Во грчката војна помеѓу десницата и левицата како граѓанска војна беше скриена традиционалната општогрчка стратегиска цел - елинизација на Егејска Македонија почната во 1923 година со Лозанската декларација (со што во голема мера беше изменет националниот состав). Тогаш е извршено етничко чистење во Егејска Македонија.
Беа протерани 70-80 илјади Македонци, од кои 30 илјади православни отидоа во Бугарија, а 40-50 илјади во Пападокија, заедно со 510 илјади Турци, муслимани во Турција.

Планот на тогашната монархофашистичка (така се именуваше тогаш) влада бил со Граѓанската војна (1945-1949) да ја заврши елинизацијата и со тоа конечно да го завршат македонското прашање во северна Елада (Грција) со чудовишната антимакедонска истребувачка акција - празнење на тој дел на Грција од Македонците.
Тука е и ливчето од Јалта на Сталин и Черчил за влијание и поделба на Балканот.
„Зошто си формирал цел баталјон, кога наредбата е да се формира само по една чета во Воденско и во Леринско“, прашал огорчено Леонидас Стрингос.

„А која ќе беше штетата ако беа формирани дивизии“, одговори со контрапрашање Ренос Михаелас.
„Ти си наивен! Ако Македонците имаа дивизии, ние Грците немаше да се наоѓаме во Македонија“, му објаснуваше Леонидас.
Пред 64 години (март-октомври 1944) капетанот П.Х.Еванс, членот на Британската воена мисија при единиците на ЕЛАС, во Егејска Македонија, престојува повеќе од седум месеци. Каирскиот разгранок на ЅОЕ планирал и испраќал групи и свои емисари во разни краишта на Балканот. Патрик е во пошироката околина на Лерин и на крајот пишува извештај за движењето на Слободна Македонија во леринската област. Споменатите имале задачи да се поврзат со одредени групи и елементи за кои се претпоставува дека можат и сакаат да се ангажираат во борбата против окупаторите и квислинзите, за да им се зададат удари на силите на Оската (Берлин-Токио, Италија во 1943 г. беше испадната, з.м.).
Извештаите на британските емисари служеа и се уште служат како изворна документација за голем број историографски трудови и мемоари во кои се расветлувале целите и модификациите на политиката на Велика Британија спрема Балканот. Во тие рамки и за Македонија во текот на Втората светска војна. Така Б. Баркер го споменува и толкува извештајот на капетанот Еванс од 1 декември 1944 година за да ја соопшти својата констатација за леринската област дека била предоминантно словенска, а не грчка и дека Метаксасовиот диктаторски режим го ставил словенскиот јазик надвор од законот. Секако и заклучокот дека тогаш (1944) не било можно да се создаде слободна Македонија.
Евансовите впечатоци и сознанија се однесуваат за западните краишта на Егејска Македонија, за просторот Преспа - Костур - Вичо - Лерин - Сорович. Карактеристично е Евансовото категорично тврдење: „Сите грчки влади што се нижеа по ослободувањето на славонска Грција (Егејска Македонија и Одринско), покрај нивните различни политички гледишта беа согласни во едно: внимателно ја поттикнуваа оваа измама за да создадат впечаток кај својот народ и во светот дека не постои славенско малцинство во земјата.
Меѓутоа, кога странец би ја посетил леринската област и од таа посета би создал впечаток за земјата како целина (Еванс вели) тој (странецот) би заклучил дека, напротив, Грците се малцинство. Оваа област е првенствено словенска, а не грчка. Јазикот во домовите и обично и в поле, на село и на пазар е македонски словенски јазик. И во едно од седумте поглавја Еванс заклучува дека жителите исто така како што не се Грци, не се ниту Бугари, Срби или Хрвати, тие се Македонци. Националните чувства се вткаени како во македонските песни од порано, така и во песните создавани во војната. Еванс истакнува дека во нив речиси редовно се споменува Македонија. Македонците се проникнати со искрена и непосредна љубов кон земјата, а не со некаков интелектуален ентузијазам за политичка идеја.
Индикативна е и констатацијата: „Држењето дури и на образованите Грци кон македонското малцинство не само во словенските области туку насекаде е обично глупаво, дезинформирано и брутално до тој степен што човек паѓа во очајание дали е можно воопшто да се воспостави разбирање меѓу двата народа...“ (Напоменувам и истакнувам дека ова од Еванс е напишано по сознанието дека на 2 август 1944 година, на заседанието на АСНОМ, е формирана државата на Македонците - Демократска Федерална Македонија).
Извор: Нова Македонија

No comments:
Post a Comment