April 19, 2013

Одговор на командантот на ГШ на Македонија на приговор на манифестот

ОДГОВОР НА КОМАНДАНТОТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА МАКЕДОНИЈА И НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ НА ПРИГОВОРОТ НА МАНИФЕСТОТ ОД ГРУПА ЧЛЕНОВИ НА АНОК

(14 март 1944 год.)

„2... Ние пак сметаме да штабот е требало од името на целата наша војска и на целиот наш народ, да каже на својот народ која е целта и каков е карактерот на нашата борба, затоа што во времето на издавањето на манифестот друго политичко раководно тело не постоеше во Македонија, а времето налагаше да се издаде некаков Манифест...

...Ние Ќе се бориме за постигнуењс на целта на нашата борба, која е поставена во нашиот Манифест ќе се бориме да го собереме целиот македонски народ во таја борба. Секој чесен Македонец, кој дојде при нас ќе го примиме како брат, но секој кој појде против нашиот покрет ќе го сметаме за непријател на нашиот народ. Ние сметаме дека во таја борба ќе успееме и дека македонскиот народ, ќе биде вистина слободен во една Нова Титова Југославија.

3. што се однесуе до прашањето за соединението на македонскиот народ, кое вие го подигнувате во вашето изложение, ние сметаме да ќе можеме да го постигнеме и реализираме тој вековен идеал на нашиот народ во една Титова Југославија, од колкото во некоја друга политичка комбинација.

Соединението на македонскиот народ и нам ни лежи на срце како и вам и ќе се бориме за неговото соединение до крај... Но треба да се знае, во времето на издавањето на манифестот меѓународното политичко положение не ни позвољаваше македонскиот проблем да го изнесеме на друг начин, освен како што е изнесен во самиот Манифест. Титова Југославија денеска е стварност, призната меѓународна сила, со чија помошт ние ќе можеме да постигнеме соединението на нашиот народ.

...5. Ние сметаме дека е време да секој чесен Македонец дојде во редовите на нашата војска и учествува во оваја борба во која се решава судбината на нашиот народ... Борбата на нашиот народ е дојдена до таков стенен, да нужно треба незабавно да пристапиме на сазивање и формирање Антифашистичко собрание на Македонија, на кое нашиот народ дефинитивно ќе изгради своја народна власт.

Командант на Главен Штаб Ген. Михајло Апостолски

Прет. на ИО за свикуењс на АСНОМ А. Ченто

ДАРМ, ф; Главен Штаб на НОВ и ПОМ, сигн. 1.254-5/3;
Зборник АСНОМ - Документи oд I и II заседание на АСНОМ.

т.I, кн.I ДАРМ, Скопје 1984, стр.65;
Македонските манифести од XX век..., док.65, стр.63-66;

Кире Филов, Политичките и економските промени во Штип и Штипско...

За да видите поголем дел од книгата кликнете овде!

No comments: