Факсимил од ракописот на Методија Андонов-Ченто, (подоцна првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ), од статијата со наслов „ПРЕД СВИКУВАЊЕТО НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ“ пишувана во март 1944 г., во село Глог, Македонија, каде во тоа време се наоѓал Главниот штаб на НОВ и ПОМ и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ:
„Во историјата на човечеството ние гледаме вечни борби се водат за правата и егзистенцијата како на одделни луѓе, така и цели народи, како и држави.
Борбите имаат различни карактери, некои национални, други социални, трети расни, и т.н.
Често пати во тие борби гледаме здружувајне на довчерашни непријатели или на совсем без врска групи или народи и дотогаш непознати незаинтересувани стануват сојузници. И обратно, довчерашни добри одношенија, наеднаш престануват и вместо това иди непријателство и борба мегу нив. За сите тие собитија има извесни причини, било да се оправдани или неоправдани.
Македонскиот народ како и другите народи околу Македонија заради самата Македонија полни се со такви примери. За да се проучи борбата на Македонскиот народ неминовно треба да се земат сите тије примери, без који примери ние никогаш не ке можиме објективно да ја изнесиме историската борба на македонскиот народ, која треба да ни служи за огледало.“
Илија Андонов-Ченто „Мојот татко - Методија Андонов ЧЕНТО“, Скопје, 1999, стр. 170.
Приредил: Г.П.
No comments:
Post a Comment