July 8, 2009

Гоце Делчев - цитати

Цитати од и за македонскиот револуционер Гоце Делчев:

"Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите." / "Освобождението на Македония лежи в вътрешното въстание. Който мисли другояче да се освободи Македония, той и себе си лъже, и другите." - Цитат од писмо на Гоце Делчев до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година

"Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи" - Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година од романот на Димитар Талев "Илинден"

"Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите" / "Аз разбирам света – говореше той – единствено като поле за културно съревнование на народите." - Според Пејо Јаворов, "Събрани съчинения", том 2, Софија, 1977, "Гоце Делчев", стр. 13

"...Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија..." - писмо до Даме Груев

"If Macedonia had been protestant, it had been free long ago" - Гоце Делчев (според The Lewiston Daily Sun - Junе 14, 1906)

"Едвај ли има народ кој толку многу е страдал од своите синови изроди, колку македонскиот!" ("Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот", цитат според „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Н. Жежов и В. Ачкоска) / "Надали има народъ, който толкова много да е търпѣлъ отъ своитѣ синове изроди, колкото македонския!" - Писмо (втора страница) од Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1897 година



"Според нашиот известувач од Софија, прецизните извештаи за смртта на фамозниот македонски лидер Делчев покажуваат дека тој, придружуван од Кирчовски и од поетот Јаворов, влегол во селото Баница, каде што неговото присуство било предадено на Турците од страна на грчки шпион" - Лондонски Тајмс, 26 мај 1903 година

"Пријатен долг ми е да ви искажам голема благодарност од името на другарите борци за Независноста на Македонија и од мое име за патриотската идеја да ги најдете и приберете светите коски на нашиот претходник и голем учител - Гоце Делчев, еден од основачите на ВМРО и за вашата грижа да го погребите како светиња во вашиот дом, со што заслуживте признание на денешната борбена и утрешна Независна Македонија. " - Тодор Александров, писмо до Михалил Чаков, 2 август 1923 година

Гоце Делчев - слики

Гоце Делчев - биографија

Delchev's death in NY Times

Гоце Делчев - видео

3 comments:

Anonymous said...

Good

Anonymous said...

Makedonija na makedoncite <3

Unknown said...

Macedonia for the Macedonian People!