of  IMRO (VMRO), fallen for the freedom of Macedonia, before and during the Ilinden Uprising.

Лерински војводи загинати за слободата на Македонија

Табло на леринските војводи загинати за слободата на Македонија до и за време на Илинденското востание, издадено по повод 25-годишнината од востанието.

February 17, 2015

Подготовки за Илинденското востание

Историјата на Тајната македонско-одринска револуционерна организација е проследена со постојани внатрешни борби меѓу претставниците на пробугарскиот Врховен комитет и македонската струја на ТМОРО. Хетерогеноста на Организацијата придонесе по редица прашања да се појавуваат несогласувања, а доведе и до диференцирање на две крила - лево и десно. "Левицата со Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански и други, цврсто стоеше на позициите за независност и самостојност на македонското национално ослободително движење, за полна политичка автономија на Македонија. Десницата со Христо Матов и други ... се наоѓаше под влијание на врховизмот, односно на големобугарските официјални фактори, но, се уште, се држеше прикриено." Д-р Манол Пандевски како раководители на десното крило ги означува, покрај Христо Матов и Иван Гарванов , Христо Татарчев, Анастас Лозанчев, Иван Хаџи Николов, одбележувајќи дека "кон нив, по 1901 година, клонел и Даме Груев." Врховистичкото крило во ТМОРО го зголемило своето влијание кога "еден од врховистичките експоненти и агент на бугарската влада, Иван Гарванов, успеал да се вовлече во составот на ЦК и привремено да ја заземе должноста претседател." Гарванов го "узурпирал ЦК на ТМОРО во јануари 1901, кога по една провала, бил затворен од полицијата целиот дотогашен состав на Централниот комитет, што го сочинувале Христо Матов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов и Пере Тошев. Во резултат на паниката што при апсењето го зафатила, Иван Хаџи Николов му го предал ЦК на Гарванов."

Несогласувањата во Организацијата се еден од битните моменти во историјата на ТМОРО, со оглед на тоа дека "познатите судири во нејзините редови, кои во годините по Илинден сосема јасно се искристализирале и кои ќе ја следат се до нејзиното пропаѓање, ги влечат своите корени од непосредниот предилинденски период" Во почетокот на XX-тиот век, едно од главните прашања, околу кои биле спротивставени левото и десното крило на ТМОРО, секако, е прашањето за подигање востание во Македонија, односно, прашањето за терминот на востанието, за кој врховистите инсистирале да биде што побрзо, а Гоце Делчев, ЃорчеПетров, ПереТошев, како и, воопшто, претставниците на левото крило на Организацијата, се залагале востанието да биде подигнато во моментот кога ќе се создадат услови за сенародно востание, услови кои во 1903 година не постоеле.

Иницијативата за кревање востание потекнува од Иван Гарванов, чие "влегување во Организацијата и застанување на чело на нејзиното највисоко раководно тело претставуваше фатален момент во развитокот на Организацијата и, воопшто, во развитокот на македонското националноослободително движење." Фаталноста се огледа, пред се, во неговата целосна предаденост на бугарскиот Двор и во неговите активности и залагања востанието да се дигне што побрзо. Работејќи во таа насока, Гарванов почнал "уште во есента 1902 година да подготвува терен, односно, да консултира одделни работници на Организацијата, а и надвор од неа, за потребите и можностите за востание во Македонија во пролетта или летото 1903 година. Во текот на овие разговори беа консултирани лица за кои Гарванов беше однапред убеден дека ќе се согласат со него." Работата на Гарванов му ја олеснуваше и отсуството на Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои во овој период беа задгранични претставници на ТМОРО во Бугарија. Благодарејќи на напорите на Гарванов и десното крило на Организацијата, на 2, 3 и 4 (15, 16 и 17 според новиот календар) јануари 1903 година во Солун беше одржан конгрес на ТМОРО на кој беше донесена одлука за кревање востание. На Конгресот учествувале Иван Гарванов, Спас Мартинов, Димитар Мирчев, Лазар Димитров, Тодор Пејков, Иван Сапунаров, Велко Думев, Никола Петров, Христо Влахов, Никола Хрлев, Димитар Занешев, Анастас Лозанчев, Димитар Ганчев, Иван Ингилизов, Георги Варналиев, Тодор Лазаров и Христо Поп Коцев. Како што се гледа, Гарванов успеал на Конгресот да не присуствуваат Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Пере Тошев, кои, несомнено, со својот авторитет би придонеле Солунскиот конгрес да не ја донесе одлуката за кревање предвремено востание.

Учесниците на Конгресот не ги "претставувале рамномерно сите окрузи на Револуционерната организација. На тој начин, Конгресот не бил комплетен и, според тоа, во ваков состав не можел да донесува крупни решенија, без согласност на сите револуционерни комитети." Што се однесува до застапеноста на сите краишта на Македонија на Солунскиот конгрес, "веднаш паѓа во очи дека во записникот се говори само за претставници на реони и во случаите кога пред себе имаме цели окрузи. Од друга страна, три окрузи имале само по еден делегат (Битола, Одрин, Серес), а од другите три - по неколкумина (Солун - четири и тоа без тројцата членови на ЦК, Скопје - два, Струмица - два). " На тој начин, "излегува дека присутните делегати застапувале одвај една третина од реоните на ТМОРО."

И на Солунскиот конгрес се одразиле несогласувањата околу подигањето на востанието. Противниците на востание што би се дигнало во 1903 година сметале дека "револуционерните окрузи не се доволно подготвени со оружје и со раководни бојни кадри и дека моментот уште не е погоден. За подигање востание најмногу инсистирал Иван Гарванов, кој, меѓу другото, говорел дека во случај на востание можело со сигурност да се смета на помош од Бугарија." Гарванов успеал да ги убеди повеќето делегати, со што одлуката за востание била донесена. Што се однесува до карактерот на востанието, "се прифатил предлогот тоа да биде ‘општостратешко’."

Како што веќе рековме, левото, македонско крило на ТМОРО наполно не се согласувало со одлуката востанието во Македонија да се подигне во 1903 година. Така, на пример, Јане Сандански вели дека по веста за одлуката на Солунскиот конгрес, "мене како ровја да ме удри. Паднав сосема отепан и не можев да одам." Сандански, впрочем како и Делчев и Петров, смета дека "востание може да се прави само ако сите се подготвени и без да се надеваме на надворешни ветувања."

По Солунскиот конгрес, Христо Матов и Христо Татарчев, чија активност била во рамките на проврховистичката ориентација на Гарванов, во Софија свикале советување на кое учествувале главните и најавторитетните идеолози и раководители на ТМОРО. Целта на советувањето била да се убедат овие македонски револуционери во неопходноста да се крене востание, бидејќи Гарванов и неговите соработници биле свесни за значењето на нивната поддршка. Советувањето било одржано во јануари 1903 година и на него учествувале, меѓу другите, и Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев и Иван Хаџи Николов. И на ова советување се диференирале две групи - врховистичката и македонската. Во првата спаѓале Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов и уште неколкумина, а втората ја предводеле Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Пере Тошев немал диферениран став за востанието, образложувајќи го тоа со неговото неодамнешно враќање од затвор и непознавањето на состојбите.

Христо Матов своето залагање за востание го образложил вака: "Непосредната и главната цел на востаничките дејства (тој го изоставил терминот востание) би била да се посегне што посилно врз интересите на блиски и далечни држави, што би предизвикало ефикасно надворешно мешање, кое би довело до автономија на Македонија". Во редот на блиските држави на кои Х. Матов им признавал интереси во Македонија, требало на прво место да се вброи Бугарија. ‘Целта на нашите дејства не беше пишува тој, ние да станеме господари на ситуацијата, туку турската власт да не биде господар на положбата во земјата.’ Тој го отфрлил масовното во смисла на масовно дејствување со оружје. Според него, борбата требало да се води како герила и само од опитни и калени поединци, што би значело чисто четништво. И за мнозинството учесници на Солунскиот конгрес профилот на востанието изгледал слично. Неговата главна задача била да го привлече вниманието на надворешниот фактор и да доведе до надворешна интервенција.

Став сосема спротивен од врховистичкиот имале Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Тие сметале дека востанието не смее да се дигне во 1903, кога се уште не биле стекнати сите услови. Така, на пример, Ѓорче Петров подвлекувал дека "ако го прогласиме ова востание, ќе ја подбиеме идејата за сенародно востание за долго време, зашто ќе се кренат само неколку околии. Уверував,продолжува тој во своите сеќавања, дека е сега невозможно сенародно востание, зашто уште нема подготовки, ниту нужни материјали. За одоваде вардарскиот дел им претскажував дека ние ќе работиме против сами себеси, зашто ќе ја повториме 1895 година - востание само со чети од Бугарија, што ќе биде против основните задачи на Организацијата...". Ѓорче Петров ни го оставил и ставот на Гоце Делчев околу востанието: "Делчев се обиде да ги урне мислењата, тој немаше дар за зборување, се искажа дека е категоричен противник на востание какво што проектираа, а е за востание какво што бевме планирале јас и тој. Делчев се запали, се испоти, се расфучи." А Гоце Делчев имал и зошто да се расфучи - Петров ни го оставил профилот на материјално- техничката подготвеност на луѓето на Организацијата во Македонија: "За штогоде подготвени можат да се сметаат само седум околии: Костурската, Леринската, Битолската, Демирхисарската, Кичевската, во Солунско само Кукушката, и тоа доста слабо; во Струмичко само Струмичката околија, и тоа со незгодни пушки кримки, и во Скопско само Штипската околија, со кримки и со мартинки..." Наместо вакво, неподготвено востание, Ѓорче Петров предлагал "перманентно востание": "Ние препорачуваме да се измени тактиката на дејствата на четите и на диверзантските елементи по градовите, да се почне активно дејствување кое да се доближи до востание. Јас настојував да им ги разврземе рацете на четите и на градските раководители за поединечни акции во целата земја, кои подоцна би прераснале во вистинско востание." Гоце Делчев бил близок до идејата на Ѓорче Петров. Тој вооружените активности ги гледал како "напади од страна на четите против аскерски единици и атентати од страна на решителни момчиња по железничките линии, а исто така и против државните установи."

Излагањата на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, со својата аргументација, не оставиле многу простор - заклучокот на советувањето бил: против избрзано востание! "Како резултат на сето тоа, апсолутното мнозинство реши да им се соопшти во Солун, од името на сите присутни, дека сме против земеното решение за востание," пишува Горче Петров во своите сеќавања. - "Борис (Сарафов) и Славчо (Ковачев) навидум се согласија (гласаа против). Останаа само Матов, Татарчев, Хаџи Николов и уште еден-двајца, кои гласаа за востание. Бевме натоварени јас и Матов да го пишуваме писмото. Јас побарав тој и јас да го составиме одделно проектот за одговор. На собранието мојата редакција, поотворена и порешителна, се прими и се испрати во Солун како мислење на овдешните претставници на Организацијата. За забележување е дека најмногу беа за востание оние околии, кои подоцна не зедоа учество во востанието."

Противењето да се крене неподготвено востание на видните дејци на Организацијата се обидел да го анулира Гарванов, кој со Думев дошол во Софија кон средината на јануари. Двајцата во Бугарија "одржувале средби и, скришно од Ѓорче Петров, се договарале само со двајца задгранични претставници и со Сарафов. Петров одбил да се состане со емисарите од Солун, зашто тие криеле од него што прават и зошто се дојдени, а Пере Тошев ги оставил без определен одговор. Во тие денови, Гоце Делчев не бил во Софија, тој ја минал границата и на 12 (25) јануари веќе бил во Разлошката Котлина. Мисијата на двајцата емисари успеала. Христо Матов и Христо Татарчев испратиле ново писмо во Солун, во кое известувале дека, наводно, луѓето на Организацијата во Софија, со исклучок на поединци, се согласни со одлуката на јануарскиот конгрес." Во писмото, се разбира, не стоело дека тие "поединци" се главните дејци на ТМОРО - Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Така, "одлуката за востание била дело, во прв ред, на Иван Гарванов, Анастас Лозанчев, Христо Матов и Христо Татарчев, кои ја имале согласноста на Даме Груев. Нејзиното спроведување ќе биде дело на далеку поширок круг раководители и активисти."

Извор: Македонско братство

February 2, 2015

Надворешно политичката активност на ТМОРО за време на Илинденското востание

Надворешнополитичката активност на ТМОРО за време на Востанието претставува битен момент, не само поради пропагандниот ефект и запознавањето на јавноста на Европа со ситуацијата во Македонија, туку и поради тоа што го поставува прашањето за меѓународното признавање на Организацијата и нејзината борба, а преку тоа и за меѓународно-правно субјективизирање на нејзината борба.

Од друга страна, надворешнополитичката комуникација на ТМОРО, пред се, документите што се упатени до големите сили, претставува и негација на "настојувањето на бугарскиот двор да му придаде на ослободителното движење во Македонија пробугарски карактер. Наедно, со овие интервенции, бугарската дипломатија е исклучена од воспоставувањето односи меѓу Македонија и европските држави, т.е. таа се исклучува од тогашните и идните евентуални преговори во врска со промената на статусот на државно-правната положба на Македонија."

Преку активноста на ТМОРО на меѓународен план, се поставува барањето за признавање на статусот на завојувана страна на востаниците. На тој начин, "македонските востаници со ова ја истакнаа наедно и потребата дека само нивните претставници можат непосредно да стапуваат во меѓународни односи по повод и во врска со решавањето на македонското прашање, независно од тоа што во овој период Македонија не е конституирана како посебна држава." Во барањето да им се признае статусот на завојувана страна, востаниците "својот субјективитет го изведуваат врз основа на тоа што тие го отфрлиле суверенитетот на султановата врвна власт во овој дел на Турција, прогласувајќи востаничка држава, односно, формирајќи нова држава." Турција одби да ги признае вооружените востанички формации како завојувана страна, а Организацијата остана и без очекуваната поддршка од големите сили. Тоа повлекува, практично, одврзани раце на Турција своите "внатрешни" проблеми да ги решава на свој начин, што подразбира невидени крвави репресалии и ѕверства.

