Македонското научно – литературно другарство во Санкт Петербург претставува најзначајна македонска национална асоцијација на македонската емиграција воопшто. Основано е во Санкт Петербург на 28 октомври 1902 година, со потписите на 19 национални дејци од сите краишта на Македонија. Меѓу потписниците се Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Мишајков, Стефан Јакимов Дедов и други.
Прв привремен претседател бил Дијамандија Мишајков, а од почетокот на 1903 година па се до 1917 година, тоа место го заземал Димитрија Чуповски. На 12 ноември 1902 година до Руската влада и до Советот на С. Петербуршкото словенско благотворно братство, Македонското научно – литературно другарство испратило Меморандум, што всушност претставува прва национална програма, во која се бара признавање на Македонците како посебна нација и народ, со посебен македонски јазик и култура, со своја црква, во границите на Турција. И покрај противењето на другите балкански друштва во Русија, сепак, Советот на С. Петербуршкото словенско благотворно братство го признало Македонското научно – литературно другарство, како рамноправен член на Советот. За таа цел му дало простории во кои другарството би можело да одржува редовни состаноци и советодавни седници. Од денот кога Советот на С. Петербуршкото словенско благотворно братство го признало Македонското научно – литературно другарство, доаѓала константна помош од руските организации од овој тип. Во Русија се печателе книги, брошури, летоци, кои ја објаснувале улогата, задачата и целта на МНЛД. Особено значаен е фактот што во Македонското научно – литературно другарство, со помош на Советот на С. Петербуршкото братство, била создадена првата книга на современ македонски литературен јазик, со фонетски правопис. Станува збор за книгата на Крсте Петков Мисирков “За Македонцките работи”. Книгата „За македонцките работи“ била отпечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Со тоа може да заклучиме иако книгата е печатена во Софија, таа всушност е создадена во Русија.
Уште на првите состаноци на Македонското научно – литературно другарство се поставиле целите на другарството. Биле определени границите на Македонија, Другарството требало да ја развива македонската национална свест помеѓу емиграцијата, да ја негува културната, духовната и научна традиција на Македонскиот народ, да ги обединува сите Македонци без разлика на нивното образование и убедување.
Задачите на Другарството предвидуваат организирање собранија и предавања, читање реферати, раскази, собирање и зачувување на народни умотворби, со еден збор зачувување на македонската традиција и култура. За прв пат во македонската историја бил воведен македонскиот јазик како службен јазик. Сите овие цели и задачи биле концепирани во Уставот на македонското научно – литературно другарство донесен на 16 декември 1903 година.

Другарството како активен чинител на македонската емиграција постои до 1917 година. Последниот расположлив документ кој го носи потписот на Македонското научно – литературно другарство е Програмата на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград од 18 јуни 1917 година.
Македонското научно – литературно другарство претставувало единствена интелектуална организација на македонската емиграција во Русија. За краткото време колку што постоела, оваа организација силно се залагала за решавање на македонското национално и црковно прашање. За таа цел, биле остварувани средби, биле испраќани меморандуми до видни политичари од Русија, балканските земји, европските сили.
Поради фактот што во Македонското научно – литературно другарство членувале видни интелектуалци, со право се верува дека токму оваа организација во Русија претставува темел на Македонската академија на науките и уметностите, која ќе се формира многу подоцна, во слободна Македонија.
Со ова се покажува дека првите, понови, современи интелектуални стремежи своја плодна почва нашле во Русија. Тоа секако е резултат и на блискоста на културите и македонската емиграцијата која таму се образувала. Овие историски релации се влог во идните руско-македонски односи и повик за идна соработка и истражување. Руските архиви, сè уште кријат бројни информации за Македонија, а руската култура сè уште може да биде инспирација за идна соработка.
Кире Филов (извор: Руска Реч)
No comments:
Post a Comment