Македонско востаничко знаме од илинденскиот период.
 |
Ениџе-вардарско илинденско знаме |
 |
Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание |
Знамето е сошиено од учителката Марија Капитанчева во зимата 1903 година[1] (почеток на 1903 година) по
наредба на војводата Апостол Петков Tерзиев. На 20 јули 1903 година во село Корнишор[2], пред
него се заколнале 250 четници од Ениџе-Вардарските чети на Апостол
Петков, Иван Урџанов, Иванчо Карасулијата и Крсто Асенов.
-270267.jpg) |
Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание |
 |
Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание |
Знамето било со востаниците по време на битките во јули, август и септември 1903 година. [1] По востанието, спасено е од страна на отец Димитар Џутев од црквата „Св. Св. Кирил и Методиј“.[1]
 |
Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание |
 |
Знамето при неговото предавање во Бугарското народно собрание |
На 26 ноември 2014 година, од страна на Анка Николова Хикимова - Колакова, од чие што семејство знамето било чувано во продолжение на 111 години, во објектот на бугарското народно собрание, е подарено на претседателката на бугарското народно собрание Цецка Цачева.[3] Од Цачева пак, знамето е предадено на Соња Пенкова, директор на Бугарскиот национален воено-историски музеј[3] Знамето е изложено во Бугарскиот национален воено-историски музеј во Софија.[1]
 |
Знамето во Бугарскиот национален воено-историски музеј |
No comments:
Post a Comment