Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23 јануари 1872 год. Основното образование го завршил во родниот град, а средното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапил во Военото училиште во Софија. Од таму е исклучен на 16 септември 1894 г. и есента истата година е назначен од егзархијата за учител во Ново Село, Штип, каде што работи две години и целосно и се посветува на револуционерната дејност. Преместен е во Банско, но под сомнение од од властите принуден е да го напушти учителствувањето.
Од крајот на 1896 г. до 1901 г. заедно со Ѓорче Петров тој е задграничен претставник на ВМОРО во Софија.
Гоце Делчев непосредно учествувал во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со кој настапи нова, повисока фаза во развитокот на македонското-ослободително движење.
На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирската служба, во употреба се воведени и шифри, хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Гоце Делчев се оформува организационата структура.
Загинал на 4 мај 1903 година во борба со турскиот аскер, во с. Баница, Серско, Егејска Македонија.
Гоце Делчев - цитати
Гоце Делчев - слики
Delchev's death in NY Times
Гоце Делчев - видео
No comments:
Post a Comment