На преминот од XIX кон ХХ век, како резултат на „добрососедската“ проосманлиска политика која ја водела грчката држава по војната од 1897 година, започнало да се чувствува постепено губење на позициите на грчката пропаганда во Македонија. Ваквата политика на грчката влада негативно се рефлектирала врз националистичките проекции, пред сѐ во неможноста истата да ги заштити своите интереси во европските владенија на Османлиската Империја. Опасноста за грчките интереси била препознаена и во засилената дејност на бугарските пропагандни институции во османлиска Македонија, пресликана преку постојаното губење на верници меѓу македонското словенско население, како и во програмата и дејноста на МРО. Засилениот притисок од страна на разните национални друштва и поединци на територијата на кралството и реалната опасност од губење на позициите во делови од османлиска Македонија ја принудиле официјална Атина на „постепена промена на политиката кон елинизмот во империјата“. Промената, се разбира, била во границите на непредизвукувачката политика која ја водела владата во Атина кон својот нов „сојузник“. Така, на пример, грчките власти, сметајќи дека одржувањето на редот и мирот во Македонија би билο од корист за елинизмот, им сугерирале на грчките конзули да бидат блиски со османлиската власт и да се стават на располагање на војската во напорите за сузбивање на македонското револуционерно движење. Ваквата политика имала негативни ефекти врз грчките интереси, бидејќи османлиската власти во своите одмазнички походи против македонското словенско население не правеле разлика меѓу егзархисти и патријаршисти, на тој начин одалечувајќи ги вторите сè повеќе од грчкото влијание, а истовремено доближувајќи ги до позициите на МРО, во која ги препознале своите интереси, но и ја нашле својата заштита.
Паралелно со зголемување на финансиските средства за потребите на грчките образовни институции, преземени биле конкретни мерки во консoлидирање на црковната пропаганда во Македонија. На барање на грчкото министерството за надворешни работи, грчките конзули во Македонија во февруари 1900 година составиле список на сите црковни епархии, во кој се наоѓале биографски податоци на митрополитите, оценка за нивниот квалитет и приврзаност кон грчката национална идеја. Висината на финансиските средства кои владата во Атина, преку конзуларните претставништва во империјата, ги испраќала до патријаршиските митрополити, зависела од оценките за квалитетот на работата на одреден митрополит. Промената на официјалната политика на Атина кон Цариградската патријаршија се забележува и во изборот на новиот патријарх. Незадоволоството од националната работа на претходните двајца патријарси, Антимос VII и Константинос IX, резултирало со ангажирање на грчката држава во изнаоѓање на погодна личност при изборот на новиот патријарх. Официјална Атина на чело на Патријаршијата сакала да застане личност која успешно ќе ги заштитува интересите на елинизмот во Османлиската Империја. Грчката влада, тргнувајќи од ваквата идеја, во 1900 година го испратила во Света Гора искусниот дипломат Николаос Маврокордатос, со цел да се сретне со поранешниот патријарх Јоаким III (1878/1884). Маврокордатос требало да му ги пренесе позициите на грчката влада околу големогрчката национална политика и, доколку тој ја прифатил истата, официјална Атина ќе го поддржела во изборот за нов патријарх. Јоаким III се согласил владата да ја има раководната улога во решавањето на националните прашања, но, истата, да не се меша во црковните работи, сé со цел да не се уривал интегритетот на Вселенската патријаршија. На тој начин, со поддршка на грчката влада, во мај 1901 година, на 83 годишна возраст, Јоаким III бил избран по втор пат за вселенски патријарх.
Новата политика на водечката грчка пропагандна институција и „заштитник на грчката национална идеjа во Македонија“ набрзо започнала да се спроведува на терен. Новиот патријарх, под притисок и на сугестија на грчката држава, започнал да ги менува митрополитите во „најоспоруваните“ македонски епархии, почитувајќи ги на тој начин во целост препораките на владата во Атина. Во изборот на новите митрополити се претпочитало тие да бидат млади, амбициозни, добро образовани и целосно посветени на грчката национална кауза. Во периодот кој следел биле поставени следните митрополити: Германос Каравангелис во Костур, Хрисосомос Калафатис во Драма, Јоаким Форопулос во Битола и други, кои подоцна се истакнале во грчката паравоена интервенција против МРО. Истовремено, во овој период, се забележува економско засилување на грчкиот образовен мехaнизам во југозападна Македонија и нова ориентација на образовната политика во насока на зацврстување на позициите на грчката пропаганда. Имено, за грчката влада од пресудно значење било да ги засили своите пропагандни институции, кои всушност биле и носители на создадената перцепција и наводните аргументи со кои се докажувал грчкиот карактер на Македонија. Во периодот пред започнувањето на грчката паравоена интервенција во османлиска Македонија и натаму најсилни аргументи кои се користеле од грчка страна биле: силата и престижот на грчкото образование и јазик; јазикот на религијата и трговијата; грчките историски права врз територијта и моќта на авторитетот на грчките трговци кои во дел македонските градови доминирале заедно со Евреите и Власите.
Поставувањето за костурски митрополит на Германос Каравангелис се совпаднало со делумната промена на надворешната политика на владата во Атина, но и на зачестените барања на грчките националистички фактори во Македонија и Грција за започнување директна вооружена борба против македонското револуционерно движење. Одлична препорака за Каравангелис, за наредната етапа во неговата црковно-национална дејност, бил неговиот престој во Перан. Грчката влада во амбициозниот млад митрополит, кој веќе успешно ги докажал пропаганди способности, но и умешноста во борбата против истите, препознала личност која целосно одговарала на поставените критериуми. По инсистирање на грчкиот амбасадор во Цариград, Н. Маврокордатос, и по претходно донесена одлука од владата во Атина, тој прифатил да го пополни испразнетото место во костурската митрополија. Каравнгелис, пред да пристигне во Костур, го осигурал својот живот на сума еднаква на неговите долгови, што ги отплатил кога станал митрополит на Перан. Тој во Костур допатувал на 21 октомври 1900 година.
Одлуката Каравангелис да биде испратенен во Костур била од големо значење за грчката пропаганда во Македонија. Стратешката местоположба на околијата, во која одлично се развивала мрежата на МРО, била силна бариера за експанзионистичките планови на грчката држава кон јужните делови на балканските владенија на Османлиската Империја. На владата во Атина не ѝ останал друг избор и доколку понатаму сакала да се надева на териториите од т.н. спорна зона требала веднаш да преземе конкретени мерки. За да стигнеле до проектираните северни граници на „историска Грција“ требало да се „освои“ Костурско, т.е. да се уништи македонското револуционерно движење и да се неутрализира егзархиската пропаганда. Во 35 годишниот Каравангелис грчката држава пронашла вистинска личност, во чија природа било постојаното докажување и работа во служба на грчката национална доктрина. Личност која националната дејност секогаш ја ставал пред религиозната. За него желбата на македонското население за слобода претставувала опасна закана за „елинизмот во Македонија“. Според Каравангелис, жалната состојба во целата околија, како што го опишал Костурско во неговите спомени, била резултат на агитацијата за „автономија на Македонија“ на костурскиот комитет на МРО и делувањето на месните чети, кои за него биле обични „банди“. Веднаш по пристигнувањето во Костур и проучувањето на состојбата во неговата епархија, тој го започнал „походот“ против Внатрешната организација, во кој најчесто ниту бирал средства, а ниту методи во неговото реализирање.

д-р Димитар Љоровски Вамваковски
Извор: Македонска Ризница, број 34
No comments:
Post a Comment