May 3, 2012

Обвинување до блогот

Пред неколку дена од страна на сајтот macedonian-library.com* стигна обвинувањето** дека овој блог - Documents-Mk, наводно се служел со фалсификати. Имено за нив спорен бил написот*** со пренесеното интервју на Нушиќ со Јане Сандански (Политика, од 17 јули 1908 год.), во кој што наместо „бугарски комита“ на блогов стоело само „комита“.

Ниеден од авторите на овој блог не негира дека во тоа време имало бугарски комити (а таков е ставот и на повеќето Македонци), па нема причина зошто намерно би ја бришеле придавката „бугарски“.

Како доказ ви гo приложуваме извадокот од весник**** (лево), објавен на блогов (20 јуни 2011), а во кој што јасно се спомнуваат бугарски чети (нешто со што како што се гледа ние немаме проблем), но и македонски чети (јасна е дистинкцијата, зарем не?).

Ако сте чесни ќе си признаете дека не ние ја негираме вашата нација и јазик, туку обратно. Вашата држава е таа која и официјално го негира постоењето на Македонците како народ и постоењето на македонскиот јазик.

Важноста на испуштениот збор во интервјуто со Сандански е никаква. Спомнувањето или неспомнувањето на некаков си комита или бугарски комита е сосем неважно и од таму не е јасно зошто некој би го фалсификувал баш тој дел, а уште помалку зошто некој би помислил дека целта е фалсификат.

Сепак без оглед на тоа што споменувањето на бугарскиот комита во интервјуто е тривија, потенцираме дека грешката од наша страна е направена без никаква предумисла (најмалку со цел фалсификат) и веќе е поправена, што е непобитен доказ дека е направена ненамерно.

Но она што во случајов е трагикомично е селективноста во пристапот на овие источни соседи кои ги обвинија авторите на блогов за ширење фалсификати, а за истата грешка (според нив фалсификат) направена од страна на нивните сонародници од Бугарскиот културен клуб (http://bkks.org/forum/index.php?topic=310.0) едноставно си ја имаат пикнато главата во песок.

Погледнете:

Да! И Бугарите од Бугарскиот културен клуб ја имаат испуштено придавката и наместо „бугарски комита“ имаат пишано само „комита“.

Според напишаното на macedonian-library.com излегува дека и Бугарите од Бугарскиот културен клуб се „Македонисти“ и дека и тие си умираат да прават фалсификати.

Држиме да потенцираме дека на овој блог интервјуто со ненамерно испуштената придавка „бугарски“ е објавено на 9 јуни 2010 година, додека на сајтот на Бугарскиот културен клуб истото интервју со истата грешка (!) е објавено година претходно, односно на 19 мај 2009 година.

Па ако го барате изворот на грешката тој поскоро е кај Бугарите од Бугарскиот културен клуб одошто кај авторите на овој блог!

Исто така уште еднаш потенцираме дека на блогов грешката е поправена, а додека на сајтот на Бугарскиот културен клуб грешката сè уште си стои!

Драги источни соседи, прво соочете се и исправете ги вашите фалсификати, па потоа обвинувајте припадници на другите народи дека вршат фалсификат.

*Нека името не ве лаже. Се работи не за македонски туку за бугарски сајт
** http://macedonian-library.com/documents.php?sec=2&cid=31&album=195&pid=3307
*** Интервју со Јане Сандански
****Miss Stone's Release, Boston Evening Transcript, Feb 13 1902

No comments: