Знаме на Македонија - ВМРО

Реконструкција (А.С.) на припишано знаме на Македонија од значка (1923 година) на ВМРО (автономистичка)


Вакво знаме е опеано и во народната песна "Ај, в Македонија глас се слуша" (Конак)

Ај, вие браќа Македонци,
вие славни јунаци,
алово знаме да развееме
над македонски долини.

Ај, на знаме е напишано:
„Слобода или смрт”.



Ваквото знаме е опишано и во Крушевскиот манифест:

“Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање.



За речиси исто знаме (разменет е редоследот на зборовите "слобода" и "смрт") се пее и во македонската народна песна Нешто ќе те питам бабо:

"...Четата им беше аго с’червено знаме.
И на знаме пише аго смрт или слобода!..."

И во песната Крај Вардар (Песни за свободата, 1940)





Знаме со натпис "Слобода или Смрт" од публикација на МПО, во чест на 50годишнината од Илинденското востание (1953) - врска, како и во отчетот на централниот комитет на МПО за дејноста за периодот 1977-1978 - врска

Илинденско (Македонско) знаме; Илинденско знаме (струшка чета); Демирхисарско илинденско знаме; Види и овде!

Рељеф од постаментот на споменикот на Даме Груев пред Камениот мост на Вардар во Скопје. Во левиот дел се забележува знаме со натписот „Слобода или смрт“ (фото: А.С.)

А.С.

No comments: