Средбата меѓу Енвер Паша и Василие Трбиќ, организирана од Отец Дамјан Пеливаноски
Во историјата на Македонската Православна Црква и Македонската држава, свештенството имало и има истакнато и заслужено место. Неговата улога е од посебно значење и во историите на сите Помесни Православни Цркви. Тоа произлегува и се должи на народносниот карактер на православното свештенство. Скоро без исклучок, историјата на секоја Православна Црква е испреплетена и претставува дел од националната историја. Овој белег посебно е изразен во историјата на малите народи, особено кај народите со бурно историско минато; народи и нивните Цркви, кои биле објект на завојувачките апетити на посилните држави. Времињата на живеење во ропство, речиси до крај ги спојувале и поистоветувале црковните со националните истории.
Продолжувајќи ги истражувањата за дејноста на прилепското свештенство во зачувувањето на националниот идентитет и дигнитет, а воедно, правејќи надополнување на Монографијата за прилепскиот соборен храм „Свето Благовештение“, овојпат би сакал да ја истакнам улогата на отец Дамјан Пеливаноски и неговата заслуга во тајното организирање на Младотурската револуција и неговите контакти, кои ги имал со двете крајно спротивставени страни – српското четничко движење, предводено од војводата Василие Трбиќ; и Енвер Паша, турскиот воен и политички деец, идеологот на пантурцизмот и панисламизмот, активниот учесник и организатор на Младотурската револуција од 1908 година и еден од лидерите на младотурската партија „Единство и прогрес“.
Како реакција против мешањето на капиталистичките европски држави во внатрешните работи на Турција и желбата за ограничување на султанскиот апсолутизам, се појавила потребата од реформирање на Турција и од воведување на конституционен режим во државата. Под влијание на западноевропската култура, младата турска интелигенција почнала од поодамна да се стреми кон создавање на една модерна национална држава. Младотурското движење, покрај интелигенцијата, го вклучило и младото офицерство, како и незадоволните капиталистички елементи во државата. Младотурците си поставиле за цел да создадат држава со конституционен режим, а преку тоа да создадат и услови за независен економски развој и независност на Турција. Младотурското движење, на чело со комитетот „Единство и прогрес“, се проширило низ целата Турска империја, иако центрите се наоѓале во Солун и Битола.
Новата фаза во развојот на македонското прашање, која започнала со Англо-руската спогодба од 1908 година, која иницирала натамошно продлабочување на реформите, го забрзало процесот на младотурската револуција, која начелно била планирана за август 1909 година. Младотурците, кои во тоа време доследно се стремеле кон уставен систем, се ориентирале кон позабрзана подготовка на востанието. На 3 јули 1908 година, командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со својата единица веќе започнал акции против месните султански власти. Младотурските комитети, и цивилни и воени, соработувајќи меѓу себе, застанале на страната на востаниците. Кон нив се придружил и Енвер паша со својот одред од Солунскиот гарнизон.
Кој бил Енвер паша? Исмаил Енвер е роден на 22 ноември 1881 година во Истанбул, во семејство на татко железничар. Растел во крајна сиромаштија. Од 1897 година се вклучил во движењето на младотурците. По дипломирањето, Енвер ги продолжил своите студии по воени науки во Битола, а по завршувањето на студиите бил унапреден во чин поручник. Во 1903 година ја завршил Истанбулската Генералштабна академија и дипломирал со чин - капетан. Во 1906 година, кога веќе имал чин „мајор“, Енвер активно се приклучил во организацијата „Единство и прогрес“ (Ittehad ve terakki). Како член на оваа организација, учествувал во терористички акции насочени против пашите на султанот Абдул Хамид, кои биле испраќани на територијата на Македонија.
Иако познат и признат панисламист и јавен непријател на нетурското население, особено измачувајќи и прогонувајќи ги Ерменците, Либанците и Македонците, Енвер паша почувствувал дека мора да има поддршка токму од христијанското население во остварување на својата замислена цел. Од тие причини, тој необично се зближил со прота Дамјан Пеливаноски,[1] парохискиот свештеник од Прилеп...

Отец Дамјан Пеливаноски [Извор на фотографијата OldPrilep]

Во предвечерието на Младотурската револуција, кога веќе подготовките биле привршени, и кога целата активност се криела во најстрога тајност, сепак, Енвер паша одлучил целиот план околу симнувањето на султанот Абдул Хамид да му го довери токму на отец Дамјан. Дали во него чувствувал верен пријател, дали сметал дека отец Дамјан е вистинска потпора за него во тие тешки мигови, дали сметал дека ќе има мир на душата, ако својата тајна и планот му го довери на едно свештено лице, сепак, може да се заклучи дека отец Дамјан за Енвер паша бил една цврста личност, со стабилен карактер и човек од доверба.
Но, Енвер паша сигурно се прашувал: Што ако не успее револуцијата? Што ако отпорот на султанот се покаже посилен од револуционерите? Морал да има и „Б“ план, кој барем ќе ги заштити неговите верни следбеници, а со нив и недолжните и невини семејства, на кои султанот жестоко би им се одмаздил.
Така, при крајот на мај 1908 година, Енвер паша одлучил да се сретне со својот крвен непријател, четничкиот војвода Василие Трбиќ.[2] Како српски војвода, кој раководел со вооружени чети на српската пропаганда во Македонија, Трбиќ бил јавно деклариран како смртен непријател на сето несрпско население во Македонија, а особено жесток гонител на турската војска, убивајќи ги насекаде турските војници. Во периодот кога се подготвувала Младотурската револуција, Трбиќ веќе наголемо ги вооружувал српските чети, носејќи пушки и муниција од Србија со биволски коли. Капудан Васил, како што го нарекувале Турците, имал извршено мобилизација на преку стотици товарни коњи од селата меѓу Прилепско и Велешко, со исто толку луѓе, кои требало да ги претовараат коњите и воловите и да го распоредат оружјето до локалните четници. Сета таа акција останала незабележана од густите мрежи на турски жандармериски станици, муслиманите, агентите и другите непожелни сведоци. Така, тој арсенал од оружје поминал, буквално, под прозорците на жандармерските станици по текот на реката Бабуна, а никој не насетил што носат коњите и воловите и на каде одат...
Но, за оваа акција знаел отец Дамјан. Две крупни работи – планот за Младотурската револуција и вооружувањето на српските чети, за отец Дамјан биле познати. Преку тајни канали, отец Дамјан му испратил порака на Трбиќ дека под итно треба да се сретнат. Средбата ја договориле во селото Дреновци, во околината на Прилеп. Дреновци било гнездо на србоманската политика и многу мештани од ова село се ставиле во служба на четите на Трбиќ. Трбиќ очекувал средбата со отецот да биде чисто формална, не насетувајќи каква тајна може да дознае од него. По разменување на поздрави и здравици, отец Дамјан замолил четниците да излезат надвор од просторијата и да ги остават насамо неколку минути. Тогаш отец Дамјан му ја соопштил на војводата Трбиќ информацијата: „Командантот на ловачкиот баталјон на турската војска во Битола, потполковникот Енвер беј, посакува под итно да се сретне со тебе, и тоа во време и место, кое ти ќе го одредиш! Ова мора да се случи што побрзо!“. Отец Дамјан бил кус, јасен и едноставен. Немало потреба од објаснувања на овие зборови, ниту од дополнителни информации. Неговиот чесен свештенички збор, даден на Енвер беј, не бил погазен. За деталите ќе се одлучува понатака.
Војводата насетил дека станува збор за нешто сериозно и големо, па не можел да поверува како еден елитен турски офицер има потреба да се сретне со него, и тоа со целосна доверба, иако лично не се познавале. Посомневал и во отец Дамјан, да не му прави некои интриги и замки, па да биде фатен од локалното население. Но, познавајќи го како авторитетен свештеник, го прифатил предлогот и замолил да биде организирана таа средба, и тоа во што поскоро време.
Отец Дамјан од Дреновци заминел со брзање за Битола. Се сретнал со Енвер беј и му кажал дека четничкиот војвода Трбиќ ја прифаќа средбата. И тој оставил на него да биде главен организатор. Отец Дамјан започнал да организира до средба да дојде на местото Расимова нива, на ридот Црнуш, точно на 1 јуни.
За да биде сè подредено како што треба и за да не дојде до несакани конфликти, отец Дамјан ги организирал сите потребни превентивни мерки, а наредил да се приготви и пристојна храна, според сите муслимански обичаи, за високиот гостин. Денот на средбата полека се приближувал и сè се одвивало според договорениот план и распоред.
Војводата Трбиќ поставил свои четнички стражи на сите важни пунктови околу ридот Црнуш. На договореното време, стражарите забележале двајца коњаници како се приближуваат, а наоколу не било забележано ниедно сомнително движење од војници. Отец Дамјан прв го пречекал младиот и интелигентен офицер Енвер беј, се поздравил, го запознал со војводата Трбиќ и седнале на заедничката маса. Построените четници, исто така, му ја укажале должната почит на високиот гостин, ставајќи ги пушките пред градите.
По воведниот неформален и неврзан разговор, отец Дамјан ја открил тајната за нивната средба. Тогаш Енвер беј, охрабрен од зборовите на отецот, ги објаснил и причините зошто избрал да се сретне со војводата Трбиќ. Иако на масата седел со еден православен свештеник и со еден војвода-христијанин, Енвер беј не се двоумел да ја открие својата тајна од првокласно значење. Отворено признал дека припаѓа на младотурското офицерско движење и дека непосредно претстои нивната акција за симнување на султанската власт, па затоа посакал меѓу првите за ова да дознаат токму отец Дамјан и војводата Трбиќ. Но, освен тајната, Енвер беј имал и една голема молба: Во случај на неуспешна револуција, дали војводата Трбиќ би се нафатил да прими под своја управа околу 200 турски офицери, кои би продолжиле да војуваат со него против следбениците на султанот. Доколку војводата ја прифати оваа молба, Енвер беј му ветил дека ќе му испорача 2000 нови, современи пушки и многу муниција.
Иако за острото око на ајдукот, уште на прв поглед му било јасно дека не се работи за провокација или некаква турска стапица, сепак, изјаснувањето на еден елитен офицер за таква тајна, како и самиот предлог за можно засолниште на толку голем број на турски офицери при српските четници, претставувале прекрупен проблем, за да може на сето ова да се даде брз и недвосмислен одговор. Дилемата била дотолку поголема, зашто премногу деликатно било прашањето за можното заедничко четување на Турците и Србите. Па уште и Турци – офицери! Што би рекле на таквата можност надлежните српски инстанци, а што, пак, би рекло локалното и поробено македонско население, кои постојано биле малтретирани и од едните, и од другите. По подолго размислување, а по наговор на отец Дамјан, војводата Трбиќ одлучил да го прифати планот на Енвер беј. Како и да е, отец Дамјан бил убеден дека, доколку успее планот на младиот офицер, ќе изгрее сонцето на слободата над напатениот македонски народ по петвековното ропство. Затоа, бил убеден кога го советувал војводата дека правилно ќе постапи, доколку го прифати планот на Енвер беј.
По дадениот чесен офицерски и војнички збор, офицерот и војводата пријателски се разделиле и секој тргнал на својата страна.
По кусо време од оваа средба, младотурскиот потфат успешно бил изведен, а Енвер беј во него бил една од клучните личности и неговата кариера во новите околности со молневита брзина се искачила до највисоките инстанци на државната ерархија. Но, и во тие блескави мигови на кариерата, Енвер беј не го заборавил пријателството со отец Дамјан, ниту со српскиот арамбаша и четнички војвода во Македонија Василие Трбиќ.
Со успехот на Младотурската револуција и со прогласувањето на Уриетот, односно, уставноста и рамноправноста на сите граѓани на Империјата, настанала нова состојба од основа. Завладеала општа еуфорија, а новата власт прокламирала општа амнестија за сите оние, кои се бореле против султанската апсолутистичка власт. Тогаш, многу македонски војводи излегле од илегала, а настапиле мирни дни и за свештенството и за христијанската раја.
Отец Дамјан Пеливаноски е уште една светла личност во историјата на Македонската Православна Црква, умерен и тактичен во своите постапки, близок пријател со интелигенцијата од свое време, познавач на политичките прилики и верен служител на својот род и татковината.

протоереј Златко АНГЕЛЕСКИ
[1] Отец Дамјан Пеливаноски е роден прилепчанец. Роден е во 1878, а за свештеник е ракоположен во 1909 година од патријаршискиот Пелагониски митрополит Василиј во црквата „Свети Димитриј“ во Битола. Веднаш е поставен за парохиски свештеник и старешина при црквата „Свето Благовештение“. За својата ревност во извршувањето на пастирската должност е одликуван со право на носење на црвен појас. За време на неговото старешинство е изградена административната зграда („старата митрополија“) при црквата, која и до ден-денес е во употреба, како помошен објект на црквата. Заради здравствени причини, во 1925 година бил сменет од старешинската должност, а во 1928 година бил предвремено пензиониран. Починал на 27 октомври 1929 година од рак во стомакот.
[2] Василије Трбиќ бил српски четник со потекло од Славонија. Тој е роден во Бело Брдо (Австро-унгарско царство) кај Осиек во 1881 година. Учел во родното место, а потоа продолжил во Србија. Сакал да се замонаши во манастирот Хилендар, но по убиството на некои грчки монаси во 1902 година, избегал од Света Гора во Врање, каде што се запознал со капетанот Жика Рафајловиќ, кој бил кординатор со српските тајни операции во Македонија. По негова препорака, Трбиќ се вклучил во српското четничко движење во Македонија. Бил строг и суров човек и учествувал во поголемите четнички битки, главно против четите на ВМРО. Во 1906 година пукал во еден свој сочетник и тешко го ранил, но сепак останале пријатели. Трбиќ е познат во македонската историја како предводник на српската војска при задушувањето на Тиквешкото востание во 1913 година, кога заедно со србоманските четници Јован Бабунски и Јован Долгачот, како и башибозукот на Јаја-ага, убивале недолжни цивили сеејќи страв низ Тиквешкиот регион. По Балканските војни се населил во Велес. За време на Првата светска војна шест месеци вршел разузнавачки акции во Македонија, по што бил откриен од Стефан Петков-Сиркето, началникот на воено-полициската секција во Велес, при што бил принуден да пребега во Солун. За неговата работа од српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ бил одликуван со орден. По Првата светска војна станал пратеник на Југословенската народна партија, а подоцна и градоначалник на Прилеп. Во тоа време поседувал и чифлик во Браилово. Со негова дозвола во Прилеп била создадена организацијата „Црна рака“, која вршела терористички акции, атентати и ликвидации. За време на Втората светска војна пребегал во Каиро, а по завршувањето на војната се вратил во Белград, каде што починал во 1962 година. Неговиот син Миливоје Трбиќ-Војче, за време на Втората светска војна бил водач на србоманските чети во Поречието.
No comments:
Post a Comment