ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Ванѓа Чашуле
Во летото на 1895 година Гоце се упатува кон Бугарија да бара помош од македонската емитрација и од бугарската прогресивна општественост.
Но, тоа е и годината кога во Бугарија, по сугестија на дворските и управувачките кругови, беше формиран Македонскиот врховен комитет (март 1895 година), кој ќе одигра кобна и злосторничка улога во ослободителното дело на македонскиот народ. Бугарската буржоазија во деведесетите години на минатиот век ги имаше веќе свртено своите очи кон завојување нови земји и нови пазари. Тоа е времето кога еден од нејзините претставници извикнуваа: „На Бугарија ѝ се потребни пристаништа на три мориња“; За остварување на овие мегаломански завојувачки апетити бугарската буржоазија создаде и своја идеологија. Тоа е идеологијата на големобугарскиот шовинизам, продукт на која се и Врховниот комитет и врховизмот, поим што ќе продолжи да постои и по растурањето на Врховниот комитет и под кој едностојно се прикрива бугарската завојувачка политика кон Македонија.
Создавањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, што го издигна лозунгот за создавање македонска држава, за бугарската буржоазија означуваше тежок удар на нејзиниот пат за завладување на Македонија. Егзархијата и нејзината „просветна“ политика, за која бугарската влада секоја година штедро одделуваше високи парични средства, не се покажа достатно ефикасна во расчистувањето на теренот за убедување на „братот роб отаде Рила“ дека тој треба стоички да го чека ослободувањето од Бугарија. Требаше да се смисли и да се создаде нешто ново што ќе ѝ парира и ќе ја оневозможи дејноста на македонските револуционери. Тоа средство беше Врховниот комитет, создаден од Македонци-емигранти во Бугарија, што беа отидени таму доброволно да печалат и што брзо се беа приопштиле кон бугарската буржоазија, достигнувајќи највисоки позиции во војската и државниот апарат. Овие Македонци мошне брзо ја прифатија идеологијата на бугарската буржоазија, обидувајќи се преку Врховниот комитет да ја стават многубројната македонска емиграција, што беше распрскана низ цела Бугарија, под свое раководство. Тие и создадениот од нив комитет требаше пред светот и пред бугарската јавност да покажат дека Бугарија не ја бара Македонија, туку дека тоа го бараат самите Македонци, а на Бугарија не ѝ останува ништо друго освен да ја исполни таа нивна желба.
Вистинските цели на Врховниот комитет беа така вешто прикриени под лозунгот за „автономна Македонија“ што дури и луѓего на ВМРО помислија дека е можно да го исползуваат како своја помошна организација.
Но Гоце Делчев уште во првиот контакт ти согледува вистинската намера и вистинските цели на Врховниот комитет и на луѓето што стоеја зад него. Настанот од јули истата 1895 година, кога организираните чети од Врховниот комитет и бугарскиот дворец и влада, составени од бивши арамии и војводи, пополнети од бугарските офицерчиња Сарафов, Давидов, Бозуков и др., ја минуваат бугарската граница и ги напаѓаат градот Мелник и селото Доспат, настан, кој во врховистичката терминологија го носи звучното име „Мелничко востание“, ги потврдува предвидувањата и страхувањата на Гоце за улогата на Врховниот комитет. Во писмото до Каранов, претседател на македонското друштво во Ќустендил, а всушност упатено од Врховаиот комитет, Гоце Делчев мошне јасно го изнесува своето мислење и став. Пишувано по повод појавата на некојси бугарски поручник Чак'ров во Виница со намера да „дигне востание“, Гоце Делчев вели во ова писмо:
„Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Кој мисли да ја ослободи Македонија инаку, тој и себе и другите ги лаже... Ако можеше да се дигне востание со 1—40 души, тогаш Македонија одамна веќе ќе беше слободна државичка... Пречка за неисполнувањето на неговата задача (на Чаќ'ров-б. н.) беше нашиот комитет.“
Уште појасен и покатегоричен е Гоце во разговорот што го води во февруари 1896 година во Софија со генерал Иванов, кој по смртта на Трајко Китанчев (кој според кажувања на негови блиски пријатели, откако ќе разбере дека неговото име како претседател на Врховниот комитет послужило за нечесни и предавнички кон македонскиот народ дела, умира од срцев удар во 1895 година), беше поставен за претседател на Врховниот комитет. Кога Фердинандовиот генерал му ги данесува условите и цената што македонскиот народ и неговата организација треба да ги платат за евентуалната помош (Врховниот комитет требало да биде единствената организација што е повикана да го реши прашањето за ослободување на Македонија, зашто достатно било кога тие ќе сметаат, да поведат 20—30 илјади војници и да ја ослободат, а Внатрешната организација му била неопходна на Врховниот комитет со неа да ги заплашува политичарите во Бугарија и дипломатите во странство), Гоце, возбуден до дното на својата душа, решително и со увереност и со достоинството на претставник на цел еден народ му соопштува на надуениох генерал"
— Тоа нема да биде, господин генерал. Вие, како што сфаќам, сте Врховниот комитет и уште некои... Но ние — знаете ли кои сме ние: селаните, македонското население, народот? Ние не можеме да правиме политика, ниту да им дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали ќе живееме или ќе умреме и кога. Кога ќе се дигне востание, ќе реши народот. He ќе оставиме да не командувате оттука за да не турнете, како што се обидовте лани, во игра со востание. Ceгa една таква авантура може да биде страшна и крвава, затоа што населението, народот е повеќе распален и наместа вооружен. Тој може да се подаде на измамата и тоа ќе го чини реки крв и планини од трупови. Ние нема да го дозводиме тоа. He, крвта на народот е скапа и ние не сакаме ослободување трупови, туку жив народ за да живее и да расте. Кажете им на сите да не се мешаат и да ја остават Внатрешната револуционерна организација да организнра, да раководи, да решава. Ние сметавме дека од вас — од Комитетот и од емиграцијата — можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари“.
И кога растреперениот генерал, кој не можел повеќе да се совлада, ќе му се закани на Гоцета дека тие ќе ги парализираат, тој му одговорил:
— „Повелете, или вие нас ќе не парализирате или ние вас“.
Продолжува
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

No comments:
Post a Comment