Песната на Марко Цепенков
Автор: д-р Ранко Младеноски
Станува збор за
песна од нашиот најактивен и најоригинален собирач и запишувач на
македонски народни умотворби од 19 век. Тоа е песна со еден подолг
наслов кој гласи Мајка Македонија ги советува своите чеда да
востанат против тиранијата на Турците.6 Според својата содржина, но и
според својата уметничка порака, оваа песна на Цепенков е многу слична
со двете песни на Горѓија Пулевски („Самовила македонска“ и „Македонцим
ув прилог“), а тоа го потврдува и Блаже Ристовски:
„Оваа песна по многу свои карактеристики е слична на песните на Ѓорѓија М. Пулевски. Иако Македонците ги наречува и ’Бугари‘, и Цепенков посегнува по ’велика цара Александра што се слави и до ден- денеска‘. Тоа беше всушност говорот на генерацијата на Цепенков и на тој наш граѓанско-еснафски слој од македонските низини, од кои произлегоа Пулевски, Мажовски, Мушевич и др. што во основата на својата идеологија ја постави државноста и културата на античката македонска држава“.7
Во споменатата песна Марко Цепенков ги повикува своите сонародници, Македонците, да се борат против петвековниот „турски јарем“ потсетувајќи на славното минато во древните времиња кога Александар Македонски со својата македонска војска ги победувал непријателите и на Балканскиот Полуостров, но и во Азија:
Помислете вие мили чеда:за велика цара Александрашто се слави и до ден-денесказа негово чудо по земјаташто напраи со негоа војскаи отиде дури до Азија,во Азија при цара Дарија,го победи и данок зеде.8
Јасно
е дека и овде Александар Македонски треба да послужи како пример за
поттикнување и воздигнување на борбениот дух кај Македонците во борбата
за слобода. Очигледно е, исто така, дека како и во двете песни на
Пулевски, и во песната на Цепенков се поставуваат опозиции базирани врз
категориите супериорност и инфериорност во кои во прв ред е вклучен
македонскиот крал Александар Македонски и неговите персиски непријатели.
Интересно
е тоа што Цепенков во песната го споменува и историскиот податок за
војувањето на Александар Македонски против персискиот крал Дариј III,
односно ги споменува битките на македонските воини против персиската
војска во кои Персијциге секогаш биле победувани. На ваков начин, со
потсетувањето на големите победи на античко- македонската војска,
ангажираноста на оваа песна добива во интензитет и во поголема мера ја
постигнува основната интенција на нејзиниот автор - поттикнување и
охрабрување на Македонците за нивното вклучување во ослободителната
борба против петвековните поробувачи. Токму поради тоа, воопшто не е
случајно што Марко Цепенков во поголемиот дел од својата песна дава опис
за мошне тешката положба на македонскиот народ којшто секојдневно е
подложен на тортури и измачувања од страна на „клетите Турци“ што,
секако, треба да биде уште поголем поттик за да станат „сите на оружје“.
Навраќањето
кон исклучителното херојство и кон светската воена слава на античките
Македонци и на најголемиот крал и освојувач во античкиот период,
Александар III Македонски, во песната на Цепенков е во функција да ја
засили веќе споменатата поетска поента, односно порака (повикот за
борба) во втората половина на 19 век, т.е. во времето кога на сета
територија од Македонија веќе зачестуваат организираните акции за
слобода и за своја самостојна држава врз национална основа.
6) Првата објава на песната од Марко Цепенков: Майка Македония ги съветува своите чеда да востанат против тиранията на Турците, ,Автономия“, I, 28, София, 12.11. 1899, стр. 3; За ова, исто така, да се види: Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, Книга десетта, Материјали, Литературни творби, Редактирал Блаже Ристовски, Македонска книга, Институт за фолклор, Скопје, 1980, стр. 244 - 246.7) Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, Книга десетта, Материјали, Литературни творби, цит. дело, стр. 367.8) Исто, стр. 246
2 comments:
Дай обявете автобиографията на Цепенков и особено последната страница да видим що пишува там Цепенков..
Само така, продолжете со бесмислените и зајадливи коментари, па после ќе си ја чешате главата зошто не ве сакале.
Post a Comment