Некои сметаат дека Македонија е наречена според Македон, синот на Еол, како што вели Хеланик во првата книга "Светковини во Аргос". Од Македон, по кого сега се нарекуваат Македонци, кои тогаш живееле сами меѓу Мизите. Исто така и Евстатиј во схолиите за делото на Дионисиј Периегет забележал дека Македон бил син на Еол. Според овие двајца автори (Хеланик и Евстатиј), Македон се прикажува како син на Еол со јасна цел: затоа што македонските владетели не биле Хелени, како што тоа го истакнува и проф. В. Бешевлиев, се барала врската со Хелен (Еол бил син на Хелен) за да може потоа оттаму да се извлекува грчко потекло на македонските владетели. Според тоа, тие владетели можеле да бидат Еолиди само доколку влечеле корен од Еол.
Во античките извори постојат повеќе сведоштва што го потврдуваат постоењето на богот Македон. Најстар зачуван запис каде што е забележано името на богот Македон се среќава во еден фрагмент од изгубеното генеалогичко дело на Хесиод "Каталог на смртните жени". Велиме забележано, затоа што тој бог постоел многу порано пред Хесиод, а тој само го запишал неговото постоење. Според тој фрагмент, Македон, теонимот на Македонците, бил син на Зевс и Тија. За овој податок дознаваме од византискиот автор Константин ВИИ Порфирогенит (905 - 959). Во неговото дело "За Темите" стои вака: 2. Втора тема Македонија. - Земјата Македонија е наречена по Македон, синот на Зевс и Тија, ќерка на Девкалион, како што вели поетот Хесиод. Покрај ова, во истото дело се наведува:
"Таа откако затрудни му роди на Зевс громољубецот два сина, Магнет и борбениот коњаник Македон, кои се вдомиле во Пиерија и Олимп".
Според еден друг фрагмент од Хесиод, наспроти Тија, мајката на Македон, која била ќерка на Девкалион, се наведува дека и Хелен, родоначалникот на Хелените, бил син на Девкалион. Понатаму стои дека Хелен имал три сина: Дор, Ксут и Еол, предци на Дорците, Еолците и Јонците. Според тоа, ако Македон бил син на Тија (која била сестра на Хелен) тогаш не можел да биде потомок на Хелен, ниту на некој од неговите синови, на Еол или на Дор. Оттаму произлегува дека Македонците не биле ниту Хелени, ниту Дорци, ниту Еолци, туку биле посебен народ различен од Хелените.
Подоцна уште еден автор го забележал името на Македон како внук на Девкалион. Тоа бил Гај Јулиј Солин од ИИИ век, кој во својата "Збирка на знаменитости" наведува дека Македон бил внук на Девкалион и дека го променил името на Ематија, нарекувајќи ја според своето име Македонија.
..."Ематиј, кој прв ја променил врховната власт во Македонија, се смета за автохтон или затоа што трагите на неговото потекло со тек на времето биле потполно избришани или едноставно затоа што така стојат работите. Според него, добиеното име кај Македонците, Ематија, се затврднало. Но Македон внук на Девкалион од мајчина страна, кој едноставно заедно со својата жена ја избегнал општата пропаст, го променил тој назив и ја нарекол земјата според своето име Македонија. Македон бил наследен од Каран"...
Ако според ова родословие за Македон (забележено од Хесиод, а повторено од Солин) се запрашаме во кое митолошко време се појавиле Македонците како народ, тогаш произлегува дека тоа е времето по Потопот што го преживеале Девкалион и Пира, чија ќерка била Тија, мајката на Македон. Овој период за постанокот на народите, па и на древниот македонски народ, се совпаѓа со времето за настанувањето на народите што Шелинг во "Филозофијата на митологијата" го определува по Потопот. Според Стариот завет тој преод од монотеизам кон политеизам се доживува како општа пропаст во вид на Потоп.
ГРЧКО ТОЛКУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ БОЖЕСТВА
Наспроти Хесиод и другите автори, според кои Македон бил син на Зевс и Тија, односно внук на Девкалион, кај древномакедонскиот историчар Марсија од Пела (околу 307 год. пред н.е.) се наведува дека таткото на Македон бил Дион, а мајка му се викала Ајтрија, односно Ајтија. Марсија од Пела напишал посебна Историја за Македонија (Македоника) во десет книги, од кои првите четири се однесувале на македонската митологија. Првата книга на ова дело, кое, за жал, не е зачувано, претставува основа за три схолии во кои стои дека Македон е син на: 1) Дион и Ајтија, 2) на Диос и на Ајтија и 3) на Диос и на Ајтрија. Од овие три схолии се гледа како имињата на македонските божества Дион и Ајтрија се промениле во божества со грчки имиња (Диос, односно Зевс и Тија), па според тоа преданието за Зевс и Тија не може да претставува ништо друго освен едно грчко толкување на македонските божества. Имено, во грчката митологија Дион и Ајтрија не се посведочени. Зборот "ајтрија" на грчки значи воздух, ведро време. Меѓутоа, зачувана е и една македонска глоса (абраиа) = грчки аиориа (ајтрија) со значење светло, јасно небо што покажува дека станува збор за грчки превод на името на македонската божица на светлината Ајтрија.
Од Марсија од Пела исто така постои податок дека Орестија, според Македон била наречена Макета. Овој податок го наведува Константин ВИИ Порфирогенит, во делото "За Темите":
"Дел од Македонија се нарекува Макета, како што вели Марсија во првата книга Македоникон: а и Орестија по Македон ја нарекуваат Макета".
Едно друго родословие за Македон кое од корен се разликува од Хесиодовото, доаѓа до нас од Хеланик В в. пред. н.е. од Лезбос.
Според ова родословие Македон бил син на Еол. Тој фрагмент, зачуван од првата книга "Светковини во Аргос" од Хеланик, доаѓа до нас преку делото "За Темите" од Константин ВИИ Порфирогенит:
"Другите, пак, сметаат дека Македонија е наречена според Македон, синот на Еол, како што вели Хеланик во првата книга "Светковини во Аргос". Од Македон (синот) на Еол, по кого сега се нарекуваат Македонци, кои тогаш живееле сами меѓу Мизите.".
Исто така и Евстатиј во схолиите за делото на Дионисиј Периегет забележал дека Македон бил син на Еол.
Според овие двајца автори (Хеланик и Евстатиј), Македон се прикажува како син на Еол со јасна цел: затоа што македонските владетели не биле Хелени, како што тоа го истакнува и проф. В. Бешевлиев, се барала врската со Хелен (Еол бил син на Хелен) за да може потоа оттаму да се извлекува грчко потекло на македонските владетели. Според тоа, тие владетели можеле да бидат Еолиди само доколку влечеле корен од Еол. Примерот на македонскиот крал Александар И Филхелен, кој за да учествува на
Олимписките игри докажувал дека наводно водел потекло од Аргос од Пелопонез, бил добар повод за лажно прикажување на македонските владетели дека биле Еолиди, односно Хелени. "Хеланик бил тој кој го направил Македон син на Еол", вели проф. В. Бешевлиев, а потоа додава:
МАКЕДОН ВО КРЗНО ОД ВОЛК
Македон се спомнува и кај Псевдо Скимнос. Тој забележал дека Македон бил староседелец кој кралувал над македонската земја.
"Над Темпе се наоѓа македонската земја, распространета покрај Олимп, над која, како што раскажуваат, кралувал земнородниот Македон".
Страбон во својата "Географија", исто така забележал дека Македон по потекло бил староседелец, односно еден од старите владетели. Кај Страбон стои: "Сегашна Македонија едно време се нарекувала Ематија. Името го добила од Македон, еден од своите стари владетели. Исто така, постоел и град Ематија на море."
Македон го спомнува и Диодор од Сицилија. Тој во своето дело "Историска библиотека" забележал едно сосема поинакво родословие, според кое Македон бил син на Озирис и брат на Анубис.
"Тие (египетските свештеници) раскажуваат дека заедно со Озирис тргнале и неговите двајца синови Анубис и Македон, кои се одликувале со храброст. Двајцата биле облечени во најдобра воена облека од крзна на животни што сосема одговарала на нивната храброст и смелост. Анубис носел крзно од куче, а Македон преден дел од крзно на волк, па затоа Египќаните ги обожаваат овие животни.
"Но тој (Озирис) ги посетил и другите народи на Азија, па потоа преку Хелеспонт навлегол во Европа. Притоа во Тракија тој го убил кралот на варварите Ликург, кој им се спротивставувал на неговите одредби... Својот син Македон тој го поставил да владее како крал со земјата која според него го добила името Македонија".
ПРОДОЛЖУВА: Оти бил Македонец, на Александар Први не му дозволувале да се трка
ПОДГОТВИЛ: Де.Т. (Извор: Вечер)
Книгата од Драги Арсов може да се набави во просториите на Макавеј, во Домот на градежниците (приземје) во Скопје или да ја порачате на телефон 075 209 446.

No comments:
Post a Comment