Спомени - Мирчо Кикиритков
По враќањето во Петрич имав средба со Алеко Паша [16], којшто беше восхитен од мојата постапка да бидам комита. Моите години го зачудија и тој со една беседа ме посочи за пример на таму собраните. Ме упати до Караџов[17], тогаш пунктов началник во Горна Џумаја. Со него се советував што да правам. Изјавив желба пак да одам внатре, кон Штипско. Љубезно ме ислуша, но ме убеди во невозможноста да се оствари оваа моја желба заради наближувањето на зимата. Се вратив во Петрич и таму останав до пролетта. Штом грејна насмеаното сонце, повеќе не можев да издржам. Го замолив Алеко Паша и тој ми даде писмо за Иван Михајлов[18], тогашен пунктов началник на Софија, да ми издејствува место во некоја чета што му припаѓа на Скопскиот револуционерен округ.
Минувајќи пред Дупница, под сомнение на власта дека доаѓам со задна цел (бидејќи прогонувањата меѓу федералистите од една страна и автономистите, и меѓу последниве и владата на Земјоделскиот сојуз беше во полн разгор), за да го убијам околискиот началник, бев уапсен со неколкумина другари, меѓу кои: Илија Лилинков, Трајчо Тошанов и Нанчо Витларов-сите од гр. Штип, мои сограѓани. Нѐ одведоа во Софија и нѐ фрлија во Петиот участок - Подуене. Условите беа многу мизерни во нашето ново жнвеалиште. Весниците послани на подот ги заменија чергите, и тулите под глава - перниците. Четворица во една ќелија - едноставно се задушувавме и со нетрпение го очекувавме часот кога ќе ни ги отворат вратите. Не знаевме што ќе стане со нас.
Во очекување најпосле да ја разбереме прочината за самоволноста на власта нѐ затече 9 јуни 1923 г. [19] Тоа за нас дојде неочекувано. Потполковникот Георги Атанасов[20] упадна со милиција, јункери и војници. Нѐ ослободија откако нареди ние Македонците, да се облечеме во војничка униформа. Мене ми дадоа задача да бидам клучар на другите криминални претстапници. Петар Бабамов го презеде управувањето на участокот. Целиот ден ги извршувавме нашите задолженија со голема точност. Другиот ден, на 10 јуни, се сретнавме со Иван Михајлов. Тој накратко ни го објасни значењето на превратот и ни даде по 300 лева. Во апсењето на министрите и на другите раководители на паднатиот режим Организацијата имаше најголем удел. Автомобилите фрчеа, се запираа пред високите зданија и еден по еден од довчерашните моќници заминуваа во апс (случајот со министерот Христо Стојанов - министер за внатрешни работи, со полицискиот наредник и со началникот на участокот).
Два дена по ослободувањето заминав за Дупница. Се вработив во една пиварница. Во септември стапив но врска со Брло преку неговиот син Димитар. Брло ме прими во својата чета - Штипска, околиска. Заедно со Кочанската, под водство на Панчс Михајлов[21], ја минавме границата. Пред тоа, уште на бугарска земја, ги ислушавме говорите на своите војводи. Пламениот Панче Михајлов ни ги трогна нашите срца и веднаш ги придоби нашите симпатии. Брло се задоволи само да каже: „Се согласувам со зборовите на другар ми П. Михајлов да ја минеме границата. Да одиме смело!“ И толку.
Внатре во Македонија престојувавме околу еден месец. Вршевме тековна организациона работа: собирање налози, разгледување спорови меѓу селаните и казнување на шпионите и на оние што направиле прекршок. Една група од 12 души, меѓу кои и јас, се оддели од четата и тргна кон Штип со задача да изврши атентати. Не успеавме. Се вративме пак во Петрич. Подоцна ни дадоа задача, мене, на Ипокрит Развигоров, на Стоил Бичаклиев и на Владо Димитров (шоферот - Черноземски)[22], да одиме и да го убиеме Стојан Мишев[23] или некои од ренегатите што им се предале на Србите и се населиле во Штип. По желба на Т. Александров требаше П. Михајлов да ни помогне внатре во поробена Македонија. По тој повод Брло се засегна. Дојде кај мене и навреден го искажа своето незадоволство дека не сме го претпочитале него туку Панче. Јас му одговорив, а и другарите, дека тука се слуша зборот на Александров, а освсн тоа безначајно е кој ќе нѐ префрли. Нели за делото? Да се изврши поставената задача - тоа е најважното.
Заклучив дека има извесно ривалство меѓу Брло и Панче. Послсдниов како поинтелигентен, талентиран и поспособен не можеше да се обвинува за завист заради заслугите на стариот и искусен штипски војвода. Зависта беше всадена кај другиот. Брло не можеше а да не се плаши за својата популарност и слава пред делата на почетникот, храбриот млад војвода и пламен оратор, организатор и борец во вистинска смисла на зборот, некој што ги има сите неопходни квалитети за да ги привлече масите кон себе. (Писмото на Т. Александров за таа работа.) Освен тоа, некои членови на Организацијата, уплашени од брзиот подем на Панче и негови отворени непријатели, како Ангел Узунов[24], пунктов началник на Ќустендил, сами ја раширија омразата и зависта кон него.
Како и да е, јас и Бичаклиев со уште двајца од четата на Панче Михајлов ја преминавме границата под Руен. Србите нѐ открија. Првата работа ни беше да побараме врска со Панче. По еден курир го испративме писмото од Т. Александров до него. Тоа успеало да стигне до неговите раце и по еден судир во месноста Пониква - кочанска планина, се извлекол од кордонот жандарми, контрачети и војници само со една жртва (Мите Церски од Цер – Царевоселско[25]) и не најде во селото Чиперник. Го скроивме планот за дејствување. Со една група од 20 души на чело со Панче Жигански, по еден краток судир од заседа и упатување назад кон границата, повеќето од другарите посакаа да се вратат во Бугарија. Панче се спротивстави на тоа, посочувајќи ни и велејќи: „Уште она што сме го јаделе во Бугарија не сме го оставиле тука, а вие сакате да се вратиме. Навистина две недели талкаме, но ќе се стрпиме уште. Но, тој што не се согласува со мене, можс да си оди. Патот му е слободен. А јас останувам со четворица“. Нѐ посочи мене, Бичаклиев и Ипократ Развигоров. Четвртиот - Владо не беше дојден уште и ништо не знаевме за него, дали ја минал границата или не. Во тоа време, човек и сам ја минуваше. Ние се одделивме од четата кај Калимански Осој – Царевоселско, Панче остана со десет души момчиња, од нив некои се разболеа, а и тој самиот не изгледаше добро. Страдаше од чир во стомакот и повеќе гладуваше, па беше ослабнал и се исушил како трска. Но духот му беше силен во тој човек. Издржлив беше како иикој од нас Неговата наредба, Жигански (од село Жиганци) да нѐ одведе до под, Виница (Кочанско), не беше исполнета. Жигански сигурно не сакаше да си го изложува животот на опасност и затоа, по една ноќ одење, ни јави дека не може повеќе напред. Тогаш јас и Ипчо - Бичаклиев се разболе и остана со Панче, откако не можевме да го разубедиме Жигански од мислата дека е невозможно понатаму да се оди, се вративме назад да го стигнеме Панче. Мислејќи дека тој е уште во Калиманци, појдовме таму. Но тој си заминал. Тропнавме на вратата на раководителот Иљо Калимански. Ја затекнавме жена му. Таа ни кажа дека Панче заминал и го повел мажот ѝ кои Иљовските Осои до село Илиево – Царевоселско[26]. Сe упативме натаму. Беше дeн. Нѐ забележаа контрачетниците. Жетвари насекаде низ полето. Без да знаеме дека непријателите нѐ следат по стапките, намерно газевме преку нивите. Најпосле, застанавме до едни жетвари. Го прашавме најстариот од нив каде се наоѓа Панче. Но тој промрморе нешто неповрзано. Едно мало момиче тогаш се исправи: „Ама нели ние дедо собиравме храна утринава за него?“ Стариот немаше каде. Таму под нивата веднаш истрчавме и уште не се ни поздравивме, грмна пушка-две и потоа зачестија повеќе. Така дојде до Калиманскиот судир.
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

17 Иван Караџов, роден во с. Лешко, Горноџумајско, пунктов началник на Горна Џумаја, член на ЦК на ВМРО (1928)
18 Иван Михајлов, роден во Штип, сeкретар и благајник на ВМРО, пунктов пачалник на Софија, од 1925 година член на ЦК ил ВМРО и лидср на Организацијата.
19 Во 9-то јунскиот преврат 1923 година беше соборена владата на Александар Стамболиски, лидер на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС), која имала непријателски став спрема автономистичката ВМРО на Т. Александров и настојувала да ги спречи нејзините комитски аксии во вардарскиот дел на Македонија.
20 Георги Атанасов, родеп во Горна Џумаја, резервен потполковник на бугарската армија. заедно со Александар Василев (Алеко Паша) го раководеле Петричкиот револуционерен округ, приврзаник на левото крило на автономистичката ВМРО, убиен во горноџумајските настани во септември 1924 година.
21 Панчо Михајлов, роден во Штип, кочански околиски војвода, поет, книжевник и собирач на народни песни, убиен 1925 година, по наредба од И. Михајлов.
22 Владимир Георгиев - Черноземски, роден во с. Каменица, Велинградско, еден од најпознатите професионални терористи на ВМРО, убиец на Димо Хаџи Димов, Наум Томалевски и на југословенскиот крал Алаксандар Караѓорѓевиќ, 1934 година во Марсеј.
23 Стојан Мишев, роден во Штип, штипски војвода, по 1922 година се отцепил од автономистичка ВМРО и се приклучил кон Македонската федеративна револуционерна организација (МФРО), по 1923 година преминал во вардарскиот дел па Македонија и им се ставил на располагање на државните власти на Кралството на СХС во борбата против комитските чети на Т. Александров. убиен 1924 година во Штип од страна на испратениот атентатор на михајловнстичката ВМРО.
24 Ангел Узунов, роден во Охрид, брат на Христо Узунов, долгогодишен пунктов началник на ВМРО и ВМРО на Ќустендил, член и секретар на Македонската парламентарна група (1927), припадник на протогеровистичката струја на ВМРО.
25 Денешно Кочанско
26 Денешно Делчевско
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
No comments:
Post a Comment