ОЗДОЛ ИДЕ МЛАД ДЕЛИЈА
Оздол иде млад делија,
оздол иде млад делија,
млад делија јабанџија,
млад делија јабанџија.
Сал се чуди, сал се мисли,
сал се чуди, сал се мисли,
дал да оди во мејана,
ил да оди во кафана.
Ако оди во мејана,
ако пие рујно вино,
тој си нема жолто злато,
жолто злато, дукат лири.
Па си пошол кај Стојанка,
кај Стојанка џан девојка.
Малку чукнал, малку викнал,
го дочула џан Стојанка.
Се излажа џан Стојанка,
џан Стојанка, џан девојка,
па го пушти во одаи,
во одаи на дивани.
Многу малку тој поседе,
многу малку - две недели.
Што имало се изело,
се изело ем испило.
Драги Спасовски и ансамблот на Стевче Стојковски
May 8, 2013
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment