Showing posts with label Јазик. Show all posts
Showing posts with label Јазик. Show all posts

February 4, 2020

Јазиците на почвата на Македонија

Академик Петар Хр. Илиевски (сега починат) „Јазиците на почвата на Македонија во Античкиот и Рановизантискиот Период“, (Макропроект: Историја на културата на Македонија, „Јазиците на почвата на Македонија“), МАНУ, Скопје, Книга 3, 1996, стр. 19-31.

 

Приредил: Г.П.

November 27, 2019

Прва докторска дисертација за македонскиот јазик

Леонард Готхилф Мазинг (Leonhard Gotthilf Masing), човекот кој на денешен ден во 1890 година ја одбранил првата докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес Тарту) во Естонија. Леонард Готхилф Мазинг го трасира патот за развој на македонскиот јазик како засебен и покрај силната пропаганда на соседите.

Gotthilf Leonhard Masing


January 29, 2019

Македонците имаат свој посебен јазик и неспорна етничка оригиналност

Уште во 1918, пред усвојувањето на Версајскиот договор, швајцарскиот правник и професор на Универзитетот во Лозана Рудолф Рајс напиша: „Факт е дека македонскиот не се говори ни во Софија ни во Белград. Тој е посебен словенски јазик…Според мое мислење, Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец“. Истото тоа го кажува и истакнатиот француски писател Анри Барбис: „Станува навистина збор за еден народ. Народ што има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност…Македонците кои си имаат свој посебен јазик и неспорна етничка оригиналност, немаат право да се наречат Македонци“.

ЕВРОПСКИ ПРОФЕСОРИ ВО 1918 ГОДИНА: Македонците имаат свој посебен јазик и неспорна етничка оригиналност

– Колку убав пример на одбрана на македонскиот национален идентитет од страна на странец и тоа пред речиси цел еден век, и тоа во време кога нашиот народ немал свои институции кои би можеле да дејствуваат, на разни начини, во негова корист. Но, имал среќа во тоа време да има интелектуалци со високи морални вредности и со готовност да му искажат поткрепа во неговата борба за свое докажување како посебен субјект, да му искажат барем солидарност во неговите страдања, вели Трајко Стаматоски, во својата книга „Македонски јазик: идентитет и континуитет- доискажување“.

Тој потенцира дека, денеска нашата ситуација е нешто поинаква, оти повторно се негира македонската самобитност.

-Отаде, ни останува вербата дека ќе надвладее разумот, дека ќе победи сфаќањето оти не се брише нешто што едноставно не може да се избрише, вели Стаматоски.

Меѓу оние кои говореле за посебноста на македонскиот јазик се и Полјакот Мјечислав Малецки, Словенецот Ватрослав Облак, Французите Андре Вајан и Антоан Меје, Бугарот Петар Драганов и други.

Македонците не разбираат српски

Во услови на распарченост на земјата меѓу владејачките структури на соседите, македонските мисловни сили можеле да сметаат на поткрепа во реализација на своите стремежи за самостоен национален развоја, а со тоа и на слободен македонски збор, единствено на прогресивните сили кај тие народи. Затоа, Стаматоски вели, не е никако неочекуван извештајот на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија од 1928 година, во кој се констатира: „Од никаков печат на српски јазик овдека се нема многу корист, бидејќи Македонците многу тешко читаат и мнозинството не го разбираат. Затоа се поставува како една голема потреба да се основа еден илегален весник на македонски или во овие сега да се внесе секогаш еден мал дел на македонски“.

Соодветна е активноста и во другите делови на Македонија. Органот на КПГ „Ризоспастис“ објави во 1934 годинанеколку писма на македонски јазик и го предаде на грчки јазик познатото писмо со потпис „Многу Македонци“ (30 јануари 1935), во кое се бараше да се дозволи „слободно да си го зборуваме нашиот македонски јазик и да отвориме наши училишта, македонски, на кои ќе учат нашите деца“.

– Да се потсетиме само дека овие барања се во согласност со издавањето деценија порано на букварот Абецедар (Атина 1925) на убав народен македонски јазик, објавен како резултат на меѓународните договори за заштита на правата на малцинставата и забранет веќе со објавувањето, појаснува Стаматоски.

На 8 февруари 1935 година, Обласниот комитет на ВМРО (Обединета) под бугарска власт објавил во „Македонско дело“ Декларација, во која меѓу другото стои: Бидејќи Македонците под грчка власт не се ниту „славофони“ ниту „чисти Грци“, бидејќи Македонците под српска власт не се „прави Срби“, исто така и Македонците под бугарска власт не се Бугари, ниту пак сакаат да станат такви“.

Документите што ги донесува АВНОЈ да бидат објавувани и на македонски

По повод одбележувањето на 20-годишнината на Илинденското востание (1923) била објавена драмата Илинден на Никола Киров Мајски и тоа на родниот крушевски говор и во неа поместен текстот на Крушевскиот манифест.

– При тој повод Димо Хаџи Димов ја изрече визионерската мисла дека македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен Илинден. Бескомпромисниот борец за самостојноста на македонското национално дело, но затоа набрзо беше пречекан со куршум од тие што беа против успешната разврска на тоа дело, забележува Стаматоски.

Познато е пошироко, а и многу експлоатирано и од науката и од политиката, решението на Коминтерната од 1934 година за посебноста на македонскиот народ.

Значајно е и Второто заседание на АВНОЈ (ноември 1943), со кои се елаборира нова Југославија и во неа Македонија како одделна република. По АВНОЈ, раководството донело две значајни одлуки: да се одржат народни собранија во републиките (значи, задача на македонското раководство да свика АСНОМ) и документите што ги донесува АВНОЈ да бидат објавувани на јазиците на југословенските народи, вклучително и на македонски јазик.

Во четвртата деценија на дваесеттиот век почнува да се јавува на македонскиот јазик и убава литература.

-Покрај афирмираните драмски автори Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле, чии дела се поставуваат на сцената на Театарот во Скопје, но и во Белград, Сараево и Бања Лука, и поетите Кочо Рацин, Венко Марковски, Коле Неделковски, Волче Наумовски, се јавуваат со литературни обиди повеќе десетици автори. Блаже Ристовски своевремено соопшти дека во напредните југословенски весници и списанија се објавени 79 стихотворби од 25 автори, информира Стаматоски, кој потенцира дека ова е во услови на некодифициран литературен јазик, чија кодификација ќе се случи во 1945 година.

Ова се само дел од документите и сведоштавата за македонскиот јазичен развиток. Голем дел од ваквите сведоштва систематски се уништувани, а веројатно до некои македонската наука ќе доаѓа и во иднина. Тие само ќе ја надополнат сликата за јазичниот развиток.

Извор: Денешен

January 10, 2016

Paul Cartledge about the language of Ancient Macedonians

"The language criteria of Greekness was vital, since the Greek verb hellenizein, literally 'to be Greek', basically and originally meant to speek Greek. And this for the Macedonians was a problem. There existed an adverb, makedonisti, that ment 'in Macedonian' (the language or dialect), and that betokened the fact that Macedonians could speak among themselves a language or a dialect that was incomprehensible to other, more standard Greek-speakers. And incomprehemsible too, in such a way as to raise the issue of wheather Macedonian speech was fundamentally Greek.

There were some Greek speakers, it is true, whose version of Greek (local idioms and/or thick accent) caused other Greeks to sneer or laugh at them. The Spartans' spoken Greek struck the Athenian that way, for example. But there was no question of thier being thought not Greek -- or not wholly Greek or not Greek enough -- as a result.

This was, however, the case with the Macedonian language. It is therefore quite telling that when another standard test of Greekness was applied to Macedonians -- namely, whether or not they were eligible to compete in the all-Greek and only Greek Olympic Games -- the answer delivered by the authorities (of teh city of Elis) in charge of et hgames was deeply ambivalent. Only the King of the Macedonians, they decreed should be considered eligible -- meaning that the Greek status of the rest of his subjects was left at best in limbo. ..."

