АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА
Абер ми дојде од Солуна града,
Солунчани бесилка стаиле.
Ќе ми го бесат Гоцета.
Гоцета, Делчев војвода.
Гоце ми се сторил
црно ќумурџиче,
па ми се шетал
Солунска чаршија.
На среќа сретнал аскери
и на Гоцета зборуват:
А бре ѓаурче, црно ќумурџиче,
а бре ѓаурче, црно ќумурџиче
не ли го виде Гоцета,
Гоцета, Делчев војвода?
А бре аскери, вие бре аскери,
а бре аскери, вие бре аскери
и да го видам Гоцета,
јас Гоце не го познавам.
Васка Илиева (ver. 1)
Васка Илиева (ver. 2)
Гоце Делчев - цитати
Гоце Делчев - биографија
Delchev's death in NY Times
Гоце Делчев - видео
Гоце Делчев - слики
November 23, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment