Поранешното село, а сега гратче, Зрново е сместено во Зрновската котлина во истoчниот дел на Егејска Македонија. Самата Зрновска котлина се наоѓа на прекрасна географска локација и е вистински мост помеѓу Егејското море на југ (од кое е оддалечена само 50-60 километри) и прекрасната Пирин Планина на север. Позната река која тече низ овој крај е Зрновска река која во јужниот дел на котлината се соединува со рекaта Пештерник и Долнобродската река.
Историски гледано, Зрново ја дели судбината на Македонија. Многупати било плен на разни освојувачи, а дало и голем број борци за слобода. Зрновската котлина постанува дел од Македонската држава уште во времето на владеењето на кралот Филип II во IV век пред нашата ера. Во II век п.н.е. зрновскиот крај, како и остатокот од Македонија потпаѓа под власта на Римската империја и останува во нејзин состав сè до 335 година н.е. кога по поделбата на Империјата на два дела, Зрново останува под власта на Византија. Во IX век дел од Македонија, каде спаѓа и Зрново, потпаѓа под власта на бугарската држава.
По пропаста на првото бугарско царство, овој крај повторно е вклучен во рамките на Византија, по што византската власт се стаблизирала. Овој крај од Македонија не бил вклучен во Самоиловата држава која иако настојувала сепак не успеала да се пробие подалеку од градот Серес. Секако дека мора да се забележи и продорот на Српскиот крал Душан кон овие краишта околу 1345 година. По 1371 година, целокупната територија на Македонија потпаѓа под власта на Турците-Османлии. За прв пат во историјата на грчката држава регионот на Зрново влегува во состав на Грција дури по Балканските војни и Букурешкиот Договор во 1913 година. Ваквата ситација се задржува до денешен ден и покрај краткиот продор на Бугарија на оваа територија во првата и втората светска војна.
Ваквите историски збиднувања во овој крај генерирале голема активност и вклучување на населението во македонските револуционерни движења. Така, населнието од зрновскиот крај зема учество во Кресненското востание, каде еден од водачите е Стојан Карастоилов, роден токму во овој крај. Исто така, учесници имало и во Разлошкото востание. По формирањето на ВМРО, Зрновско се нашло во рамките на Серскиот револуционерен округ кој важел за еден од поактивните. Забежано е дека еден од познатите војводи кој делувал во овој крај е Атанас Тешовски. Интересно е да се забележи дека за време на Драмското востание од Септеври 1941, организириано од кумунистичката партија на Грција, во кое учествувале и Македонци, при ослободување на градот Просечен бил одржан говор на македонски јазик. Македонците од овој крај зеле учество и во граѓанската војна во Грција. Така, учесник од Зрново во ДАГ е Ѓорги Хаџипетров.
Од сето претходно кажано се гледа дека Зрновско имало значајни личности и придонело во историските збиднување во Македонија, и покрај релативно малиот број на жители во Зрново и во регионот. Според османлиските пописи во XV век Зрново имало 171 ,,невернички семејства“ и само едно муслиманско семејство. Како резултат на процесите на исламизирање, во првата половина на XIX во Зрново имало 240 христијански и 40 муслимански семјества. Според првите пописи на новата грчка власт во 1913 г. во Зрново имало околу 2000 жители.

Веќе во 1940 година бројот на жители се зголемува на околу 3300, но ова не се должи на природен прираст на населението туку на масовната колонизација со грчки бегалци од Турција. По Втората светска војна, пак, бројот на население се намалува на околу 2700. Ова намалување било директно на штета на македонскиот елемент од населението кој заради историските случувања и неподносливиот живот го напушта родниот крај и во главно бега преку границата во Бугарија или во Република Македонија како дел од Југословенската федерација. Сите историски неповолности кои се случувале во овој дел на Македонија придонеле денес во Зрново да има само мал дел на автохтоно македонско население, а потомците на бегалците да се среќаваат низ источниот дел на Република Македонија, воглавно во Штип и светиниколско, како и низ цела Бугарија, воглавно Софија, Благоевград, Варна итн.
Официјално денес Зрново е преименувано во Като Неврокопион. Ова се должи на државната политка на Грција за промени на топонимите во новоосвоените територии во 1913, со Законот за преиминување на селата, градовите и гратчињата од септември 1926 година. Целта на овој Закон е јасна и се состоела во погрчување на новоосвоените територии.
Оваа политка на грчката држава не го изостави ниту Зрново ниту неговото опкружување. Новото име на Зрново беше Като Неврокопион. Оној што разбира грчки, ќе сфати дека ,,като“ значи ,,долно“, односно дека новото име на Зрново значи ,,долен Неврокоп“. „Неврокоп“, пак, произлегува од местоположбата на Зрново во однос на градот Неврокоп, кој се наоѓа северно од него. Иронично, токму ваквата промена на името на Зрново е сосема сопротивна од целите на Законот за промена на топомините. Имено, градот Неврокот (Гоце Делчев) се наоѓа во Пиринска Македонија, денес во состав на Република Бугарија.
Токму затоа, ваквото именување на Зрново, наместо погрчување и бришење на минатото, всушност само го потврди историскит факт за поврзаност и единство на територијата на Македонија. Само за појаснување, со исцртувањето на границите во 1913 година, Зрново останува во Грција, а Неврокоп кон кого природно гравитираше останува во Бугарија. Заради ова целиот регион од Зрновската котлина мораше да се орентира кон новиот административeн центар Драма.
Така, именувањето на Зрново за ,,долен“ во однос на ,,горен“ Неврокоп кој остана од другата срана на границата само ја потврди ирационалноста на државната политика на Грција која сметаше дека со промена на топонимите ќе успее да ја измени фактичката состојба и да ја промени историската реалност. Оваа политика, за жал и сега, по 85 години Грција ја применува во својата надворешна политка кон својот северен сосед Република Македонија.

Д-р Дејан Маролов (Македонска Ризница, број 6)
(посветено за моите баба и дедо, Марија и Димитар Маролови, родени во Зрново, погребани во Штип)

No comments:
Post a Comment