Македонска држава
Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) се одржа на 2 август 1944 година, во манастирот Прохор Пчински. Одлуките што ги донесоа 116-те делегати од сите страни на Вардарска Македонија, беа, фактички, одлуки со кои на Балканот, додека Војната се уште траеше, се конституира тогаш најмладата држава во Европа - македонската. Со одлуките што беа донесени, АСНОМ стана и остана единствен носител на народниот суверенитет на македонската држава. На тој начин, по Самоиловото царство, македонскиот народ доби своја држава, со што се реализира континуираниот стремеж на Македонецот да живее во сопствена државно-правна единица.
Бездруго, најважна одлука на Првото заседание на АСНОМ е Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Македонија. Во него се дадени и првичните насоки за конституирањето на македонската држава, со што тоа прерасна во "уставно-правен документ врз основа на кој треба да се создаде и изградува македонската федерална држава". Со Решението се конституира и институцијата "народно правителство", односно Владата на државата, чија функција привремено ја презеде Президиумот на АСНОМ. Натаму, во структурирањето на државната извршна власт, овој документ предвиде формирање "нужен број отдели за разните гранки на државното управление", кои ќе ја вршат функцијата на министерства до формирањето влада.
Во натамошното државно-правно конституирање на Македонија АСНОМ ги дефинира и основните граѓански права. Во Декларацијата за правата на граѓаните стои дека сите граѓани на Македонија "се еднакви и равноправни пред законите, не гледајќи на нивната народност, пол, раса и вероисповедание." Декларацијата ги регулира и правата на националните малцинства "на слободен национален живот". За малцинствата станува збор и во Манифестот на АСНОМ, во кој се "прокламира слободата и рамноправноста на сите народности во Македонија."
Во Решението се гарантира "сигурноста на личноста и имотот", како и "правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот". Македонската држава, преку Декларацијата, пак, ги гарантира слободата на вероисповедта, совеста, говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на здружување. Изборното право, според Декларацијата, "во демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласуване на основание на општото, непосредното и личното право." Правото да избира и да биде биран го има секој граѓанин со наполнети 18 години, освен "малоумните лица, како и лицата кој се обвинети по отношение на интересите на народно-ослободителната војна".
Една од важните одлуки на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија е и Решението за воведувањето на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Оваа одлука ја "дополни и заокружи национално-политичката физиономија и карактер на младата македонска држава." Со ваквата одлука се потврди принципот на самоопределување на македонскиот народ. Со оглед на негирањето на македонскиот јазик, што беше едно од оружјата на туѓите пропаганди во Македонија, очигледна беше потребата законски да се санкционира употребата на македонскиот јазик во новата држава. Како што вели Блаже Конески, на Првото заседание на АСНОМ, "од дискусијата за јазикот и правописот се има породено еден обид за давање т.н. времени правила за македонскиот литературен јазик, без некаква задолжителност. Тие послужија како основа на дискусиите за јазикот и правописот, организирани во октомври 1944 година во Горно Врановци, кога беа изнесени три реферата по тоа прашање." Унификацијата на македонскиот литературен јазик "се изврши со усвојувањето на азбуката (3 мај 1945) и правописот (7 јули 1945) по предлог на Комисијата за јазик и правопис. Тој акт го обележи исполнувањето на сите дотогашни настојувања во процесот на создавањето на општиот македонски јазик. Со него се обележи и почетокот на неговиот слободен развиток како на еден веќе формиран јазик."
Основата на македонскиот литературен јазик му ја дадоа централните говори (говорите на потегот Велес - Прилеп - Битола - Кичево) кои спаѓаат во западномакедонската група говори и врз кои влијанието на јазиците на соседните народи било најмало. За македонскиот литературен јазик особено се карактеристични овие црти: акцентот кај повеќесложните зборови паѓа на третиот слог од крајот; замената на тј и кт со ќ (свеќа), дј со ѓ (меѓа), у со а (мака), вокалното л со ол (волк), х со в (грев); потоа, тројниот член кај именките и придавките (волков - волкон - волкот); глаголските придавки од типот заспан, умрен, паднат; конструкцијата со глаголот имам (ја имам поздравено) итн. Правописот на македонскиот литературен јазик е изграден на фонетска основа. Македонската азбука има 31 буква: а, б, в, г, д, ѓ, е, ж, з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н, њ, о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш
Уште еден важен документ е донесен на Првото заседание на АСНОМ - Манифестот на АСНОМ до македонскиот народ. Во него, откако ќе се направи пресек на дотогашната историја и борбата на Македонецот за слобода, се потцртува дека "првото македонско Народно собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање ЗА ОБЕДИНЕНИЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД (големите букви како во оригиналот - з. н.) на принципите на правото за самоопределување. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи."
* * *
Повеќе европски, меѓу кои и словенските народи, настанаа во времето кога племенското премина во феудално општествено уредување, зашто народот, како вид глобален општествен збир, изразува повисок степен на општествена организација од родот или племето. Со распаѓањето на племенската заедница, внатре во пошироки територијални заедници, доаѓа до поголема поврзаност на населението, чиј резултат е постапното намалување на разликите и формирањето на народот во нов вид културна, јазична, социјално-психолошка и економска заедница. Во такви околности народот, како појава, се обликува тогаш кога се формираат првите државни организации.
Единството на народните интереси, свеста за нив и племенската припадност, се испреплетуваат меѓусебно и тие тогаш се и услов и израз на заедницата со нејзината култура, со јазикот, со територијата, со верата и со заедничкото потекло на луѓето. Дури и кога некој народ би ги немал сите овие карактеристики, како најбитни негови одлики остануваат определувањето за припадност на етничката заедница и свеста за нејзиното единство.
По доселувањето на Балканот, Македонските Словени на двапати формираа големи племенски сојузи (616 година под водство на Хацон и 675 година под водство на Пребонд), кои беа основа за создавање на не докрај развиена државно-политичка заедница, која тогаш и не била на пониско ниво од државната организација на племенските сојузи на Србите и Хрватите во IX и X век. Живеејќи на територија која, речиси, целата влегувала во "разните државни граници на соседите" и трпела "еднакви влијанија", плус постојаните заеднички борби против непријателите, Македонските Словени и не можеле поинаку да се оформуваат, освен како народ со карактеристиките што ја потврдувале неговата индивидуалност. Основната маса на македонскиот народ се Словените. Меѓутоа, населувајќи се на простор на кој живееле други народи, на простор преку кој минувале походи и постојано се одигрувале војни, простор што бил освојуван час од едни, час од други, практично, било невозможно во таа основна маса да не се вклучат и други племиња и други народи, во прв ред античките Македонци, кои дотогаш живееле на поголемиот дел од територијата на која масовно и во бранови се населувале Словените. Уште во 1871 година Димитар Македонски, познатиот учебникар од минатиот век, ќе рече: "Не зинала земјата па да ги голтне", мислејќи притоа на древните Македонци и нивното, речиси, милениумско присуство на балканскиот простор, пред на него да се доселат Македонските Словени, се разбира.
Македонските Словени биле на најдобар пат да формираат своја држава уште во VIII век. Имено, населувањето на Балканот, особено во неговата внатрешност, условило распаѓање на византиската власт и нагло попаѓање на земјата во рацете на новодојденците од север. Набргу потоа, во новоформираните склавинии, организирани родовско-племенски заедници, византиската власт станала само формална и "фактички не постоела". Склавиниите се претвориле во територии на Македонските Словени. Колку растела самостојноста на овие заедници, со своја територија, своја војска и хомогено население, чија основна маса ја сочинувале Македонските Словени, најдобро зборува примерот на заповедникот на склавинијата Велезитија, Акамир, кој толку бил самостоен и осилен што почнал да се меша во династиските борби околу цариградскиот престол, таму некаде во последните години на VIII век.
Македонскиот народ во текот на изминатите векови, од доаѓањето на Словените на Балканот, живеел, главно, "самостоен државно-политички, економски и културен живот". Тоа, недвојбено, имало свое влијание при конституирањето на неговата индивидуалност, особено за време на царството на Самоил, кога сите услови биле исполнети тој и да се конституира како народ: постоење на државно-политичка заедница, словенскиот јазик како државен јазик, Преспа и Охрид како престолнини на новата држава, Охрид како духовен и културен центар, осамостојувањето на црквата и прогласувањето на Охрид за седиште на архиепископија.
Историјата на името Македонија и името Македонец низ вековите, дури и во услови на милениумско, и повеќе од тоа, ропство, му дава право на Македонецот да го третира и за национален и за културен геноцид она што поробувачите го работеле со него и со неговиот народ. Од проста причина што Македонија со автентичното културно богатство, со една продолжена и богата историска традиција, навистина со задоцнување во споредба со другите народи, меѓутоа, сепак, се вклучи во историјата на балканските и европските народи, без комплекси, горда на своето минато. Затоа и обидот да се одземе името, а на нејзиниот народ иднтитетот, е само обид да се избрише историскиот факт, што е само по себе, не само невозможно, туку и небулоза што историјата не би ја прифатила, не ја прифаќа и нема тоа никогаш да го стори.
На 8 септември 1991 година, кога распаѓањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија беше свршен факт, во Република Македонија се одржа општонароден референдум: од 1.074.855 граѓани, колку што излегоа да гласаат, 1.021.981 или 68,32 проценти од вкупно запишаните гласачи, или попрецизно: 95,08 насто од оние што излегоа да се изјаснат, се определија за независна, суверена и самостојна Република Македонија. На 17 ноември таа иста 1991 година, Собранието на Република Македонија го донесе Уставот на Републиката, според кој таа се конституира во суверена, самостојна, граѓанска и демократска држава. Поаѓајќи од историските факти дека Република Македонија своите корени ги бара во Крушевската Република и одлуките на АСНОМ, суверена Република Македонија беше конституирана како национална држава на македонскиот народ, во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со националностите што живеат во неа.

Извор: Македонско братство
No comments:
Post a Comment