December 23, 2012

До претставникот на Европа

До претставникот на Европа [фототип од книга]

Зарем Македонецот не е човек да живее слободно?


Зарем Македонецот не е за слободен да го дише чистиот воздух и да му се радува на слободниот политички живот, како што сe радуват слободните народи?

Македонецот е веќе уверен дека сè дури се наоѓа под Турчинот ништо сигурно нема за него: тој не е сигурен во својот живот, не е сигурен за своите мили и драги дечиња, за честа на жената и на своите ќерки, за својот имот итн.итн. Таа несигурност го натера Македонецот да го земе оружјето в раце и да се бори со Турчинот.

Тој не жали зашто ќе умре од куршумот на непријателот и е спремен да го прави тоа сè до денот на неговото ослободување. Тој веќе не се плаши од непријателот, дури ни од една европска окупација за сметка на неговите национални интереси. Што има полошо од тоа човек да се реши да умира? Таквите луѓе може ли нешто да ги заплаши, кога се тие веќе спремни да умрат?..


Жално е пред очите на цивилизирана Европа Македонецот и потаму да робува. Нека крвта на тоа невино население и потаму се лее пред Европа. Нека се вршат и потаму турските ѕверства пред очите на европските конзули. Нека тие ги бранат и потаму интересите на Турчинот за сметка на невиниот Македонец.

Посочете ни ја правдината, каде и кај кого е?

3 мај 1904 г.
Апостол
Петков војвода

7 comments:

Anonymous said...

За коj Апостол Петков војвода говорите? Лидерот на Съюза на българските конституционни клубове и создателот на Българската народна македоно-одринска революционна организация ли? Еве аjде обиjавете го во ОРИГИНАЛ и во ЦЕЛИНА ова што го на писал воjводата па секи сам за себе си да отсади за себе си коj и шо бил Постол Воjвода!
Позз от Пиринско!

Anonymous said...

Copyright ® http://documents-mk.blogspot.com - 2013 :D

Macedonian Documents said...

За ниеден Апостол Петков војвода не говориме, а само го пренесуваме она што тој го напишал. Говорат неговите зборови, кои што се повеќе од јасни, а не нашите.

Macedonian Documents said...

Проблем?

Anonymous said...

В коя книга е това писмо, къде се съхранява това писмо? В ДАРМ (http://www.arhiv.gov.mk/) няма информация за такова.. все въпроси, които ще останат без отговор. Отделно.. писмото не казва нищо повече от известното - в Македония живеят македонци и Апостол войвода е бил техен защитник. Съвсем друг е въпросът за националното самосъзнание на същите.. поздрав! :)

Macedonian Documents said...

Друго е прашањето за националната свест, а?

Еве потенцирано, за и оној со селективен ум, како твојот, да разбере:

„Зарем МАКЕДОНЕЦОТ не е за слободен да го дише чистиот воздух и да му се радува на слободниот политички живот, како што сe радуват слободните НАРОДИ?“

Доволно јасно кажува, да бидат и МАКЕДОНЦИТЕ слободни како другите НАРОДИ. Споредува народ - Македонци со народи кои се слободни. Од ова појасно здравје.

А тоа што ти се трудиш да ги извртуваш неговите зборови и да си веруваш во креираните илузии, тоа си е твој проблем, со кој што немам намера да се оптоварувам, а ниту пак да те разубедувам.

Anonymous said...

Македонски народ или народът на Македония, едно и също. Ако четете уставите на БМОРК-ТМОРО-ВМОРО-ВМРО, там ще видите че Организацията винаги е разбирала като македонски народ цялото население на Македония, без разлика на етнос и религия. Толкоз. Пък за байто Постоль, както е известен войводата в родния му край, едва ли можете да ми кажете повече, отколкото всичките бежанци от Ениджевардарско, които се изселиха в България. Песните дето пеят и приказките които разказват, струват хиляда пъти повече от това "печатано" писмо от книга, издадена 80-90 години след смъртта на Апостол. :)