Извор: Македонско братство

January 26, 2015

Влијанието на војните врз развојот на народната носија

ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЈНИТЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА НАРОДНАТА НОСИЈА ОД БИТОЛСКО-ПРИЛЕПСКИОТ И ДЕМИРХИСАРСКИОТ РЕГИОН

Воените збиднувања кои во овој бурен историски период се одвивале на територијата на Македонија во првите децении на 20 век и кои биле проследени со масовни миграции на населението, довеле до низа промени во традиционалниот начин на живеење на македонскиот народ. Овие промени негативно се одразиле и врз народниот костум, неговите традиционални форми на оформување и орнаментика, како интегрален дел на традиционалната култура на Македонците.


Соочени со низа реперкусии и недостиг од материјални ресурси, населението во овој период постепено започнало да ги редуцира, а потоа и целосно да ги отфрла традиционалните форми на изработка на носиите и нив да ги заменува со облека карактеристична за модерниот, европски костум. Ваквите дијахрониски процеси најпрво се манифестирале во градските средини кои биле во поголема мера подложени на современите текови на индустриjализација и на зголемен транспорт на стоки и луѓе. Значаен фактор во трансформацијата на народната носија имало и печалбарството, како особено развиена форма на економска миграција во овој период. Најконзистентно на овој план останало населението од руралните заедници, кое поради својата релативна затвореност и изолација подоцна ги прифатило современите текови на модерниот живот, а со тоа и промените во традиционалниот начин на облекување. Овие промени, започнати уште во периодот непосредно пред Илинденското востание, активно се одвивале за време на двете Балкански војни, па сè до крајот на Втората светска војна, кога доаѓа до целосно напуштање на традиционалните форми на облекување. Сите тие појави негативно се одразиле врз самобитниот и специфичен карактер на македонските носии, за што сведоштва ни даваат многубројните етнографски и архивски материјали и музејски предмети, а се однесуваат на целокупната територија на етнoграфска Македонија.1


Промените што настанале во овој период се одразиле на целокупната машка и женска носија од регионот на битолско и прилепско, и тоа не само во составот на облеката, туку и во начинот на нивната изработка, орнаментика и колоритот. Овие промени првично се манифестирале во машкиот костум, кои очигледно бил пофлексибилен и поподложен на новите влијанија. Значајни сведоштва на овој план ни даваат записите на М. Цепенков, кој како професионален терзија бил непосредно запознаен со сите модни текови и специфики на облекување на своите сограѓани.2 Во своите материјали од „Еснафите во Прилепско“3, тој дава детален опис на сите видови занаети поврзани со изработката на облеката, како и имињата на алатките неопходни за нејзина изработка. Во тој контекст приложува богат описен и илустративен материјал за моделите на машкиот костум и начините за негова изработка4, од што може да се констатираат различните културни влијанија и заемни процеси што се одвивале во оваа сфера од секојдневниот живот на населението од прилепско. Благодарение на неговите записи, како и врз основа на некои други материјали5, може да констатираме дека непосредно во самиот град опстојувале многу занаетчии, како што се: терзискиот, абаџискиот, ќурчискиот и кожарскиот еснаф, но и френските и азарџиските мајстори, кои паралелно изработувале облека - едните следејќи ги обрасците на ориенталниот костум, а другите француската мода, позната кај народот и како а ла – Турка и а ла – Франка. Паралелно со овие типови костими населението особено од руралните заедници продолжило да ги носи своите традиционални облеки, за што исцрпни сведоштва ни дава еден друг прилепчанец - Ѓорѓи Трајчев, кој во својот труд „Град Прилеп“ детално ги опишал текстилните занаети во градот и начинот на облекување на прилепчаните.6


Покрај овие материјали, значајни докази за начинот на облекување и промените во традиционалната носија на населението од овие региони ни даваат теренските истражувања, најголемиот дел од нив спроведени во 50-тите год. на минатиот век од страна на научните работници на Институтот за фолклор и на Музејот на Македонија. Во прилог ќе го посочиме искажувањето на селаните од Кривогаштани, Прилепско кои велат: „Машките кошули некогаш биле многу повеќе везени од женските. Тие биле „по тавросани“. Се везел корилот, предноците, па и ракавите (два-три прста). Се лозеле, поленеле и везеле шапки со заметушки, со ресулки, крфчиња и друго. Од „турско време“ почнаваме машките кошули слабо или сосема да не се везат.“7 Слична била состојбата и во Битола, како и во останатите делови од Македонија, каде од Илинденското востание, па натаму се забележува значителна редукција на везот и трансформација на носијата.


Промените што настанале како резултат на Илинденското востание и на Балканските војни биле манифестирани и во секојдневната женска носија, нејзината орнаментика и колорит. Особено значајно е што за многу кусо време од составот на невестинската носија целосно изчезнува сокајот, убрусот8, чалмата9, но и некој други украсни и облековни елементи, обележје на овој тип носија. Овие промени можеби најјасно може да ги проследиме во везовите од битолскиот регион каде, сè до 1915 год., женското население носело т.н. алска носија - именувана така според доминацијата на црвената – алова боја во колоритот на везот. По Балканските војни помладите жени од овој регион започнале да везат т.н. калеши кошули, во потемна црвена боја - позната и како винеста или ѓувезија, а своите постари алски кошули ги доносувале или им ги продавале на германски војници10. Во врска со ова една информаторка од с. Брусник, Битолско, вели: Германците купвеја руба за убави пари, па жениве се научија да продаваат алишта.11 Меѓу другите причини се наведува тешката и макотрпна работа за нивната изработка, како и високата цена за потрошениот материјал (арч). Во прилог на ова е искажувањето на една друга информаторка од истото село која вели дека тие повеќе на сакале да седат дома, како во турско, туку да бидат послободни, но и дека по војните нивните мажи, кои биле војници, веќе не ги бендисувале во старата алска носија. Поради сето ова калешите кошули, како и целокупната алска носија во овој регион се задржале сè до Првото бугарско12, односно до 1925 год., кога биле заменети со носија во која наместо црвената доминирала белата, т.е. црната боја.


Во еден кус периодот меѓу Балканските војни и крајот на Првата светска војна, најверојатно како резултат на тешките состојби и на недостигот од материјал и средства неопходни за нивна изработка (за аловните кошули арчот е скап)13, регистрирана е појавата жените од овој регион да носат кошули декорирани со бел вез т.н. бели кошули14, односно аплицирани (опточени) само со бел порабен вез и тегел15. Паралелно со оваа ново настаната состојба, во с. Буково жените започнале да носат кошули изработени со црн вез, по што овие кошули биле именувани како црни кошули. За кусо време оваа мода била прифатена и во другите села од Битолскиот и Прилепскиот регион, по што тие биле именувани како буковки или црно-буки кошули16 - везени по буковска мода17. Според искажувањата на информаторките од овој регион, во почетокот орнаментиката на овие кошули не се разликувала од постарите аловни или алцки кошули (од алцките кошули предземаа црни)18, но подоцна тие започнале да се изработуваат со поедноставен и поредуциран вез. Истите промени може да се проследат и во колоритот на женската марама за на глава гуган, кој од црвен бил заменет со црн, односно со бел вез. Притоа, младите жени носеле гуган изработен целосно со црн вез, а постарите црн гуган (оформен со ситен бел вез) и бели реси т.н. бела киска.19 Како една од причините за појавата на оваа мода е траорот, кој се јавил како последица на многубројните жртви и маки кои што народот ги доживеал во овој бурен историски период. Потврда за ова е појавата на повторно навраќање кон постариот тип алски кошули, веднаш по завршувањето на војните кога жените од овој регион започнале одново да ги изработуваат своите кошули со црвени, но сега веќе индустриски конци.


Слични процеси на промена на колоритот и трансформација на носијата се бележи и кај женското население од Прилепскиот регион, каде се до Првата Светска војна невестите се мажеле со алово руво.20 Позначителни промени во носијата и колоритот започнува од српско (околу 1920),21 со тоа што прилепчанките започнале исто како и женското население во битолско да носат кошули по буковска мода и за  разлика од нив, тие оваа носија ја задржале и во поствоениот период. Во прилог на ова ќе го цитираме искажувањето на една информаторка која вели: „Се што се прави за невеста - кошула, чорапи – целото руво се вика црнето. Дури и сегашната руба (1954), макар да е се со бело наклавана, падури и да е градски облечена невестата велиме: црнет вустан, црнети чевли итн.“22


По Втората Светска војна, изработката на кошули орнаментирани во везови полека започнал да замира во прилог на што е и сведочењето на информаторките од с. Единаковци, кои велат: „од партизаните наваму (1944) веќе не се вези. Но, за венчавање и сега девојките облекуваат „жолта кошула“ – „горноселска“.23 Дека станува збор за долготраен и континуиран процес ни потврдува и една друга соселанка која, бидејки се венчала во екот на Илинденското востание, била приморана нејзната венчална - црнета кошула да ја изработи со помал вез („комитите забраниле везови“), иако останатите 15 кошули од рувото и биле со поголеми везови („ракаи како корупки“).24 Слични се искажувањата на женското население и од с. Цер (Демир-Хисарско) кои во врска со овие забрани посочуваат дека „комитите ги засипваа со боја везените кошули како што играа на оро навестите. На чупите им ги зимаа од раце како што везеја, ќе им ги потуреа со боја и ќе го закоаа везот на црквената врата и ќе напишеа на која чупа е везот – чија черча везела вез.. потем забраната се криеа чупите за да везат- во визба, на чатија се качвеја. Ношва (ноќе б.а.) ги затвараа пенџерите со черги да не се гледа видело, а чупите да везат, зошто комитите шетаа и ношја“.25 Причина за овие забрани како што наведуваат тие била потребата од дополнителни материјални средства, што комити ги собирале од населението за потребите на востанието.


Процесот на трансформација и симплификација на народната носија, кој настанал како резултат на воените дејства и репрекусиите кои македонскиот народ ги преживувал во времето на овој бурен и траурен историски период, сведочи за нивната директна поврзаност и условеност. Промените кои настанале, негативно се одразиле и засекогаш го промениле не само традиционалниот бит на македонскиот народ, туку и начинот на облекување и изработка на носијата. Оттука, може да констатираме дека носијата со сета своја комплексност, како своевиден показател на половата, возрасната, обредната и социјалната компонента на македонскиот народ се јавува и како непосреден - нем сведок на едно изминато, историски бурно и траурно време.


Автор: Д-р Јасминка Ристова Пичичкова


1 К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884; Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001; Български
народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т. Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928; Вакарелски Х. - Д. ИвановÍ, ИсториÔ на
облÍклото, СофиÔ, 1941; Албум на Български македонски шевици, Райна Руменова, СофиÔ, б.г.; Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, СофиÔ, 1931; В. С.
Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник Скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179; В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског
научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208; С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368;
Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314; Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова
околина: историска, етнографска и културно-политичка излагања, Београд, 1930; Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001; Ј. Ф.
Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951; Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1929 и др.
2 Види: Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10. Скопје 1980, 27-127.
3 Исто, 63-122.
4 Исто, 122-127.
5 Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902; Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925 .
6 Ѓ. Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925, 21, 69, 357, 358-359, 361
7 Информатори од с. Кривогаштани, Прилепско, АИФ папка бр.37, рег. Бр. 208. теренски записи од А. Крстева, собрани на 10-13. 5.1953 г.
8 Како што вели една информаторка од с. Цер : Сега (1951 г. б.а.) во селото нема ниту еден убрус. Поминаа Евреи едно време и ги искупија. АИФ папка бр. 4, рег.бр. 84, теренски
истражувања собрани од М. Антонова, на 18.06.1951 г.
9 Информаторките од село цапари , Демир Хисарско, воопшто и не слупшнале за нив. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теремнски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.
10 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., Томе Димев Станков, род. 1898 г. и неговата жена, род. 1904 г., сите од с. Брусник, Битолско. АИФ папка бр. 2, рег. бр. 175.
11 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., с. Брусник, Битолско. АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175
12 Информаторка од с. Брусник, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.
13 Информаторка од с. Могила, Битолско АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.
14 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.
15 Информаторки од с. Драгош, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 173.
16 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.
17 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175, рег. бр. 188.
18 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.
19 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.
20 Ракавите на кошулата долги до под лактите и широки.Информаторка од с. Кривогаштани , Прилепско. АИФ, папка бр.39, рег. бр. 220, теренски материјал собран на 12,13, 14-11, 1954
од М. Антонова.
21 Фатија да носат друга мода, со покуси ракави – над лактите и тесни, како што се носат и сега од постари жени (б.а. 1954г.). Исто.
22 Исто.
23 Оваа кошула е слична на невестинските кошули од Демир Хисарскиот регион. Информатори: Марија Котева (1887 г.) и Милка Ѓореска (род.1914 г.) од с. Единаковци, Прилепско, АИФ папка бр. 37, рег. бр. 365. Теренски материјал собран од М. Антонов, на 21-22.3.1957
24 Информатори: Марија Котева (1883 г.). Исто.
25 Информатори од с. Цапраи, Демир-Хисарско. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теренски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.


Библиографија
К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884;
Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001.
Български народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т.
Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928.
Вакарелски Х. - Д. Ивановъ, История на облъклото, София, 1941.
Албум на Български македонски шевици, събрала и подредила: Райна Руменова, Издание на Македонскиот женски союзъ, София, б.г.
Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, София, 1931.
В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179.
В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208.
С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902.
Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова околина: историска, етнографска и културно- политичка излагања, Београд, 1930.
Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001.
Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1992, 220-244.
Ј. Ф. Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951, 66-75;
Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10., Скопје,1980.
Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925.


Скратеници:
АИФ – Архива на институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје

Илустрации:
Сл.1 Селани од Буково - Битолско, фотографирани од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл. 2. Селани од Буково, Битолско, фотографирани од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.3 Мариовки на оро со војници во позадината, снимено на 27. 10 .1018 год. некаде во Мариово
Сл. 4 Деца со војник, фотографирани некаде во Битолско од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.5 Селани од Буково – Битолско, облечени по буковска мода со српски жандар, `20-30 год на 20 век
Сл. 6 4 Жени со деца, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле, од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл.7 4 Семејство на селани, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле од страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“
Сл. 8 Семејство од с. Кривогаштани, Прилепско фотографирано за време на Втората Светска Војна – „за време на бугарско“
Сл.9 Машко оро, Прилеп, фотографирано за време на Втората Светска Војна

December 29, 2014

Ениџе-вардарско илинденско знаме

Македонско востаничко знаме од илинденскиот период.

Ениџе-вардарско илинденско знаме
Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание

Знамето е сошиено од учителката Марија Капитанчева во зимата 1903 година[1] (почеток на 1903 година) по наредба на војводата Апостол Петков Tерзиев. На 20 јули 1903 година во село Корнишор[2], пред него се заколнале 250 четници од Ениџе-Вардарските чети на Апостол Петков, Иван Урџанов, Иванчо Карасулијата и Крсто Асенов.

Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание

Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание

Знамето било со востаниците по време на битките во јули, август и септември 1903 година. [1] По востанието, спасено е од страна на отец Димитар Џутев од црквата „Св. Св. Кирил и Методиј“.[1]

Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание

Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание

На 26 ноември 2014 година, од страна на Анка Николова Хикимова - Колакова, од чие што семејство знамето било чувано во продолжение на 111 години, во објектот на бугарското народно собрание, е подарено на  претседателката на бугарското народно собрание Цецка Цачева.[3] Од Цачева пак, знамето е предадено на Соња Пенкова, директор на Бугарскиот национален воено-историски музеј[3] Знамето е изложено во Бугарскиот национален воено-историски музеј во Софија.[1]

Знамето во Бугарскиот национален воено-историски музеј

March 14, 2012

Идејните насоки на Илинден 3

Националните и идејните насоки и достигнувања на Илинден 3

Данчо Зографски

Анализата на извонредно богатиот фактографски материјал и на досега изнесените толкувања и сознавања наметнува пред сè одредени констатации и заклучоци во врска со кардиналното прашање за општествено – економската и националната сушност на Илинденското востание, т. е. за главните тенденции и достигања на Илинденското востание. Во тој поглед треба да се има предвид дека, иако селанството ја сочинуваше масовната основа на Илинденското востание, по својата економско – социјална сушност тоа не беше од категоријата на типичните селски востанија од времето на феудализмот, кои стихијно избувнуваа и немаа свој хегемон. Хегемон на македонското нацинално – ослободително движење беше либералниот, радикален дел на македонската национална буржоазија, а раководната јатка на ВМРО и за време на Илинденското востание ја сочинуваа револуционерно ориентираните припадници на македонската ситнобуржоаска интелигенција.


За потврда на горната констатација може да се наведе дека раководството на македонското национално – ослободително движење, односно членовите на Централниот комитет на ВМРО по своето економско – социјално потекло беа од редовите на македонската буржоазија (занаетчии, трговци, земјопоседници и сл.). Исто така, највидните членови на Централниот комитет, како и задграничните претставници на Организацијата (Ѓорче Петров, Христо Татарчев, Христо Матов) порано се занимаваа со интелектуални професии — учителство, лекарство (д-р Христо Татарчев), книжарство (Иван Хаџи Николов) итн. Окружните и градските комитети на ВМРО, т. е. раководствата на теренските организации, ги сочинуваа главно припадници на домашната буржоазија. Секретарите на четите, па и добар дел од војводите, беа поранешни учители. Шестината функционери на Советот — револуционерниот востанички орган на власта во ослободено Крушево, спаѓаа меѓу повидните и во материјален поглед добро ситуирани граѓани на Крушево. Изнесените податоци недвосмислено докажуваат дека раководни позиции и улога во македонското национално – ослободителното движење, во ВМРО, до и за време на Илинденското востание имаа припадници на македонската буржоазија и интелигенција, главно на ситната и делумно на средната буржоазија, односно ситнобуржоаската интелигенција.

Од друга страна, не треба да се губи од предвид дека Илинденското востание не беше сосема ослободено и од некои белези и својства што го прикажуваа како, во извесна мера, задоцнето селанско востание. Меѓутоа, сепак преовладуваат елементи што на Илинденското востание му придаваат поинаков карактер и го дивергентираат од обичните антифеудални селански востанија.

Во секој случај би било шаблонизирање да се третира Илинденското востание како изразита, развиена буржоаско – демократска револуција. Илинденското востание требаше да доведе првенствено до ослободување на новите стопански сили во земјата од феудалните и полуфеудалните стеги, како и да го измени државно – правниот статус на Македонија во полза на националните интереси и барања на македонскиот народ. По историските задачи што требаше да ги реши за поттикнување на општествениот развиток на Македонија, со оглед на епохата во која стана и на класната припадност на хегемонот во македонското национално – ослободително движење и на основните тенденции на движењето, а особено со оглед на барањата и целите за кои се бореа масите во Илинденското востание, тоа по својот карактер беше претежно буржоаско – демократска револуција.

Попрецизно формулирано, Илинденското востание беше специфична варијанта на буржоаско – демократска револуција што почна да се одвива во мала и заостаната земја, а чија моторна сила и 'рбет беше македонското национално движење. Илинденското востание беше, несомнено, крупен и сериозен обид за изведување на буржоаско – демократската револуција во Македонија со цел за решавање на созреаните акутни општествено – економски и национални спротивности, потреби и барања на македонското општество, кои тогаш можеа да бидат постигнати како резултат на доследно спроведена буржоско – демократска револуција.

Создавањето на органите на востаничката власт во ослободените места како зачетоци на самостојна државна организација значеше привремено и делумно реализирање на одамнешниот идеал на македонскиот народ за образување сопствена држава. За постигање на тој стремеж, што е својствен на секое национално движење, македонските национал – револуционери и демократи се служеа со разни средства и проекти во одредени периоди (за политичка автономија, конфедерација, федерација, самостојна република итн.). Притоа сскогаш беше присутна нивната грижа за зачувување на општествено – економската и територијалната компактност на Македонија, како и нивиото најенергично спротивставување на анексионистичките стремежи од балканските буржоазии за завладување и меѓусебна поделба на Македонија.

Неопходно е постојано да се има предвид дека организаторите и идеолозите на ВМРО со барање за политичка автономија на Македонија всушност се заложуваа за облик на внатрешно уредување, што е можен во дадена етапа на борбата за националио ослободување и државна самостојност и кое го приближува македонското национално движење кон конечното остварување на неговата суштинска цел. Кога се има предвид ова, станува сосема очигледна неоправданоста на некои прагматистички толкувања во минатото и сега дека божем се истакнувало барањето за автономна Македонија само како тактичен маневар за да се прикријат вистинските планови за присоединување на Македонија кон Бугарија и поуспешно да се неутрализирал и совладал отпорот на другите балкански буржоазии и турските управувачи.

Ова барање имаше практична намена не само да го осигури процесот на националната консолидација, туку и да ги спречи анексионистичките стремежи и обиди спрема Македонија, кои го загрозуваа правото на македонскиот народ за национално самоуправување и конституирање во сопствена државна обвивка. Видниот идеолог на македонското движење Горче Петров велеше дека „Македонија по своја иницијатива и по силата на својот сопствен живот сама се оформи во одделна морална единица, со своја специфична идеологија и со свој политички лозунг — обласна самоуправа, која се мачеше да ја реализира со свои сопствени сили и средства“. Поради тоа, објективно, борбата за автономна Македонија беше важна алка во процесот на формирањето на националната индивидуалност и физиономија на македонскиот народ и за остварување на неговите стремежи за сопствена држава.

Надвор од сомневање е дека отсуството на полна единственост и централизирано раководство на востанието имаше за последица негов нерамномерен развиток во одделни краишта на Македонија. Додека во Крушево востаниците се бореа за изградување и зачувување на создадените органи на револуционерната власт, во други места востаниците ги ограничуваа своите акции главно на диверзии и репресивни акти.

Покрај диференцираните сфаќања и разидувања што постоеја уште порано меѓу раководителите на ВМРО, пред почнувањето на востанието одново излегоа на видело погрешните замки на Задграничното претставништво и на Главниот штаб за целите и средствата на оружената ослободителна борба. Главниот штаб, како и протагонистите за предвремено востание, не сметаа со востанието да се постигне преземање на градовите и ослободување на Македонија, туку со востанието сакаа да предизвикаат интервенција на големите сили за да и наложат на Турција да им даде автономија на Македонија и Одринско.
Во тој однос се забележуваа разлики во погледите дури и меѓу членовите на Главниот штаб, Дамјан Груев, од една, и Борис Сарафов, од друга страна, „околу начинот за спроведување на востанието“, по кој повод дојдоа до израз сфаќањата на Сарафова со акции на поединци во градовите (атентати) да се дигне шум и да и се обрне внимание на европската јавност кон условите и настаните во Македонија. Нема потреба да се истакнува дека фрлањето на тежиштето на такви акции значеше запоставување и отстранување на широките маси во градовите од отворена борба и дека со слични демонстрации не можеа да им се нанесат сериозни удари на воената сила и државниот апарат на отоманското царство.

Неправилните концепции на Главииот штаб за тактиката и стратегијата на востанието во неговите последни упатства беа вака искажани: „Целта на востанието не е да ја победиме Турција туку да не може таа нас да не победи. Колку подолготрајно е востанието, толку посигурно е дека порано или подоцна европските сили ќе се принудат да извадат војски на суво“. Сето она што беше сторено и постигнато во Крушево, значеше дезавуирање на ваквите инструкции и препораки. Спротивно на големобутарските експоненти и на опортунистичките елементи од Внатрешната организација, Задграничното претставништво или Главниот штаб, кои не веруваа во успех на востанието и се задоволуваа со истргнување само некои концесии во вид на половични реформи под притисок на европската дипломатија, угнетените и експлоатираните маси го прифатија востанието и ги следеа вистинските револуционерни водачи на Внатрешната организација што се бореа за остварување на нејзината основа цел „да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елеементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области“.

Месните функционери и членовите на Организацјата, што беа под влијание на Делчев, Горче Петров и нивните истомисленици, не се надеваа на никаква добронамерна помош и интервенција од Бугарија во полза на востанието. Поборниците за македонска самостојност уште помалку очекуваа или бараа интервенција од Австро – Унгарија или Русија. Слободољубивите Македонци, што му даваа тон на прогресивното мислење во својата татковина, во акционата програма на организираното национално – револуционерно движење како непосредно барање ја поставуваа политичката автономија, признаена од европските сили, а не извојувана со интервенција; со војна на странски држави, било Австро – Унгарија, Русија или некоја друга европска држава. По нивните замисли политичката автономија требаше да послужи само како преодна етапа во процесот на конституирањето на Македоиија во самостојна државна целина. Сознавајќи ги поробувачките, империјалистичките планови на европските големи држави, тие не паѓаа во искушение да бараат на своја кожа да ги сетат „благодетите“ од „културната мисија“, „праведната управа“ или „крвното сродство“ на споменатите држави.

Co оглед на стечениот опит и практика од поранешниот начин на герилско војување, вооружените чети на ВМРО мачно се преориентираа и прилагодуваа според новосоздадената ситуација со востанието. Поради недостигот на генерален офанзивен план и тесните сфаќања на од- делни војводи, востанието не успеа да се откине од својата папочна врска и основа — селото, нити да ги пренесе дејствата во поголемите населби, каде што најчувствително можеа да се разнишаат темелите на отоманската потиснувачка власт и да се реши нејзината судбина. Востанието секако ќе успееше уште повеќе да ги рашири своите размери и посилно да ги раздвижи и револуционизира масите, ако во него беше вклучен во поголема мера градскиот елемент.

Стапувајќи во нерамна борба против далеку посилен непријател, востаниците ја покажаа високата национално – политичка свест и слободољубивост на македонскиот народ, кој заедно со другите потиснати и експлоатирани националности се бореше за надионална и социјална слобода, за рамноправност, за прогресивни општествено – економски промени и за заедничка сопствена држава. Народните маси на Македонија, кревајќи се на оружена борба, за да ги остварат своите револуционерно – демократски и национални барања и задачи, го исполнија Илинденското востание со прогресивна општествена содржина.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека

February 27, 2012

Идејните насоки на Илинден 2

Националните и идејните насоки и достигнувања на Илинден 2

Данчо Зографски

Здравиот политички инстинкт им диктираше на припадниците на македонската револуционерна демократија најрешително да ја разобличуваат демагошката злоупотреба со паролата за автономна Македонија од страна на орудијата на хегемонистичката политика на големобугарската буржоазија, која одгледуваше надеж дека еднаш извојуваната автономија ќе создаде шанси за анексија на Македонија. Предводниците и идеолозите на ВМРО, кои се раководеа од интересите на народот, ја сфаќаа автономијата како облик на државно самоуправување во рамките на отоманското царство. Тие веруваа дека е можно тоа да се постигне во дадените услови и во таа етапа на борбата за национално ослободување и државна независност на македонскиот народ, a со кое македонското национално движење би се приближило до неговата суштинска цел.


За всадување правилни погледи во редовите на македонската револуционерна демократија придонесуваа и македонските социјалисти со отфрлање на погрешните толкувања, дека ослободителната борба на македонскиот народ се сведува на борба за примена на клаузулите на Берлинскиот договор (чл. 23), натаму со изнесените барања за „независна македонска република“, односно за државно уредување на Македонија врз федеративно-републикански принципи и со привлекување сојузници од редовите на другите потиснати нации и етнички групи во отоманското дарство и на работничките и напредните движења на Балканот. Македонските револуционери терористи се изјаснуваа за полно отцепување на Македонија „во политички и административен поглед“ од Турција и за државно конституирање на Македонија во рамките на балканска федерација или конфедерација. Револуционерната активност на ВМРО за бојкотирање на официјалните турски државни органи (судови, даночни служби, меџлиси итн.) во сите можни случаи исто така беше своевидна манифестација на стремежот на национално – ослободителното движење кон македонската државност.

Најиздигнатите припадници на македонската револуционерна демократија дојдоа до сознанието дека „националните стремежи и идеали“, под чиј плашт ја заогрнуваа балканските буржоазии својата завојувачка политика спрема Македонија, беа средство за заслепување на масите и за оправдување на територијалните претензии. Низ призмата на таквите погледи го оценуваа „идеалот“ за голема Бугарија само како „делумна пројава на општата завојувачка политика“, чии цели се „заграбување повеќе земји“ и создавање „нови пазари за стоките на современата капиталистичка класа“. Сметајќи ја турската империја како најсилна пречка за успехот на слободата и прогресот на Балканскиот полуостров, во нејзиното рушење или темелна преобразба тие гледаат неопходна претпоставка за вистинска сестрана еманципација на Македонија. Затоа поборниците за зачувување на самостојноста на македонското ослободително движење ги подложуваа на пораз на критика авантуристачко – провакаторските махинации и завојувачките планови на балканските хегемонистички буржоазии и нивните експоненти, докажувајќи дека борбата меѓу нив се води за завојување на Македонија, а не за нејзино ослободување, т. е. спротивно на целта на македонската ослободителна борба: Македонија на Македонците.

Историските факти фрлија обилна светлина врз обидите и стремежите на владеачката класа на Бугарија да ја измести ВМРО од раководната положба во македонското национално – ослободително движење и со предизвикувањв вештачки и неуспешни бунтови и востанија да му ја убива верата на македонскиот народ во можноста да ги изврши задачите на своето национално ослободување со сопствени сили. Co такви сметки орудијата на големобугарската завојувачко – анексионистичка политика во почетокот на 1903 г. го наметнаа солунското решение за дигање востание во Македонија во летото на 1903 г., кое со оглед на неповолните услови на внатрешната и меѓународната ситуација беше однапред осудено на пропаст.

Искрените борци за независност на македонското движење и за остварување на неговите крајни национално – револуционерни цели, откако се уверија дека не се во состојба да го изменат донесеното решение, усилено почнаа да ги подготвуваат масите за идните судбоносни настани. Во овој поглед особено се истакнаа македонскитс социјалисти кои се вклучија и учествуваа во организираното национално – ослободително движење на својот народ. Социјалистот Никола Карев и неговите истомисленици на Окружниот конгрес на ВМРО во Смилево во 1903 г. и со натамошните свои акции и борби дадоа сјаен пример како треба да се чуваат народните интереси и идеали.

Веќе донесеното, односно натуреното решение за дигање востание, кое настојуваа да го одложат, ги образуваше Карева и неговите истомисленици да.ги вложат сите сили за довршување на нужните подготовки за претстојната масовна акција. Тие по враќањето од Смилевскиот конгрес (април 1903 г.) презедоа низа мерки за снабдување со оружје од Грција, Албанија, Тетово и Кичево. Организираа нелегална работилница за производство на куршуми во Крушево. Во заднината спроведоа ефикасна организација за воено обучување на граѓаните и селаните, опфатени во ВМРО. Славејко Арсов во своите спомени за востаничкото движење во Југозападна Македонија истакнуваше дека селаните, до колку повеќе се приближуваше востанието, без страв доаѓале во групи по стотина и повеќе души за воено обучување по четите во планините.

Раководството на револуционерната организација во Крушевско беше исполнето со чувство на одговорност и свесно за последиците што можат да настанат за населението од непожелен развиток на востанието. Грижливо ги следеше подготовките и правеше огромни усилби за отстранување какви било пропусти. Конспиративниот апарат на организацијата функционираше многу добро, така што турската власт не ги откри и не ги спречи подготовките за востанието.

Во согласност со решенијата на Смилевскиот конгрес за образување посебни воени тела во Крушевско се формира востанички штаб, односно Горско началство на чело со Никола Карев. Исто така беше извршено прегрупирање на вооружените чети и се формираа осум одреди што беа предводени од војводите Питу Гули, Андреја Докурче, Иван Алабакот, Гурчин Пљакот, Марко Христов, Ристо Тасев, Коста Христов и Ташко Карев. На Илинден (2 август 1903 г.) Горското началство со свое литографирано окружно писмо ги извести припадниците на ВМРО за објавувањето на востанието. Во истата ноќ започнаа диверзантски акции и со сгремителен јуриш на востанатиот народ беше ослободено Крушево. Благодарение на координираните дејства иа четниците, вооружените доброволни одреди („милиција“), граѓаните и селаните, Крушево беше ослободено без големи жртви. Востанието во овој крај навистина се одликуваше со масовен одѕив и учество на населението и се претвори во вистински длабоко народен револуционерен потфат.

Раководителите на востанието веднаш по ослободувањето на Крушево пристапија кон создавање нова власт. На јавниот собир, што беше свикан од Штабот на востаниците уште истиот ден беше избрана привремена градска управа — градски Совет — со претставници на народностите што го сочинуваат населението на Крушево. На чело на овој револуционерен орган на власта се наоѓаа шест избрани лица со следниве функции: Вангел Дину (претседател и раководител на судскиот оддел), Горѓи Чаче (секретар и одговорен за реквизиција), Теохар Нешков (повереник за финасии), Христо Курчиев (заповедник на силите на јавниот ред), Димитар Секулов (повереник за прехрана и производство) и Никола Балу (шеф на санитетот).

Како вистински револуционерен орган советот пристапи кон обложување на граѓаните со привремен данок, кон реквизиција на прсхранбени артикли, кон воведување и одржување ред на ослободената територија, кон судење спорови, лекување на ранетите и болните востаници, граѓани и селани, кон судење народни непријатели и сл. Избраниот градски совет имаше свои комисии и други помошни служби за поуспешно извршување на задачите во особената положба и за потребите на востанието. Востаничкото знаме, што се вееше над училишната зграда, во која беше сместен и заседаваше Советот, го симболизираше братството и борбениот сојуз на крушевското население. Црвеното знаме насреде имаше две извезени со жолта срма раце што се ракуваат над палмов венец, а над рацете — запален факел. Во горниот крај на знамето беше претставена мртовечка глава над две крстосани коски, а над главата искршен крст.

Ревулуционерниот демократизам и принципите за братство и рамноправност, врз кои се темелеше македонското национално – осолободително движење, добија полна и доследна примена во создадената револуционерна самоуправа на ослободено Крушево. По начинот на воспоставувањето и функционирањето и по основната намена, востаничката власт во Крушево имаше карактер на републиканско демократско уредување и ги одразуваше стремежите за државно конституирање на Македонија со цел за осигурување самоуправа на народните маси.

Благодарение на извојуваната слобода и рамноправност во ослободено Крушево, му се нанесуваше смртен удар на националистичкиот антагонизам и се даваше пример на братство, слога и заеднички интереси на населението. Поради тоа краткотрајната револуционерна власт во Крушево со право беше нарекувано братско здружување на македонскиот народ и народностите во тој крај и во таа историска ситуација. Во голема мера, токму поради овие околности, создадената краткотрајна револуционерно – демократска власт можеше успешно да ги решава многубројните тешки задачи, поради тоа што претставуваше погодна форма за правилно уредување на односите и заеднички живот на потиснатите и ограбуваните маси.

Крушевскиот манифест со нагласениот револуционерен демократизам и вистински интернационализам спомогна за создавање борбена солидарност и братство меѓу Македонците, Власите и Албакците, за успешен развиток на востанието во овој крај и за упорна одбрана на револуционериата востаничка власт и ослободената територија. Херојските подвизи и жртви на „Мечкин камен3, „Слива“ и другите боишта јасно ја покажаа слободољубивоста и решеноста на востаниците да ги бранат извојуваните придобивки. Македонскиот народ се бореше заедно со другите обесправени и ограбувани народности во Македонија да живее во братска слога и рамноправност. Револуционерната востаничка власт и уредување во ослободено Крушево, познати и наречувани Крушевска република, претставуваа остварување на одамнешииот идеал за национална и социјална слобода, за рамноправност и македонска државност. Гинејќи за Крушевската република, востаниците ги даваа своите животи за создавање на автономна Македонија и поширока федеративна заедница на Балканот.

Народните маси беа проникнати со стремежи за радикални промени и такво државно уредување на Балканот, кое би ја гарантирало полната независност, стопанското издигање и културно – политичкиот развиток на Македонија. Масите веруваа дека евентуално создадената одделна македонска национална држава, која не би се вклучила во рамките на поширока јужнословенска или балканска федерација, би имала кус век и лесно би станала плен на империјалистичките апетити на соседните и големите сили. Изведувајќи поуки од завојувачката политика на владеачките кругови во соседните балкански држави, мнозинството од населението на Македонија сознаваше дека може да даде значаен придонес за јужнословенското зближување и балканската солидарност со својата доследна борба за урнување на национално – потиснувачкиот систем и за сузбивање на претенциите за господство на Балканот. Затоа Илинденското востание беше израз и кулминација на дотогашната борба за самоопределување на Македонија и нејзиното одделување како автономна и рамноправиа демократско – републиканска формација во рамките на пошироката федеративна заедница на балканските народи.

Фактот што избувнатото востание не се развиваше истовремено и еднакво во сите краишта на Македонија, што беше задушено во крв и што на народот не му ја донесе очекуваната национална и социјална слобода, не го намалува значењето на Илинденското востание. Грешките во избирањето на времето за кревање на востанието, кои резултираа превенствено од надворешните влијанија и идејно – политичките разидувања и опортунистичките ставови на одделни раководители на ВМРО за прашања на тактиката и стратегијата и другите пропусти што го условија поразот на востанието, не беа грешки и пропусти на народните маси; туку на раководителите. Масите докрај си го исполнија својот национален и револуционерен долг и ним не може да им се префрли вината. Ова до толку повеќе што за пропаста на востанието постоеја и објективни причини, кои не зависеа од готовноста и борбената енергија на слободољубивите народни маси.

Народните маси, што зедоа учество во Илинденското востание, се бореа за свои барања и интереси, немаа ништо заедничко со сметките на иницијаторите за кревање на востанието пред време кои беа дијаметрално спротивни на нивните намери. Тоа најдобро го покажаа врвните дострели на Илинденското востание во краткотрајната управа на ослободено Крушево или популарно наречувано Крушевска република. Веста за избувнувањето на востанието, според зборовите на австро – унгарскиот конзул Крал, била „насекаде примена со воодушевеност и поздравена како некој спас“, што најмногу се должеше на долготрајната агитација со која се постигна „патриотска воодушевеност на селанското население“.

Co оглед на тоа што национал-револуционерите и социјалистите развија најжива и систематска пропаганда и организаторска дејност во Битолскиот округ, македонскиот народ, токму од овој крај, во братски борбен сојуз со припадниците на националностите што живееја таму, оствари најкрупни достигања во Илинденското востание. А посебно, широките слоеви на народот, под раководство на месната организација во Крушево, беа сестрано ангажирани и подготвени за востанието до максимални граници што беа допуштени од објективните можности. Горскиот штаб на крушевските востаници, на чело со Никола Карев, го напушти герилското војување по планините, ориентирајќи се кон офанзивна тактика, со цел да ослободува поголеми населби. Како последица на тоа дојде до ослободување на Крушево уште на вториот ден по избувнувањето на востанието.

Воспоставувањето веднаш востаничка власт во ослободено Крушево со конституирањето на „Комуналниот (Градскиот) совет“ од претставници на Македонците и Власите значеше создавање револуционерен орган на власта, зачеток иа сопствена државна организација. Исто така, и во други ослободени места, освен во Крушево, како во Клисура, и Невеска, беа создадени органи на востаничка власт — „провизорни управи“. Предводниците на востанието натаму спроведоа низа мерки во прв ред за осигурување на исхраната и за нормализирање на животот на ослободеното население, за пополнување на празнините во вооружувањето и за зајакнување на одбраната и бојните сили на четите итн. Некои од тие мерки, како експропоријацијата на работилниците и резервите, изведувањето на предавниците пред народен трибунал, начинот на избирањето и уредувањето на новосоздадената власт, воведувањето самоуправа на востанатаот народ — удираа вистински револуционернодемократски и национално – ослободителен печат на уредувањето на востаничката власт. Проучувањето на организацијата и карактерот на споменатата власт наведуваа автори да ја квалификуваат како провизорна минијатурна држава, која во текот на времето во свеста на народот и во литературата стана позната како Крушевска република. Во неа, како што е познато, доаѓаа до израз одредени социјалистички влијанија и тенденции, поради кое беше означена како најрана таква појава на Балканот, кое беше единствен општествено – политички и идеен феномен како по конкретната реализација така и по идејната насоченост во дотогашната историја на национално – ослободителните движења на Балканот и израз на револуционерните и прогресивните стремежи на поновото време за подлабоки општествени преобразувања.

Во разгорот на востанието и со извојувањето и создавањето органи на власта сосема јасно дојдоа до израз тенденциите на македонското национално ослободително движење за создавање сопствена држава. А благодарение на позитивното влијание на македонските социјалисти во Крушевско, востанието почна дури да ги надминува рамките на борбата за извојување нациокални права и слобода. Во настанатата револуционерна ситуација беа делумно реализирани, макар и за кусо време до задушувањето на востанието, државотворните концепции на македонските национал – револуционери и социјалисти. Државотворните способности и замисли на предводниците на Илинденското востание дојдоа до израз, покрај другото, и во тоа што во огинот на крвавите судири не ја заборавија потребата да се направат скици за поштенски и таксени марки.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека