Знамиња со славниот македонски крал и војсководец - Александар III Македонски (извор):
Showing posts with label Александар III Македонски. Show all posts
Showing posts with label Александар III Македонски. Show all posts
April 20, 2019
April 1, 2019
Знаме со Александар III Македонски и шеснаесетзрачно сонце
December 10, 2018
Саксонците и Фрижаните се нарекувале Македонци
Саксонците и Фрижаните, според официјалната светска историографија,
се двe сродни германски племиња кои во првиот милениум од Нашата Ера ги
населувале: Саксонија (денешна северна Германија), Фризленд
(крајбрежјето на Холандија и северозападна Германија), а подоцна и
островот Британија.
Но...
Според оваа книга, издадена 1699 година, се
верувало дека Саксонците и Фрижаните дошле од Индија во Европа, и
всушност претставувале дел од војската на Александар Македонски.
Авторот вели дека Тие се нарекувале Македонци, пред да се населат меѓу германските племиња во Европа.
Авторот исто така го поврзува називот „Фрижани“ со „Фриги“, или Бриги - едно од древнo-македонскитe племиња.
![]() |
| The History of the Works of the Learned - Published in the year of 1699 |
The Saxons and Frisians were two allied tribes, settled in Northern
Europe: Saxony, Frisia and Britain. They are now considered to have been Old Germanic tribes.
But…
According to the authors of this
book, before they settled among the other Germanic peoples in Europe,
they used to call themselves Macedonians. The author says that they came
from India to Europe as remains of the Macedonian army of Alexander the
Great.
Furthermore, he connects the name ‘Frisians’ to ‘Phryges’,
also known as Bryges - an ancient Balkan tribe, ethnically close to the
Macedonians.
July 28, 2018
Александар III Македонски во македонскиот книжевен 20 век
Писмени траги што сведочат за присуството на Александар III Македонски во идеологијата на Македонците што се борат за своја држава, јазик и култура среќаваме уште во првите години од минатиот 20 век. Имено, во прогласот до македонскиот народ, односно до востаниците на Горноџумајското востание од 1902 година, полковникот и војводата А. Јанков потенцира: „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија – великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самоил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале, општословенска слава – дека во нив текла македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци“ (Ристовски, 1995: 137).
Претседателот на Крушевската република, Никола Карев, во едно интервју дадено за грчкиот весник „Акрополис“ на 8 мај 1903 година потврдно одговара на прашањето дали се чувствува како директен наследник на Александар Македонски. Ова интервју беше преобјавено во 2000 година во неделникот „Македонско сонце“ на македонски јазик (Вамбаковска, 2000: 14 - 15).
Во весникот „Автономна Македонија“ во август 1903 година објавен е уводник во кој непотпишаниот автор се повикува на македонскиот крал Александар Македонски: „Когато нам се налага да предприемем защитата на угнетените Македонци, ние требва на радо сърце да направим това. Нам тука ни е твърде охотно да отбележим, че Александр Великий, тоя цар на вселената, е засвидетелствувал добродетелите на славянското племе, като е казал, че славяните носят геройски сърца и поради това заслужават да носат великото име славяни, което ще рече славни. Преди да издъхне тоя велик, наш завещател заявил, че прокли на всекиго, който за напред би злословил славяните. За всичките войнствени качества техни, той им завещал всичките земи от Адриятическо море до океяна на вечните ледове. Освен това, той заклел небесните си покровители да пазят од нащастия и постоянно да се притичат на помащи на дванадесеттех князе, потомци на дванадесеттех негови другари. Сега, ако Македонците не са в положение сами да спрат техното изтребление и да подобрят своята участ, то Българите, Сърбите, Черногорците и другите славяни са длъжни да се притекат на помощ на тия братя по кръв и вера, на тия които са родени от ’майка дойна‘ (Македония) и от където са излезли най - знаменитите начала и светила“ (Ристовски, 1995: 137).
Во истиот весник („Автономна Македонија“) во септември 1903 година е објавена песна на авторот Петар Загоров со наслов „Таму!“ во која тој вели дека во Македонија „достојните потомци на Александар Велики / херојски се борат со вековните тирани“ (Ристовски, 1995: 137). И членовите на Македонското научно-литературно другарство во Петроград го негуваат споменот за античка Македонија и за Александар Македонски. На македонското знаме во 1913 или 1914 година како амблем се јавува Букефал, коњот на Александар Македонски, врз црвена основа. Претседателот на ова Другарство, Димитрија Чуповски, на синџирчето од својот часовник до крајот на животот ќе ја носи сребрената пара со ликот на Александар. Братот на Димитрија Чуповски, Наце Димов, во својата книга за Македонија од 1913 година се повикува на пишувањето на англискиот историчар Јаков Абот во врска со древните Македонци и нивниот македонски јазик што бил неразбирлив за Грците (Ристовски, 1995: 138).
Во писмото на Трифун Греков од Женева испратено во октомври 1922 година до раководителот на Македонската федеративна партија во Софија, Н. Јуруков, исто така, се споменуваат античка Македонија и Александар Македонски во контекст на македонската кауза: „Бев испратил статија до ’Автономна Македонија‘ за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настојчиво молам за нејзиното публикување. Од капитално значење е да ја сврземе нашата кауза со старата историја на Македонија“ (Ристовски, 1995: 138 - 139).
И Крсте Мисирков не ја одминува античка Македонија. Во своите „Спомени и впечатления“ Мисирков зборува за престолнината на старата македонска држава на Аминта II, Филип и Александар Велики. Во својата статија „Крали Марко“ објавена во весникот „Илинден“ во март 1923 година Мисирков инсистира на континуитетот во историјата на Македонија. Мисирков е дециден: „Крали Марко е син и гордост на Македонија и еден од тројцата велики завојувачи што го разнесоа името на својата земја далеку од нејзините предели: 1) Александар Македонски ја разнесе славата на Македонија до средноазиските реки Аму-Дарија, Сир-Дарија, како и до Индија и Индискиот Океан; 2) Светите Кирил и Методија го разнесоа македонското слово и писмо меѓу сите словенски народи, и 3) Крали Марко ги потчини под својата власт и под онаа на македонската муза сите народни певци и народи на Балканскиот Полуостров, во тој број и самите вас, потомци на неговите заклети непријатели“ (Ристовски, 1995: 137 - 138).
Еден македонски емигрант во Софија, кој се претставува со псевдонимот „Комитски“, во писмото упатено до Македонскиот национален комитет во декември 1932 година, меѓу другото, ќе запише: „Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светски владетели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зошто да не се случи истото и со Македонците?... Зашто ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал по толку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење!... Бугарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е македонско. Зошто Бугарија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? Зарем Македонците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари – толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голема! Едните биле на Балканскиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дошле во 7 век...“ (Донски, 2002/20 03: 232).
Димче Аџимитрески, раководителот на организацијата МОРО, дава сведоштво за чувањето и пренесувањето на споменот за Александар Македонски од генерација на генерација во македонското семејство: „Ние имавме една стара книга за Александар Македонски. Заклучена беше во едно чекмеџе и дедо ми често ја земаше и ни читаше за подвизите на Александар Македонски. Така ние се воспитувавме. Го сметавме за наш крал и сонувавме за такво кралство што некогаш тој го создал“ (Ристовски, 1995: 140).
Еден од членовите на раководството на веќе споменатата организација МОРО во Скопје, Благоја Димитров, во сеќавањата за таа организација во периодот од 1932 до 1934 година подвлекува: „Основната задача беше да се зборува македонски, да се купуваат книги; се формираа ќелии од по тројца членови и секоја таква ќелија си формираше своја библиотека (се сеќавам, имавме и книги за Александар Македонски и сето тоа го сметавме за наше)“ (Ристовски, 1995: 140).
Македонскиот културно-национален деец и публицист Васил Ивановски (Бистришки) во својата статија од 1934 година со еден мошне концизен наслов „Зошто ние Македонците сме одделна нација?“ потенцира дека „грчките шовинисти ја фалсификуваат историјата прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири, заедно со водачите на тоа племе – Македон, Филип Македонски и Александар Велики – како составен дел од старите Грци“ (Ристовски, 1995: 139).
За Александар Македонски и за античка Македонија пишува и Ангел Динев во брошурата со наслов „Македонските Словени“ од 1938 година, каде што зборува и за супериорноста на античките Македонци во однос на Хелените: „Се знае дека македонското уметничко творештво, уште во времето на Филип Македонски, го надминувало елинското. Победата на Александар Велики над Елините не била само резултат на борбената техничка моќ, туку на моќта и на една цивилизација што ја предизвикала во свеста на Александар чудната идеја за организирање на една светска школа за единствено светско учење и за мирно обединување на човештвото во една целина. Тоа се несомнено идеи и на неговиот учител Аристотел, којшто не е Елин, како што тврдат некои, туку Македонец од Халкидичкиот Полуостров што живеел во Атина како минувач и тоа само кога била на власт македонофилската група. По смртта на Александар Велики и по распаѓањето на македонската држава, Елините го присвоија целото уметничко творештво, а она што не подлежи на фалсификација Византијците подоцна го разрушиле“ (Ристовски, 1995: 139 - 140).
Дури и Кочо Рацин во неговите препирки со професорот Никола Вулиќ укажува на континуитетот на името Македонија, пред сè, од еден историско - географски аспект: „Имало кај Македонците свест дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Тие го извлекле од својата историска ризница своето име... Не ќе биде точно дека Македонија ’исчезнала‘ засекогаш до денеска, туку Македонците го извлекоа своето име од историската ризница... Тие рекле: Оваа земја се викала Македонија. Не е турска! Не е ни бугарска, ниту пак српска. Не е ни богумилска, туку оваа земја е македонска, а ние сме Македонци. Сеедно дали оваа земја била до Велес или под Велес, а сега велат дека е до Шар Планина, но тоа била Македонија и тој народ си го зел тоа име“ (Ристовски, 1983: 340 - 341).
И во анонимниот „Одговор по повод статијата на професорот Никола Вулиќ“ од 1940 година, меѓу другото, се потенцира еден идентичен став: „Географическото положеније на Македонија не је вчерашно, то јет ушче от времето прет Христа, от времето на Филипа и Александар Македонски“ (Ристовски, 1995: 140).
Меѓутоа, во периодот пред Втората светска војна, под влијание на идеологијата на Комунистичката партија, веќе почнуваат да се појавуваат тенденции за негирање и отфрлање на тезата дека Македонците од 20 век се потомци на античките Македонци, како и на тезата дека тие имаат каква било врска со античките Македонци, оставајќи го само името на територијата (Македонија) како единствен заеднички елемент на античките и денешните Македонци. Така, Борка Талески ќе одржи говор пред една организирана група од младинци во Прилеп при што „нагласува дека не сме по потекло од Александра Македонски, туку сме Словени и името сме го добиле по територијата на којашто сме се населиле“ (Ристовски, 1980: 410). Слично предавање одржал и Диме Бојановски-Дизе пред друга таква група во Прилеп во 1939 година (Ристовски, 1995: 140). И во двете групи се зборувало за извесно разочарување што произлегло од таквите искажувања.
Слично разочарување доживеал и охриѓанецот Гоце Митески според кого интелектуалната младина од Дебарца пред Втората светска војна била воодушевена од својот предок Александар Македонски. Гоце Митески е и автор на две песни во кои се споменува Александар Македонски, а песните датираат од 1942 година. Неговото разочарување било големо кога некој повозрасен ученик од Охрид му рекол дека „ние сме Словени, а не директни потомци на античките Македонци“. Митевски вели: „Цела недела тоа го болував“ (Ристовски, 1995: 140 - 141).
Оттука и оттогаш, всушност, во Македонија започнува да се практикува еден игнорантен однос кон Александар Македонски и воопшто кон античко-македонската историја под влијание на комунистичката идеологија, под влијание на идејата за југословенското заедништво, како и под влијание на македонската официјална историска наука во чии рамки беше и сè уште е доминантна историската теза за доселувањето на „македонските Словени“ на Балканскиот Полуостров во 6, 7 и 8 век, како и тоа дека денешните Македонци се чисти Словени и дека немаат никаква врска со античка Македонија и со античките Македонци. Се разбира, во таа теза се наѕира и една расистичка нијанса за „чистата словенска раса“! Дека Александар Македонски и античка Македонија биле табу-тема во Македонија по Втората светска војна, во времето на социјалистичката идеологија, најдобро сведоштво ни дава Петре. М. Андреевски чие кажување е мошне концизно и илустративно за нашата тема: „Зошто, на пример, се дистанцираме од античките Македонци? Ова прашање ни го постави и еден кардинал на заедничкиот ручек во Ватикан во 1973 година. Прашањето му беше и еден вид одговор. Вие сте единствен народ (парафразирам) кој го носи македонското име, се гордеете со него, го опевате во народните песни, а во историските читанки сè ви почнува со Словените. Македонците никаде ги нема. Кај исчезнале тие, ако не во вас? Бевме засрамени. Како да му кажеш дека во тоа време имаше и една премолчена забрана да се поклонуваме и пред гробот на Гоце Делчев?“ (Христова – Јоциќ, 2008: 4).
Ваквиот игнорантен однос кон античко-македонската историја е присутен во Македонија во сите области, а тоа значи и во историската наука, во воспитно-образовниот процес, но и на полето на литературата. Во врска со ова Александар Донски потенцира: „Факт е дека за време на социјалистичкото југословенско едноумие историјата на античка Македонија кај нас беше тенденциозно запоставувана“ (Донски, 2002/2003: 5). Да наведеме неколку примери.
Во книгата „Одбрани четива за историјата на македонскиот народ“ во издание на Државното книгоиздателство на НРМ од 1951 година не може да се најде ниту еден документ поврзан со историјата на античка Македонија. Во „Историја на македонскиот народ“ од 1969 година (три тома) сложениот период од историјата на античка Македонија е претставен само на 15 страници (стр. 33 - 47). Исто така, во трудот „Историја на македонскиот народ“ од 1988 година од вкупно 375 страници за античко-македонската историја има само 10 страници (Донски, 2002/2003: 5 - 12).
За жал, со вакви појави се соочуваме дури и денес, во 21 век. Така, во вториот том од книгата „Историја на македонската книжевност“ од Георги Сталев (издадена од Институтот за македонска литература во 2003 година) нема ниту збор за Александар Македонски во македонската книжевност и воопшто во македонската култура во првата половина на 20 век (Сталев, 2003).
Извесни активности поврзани со историската личност Александар Македонски и со историјата на античка Македонија во овој период (од крајот на Втората светска војна па сè до осамостојувањето на Македонија во 1991 година) се забележливи кај Македонците иселеници. На пример, во 1974 година, членовите на една од најголемите македонски иселенички организации позната како ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија) ќе издадат поштенска картичка со ликовите на Александар Македонски и Гоце Делчев (Донски, 2002/2003: 234). Но, ова се само инцидентни пројави и тоа надвор од границите на Македонија.
Идентична е состојбата и во македонската литература. Во периодот од 1903 до 1942 година не забележавме ниту едно македонско книжевно дело за Александар Македонски, но, како што покажавме, во овој период Александар Македонски е присутен во бројни записи и искажувања на наши културни дејци. Меѓутоа, во периодот од 1942 (двете песни на Гоце Митески кои останале во ракопис, а беа објавени од страна на Блаже Ристовски во 1980 година) до 1978 година (песната „Пејзаж“ од Радован Павловски во која се споменува Александар Македонски, објавена во збирката „Молњи“) не успеавме да пронајдеме ниту едно објавено оригинално книжевно дело од македонски автор во кое барем се споменува Александар Македонски ниту, пак, може да се рече дека Александар е споменуван често во как ви било записи или во регистрирани искажувања во споменатиот временски интервал. Единствено што е објавено во овој период како книжевно дело за Александар Македонски на македонски јазик е преводот на романот „Александар Македонски“ (во два дела, односно два тома) од Словомир Настасиевиќ во 1965 година од српски (тогашниот т.н. српскохрватски) на македонски јазик. Но, овој роман влегува во рамките на преводната, а не на оригиналната литература на македонски јазик (Словомир Настасиевиќ, Александар Македонски, I и II дел, превод Трајан Бавтироски, Новинско издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, Скопје, 1965). Тука треба да се спомне и текстот на Томе Саздов во „Нова Македонија“ од 1958 година за една откриена народна песна за Александар Македонски (Саздов, 1958).
Во 80-тите години на 20 век се појавија само неколку (осум) македонски книжевни дела за Александар Македонски. Во 1984 година беше објавен расказ со наслов „ Александар и вазната“ од Зоран Ковачевски во збирката раскази „Аристотел од Ресен“, а истата година се појави и песна со наслов „Александар Македонски“ од Илија Бошков-Крајнички, објавена во стихозбирката „Моето прво раѓање“. Во 1986 година Радован Павловски ја објави песната „Клуч на походот (На Александар Македонски)“ во збирката „Клучеви“, а во третиот том од „Избрани дела“ со наслов „Отклучување на патиштата“ од истиот автор беше објавена песната „Александар Македонски“. Во 1987 година Блаже Конески ја објави песната „Послание“ во истоимената збирка, а во 1988 година Анте Поповски се појави со песните „Алелуја“, „Копнеж“ и „Повелба на Александар Македонски“ во поетската збирка „Ненасловена“. И тоа е сета македонска книжевна продукција за Александар Македонски што успеавме да ја регистрираме во периодот од 1942 до 1988 година.
Ваквата состојба во голема мера ќе се промени по 1991 година, односно по осамостојувањето на Република Македонија. Имено, во 1992 година е објавен романот „Александар и смртта“ од Слободан Мицковиќ, а истата година е објавен и романот „Домот на Александар“ од Митко Маџунков. Исто така, во 1992 година е објавена поетската збирка „Живи ѕвезди“ од Петре Бакевски со еден циклус посветен на Александар Македонски. Потоа следуваа „Фрески и гротески“ од Венко Андоновски (1993) каде што се објавени два раскази во кои како лик се појавува Александар Македонски, поемата „Александар Македонски“ од Пандо Колевски (1994), ТВ драмата „Александар на Исток“ од Петар Бошковски (1994), поемата „Во сенката на мечот (Александар Велики)“ од Петре Бакевски (1994), збирката раскази „Ледно око“ од Блаже Миневски (1994) во која се објавени три раскази за Александар Македонски, а во следните години се појавија бројни книжевни дела од македонски автори на македонски јазик што се однесуваат на Александар Македонски. Би ги споменале тука авторите Атанас Вангелов, Матеја Матевски, Богоја Таневски, Никола Кљусев, Владимир Шопов, Иван Василевски, Кире Неделковски и други.
Покрај ова, во 90-тите години на минатиот век беа објавени и бројни историски трудови како и т.н. „романизирани биографии“ за Александар Македонски, како од македонски така и од странски автори преведени на македонски јазик коишто, секако, извршија влијание врз сè поголемото актуелизирање и популаризирање на Александар Македонски во нашата средина (Мојсиева – Гушева, 2004: 139 - 153).
За да се има појасен увид во македонските книжевни дела за Александар Македонски овде ќе дадеме хронолошки преглед на објавените литературни творби во македонскиот книжевен 20 век:
1. Петар Загоров, Таму (песна), објавена во весникот „Автономна Македония“, I, 13. IX 1903, стр. 4.2. Гоце Митески, Робина (песна), од стихозбирката во ракопис со наслов „Смрт или слобода“; песната е напишана во 1942 година; објавена во: Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900 – 1944, Истражувања и материјали, II, Мисла, Скопје, 1980, стр. 408-409.3. Гоце Митески, Гоце Делчев (песна), од стихозбирката во ракопис со наслов „Смрт или слобода“; песната е напишана во 1942 година; објавена во: Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900 – 1944, Истражувања и материјали, II, Мисла, Скопје, 1980, стр. 411-413.4. Радован Павловски, Пејзаж (песна), во: Молњи (поетска збирка), Мисла, Скопје, 1978.5. Зоран Ковачевски, Александар и вазната (расказ), во: Аристотел од Ресен (збирка раскази), Мисла, Скопје, 1984.6. Илија Бошков-Крајнички, Александар Македонски (песна), во: Моето прво раѓање (поетска збирка), ОСИЗ за култура – Кочани, Кочани, 1984.7. Радован Павловски, Клуч на походот (песна), во: Клучеви (поетска збирка), Мисла, Скопје, 1986.8. Радован Павловски, Александар Македонски (песна), во: Отклучување на патиштата (Избрани дела, 3,), Наша книга, Скопје, 1986.9. Блаже Конески, Послание (песна), во: Послание (поетска збирка), Култура, Скопје, 1987.10. Анте Поповски, Алелуја (песна), во: Ненасловена (поетска збирка), Мисла, Скопје, 1988.11. Анте Поповски, Копнеж (песна), во: Ненасловена (поетска збирка), Мисла, Скопје, 1988.12. Анте Поповски, Повелба на Александар Македонски (песна), во: Ненасловена (поетска збирка), Мисла, Скопје, 1988.13. Слободан Мицковиќ, Александар и смртта (роман), Култура, Скопје, 1992.14. Митко Маџунков, Домот на Александар (роман), Детска радост, Скопје, 1992. Објавен и во изданието: Митко Маџунков, Кон другата земја, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993 (како седма глава од романот, стр. 405-465). Маџунков го дополни романот „Домот на Александар“ во 2002 година и тоа во српското издание (Иван Вишњиќ, Белград, 2002). Дополнето издание беше објавено и на македонски јазик: Митко Маџунков, Домот на Александар, АЕА, Мисла, Скопје, 2005.15. Петре Бакевски, Белите крилни птици на Александар Великиот (поетски циклус), во: Живи ѕвезди (поетска збирка), Македонска ревија, Скопје, 1992.16. Венко Андоновски, Фреска прва: Александар, Аристотел, Упокоение на Александар Грешен (расказ); во збирката „Фрески и гротески“; во: Венко Андоновски, Азбука на непослушните, Фрески и гротески, Култура, Скопје, 2001; збирката раскази „Фрески и гротески“ за првпат е објавена во 1993 година.17. Венко Андоновски, Фреска втора: Кирил, Исијан. Потем Далмант. Ѓавол го искушува Кирила, Вознесение негово (расказ); во збирката „Фрески и гротески“ од 1993 година.18. Петре Бакевски, Во сенката на мечот (Александар Велики) (поема), Спектар прес, Скопје, 1994.19. Петар Бошковски, Александар на Исток, ТВ драма, Матица македонска, Скопје, 1994.20. Блаже Миневски, Грди камења (расказ); во: Ледно око (раскази), Култура, Скопје, 1994.21. Блаже Миневски, Лажниот Александар (расказ); во: Ледно око (раскази), Култура, Скопје, 1994.22. Блаже Миневски, Пораз (расказ); во: Ледно око (раскази), Култура, Скопје, 1994.23. Пандо Колевски, Александар Македонски (поема), Огледало, Скопје, 1994.24. Анте Поповски, Трите жени и Александар Македонски (песна), во: Провиденија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 1995.25. Атанас Вангелов, На безгласје глас (поема), Детска радост, Скопје, 1995.26. Матеја Матевски, Копнеж по целината (песна), во: Завевање (поетска збирка), Зумпрес, Скопје, 1996.27. Никола Кљусев, Цар на царевите мои (песна), во: Неизртено семе (поетска збирка), Матица македонска, Скопје, 1996.28. Владимир Шопов, Записи и сништа за Александра Магнум (роман), АБ, Скопје, 1997.29. Иван Василевски, Александар (поема), Формика, Скопје, 1997.30. Кире Неделковски, Александар Македонски (песна), во: Безмерно (поетска збирка), Macedonia Prima , Охрид, 1997.31. Петре Бакевски, Градењето на Александрија (песна); во: Сто сонети, Спектар прес, Скопје, 1997.32. Петре Бакевски, Љубопитство (песна); во: Сто сонети, Спектар прес, Скопје, 1997.33. Петре Бакевски, Вавилон, Либрето за симфониска поема - ораториум „Александар Велики“, Детска радост, Скопје, 1997.34. Петре Бакевски, Антички Македонци (песна), во: Елегии, Спектар прес, Скопје, 1998.35. Стојан Боризов-Марковски, Вранештица (песна); во: Македонска поезија и проза од Австралија, самостојно издание, Скопје, 1998.36. Стојан Боризов-Марковски, Кон Македонија (песна); во: Македонска поезија и проза од Австралија, самостојно издание, Скопје, 1998.37. Радован Павловски, Синот на Сонцето (еп), Зумпрес, Скопје, 1999.38. Петре Бакевски, Александар ја урива Теба. Еврипид – молчи (песна), во: Балади, Спектар прес, Скопје, 1999.39. Богоја Таневски, Македонија (песна); во: Судбини (поетска збирка) , АПЕКС, Битола, 1999.40. Богоја Таневски, Александар Македонски (песна); во: Судбини (поетска збирка), АПЕКС, Битола, 1999.41. Богоја Таневски, Корени на старото дрво (песна); во: Судбини (поетска збирка), АПЕКС, Битола, 1999.42. Славе Ѓорѓо Димоски, Гроб во бесмртната вода (песна), во: Темно место (поетска збирка), Зумпрес, Скопје, 1999.43. Влада Урошевиќ, Дива лига (роман), Три, Скопје, 2000.44. Симе Пандовски, Александар Македонски: според дневникот од жена му Роксана, самостојно издание, Битола, 2000.45. Трајан Петровски, Ти беше таа жена (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.46. Трајан Петровски, Писмо (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.47. Трајан Петровски, Тајна (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.48. Трајан Петровски, Манас (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.49. Трајан Петровски, Смртта во Азија (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.50. Трајан Петровски, Идентификација (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.51. Трајан Петровски, Мечот на Александар Македонски (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.52. Трајан Петровски, Нашите болести (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.53. Трајан Петровски, Дрвото (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост Скопје, 2000.54. Трајан Петровски, Минувајќи покрај Гордион (песна), во: Живеам во Азија (поетска збирка), Детска радост, Скопје, 2000.
Од хронолошкиот преглед на објавените книжевни дела за Александар Македонски во македонската книжевност во 20 век може да се види дека се застапени сите позначајни книжевни жанрови – роман, расказ, поезија, драма. Исто така, очигледно е дека по осамостојувањето на Македонија ликот на Александар Македонски зазема значајно место во македонската литература.
Литература
1. Вамбаковска, Л. 2000. „Јас сум Македонец“, досега необјавено интервју со претседателот на Крушевската република за грчкиот весник „Акрополис“, Македонско сонце, бр. 318, стр. 14-15.2. Донски, А. 2002/2003. Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (прв дел – фолклорни елементи). Штип: Центар за културна иницијатива.3. Мојсиева–Гушева, Ј. 2004. Изгубениот хуманизам. Скопје: Магор.4. Ристовски, Б. 1980. Македонскиот стих 1900 – 1944, Истражувања и материјали, I. Скопје: Мисла.5. Ристовски, Б. 1983. Кочо Рацин: историско-литературни истражувања, Прилози за развитокот на македонската културно-национална мисла. Скопје: Македонска книга.6. Ристовски, Б. 1995. Македонија и македонската нација. Скопје: Детска радост.7. Саздов, Т. 1958. Песна за Александар Велики. Скопје: Нова Македонија, 12.01.8. Сталев, Г. 2003. Историја на македонската книжевност 1800 – 1945, II дел: Првата половина на 20 век. Скопје: Институт за македонска литература.
9. Христова–Јоциќ, С. 2008. Александар Македонски во науката и во свеста на потомците. Скопје: Матица македонска
Ранко Младеноски
July 24, 2018
Односот на македонистите од 19 век кон античка Македонија
Трудот е преглед на пишувањата и тврдењата на македонистите од 19 век за постоење на жива врска меѓу античките Македонци и денешните (тогашните) Македонци. Ваквата теза се појавува поради голем број фактори што се елаборирани во текстот, но таа и денес е актуелна во македонската културна сфера и доаѓа од голем број познати и признати историчари. Главната причина, но и цел на застапувањето на ваквата идеја кај македонистите од 19 век се согледува во неопходноста од враќањето кон славното минато за да се поттикне борбениот дух на Македонците во 19 век во напорите за создавање на своја самостојна држава. Покрај тоа, во овој труд се коригира некоректниот и омаловажувачки однос на некои наши (книжевни) историчари кон големото и значајно дело на македонистите од 19 век.
1. Вовед
Една од карактеристичните и доминантните теми од македонската писменост во таканаречениот „преродбенски“ 19 век е словенското потекло на античките Македонци, а во тие рамки и на Александар III Македонски – практика која продолжува да се појавува и во првите децении на 20 век. Безмалку сите македонски културни дејци од 19 век коишто го споменуваат најславниот антички македонски крал се декларираат како потомци на античките Македонци коишто, според нивните тогашни сфаќања, биле Словени, но истовремено и најстар народ што се доселил на Балканскиот Полуостров. Факторите коишто влијаеле врз ваквите ставови на нашите културни дејци од 19 век се многубројни и од различна природа, но останува мошне значајниот факт дека сите тие дејци се едногласни во тврдењето оти античките Македонци биле Словени и дека денешните Македонци се потомци на античките Македонци како најстар народ доселен на Балканскиот Полуостров.
Меѓу позначајните фактори кои придонеле за ваквите ставови на македонистите од 19 век во прв ред е дотогашната историска и историографска практика за ширење и актуелизирање на таквата теза и тоа во пошироки балкански и словенски рамки. Како мошне значаен фактор во оваа смисла треба да се спомене и неопходната потреба од навраќање кон славното минато и кон славните предци на овие македонски простори што требало да биде поттик за воздигнување на борбениот и револуционерниот дух кај македонскиот народ во борбата за слобода и за создавање на своја автономна држава. Општопозната е ваквата потрага по далечните корени од славните и храбри предци во периоди кога народот чувствува дека е загрозен неговиот национален идентитет што, пак, од своја страна претставува поттик за акција. Во таа смисла, се разбира, ваквите идеолошки пројави кај македонскиот народ во 19 век не се никаков исклучок. Тоа е така затоа што македонскиот идентитет во 19 век е загрозен од неколку аспекти – Македонија се наоѓа под петвековно османлиско ропство, а сè повеќе и повеќе земаат замав српската, грчката и бугарската пропаганда кои задираат директно во националниот идентитет на македонскиот народ, но тие пропаганди задираат и во територијалниот интегритет на Македонија како географска и етнографска целина во рамките на Османлиската Империја. Загрозени се, значи, основните составни елементи на македонскиот национален колектив како што се македонската етничка припадност, македонскиот јазик, обичаите, културата, територијата, па како реакција на тоа се појавува потрагата по и навраќањето кон древното и славно минато на македонскиот народ.
Сосема ирелевантни се тука дискусиите за историската автентичност или неавтентичност на таа теза за врските меѓу античките и денешните, односно тогашните (од 19 век) Македонци, зашто таквата национална идеологија бездруго ја извршила целта поради која и настанала – да го мотивира, да го поттикне и да го мобилизира македонскиот народ во борбата за слобода и за создавање на своја самостојна национална држава. На крајот на краиштата, инсистирањето на нашите Македонци од 19 век на древното потекло на својот народ претставува и една практична, но и сосема логична идеја затоа што на тој начин се воспоставува интерактивна врска меѓу две далечни епохи, меѓу две култури коишто, секако, имаат допирни точки во неколку сегменти – националното име, територијата, дел од обичаите, а според последните генетски истражувања и крвта.
2. Македонистите од 19 век vs античка Македонија
Античка Македонија не само што не била terra incognita за нашите културни дејци од 19 век, туку таа за нив претставува сакрален топос од кој тие црпеле огромна енергија за своите подвизи. Тоа го потврдуваат мошне честите споменувања на славното античко минато на македонската држава и на двајцата најзнаменити кралеви од тоа време – Филип II Македонски и Александар III Македонски. Но, да се поткрепиме со примери, како што вели Гане Тодоровски. Да ја споменеме за почеток книгата „Претскажувањата на Голем Александар“ од Атанас Македонец објавена во 1845 година во Венеција. Во предговорот („Пролог на терџуманот“), Атанас Македонец ја поистоветува својата татковина Македонија со татковината на Александар Македонски („со тој големиот човек“): „И шчом ова ракописмо јет пресказање на Голем Александр и чинит мноугу голем збор за негојата мноугу милослива патрида Македониа, јас слугата на Христа од истата земја со тој големиот човек, сторив ниет, со помож на сфети Дух, да го прам терџуме и на јазиците што се зборуваат на мојата патрида“. (Македонец, 1996, 33).
Исто така, меѓу бројните Македонци од 19 век коишто зборуваат за античка Македонија е и јерејот Димитрија од Кривопаланечко кој некаде кон средината на векот, односно во 1848 година вели: „За моето назначување најмногу се заложи г-н Михаил Македонски, зашто сум роден Македонец и службата си ја терам по словенски. Од бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство“. (Ристовски, 1995, 129).
И нашиот познат учител и собирач на народни умотворби Димитрија Миладинов го носел во себе истиот идеал како и другите многубројни македонисти од 19 век. За ова сведочи Рајко Жинзифов[3] кој пишува за полемиката на Д. Миладинов со некој Грк кој зборувал за тоа дека словенскиот, односно македонскиот јазик е „варварски јазик“. Во таа расправија „Димитрија ги посакал од Гркот не само сегашните Македонци, туку и древните, заедно со Филипа и Александра. Тој ги преобрнал и Хомера и Демостена и Страбона и едвај ли не ги пословенил во очите на Гркот и сегашните Елини“. (Тодоровски, 1990, 51). Од друга страна, и во Зборникот од браќата Миладиновци е објавено и едно предание за Александар Македонски.
Во една дописка од Охрид објавена во „Цареградски вестник“ од 3 март 1860 година среќаваме и еден ваков фрагмент: „Ова страна е Македонија и ако пригледаме природа, нрави, обичаи, характер на жители, нихен стан, нихна физиономија, из цело ште познаеме истите онија мужи кои во старо време составјали фаланги Александра Македонскаго“. (Конески, 1959, 80).
Во своите „Лични дела и спомени“ (Пловдив, 1906) Стефан Салганџиев ни оставил сведоштво за еден солунски учител, охриѓанец, кој некаде на крајот од 60-тите години на 19 век се изјаснувал како потомок на античките Македонци. Овој солунски учител тврдел: „Ја не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин; ја сум чист Макидонец, какви су били Вилип и Александри Македонски и Аризтотел вилозов“. (Конески, 1959, 49-50).
Во весникот „Македонија“ од 16 февруари 1871 година во статијата со наслов „По македонското прашање“ нашиот учебникар, национален деец и публицист Димитар Василев Македонски, полемизирајќи со бугарскиот културен деец Петко Р. Славејков, меѓу другото пишува: „Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне“. (Ристовски, 1995, 131).
Ваквата античко-македонска идеолошка свест била присутна и меѓу „лозарите“. Во весникот „Македонија“ кој почнал да излегува во Русе на 21 октомври 1888 година и чиј уредник бил Коста Шахов, во една статија без наслов во бројот од 11 ноември 1888 година, авторот потпишан со иницијалите Г.К. меѓу другото пишува: „Денеска... секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: ’Ние сме го имале цар Александар Велики‘. Со тие зборови тој си наумува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на Македонецот како национална гордост. Таа национална гордост денеска има за него интелектуално значење при односот за постигнување на идејата за самостојност. Великата македонска држава во лицето на Александра ѝ има направено огромна полза на науката“. (Ристовски, 1995, 136).
Како што наведува Блаже Ристовски, „и на едно тајно собрание на македонскиот ’кружок‘ околу в. ’Македонија‘ што се одржало на 19 јуни 1889 год. во хотелот ’Конкордија‘ во Софија, на коешто присуствувале 12-13 истакнати македонски дејци од тоа време (К. Шахов, Д. Македонски, Г. Георгиев, Ив. Шумков, Ножаров, браќа Иванови, Ќузлиев, Мандушев и др.) во рамките на размислувањата за ’да се покрене една поширока дејност‘, меѓу другото се зборувало и ’за Александар Македонски‘“. (Ристовски, 1995, 136).
Во 1890 година во Софија беше формирана Младата македонска книжовна дружина чиј прв претседател е Коста Шахов. Во печатениот орган на оваа книжовна дружина наречен „Лоза“ во 1892 година, во првиот број, пишува дека „татковината на Македонците е Македонија и дека таа била ’отделно славiанско господарство на което миналото е покрито со блесък и особено во времето на Филипа и Александра Велики, но при нихните наследници отпаднало‘...“. (Ристовски, 1995, 136).
И востаниците од Кресненското востание од 1878 во својот акт насловен како Правила-Устав на Македонскиот востанички комитет се повикуваат на античка Македонија, односно на Александар Македонски: „Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме по планините и горите македонски ние служиме како Македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: ’Смрт или слобода‘“. (Ристовски, 1995, 133).
Во овој контекст мошне интересни се содржините од актите произлезени од формирањето на Националното собрание и Привремената влада на Македонија во месноста Гремен-Теќе, Островска околија, во мај 1880 година како резултат на незадоволството на Македонците поради положбата на Македонија по Берлинскиот конгрес во 1878 година. Националното уставотворно собрание донело Протоколарно решение за формирање на Привремена влада на Македонија во кое, меѓу другото, се вели: „Од сите заинтересирани влади ќе се побара реставрација на Античка Македонија, ќе се упати и повик до сите љубители на слободата и од сите родољубиви мажи ќе се побараат благородни жртви“. (Андоновски, 1995, 72; Сталев, 2001, 89).
Покрај Протоколот, Привремената влада на Македонија издала и Манифест (од 23 март 1881 година) до македонскиот народ со кој го повикува на востание за ослободување од вековниот јарем. Во овој Манифест чести се навраќањата и повикувањата на славата на античката македонска држава: „Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивилизира човештвото и Азија. Но, таа некогаш толку славна наша татковина, денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и поради заборавот на нашето потекло... Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана нашата мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие, што сте верни мои деца, вие што по Аристотел и Александар Велики сте мои наследници, вие во чии жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми... Македонци, сетете се на нашето потекло и немојте да го откажувате!“. (Андоновски, 1995, 74-75).
Меѓутоа, Александар Македонски и античка Македонија, како и тезата за нивното словенство (славјанство), доминантна место имаат и во делата на четворица наши културни дејци од 19 век – Ѓорѓија Пулевски, Исаија Мажовски, Марко Цепенков и Григор Прличев. Но, да ги погледнеме мошне интересните, а понекаде и мошне зачудувачките, толкувања на ваквата појава како сегмент од нашиот историски развој, и тоа од врвни македонски историчари, но и конкретно од книжевни историчари.
Ова често навраќање кон античкиот период на Македонија што се случува во 19 век Блаже Конески го согледува во еден поширок балкански контекст. „Тоа уверение впрочем – коментира Конески – не било измислено кај нас. Тоа било распространето пошироко, пренесувано од некои постари истории. Александра го среќаваме на пр. претставен како Словен кај дубровничкиот поет Иван Гундулиќ. Тоа му годело на словенското самочувство. Од истиот разлог и македонистите го земале за свој предок, со кого можеле да се гордеат... Карактеристично за буржоазните национални движења – будењето на ’старата слава‘, националниот романтизам – не можело да не им биде присушто и на македонистите. Кај Бугарите се во тој поглед особено интересни историските конструкции на Г.С. Раковски“. (Конески, 1959, 80).
Според Блаже Ристовски, врз оваа појава во македонскиот книжевен 19 век влијаело зародувањето на современата историска мисла на овие простори, усната народна традиција, европската наука што манифестативно ја култивираше свеста за античка Македонија со постепено, но забележително инклинирање кон претставите за „словенскиот карактер“ на нејзиното население, како и веќе создадените култови во митологијата. (Ристовски, 1995, 127-129).
Александар Донски, пак, потенцира дека поради „огромниот крвен и културен удел на античките Македонци во денешната македонска нација, воопшто не е чудно што голем број Македонци во поблиското минато себеси се декларирале како потомци на античките Македонци... Наспроти сите антимакедонски пропаганди, античко-македонското етничко потекло масовно било прифаќано од страна на Македонците во 19 и 20 век“. (Донски, 2002/2003, 217).
Ставовите на македонистите за словенството на античките Македонци Гане Тодоровски ги квалификува како „хипотетични, утописки занеси на дел од македонските преродбеници (Џинот, Георги Динков, Пулевски, Исаија Мажовски, Јован Гологанов и др.)“, но и како „фикс идеи“. (Тодоровски, 1990, 101-102). Покрај ова, Тодоровски вели дека станува збор за „екстремен национален занес и колективна национална утопија“ (Тодоровски, 1979, 8), како и за „колективна заблуда од која не беа поштедени ни најистакнатите имиња на народната преродба... И како прв грев на младоста на нашата нација и како грда самоизмама“. (Тодоровски, 1979, 32).
За Томислав Тодоровски, пак, таквите пројави во 19 век беа „илузионистичко тврдење и романтичарски занес“ (Тодоровски, 1972, 13-14), а за Мажовски и за Пулевски ќе додаде дека „тоа беа луѓе со скромни интелектуални можности“. (Тодоровски, 1972, 22).
Во идентичен стил, Кирил Пенушлиски зборува за „искривоколчен култ за историското минато“ (Пенушлиски, 2005, 25), како и (на пример) за „неука бесмислица на Ѓорѓија Пулевски дека царот Филип и царот Александар Македонски се Славјани“. (Пенушлиски, 2005, 26).
3. Заклучок
Кога нашите историчари и книжевни историчари зборуваат за „национален романтизам“, за „екстремен национален занес“, за „колективна национална утопија“, за „грда самоизмама“, за „илузионистичко тврдење“, за „фикс идеи“, како и за „скромни и ограничени интелектуални можности“ и за „наивност и неукост“, а кога сето тоа се однесува на македонските културни дејци од 19 век, очигледно е дека се забораваат неколку мошне суштински факти. Имено, посериозните историски, научни проучувања на античка Македонија и објавите на сериозни историски трудови за таа епоха започнаа со германскиот историчар Јохан Густав Дројзен во четвртата деценија на 19 век, односно во 1833 година. Во времето, на пример, кога Ѓорѓија Пулевски ја пишуваше својата „Славјанско-маќедонска општа историја“ (три-четири децении по Дројзен) европската историска наука сè уште талкаше по темниците на античко-македонскиот период. Тие наши „неуки и наивни“ таканаречени „преродбеници“ работеле во време кога македонскиот народ нема своја држава, нема свој стандардизиран јазик, нема образовни и научни институции, во време кога македонскиот национален идентитет бил загрозуван буквално од сите страни и од сите аспекти (етнос, јазик, црква, територија) итн. Сето она што тие го создале и го постигнале во такви тешки услови (или „опстојателства“, како што вели Константин Миладинов) е еднакво на подвиг за восхит и бездруго не заслужуваат таков безмалку омаловажувачки однос, особено во рамките на македонската книжевна историја.
Од трета страна, а во врска со „неуката и наивна“ идеологија на македонистите од 19 век дека Словените, односно Македонците, се староседелци на Балканот, треба да се има на ум фактот дека дури и денес во одредени научно-историски кругови се става под сомнеж историската теза за доселувањето на Словените на Балканскиот Полуостров од зад Карпатите и тоа во бранови во 6, 7 и 8 век по Христа. Односно, наспроти ова, и денес (во 21 век!) се актуелизираат идеите на македонистите од 19 век дека Словените (поточно Македонците) се староседелци на Балканот.[4] Во тој контекст, се појавуваат и застапници на една трета теза според која денешната македонска нација настанала со симбиоза на етничките и културните идентитети од античко-македонскиот и словенскиот елемент што, се разбира, не е далеку од логиката.
Основниот проблем кај овие три тези е тоа што нивните застапници и поддржувачи најчесто вршат селективно презентирање на историските факти со цел, се разбира, да бидат поубедливи при докажувањето на своите ставови. Тоа несомнено значи дека пред историската наука сè уште постои едно прашање коешто ни до денес не е докрај расчистено и расветлено, па според тоа историјата ќе треба во иднина аргументирано да ги елиминира ваквите дилеми.
Но, како и да е, несомнен е фактот дека македонските културни дејци од 19 век, со сето она што го создале, направиле големи подвизи достојни за почит.
Библиографија:

3) Во московскиот седмичник Ден, во броевите од 17.XI и 1.XII 1862 година, Рајко Жинзифов ги објавува своите сеќавања за браќата Димитрија и Константин Миладиновци под псевдонимот „Велешанин“.
4) Би ги споменале тука, на пример, тезите на Ташко Белчев, Васил Иљов, Лидија Славеска, Ангелина Маркус, Веле Алексоски, Ристо Стефов, Антоније Шкокљев – Дончо, Славе Николовски-Катин и други.
Библиографија:
1. Андоновски Христо (1995). Јужна Македонија од античките до денешните Македонци. Скопје: Македонска книга.2. Донски Александар (2002/2003). Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (прв дел – фолклорни елементи). Штип: Центар за културна иницијатива.3. Конески Блаже (1959). Кон македонската преродба, Македонските учебници од 19 век. Скопје: Институт за национална историја.4. Македонец Атанас (1996). Претскажувањата на Голем Александар. Подготовка, предговор и транскрипција Вера Стојчевска–Антиќ. Скопје: Зумпрес.5. Пенушлиски Кирил (2005). Митот и фолклорот. Скопје: Матица македонска.6. Ристовски Блаже (1995). Македонија и македонската нација. Скопје: Детска радост.7. Сталев Георги (2001). Историја на македонската книжевност 1800 – 1945, I дел: Македонската литература во 19 век. Скопје: Институт за македонска литература.8. Тодоровски Гане (1979). Веда Словена. Скопје: Македонска книга.9. Тодоровски Гане (1990). Македонската книжевност во XIX век. Скопје: Наша книга.
10. Тодоровски Томислав (1972). Спомените на Мажовски. Скопје: Мисла.
Д-р Ранко Младеноски
September 12, 2016
May 15, 2016
Alexander’s horse
- Super horses of the ancient world
Aloke Sen (The Telegraph)
We stood in a huddle in a clearing at a state horse breeding farm near Ashgabat, Turkmenistan’s capital, under injunction not to move ‘no matter what’. That injected the right amount of mystery and alarm into the proceedings. Suddenly, without any warning, scores of majestic horses burst on the scene in a storm of hoof beat and dust. They streaked away, wheeled round, presumably at signals from unseen handlers, and bore down upon us, the transfixed spectators, in what can only be described as a controlled stampede. The animals were reputedly highly trained, but they were also highly intelligent, clearly aware that no harm was to come to us. Later, when the hair-raising display was over, we were allowed into the stalls to inspect them. Even to the uninitiated, each horse — with a sculpted head, a long graceful neck and a coat gleaming with a metallic shimmer — seemed to be a work of art, regal in bearing, a mount fit for a king.
And they were. Turkmenistan’s akhal-teke ‘golden horses’ did indeed excite many a king to try to possess them by whatever means possible. Legend has it that the Persian emperor, Cyrus, married a daughter of the King of Medes to gain access to the horses. The Han emperor, Wu Ti, mounted military expeditions and on a successful foray, got 13 horses from Ferghana. For Wu Ti, these ‘blood-sweaters’ (a water-borne parasite causing easy bleeding in the horse’s neck) were the ‘heavenly horses’; their possession was the mark of heaven’s grace.
But the royal connection that the enthusiasts of the akhal-teke most like to flaunt is the one with Alexander of Macedon. For them, the akhal-teke is ultimately Alexander’s horse, his Bucephalus, the most famous war horse of history, itself having been an akhal-teke. This last can do with further scrutiny, but according to historical accounts, to the extent they were reliable in an age much dominated by myth, Alexander did indeed own the Central Asian horses.
The akhal-teke is one of the oldest extant horse breeds of the world, tracing its ancestry to animals living thousands of years ago and identified as, variously, the Turkmene, the Scythian, the Nisean horse, ‘the super horse of the ancient world’. Herodotus, while describing the sacred chariot of Ahura Mazda in the army of Xerxes, mentions a horse “bred in the Nisei plain between Balkh and Midis”, which is graceful, with a clearly shaped head, long flexible neck, large eyes and fine but strong legs. Even allowing for the inevitable cross-breeding experiments over centuries and the blending of bloodlines since the time of Herodotus, it can very well be a description of the horses we were watching at the Turkmen farm. The akhal-teke seems to have defied time in the timeless vast expanses of its home, Central Asia’s Kara Kum desert.
The horse is named after its habitat (the Akhal oasis) and its breeders (the Teke tribe). The tribal masters raised and used the animals for the purpose of raiding. So they had to be adapted to both the severe climatic and food conditions of the desert and the requirements of their intended, somewhat violent, use. The horse was wrapped in numerous felt blankets so as to sweat out any surplus fat, making it a light, sturdy, long-distance vehicle, combining speed, stamina and endurance, need-based qualities that their raider-masters bred into them.
Contrary to all this build-up, the akhal-teke is not a big animal. It typically stands at 14 to 16 hands (or under 163 centimetres). The horse comes in different colours: golden buckskin or palomino, bay, black, chestnut and grey. What distinguishes it is a natural metallic bloom of its coat. It is this beautiful sheen that has led to the sobriquet, the ‘golden horse’. The animal is intelligent, lively and alert, and is known to bond best with a single master.
There is an interesting speculation about how the akhal-teke came to acquire its present build and features. With the rising desertification of habitat in Central Asia, its forebear, a stockier animal raised on the grasslands, was thought to have begun a slow evolution into the lean and hardy form of today. The long neck, large eyes, long ears equipped the akhal-teke to detect the dangers of the open plains. The unique golden colour aided camouflage in the desert.
Most of the estimated 6000-odd akhal-teke horses today are found in Turkmenistan, the country’s national emblem and pride, and in Russia, the inevitable consequence of the annexation of the Turkmen land by the Russian empire, but a smaller number is also to be found in north America, Europe and Australia. So even if, during our memorable visit, the Turkmen authorities treated the subject of the akhal-teke horse as almost an official secret, in the globalized village of today, one can buy an akhal-teke from a ranch in America or Europe.
Websites of commercial breeders, while advertising the horse as a racer, a show jumper, a dressage mount, illustrate its noble lineage by the sweeping claim that Genghis Khan’s mount and Alexander’s Bucephalus were both akhal-teke. But was Bucephalus an akhal-teke?
In his popular novels about Alexander, Valerio Massimo Manfredi, recycling legend, tells of the master and the mount coming together for their first encounter in a dramatic scene. Bucephalus, King Philip’s expensive present at 13 talents to his young son, is maniacally defying its grooms and scattering them to the ground. The prince, mesmerized by the “black stallion shining with sweat like a bronze statue under the rain, blacker than a raven’s wing, with a white star on its forehead in the shape of a bucranium, an ox’s skull”, shouts to his father that the horse be let free. A talent being the equivalent of 60 pounds of precious metal, Philip quite reasonably reminds his son of the high cost and says that more time is needed to break in the mutinous animal. Alexander lays a bet for 13 talents that he alone can tame the horse and proceeds to do so with a mix of raw courage and good horse psychology. At the end of the astonishing showmanship, Philip rather melodramatically tells his son that Macedon is not big enough for him, and that Alexander must seek out another kingdom for himself, thus effectively launching the manic conqueror on non-stop military campaigns through the known world.
While ancient chroniclers invariably glorified the son, the father remained somewhat under-rated. But Philip seemed to have been ahead of his times in realizing the value of horses, using the cavalry as a fighting unit, and encouraging a scientific breeding programme. He was known to have obtained horses for his troops from far-flung places. He had Bucephalus procured from a horse dealer of Thessaly, where prime existing local stocks were being crossed with Scythian, Persian (Nisean) and Ferghana horses to improve quality.
Therefore, by the time of Philip’s reign, the ancestor of the akhal-teke was already known to the Macedonian breeders, and Thessaly being one of the most important breeding centres, Bucephalus and today’s akhal-teke would have been logically connected through a common progenitor, making them blood-brothers of sorts.
But in case this explanation would still not satisfy the votaries of the akhal-teke wanting a more unambiguous endorsement, Alexander laid all speculation to rest when years later, during his campaigns through what are today Iran, Turkmenistan, Uzbekistan and Afghanistan, he married a Bactrian princess, Roxane, and collected a tribute of 50,000 ‘eastern horses’ from captured cities. That was finally the vindication of the noble akhal-teke’s Alexander connection.
The author is India’s former ambassador to Turkey, Cambodia and Myanmar
May 5, 2016
Fish in the water
By Salman Rashid
Published in The Express Tribune, June 21st, 2011.
![]() |
| The writer is author of Jhelum: City of the Vitasta (Sang-e-Meel, 2005) salman.rashid@tribune.com.pk |
When Alexander’s General Krateros started off with the ten thousand-strong contingent of aging veterans back for Macedonia, he had parted from his commander at Patala (Hyderabad).
Three hundred and fifty kilometres northwest of Patala and some two weeks after the contingent of aging veterans bid farewell to Alexander, to head for Macedonia in the year 325 BCE, blasé veterans from years of hard travelling and even harder fighting, would have looked up in awe. There, spread out in front, was a large irregular splash of green, offsetting the bleak ochre of the mountains in the background.
As they neared, birdsong bursting out of the thickets would have been more than welcoming. Nearer still, the tinkle of rushing waters would have soothed the tired marchers. But Krateros would not have tarried long here for he had the Moola Pass to negotiate to the Baloch uplands before he could reach Alexandria in Arachosia (Kandahar). Neither Krateros nor any of his veterans left behind a record of what they saw and how they felt upon reaching this lovely oasis. Nor, too, did they tell us what it was called. But one thing that cannot be denied is that this army would have passed through Chhattal Shah, for there was no other way of ascending the Moola if you came from the low country of Sindh.
I followed up on Krateros over two thousand years later. Though my primary desire was to see what Krateros had seen all those years ago, we were also going to investigate the fish that no one could eat. Wali Mohammad, my friend from Shahdadkot, had told the tale: The fish were sacred of the saint Chhatal Shah Noorani and if you ate them, they came squirming out from the back end the next morning. Since everyone was afraid of this embarrassing development, they were not molested and the fish were completely tame and actually came into one’s hands, he said.
A vegetarian of sorts, I have never been able to resist fish and I thought this was a fish-eater’s paradise. The little stream was teeming with fish. And no ordinary rubbish, but mahasher fish. I do not know which family this fish belongs to, but whether from the Haro in the Potohar or from the Hub River or here at Chhattal Shah, there are few better fish to eat.
The stream led up to a large circular natural reservoir that was fed by a number of underground springs. The water was sparkling clear and abounding with more mahasher. Only their size was much larger than the ones we had seen in the stream. My mouth watered and as I went to the water’s edge to get lunch, the fish slithered away.
I ragged my friend about the lousy story. I carried on as we sat down in the dappled shade of banyan and pipal trees to await the cup of tea the keeper of the shrine offered us. I was still ranting when tea arrived. The elderly keeper listened to me raving on and on. How could fish emerge from the eater’s sphincter I asked him.
What this wise old man said knocked me over. “Saeen, if there had been no story, these wild hill people would have eaten off these fish. This would have been a dead stream.” Then he told me to go back to the water and see how the fish glistened as they swam about in the dappled light.
I went back to the rill and sat by its side. The cavorting fish did indeed flash different colours: Iridescent green, orange and blue. As I sat there contemplating this beauty, it suddenly dawned upon me that the fish story was no foolish quasi-religious rubbish. This was one of the earliest; perhaps even the earliest, conservation programmes that have been in force for centuries.
Published in The Express Tribune, June 21st, 2011.
February 15, 2016
Alexander The Great by James Romm
Selections from Arrian, Diodorus, Plutarch, and Quintus CurtiusArrian, Diodorus, Plutarch, and Quintus Curtius
Edited, with Introduction, by James Romm; Translated by Pamela Mensch and James Romm
2005 - 224 pp.
January 27, 2016
Александар Македонски на фреска во црквата Свети Ѓорѓи
На падините на Скопска Црна Гора се наоѓа селото Бањани, во општината Чучер Сандево. Тоа е одалечено околу 15 километри од центарот на Скопје. Во него се наоѓа малата црква, посветена на светецот Ѓорѓи. Во внатрешната страна на црквата стои напис од кој дознаваме дека црквата е завршена во 1548/49 година, во време на султанот Сулејман.
На влезот во црквата Свети Ѓорѓи, на целиот фронт од источниот ѕид на припратата, е насликана композицијата „Страшниот суд“ од познатиот мајстор на иконописот Дичо Зограф чиј потпис стои над западната врата која води до иконостасот. На фреската „Страшниот суд“, која изобилува со динамика и колирит, е насликан и познатиот крал Александар Македонски заедно со кралевите Дариј, Пор и Кир. А дека се работи токму за тие кралеви авторот на делото се погрижил на секој поединечно над главата да го напише неговото име: Цар Пор, Цар Дариј, Цар Кир и Цар Александар. Под нозете на секој од кралевите ги насликал митолошките суштества кои ги симболизираат царствата: Римско, Вавилонско, Персиско и Македонско. Под нозете на Цар Александар е прикажан лав над кој пишува Македонско царство. Целиот приказ е толку добро насликан и јасен што не остава простор за сомнеж дека Дичо Зограф го насликал токму Александар Македонски.
Но, она што не изненади е тоа што човекот кој 20 години ја одржува црквата, 80-годишниот Воислав Ковачевиќ не знаеше дека на ѕидот на храмот за кој две децении се грижи, од раката на познатиот зограф, е насликан македонскиот крал.
- Иако сум 20 години задолжен за црквата, а и тука сум роден во селото, не знаев дека на фреската е ликот на Александар Македонски. Сега забележав дека пишува Македонско царство. Да. Еве погоре пишува Цар Александар, вели збунетиот Ковачевиќ. Тој се одалечуваше па се приближуваше до фреската за уште еднаш да се увери дека така пишува.
- Знам дека е дело на Дичо Зограф. Еве го и неговиот потпис, но не сум го загледал толку добро. Сам се грижам за црквата, како и за другите свети храмови кои ги има многу во Бањани, а отворена е само недела и за време на верските празници. Ја отворам и ако некој ме повика од дома. Изградена е во 16 век, во време на султанот Сулејман, раскажува Ковачевиќ. Тој е задолжен и за другите цркви во селото кои ги има многу, Свети Јован, Свети Спас, Богородица, Благовештие, како и манастирот Свети Илија.
Познатата црква Свети Никита, која е само на еден километар од Свети Ѓорѓи, спаѓа во село Горњани и Ковачевиќ за неа не е задолжен. Црквите во овој дел од Скопје ги опслужува само еден поп. Селото е мало, со околу 150 куќи.
Ковачевиќ не е единствениот кој не забележал дека во црквата Свети Ѓорѓи е насликан ликот на Александар Македонски. Мештаните кои ги сретнавме по пат и тие не знаеја дека во нивната селска црква стои ликот на големиот војсководец. – Не знам. Кога ќе влезам во црква во очи ми паѓа големата змија. Не сум забележал дека го има ликот на Александар Македонски, вели Мирче Горанчиќ.
Зошто го ставил Дичо Зограф македонскиот крал Александар Македонски на фреска ни објасни византологот д-р Сашо Цветковски. – Делото „Страшниот суд“ е новина во поствизантискиот период и го има во многу цркви. Означува дека по четирите царства доаѓа Христовото царство. Тоа што е насликан Александар Македонски, пред се’ е од религиски мотив, односно дека по Римското, Вавилонското, Персиското доаѓа Христовото царство. Големата змија со која е заобиколена композицијата излегува од адот. Таа е преполна со гревови и минува низ 24 митарства за душата да оди во рајот, вели д-р Цветковски. Тој забележува дека „Страшниот суд“, кој бил многу сликан во поствизантискиот период, денес не е дело кое го сликаат фрескописците.
Како Дичо Зограф се нашол во Бањани?
Димитрија Крстевич, познат како Дичо Зограф (1819-1872), е еден од најистакнатите македонски зографи, со импресивен творечки опус создаден во текот на бурниот деветнаесетти век. Овој зограф, роден во Тресонче, во својот работен век од триесетина години изработил над 2.000 икони, го следиме насекаде низ Македонија, но и во соседните Србија, Бугарија и Албанија.
Својата дејност во скопската област ја започнува во 1843 година во селото Кучевиште, кое во тој период е мошне важен регионален културно-просветен центар кон кој гравитираат околните села. Тука, во црквата Света Богородица го обновува иконостасот, забележува историчарот на уметност Емил Алексиев во својата книга посветена на Дичо Зограф. Но, голем број од иконите изработени во Света Богородица се уништени во пожарот од 1983 година. Денес е тешко да се утврди кои икони се насликани од неговата рака. Прекрасните дела кои ги насликал во Кучевиште, на Дичо Зограф му овозможуваат да ја добие и првата поголема порачка – изработката на иконите за иконостасот во црквата Свети Ѓорѓи, во село Бањани. Зимата 1845-46 година тој ги изработил престолните икони за оваа црква. Од негова рака се и иконите на апостолите со композицијата на деисисот и празничните икони. Тој работи во црквата Свети Илија во истото село и Свети Никита во Горњани.
Црквата Свети Ѓорѓија, која датира од шеснаесетти век, е доградена во осуманесеттиот век. Во 1847 година, по доградбата на храмот повторно е ангажиран мајсторот на иконографијата. Од двете страни на влезот, тој ги насликал фреско-иконите Свети Ѓорѓи, Свети Богородица Одигитрија, Исус Христос Седржител, Свети Јован Претеча и Свети Димитри победи зверја, забележува во книгата Алексиев.
Иако многумина веруваат дека Дичо Зограф го создава и „Страшниот суд“ во Свети Ѓорѓи, Емил Алексиев се сомнева дека токму Дичо го насликал ова дело.
Сепак, според стилските карактеристики и иконографското решение на композицијата со сигурност може да се тврди дека е дело на Дичо Зограф, а воедно е и единствениот досега откриен примерок во ваква форма во ѕидното сликарство насликан од овој зограф.
Композицијата „Страшниот суд“ на која е насликан и Александар Македонски, не е единствената на која се наоѓа ликот на славниот војсководец. Фреската со светиот Сисое над гробот на војсководецот се наоѓа во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во село Сливница во Ресен. Таа е идентична на онаа од Варлам на Метеорите насликани во 17 век, а се верува дека фреските ги работел македонскиот зограф Никола. А, историчарите на уметност велат дека најмалку во дваесетина храмови во нашата земја има фрески на кои е прикажан свети Сисое над гробот на античкиот војсководец.
За дел од стручните лица, фреските се само мала епизода од жешкото прашање каде е гробот на војсководецот со кој народот на овие простори бил опседнат со векови, а за други, тоа што војсководец се појавува на фреска ја има симболиката која се однесува на минливоста на земниот живот.
Фреска на која е насликан Александар Велики со круна на главата има и во околината на Пустец, Албанија.
Александар Македонски – вечна инспирација
Несомнено дека големиот војсководец останал во колективната свест на македонскиот народ, а тоа, покрај фреските, се гледа и во народното творештво.
Во Зборникот на браќата Миладиновци стои запишано предание за Александар Македонски. Истото е насловено „Цар Александар“ и гласи: – Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода. Но, кој одеше, никој не се врашчаше назад, зашчо дури да стигнит некој до неа, требаше да патуват три дни се во ношна темнина, во која љугето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александар зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила и в растојање шчо можит да се чует гласот, врза ждребе. Потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до бесмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои ржеха, находваше патот и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напие утрината во недеља и нарача на сестра му да вардит, да не некако истурит бесмртната вода.
Сестра му метеешчем не догледа и скрши шишето. Цар Александар кога чу това, страшно се наљути, а сестра му, избегвеешчем љутината негова, се фрли в море и се престори делфин, кој, кога чует Александровото име, се криет во морските глобини! – пишувале Димитар и Константин Миладинов за Александар Македонски. За големиот војсководец и неговиот татко Филип пишувал песни и македонскиот писател и револуционер Ѓорѓија Пулевски.
Извор: Курир

January 26, 2016
From Alexander to Cleopatra
Reading the first few chapters of Stacy Schiff's biography Cleopatra puts me in mind of another Cleopatra, the one for whom all the Egyptian Cleopatras were named. She nearly became the first Cleopatra to rule Egypt, more than 250 years before the time of Schiff's book, but died as a result of making the attempt. I am speaking of Alexander the Great's sister Cleopatra, the only full sibling of the great Macedonian king. After Alexander's death she was courted by no fewer than four of his former generals, principally because she could elevate them to near-royal status by marrying them. The last to attempt to wed her was Ptolemy I, already ensconced in Egypt where his descendants would rule for three centuries. For unknown reasons, she accepted him after refusing the others -- but that acceptance provoked a rival general, Antigonus, into ordering her assassination. (Schiff incorrectly states that she was murdered by family members.) Ptolemy built his authority in Egypt largely on the back of Alexander's legend, even stealing the king's corpse to adorn his new capital in Alexandria. It is a fitting tribute to the power of that legend that the last ruling member of his dynasty bore the name of the conqueror's sister.
It is hard to picture Cleopatra as a Macedonian woman rather than an Egyptian, but Schiff rightly forces us to do just this. The arresting cover of her book shows a woman in European dress, with a distinctly light complexion. Her face is turned away -- a pictorial acknowledgment of the point Schiff frankly admits, that we have little idea of what Cleopatra looked like, except that -- despite the Hollywood tradition -- she was not considered to be terribly attractive.

Speaking of Hollywood, efforts are already underway to make a major motion picture out of Cleopatra, with Angelina Jolie playing the starring role. I think this is a terrible piece of miscasting, almost as bad as the error that Oliver Stone made when he cast Jolie as Alexander's mother, Olympias, in Alexander. Jolie was too young for the latter role, just as she is too old, and too physically imposing, for the latter. The directors of HBO's Rome did much better when they cast Lyndsey Marshal as Cleopatra (below, with James Purefoy as Antony), a more diminutive actress better suited to the essentially passive role Cleopatra played in the Roman civil wars. The Hollywood ethos that demands a powerful actress and a big-name star to play such roles is about to again make a hash of history.
January 24, 2016
Subscribe to:
Posts (Atom)