(Paul Carteledge, Thermopylae, Vintage Books, A Division of Random House, New York, 2006. Seite 60 und 61)

January 4, 2016

De Bray on Macedonian language

"By an irony of history the people whose ancestors gave to the Slavs their first literature language, were the last to have their modern language recognised as a seperate Slavonic language..."

R.G.A. De Bray


Извор на сликата: By an irony of history...

Види и:  Де Бреј за Македонија

June 12, 2015

Јазикот на античките Македонци според Куртиј Руф

Судењето на македонскиот генерал Филота, во изворите на Куртиј Руф како потврда на постоењето на античкиот македонски јазик различен од старо-хеленскиот.

Судењето на македонскиот генерал Филота, во изворите на Куртиј Руф како потврда на постоењето на античкиот македонски јазик различен од старо-хеленскиот.
Posted by МАКЕДОНЦИ on Thursday, June 11, 2015

September 18, 2014

Појава на феноменот на дуализам во македонскиот јазик

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

а) ПОЈАВАТА HA ФЕНОМЕНОТ HA ДУАЛИЗАМ BO МAКEДОНСКИОТ ЈАЗИК.

Притисокот на грчката политичко-културна надградба, како и секојдневниот објективен притисок на новата етничко-историска реалност, придонесле македонскиот јазик да почне да го губи својот физички интегритет. Многу грчки зборови почнале да навлегуваат во рамките на македонскиот јазик (со македонизирањето на тие зборови) и се појави таканаречениот феномен на дуализам што нема ништо заедничко со феноменот на билигвизам (98). Инфилтрирањето на грчки зборови во рамките на македонскиот јазик земало сe` поголеми размери и со текот на времето тие зборови добиле статус на мајчин збор и како такви се пренесуваа од генерација на генерација (99).

Феноменот на дуализам на македонскиот јазик, преку своите ерозивни секојдневни процеси, придонесоа да се појави еден нов феномен. Ако до Балканските војни македонските дијалекти конвергираа кон централните македонски дијалекти (Битола, Велес, Прилеп) и објективно одеа кон формирање пo природен пат на македонскиот литературен јазик, со навлегувањето на грчки, српски и бугарски зборови дијалектите од трите дела на Македонија постепено, но систематски, почнале да се одалечуваат од себе. Овој феномен на навлегување во рамките на македонскиот јазик на зборови од туѓ јазик е специфичен и се појавува, главно кај национално поробените народи и претставува еден ходник за преминување од еден кон друг мајчин јазик (100).

Феноменот на дуализам во јазикот се јавува и во Канада, Австралија, САД, Нов Зеланд. Кај новодојденото население од европско или неевропско потекло постепено, но сигурно во рамките на соодветниот мајчин јазик се инфилтрираа зборови од англискиот јазик (101).

Силата на објективната англофонска реалност е толку голема што феноменот на дуализам се појавува и во рамките на францускиот јазик во Квебек.

Феноменот на дуализам во јазикот што се појавува кај Македонците, Полјаците, Италијанците, Хрватите, Грците, Србите итн. во прекуокеанските земји се појавува и развива секогаш вон рамките на својата матична земја. Матичната нација (полска, српска, грчка итн.) во својата историска и национална територија природно се развива и на тој начин си го гарантира својот историски, национален, културен и биолошки развиток. Но во Македонија феноменот на дуализам во јазикот, како и феноменот на биолошката асимилација, се појавува и развива во рамките на својата традиционална историска и национална територија и овој феномен во перспектива на времето го става реално под прашалник историскиот, националниот, културниот и биолошкиот опстанок на македонскиот народ.

98 Меѓу првите зборови што влегле во рамките на македонскиот јазик биле: астиномато (џандарот), дикастирио (суд), стенахорија (тага). анисихија (вознемирувањс) итн.
99 Феноменот на дуализам во јазикот се појавил и во вардарскиот и пиринскиот дел на Македонија.
100 Феноменот на дуализам во јазикот се појавува и во услови на слобода.
101 Меѓу првите зборови се: кар (кола), фон (телефон), бизнис итн.

September 10, 2014

Александар Македонски ја повикал стражата на македонски јазик

Древниот македонски народ, како и сите древни народи, имал и свој посебен јазик. Според Плутарх, Македонците имале свој мајчин јазик кој бил различен од хеленскиот. Во неговиот животопис за Александар Македонски се наведува дека Александар на гозбата во Мараканда во 328 год. пред н.е. при кавгата со Клит (Клејтос) ја повикал својата телесна стража на македонски јазик.

Кај Псевдо-Калистен е запишано дека македонските војници се збогувале со Александар Трети на македонски јазик

Древниот македонски народ, како и сите древни народи, имал и свој посебен јазик. Постојат повеќе антички сведоштва според кои древните Македонци за Хелените биле варвари, односно народ што зборувал на јазик неразбирлив за Хелените. Во тој поглед, самиот збор варвар треба да се сфати како ономатопејски термин од сферата на јазикот, а не од културата. Барбарос, барбарои биле оние што брборат, односно што зборуваат неразбирливо, на чуден, неразбирлив јазик. За старите Грци варвари биле и Персијците и Египќаните, кои во културен поглед не биле на пониско ниво од нив.

Зборот варвар кај Хелените првобитно означувал "туѓинец", "туѓ народ". И древните Македонци за Хелените биле туѓ народ", аллопхѕлои, како што стои кај Плутарх.

Според еден податок од В век пред н.е., ако јазикот на Крестонците, кои припаѓале на бригиско-едонската група бил варварски, тогаш тоа се однесува и на Македонците, бидејќи и тие биле староседелци, односно "Пелазги" како и Крестонците, за чиј јазик Херодот вели дека бил варварски и "се разликувал од јазикот на сите други кои живееле околу нив". Тукидид, исто така, пишувајќи за дејствата на Халкидик, ги спомнува Грестонците, Едонците и Бисалдите, и притоа ги нарекува "варварски народи", односно

народи со неразбирлив јазик. Истото тоа мора да важи и за Македонците бидејќи токму Грестонците, Едонците и Бистонците за кои зборува Тукидид биле дел од основниот супстрат кој го сочинувал древниот македонски народ.

И други стари автори според јазикот Македонците ги одделувале од другите народи. Страбон, на пример, соопштува дека, судејќи според јазикот, Македонија се протегала дури до Коркира. Кај овој автор стои: "...Некои ја нарекуваат Македонија областа што се протега се до Коркира". Тука Епирците, според Страбон "и по косата, и по наречјето, и по облеката, и по другите работи што ги користеле им биле многу блиски на Македонците", а некои од нив, додава Страбон, биле и двојазични. Ако двојазичноста се однесува на она време кога Епирците не биле одвоени од Македонците, тогаш станува уште поразбирливо зошто во тоа време Страбон меѓу Епирците ги вбројувал Орестите, Пелагонците и Елимејците, додека за Полибиј, истите тие се Македонци.

МАКЕДОНЦИТЕ ИМАЛЕ МАЈЧИН ЈАЗИК

За Епирците се знае дека постоеле во земјата на запад од Македонија која се протегала од планината Пинд до морскиот брег и која од најстарите времиња ја нарекувале само "копно". Таа така се нарекувала наспроти островите во Јонското Море. Ако било така, тогаш постоењето на Македонците на истите тие простори не случајно не упатува на името на планината Пинд. Имено, Македонците не треба да се бараат надвор од оние простори каде што во најраното митолошко време се спомнува теонимот на Македонците - богот Македон и неговите синови. Ако меѓу нив, покрај синот Пиер (епиномот на Пиерија) и синот Амат (епиномот на Ематија) каде живееле Македонците, веднаш по нив се спомнува и Македоновиот син Пинд, тогаш не треба да не изненадува зошто токму тука, покрај планината Пинд, се среќаваат оние Македонци кои живееле заедно со Епирците.

Според старите автори, како што наведува Катичиќ, уште во најрано време пред одделувањето на Епирците од Македонците, јазикот на кој зборувале епирските племиња бил варварски. Краткиот попис на личните имиња што ги дава Тукидид, "наведува на мислењето дека епирските племиња биле варвари и во јазична, а не само во културна смисла".

И во подоцнежните времиња јазикот на Македонците се назначува како различен од хеленскиот. Тука ќе ја спомнеме епизодата за судењето на Филота во 330 год. пред н.е., според "Историјата на Александар Македонски" од К. Руф, каде е посведочено следното: кога Александар го прашал дали ќе зборува на мајчиниот (македонски) јазик, Филота рекол дека ќе зборува на хеленски, за да го разберат и оние што не се Македонци. Тогаш Александар му рекол:

"Еве, гледате ли, дотаму ли дошол Филота, што го презира дури и мајчиниот јазик?".
Оваа епизода јасно покажува дека македонскиот јазик Хелените не го разбирале, бидејќи бил различен од оној на којшто зборувале тие.

Според Плутарх, исто така, Македонците имале свој мајчин јазик кој бил различен од хеленскиот. Во неговиот животопис за Александар Македонски се наведува дека Александар на гозбата во Мараканда во 328 год. пред н.е. при кавгата со Клит (Клејтос) ја повикал својата телесна стража на македонски јазик.

ПОЗДРАВ НА МАКЕДОНСКИ

Кај Псевдо-Калистен е запишано дека македонските војници се збогувале со Александар ИИИ на македонски јазик. Опишувајќи ги борбите меѓу Антигон и Евмен во Месопотамија (опсадата на тврдината Нора) Плутарх во животописот на Евмен вели "...а оние (војници) откако го видоа (Евмен) веднаш го поздравија на македонски." Според друг извор, истиот тој Евмен, кога требало да испрати пратеник кај Македонецот Неоптолем во 321 год. пред н.е., задачата му ја доверил на некојси Ксенија, чиј мајчин јазик бил македонскиот.

Атенај од Наукратис го спомнува билингвизмот на жителите во Атина, од кои "многумина зборувале македонски заради мешањето". Одново ќе го спомнеме римскиот историчар Куртиј Руф, кој известува дека Македонците имале потреба од преведувач за да го разберат хеленскиот јазик.

Кај Павзание стои дека за време на напаѓањето на Месена во 214/13 год. пред н.е. Месенците според облеката и јазикот на непријателите сфатиле дека ги напаѓаат Македонци, а не Лакедајмонци, итн.

Од изложеното доста јасно се гледа дека древните Македонци имале свој сопствен јазик, кој суштествено се разликувал од оној на којшто зборувале Хелените.

Во прилог на гореизнесеното, ќе ги споменеме македонските глоси (зборови) од кои, исто така, се дознава дека древните Македонци имале свој посебен јазик, различен од хеленскиот. Старите граматичари ги нарекувале глоси оние зборови кои во нивно време биле неразбирливи и излезени од употреба. Тие зборови ги класифицирале и ги преведувале на грчки јазик, и со тоа го олеснувале читањето на старите автори.

Најголем број македонски глоси, како што е познато, биле запишани во III век пред н.е. од александрискиот граматичар Америас, Македонец по потекло. Дел од тие глоси до нас стигнале од подоцнежните граматичари и глосографи, а најмногу од Хесихиј (В век по н.е.). Лексикографите забележале околу 100-200 глоси како македонски. Од нив во Хесихиовиот лексикон се наоѓаат 68, а другите се запишани кај Полукс, Суида, Фотиј, во псевдо-кириливиот речник и на други места.

Врз основа на овој лексички материјал, научниците во изминатиот период не биле во состојба да го реконструираат говорниот јазик на древните Македонци. Не само заради скудниот јазичен фонд (глосите се дојдени во преписи од преписи и исто со грешки), туку и заради непостоењето на речиси ниту еден текст, напис и реченица на јазикот на којшто зборувале древните Македонци. Тоа дава повод за разни тези и шпекулации за припадноста на древниот македонски јазик и за поделеност кај научниците по ова
прашање.

ПРОДОЛЖУВА: Демостен: Филип Втори е еден никаков Македонец

ПОДГОТВИЛ: Де.Т. (Извор: Вечер)

Книгата од Драги Арсов може да се набави во просториите на Макавеј, во Домот на градежниците (приземје) во Скопје или да ја порачате на телефон 075 209 446