„Гоце Делчев можеме слободно да го сметаме за основач на Македонскиот Народноослободителен Фронт кој во нашето време успеа да ја воспостави слободната и суверена Македонска Држава, која слободно и самостојно се определи да стане рамноправна република во Титова Федеративна Југославија. Гоце со целата своја револуционерна активност и мисла силно придонесе за основањето и развојот на македонската национална свест, македонска, а не бугарска или српска. Во едно од неговите писма Гоце напишал: „Како не се најде од мајка роден да напише барем една книга на македонски јазик“. Да беше Гоце сега жив, ќе му се наполнеше срцето да види дека денеска во Македонија се печатат многу книги, не само поезија, и не само историски книги напишани на литературен македонски јазик. Овој чин, пренесувањето на останките на Гоце Делчев во новата слободна престолнина на Македонската Држава ќе биде од огромно историско и симболично значење, зашто ќе помине низ Пиринска Македонија. Македонија може, треба, и ќе биде обединета во нејзините природни и историски граници. Така обединета, силна, еманципирана, суверена и во секоја смисла прогресивна, ќе стане моќна алка која ќе ги спојува балканските демократски народи. Да живее слободна, суверена, Народна Република Македонија, сонот на нејзиниот бессмртен син Гоце Делчев.“ - дел од говорот на Тодор Павлов, член на Бугарската Академија и регент на Бугарија, по повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија за Скопје, 7 октомври 1946 година.
December 31, 2012
ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН 2. дел
Марија Јовановиќ - „Востанијата на македонскиот народ во XI-ти век“ (стр. 5-25)
I. ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040 — 1041)

Главен
спроводник на византиската асимилаторска политика во Македонија,
особено по сменувањето на домородниот архиепископ со Византиец, во 1037
година, било туѓородното византиско
свештенство, кое оттогаш започнало да ги зазема
сите високи функции во Охридската архиепископија.
Положбата
на народот уште повеќе била влошена поради честите пљачкашки упади на
Печенезите. Нивниот прв напад бил извршен по смртта
на Василие II, во 1026 година. Тие навлегле во земјата и на својот пат
ги разорувале селата и градовите, убивале, грабеле и воделе во ропство
голем
број мирно население. Во 1034 година тие успеале
да навлезат дури до Солун. Слични провали се
повториле во 1035 година и трипати во наредната 1036 година.
Во овој период голем притисок македонското
население трпело и од страна на Власите, кои,
слегувајќи од планините, го грабеле и насилувале.
Овие
несреќи биле придружени со цела низа
елементарни непогоди. Тоа пред сè биле катастрофалните земјотреси што
Македонија ги претрпела
во 1026 и од 1037—1039 година. По земјотресите
уследиле страшни суши, во време на кои пресушувале многу реки, бунари и
извори. А не биле ретки и поројните дождови, кои паѓале по неколку
месеци и предизвикувале големи поплави. Голем
број луѓе останале без домови, покуќнина, без
прехранбени продукти и добиток. Како резултат
на сето тоа населението умирало од страшен глад.
Особено страшен бил гладот во 1030 година. По
шестмесечната суша, во 1037 година се појавиле
роеви скакулци, а потоа паднал крупен град кој ги
испокршил дрвјата и покривите на куќите. Стихијните непогоди и гладот
предизвикувале разни
епидемични заболувања од кои населението масовно умирало. Според
зборовите на споменатиот
Скилица, во 1039 година во Македонија умирало
големо мнозинство луѓе од епидемија на тифус, а
живите не биле во состојба да ги закопаат сите
мртви.
Ваквата тешка и неподнослива положба нужно
предизвикала негодувањe и отпор кај македонскиот народ, што нашло свој
израз и во неколкуте познати востанија од XI век.
*
Неизгаснатата желба за слободен живот го
натерала македонскиот народ само по дваесет години византиско ропство одново да се дигне и да
стапи во отворена борба против својот поробувач.
Врвна манифестација на таа желба било големото народно востание, дигнато во 1040 година.
На
чело на тоа востание застанал Самуиловиот внук Петар Делјан. Тој бил
син на Гаврил
Радомир од неговата прва жена, ќерка на унгарскиот крал, која, бремена
со Делјана, ја избркал
додека уште бил жив Самуил, оженувајки се за
убавата Ларисчанка Ирина. Во моментот на дигањето на востанието, Петар
Делјан се наоѓал во Унгарија кај својот дедо. Штом разбрал за
востанието, тој веднаш, заедно со свои приврзаници, се
префрлил во Белград. Тука бил прогласен за цар.
Оттаму се спуштил на југ и го зазел градот Ниш,
а потоа пристигнал во Скопје, каде што воодушевено бил пречекан од
востаниците. Изворите не даваат сигурни податоци за постоењето отпор на
овие
градови. Само Скилица бележи дека востаниците
на својот пат „го убивале нечовечки и безмилосно
секој сретнат Ромеец“, што наведува на претпоставката дека ним им бил
даден отпор. Прв што се
обидел да му се спротивстави на Петар Делјан
„пред злото да станало големо и пред да е запален
пожарот“, како што забележува Скилица, бил
драчкиот стратег Василие Синадин. Тој побрзал
да му го пресече патот на Делјана кон Солун дигајќи ги набрзина сите
месни сили. Но кога стасал
во Дебар, Синадин се скарал со еден од потстратезите, Михаил Дермокаит.
Тоа придонело да
биде наклеветен кај императорот Михајло IV,
кој тогаш престојувал во Солун, дека сака да дигне бунт против
византиската власт.
Императорот веднаш го сменил споменатиот стратег од должноста и го фрлил
во солунскиот
затвор, а на негово место за стратег го назначил
Дермокаит. Новиот драчки стратег, бил користољубив, алчен човек и
неспособен администратор.
Тој почнал да го измачува населението, навредувајќи го и одземајќи му
„коњи и коли, и сè друго“,
како што вели Скилица, а кое му било од вредност. Не можејќи тоа да го
поднесува, народот се
дигнал против него. Плашејќи се да не му се случи нешто лошо, една ноќ
стратегот успеал тајно да
избега. Овој бунт, кој отпрвин бил насочен против
еден претставник на византиската власт, наскоро
се претворил во отворено востание против целата
византиска управа. Населението од драчката тема
во своето словенско мнозинство, го избрало, како
што не известува Скилица, за свој водач и за цар
го прогласило војникот од својата средина Тихомир, „познат по својата
мудрост и храброст“.
Штом разбрал за станатото, Петар
Делјан, со
цел да ги обедини востаничките сили и да го централизира раководењето со
востанието, се обратил
со едно пријателско писмо до Тихомира, поканувајќи го да дојде во Скопје
за да се договорат за
понатамошното заедничко дејствување. Тихомир
ја прифатил поканата и со сета своја војска пристигнал во Скопје. Кога
двете војски се состанале, Делјан истапил пред насобраните востаници со
говор во кој укажал на поразното дејство од двојното раководење со
востанието и раздробеноста на
силите. Потоа ги поканил востаниците да го изберат за свој водач
позаслужениот од двајцата, напоменувајќи дека „еден храст не може да
храни
два еритака (птица од родот на папагалите), ниту
пак една земја која се управува од двајца водачи
ќе биде изведена на добар пат“. По тие зборови се
дигнал силен џагор и народот го избрал за свој
единствен водач Делјана, поради роднинските врски со Самуила, додека
Тихомира го убиле, каменувајќи го. Последниот, според зборовите на
Скилица, „како на сон да царувал, го завршил својот
живот, заедно со власта, а сета власт на востанието преминала во рацете
на Делјана“.
Штом ги обединил силите на двете востанати
војски и станал нивни единствен водач, Делјан,
заедно со главниот дел од војската, се упатил од
Скопје кон Солун. Во тој момент во градот се наоѓал на лекување
византискиот император Михајло
IV (1034—1042), кој страдал од епилепсија и хидрофтизија, и барал
оздравување на гробот на
Свети Димитрие Солунски. Движејќи се кон југ,
востаниците биле одушевено пречекувани од населението, кое масовно им се
придружувало. Кога
императорот разбрал за правецот на движењето на
востаниците, го опфатила страшна паника. Не располагајќи со доволно
војска, со која би можел да
им се спротивстави на востаниците, тој веднаш заминал за Цариград,
оставајќи го целиот свој багаж: шаторот, златото и среброто на својот
коморник Манојло Ивец. Последниот, бидејќи бил од
словенско потекло (се верува дека е син на храбриот и бестрашен Самуилов
војвода Ивец, кој
му дал најдолг отпор на императорот Василие II
во 1019 година) не можејќи да ѝ одолее на желбата
да им се придружи на своите собраќа, место да го
брани градот, пребегал на страната на востаниците, заедно со Китонит
(еден од евнусите — спалници на императорот). Меѓутоа, цврстите
одбранбени ѕидини не им овозможиле на востаниците да
го заземат градот. По неуспешниот обид тие се
упатиле во југозападна Македонија и се улогориле во градот Острво, на
истоименото езеро (Егејска Македонија).
Дел од солунската тврдина
Преминувањето на Манојло Ивец на страната
на востаниците уште повеќе го зголемило одушевувањето на народот и востанието земало се поголеми размери.
Сега,
со цел да го прошири востанието, Делјан
ја разделил и упатил востаничката војска во неколку правци: едниот дел
го упатил кон Драч, другиот кон тврдината Василида, а третиот во Грција.
Делот од војската што била упатена кон Драч,
кој претставувал важно стратешко потпориште на
Јадранското Море, за одбрана на Западна Македонија, му бил доверен на Делјановиот соборец,
таканаречениот кавхан. Тој го освоил Драч и го
придобил неговото население на страната на Делјан. Со заземањето на градот, востаниците успеале
да го заштитат тилот од евентуален страничен напад на Византија.
Упатената пак војска кон тврдината Василида, која се наоѓала меѓу Охридското и Прсспан-
ското Езеро, успеала да ја преземе и до темел да
ја разурне.
Третиот одред, под командата на војводата
Антим, имал за цел востанието да го рашири и во
средна Грција. Тој продрел во стариот град Тива,
каде што им бил нанесен решавачки пораз на византиските војски
предводени од полководецот Алакасевс. Освен тоа, Антим успеал да го
прошири востанието и во соседната област Стара Атика, продирајќи дури до
Коринтскиот Залив.
Со преостанатиот дел од војската
Делјан ја освоил и тврдината Димитријада (сега Воло) на брегот на
Егејско Море. Според зборовите на византискиот писател Кекавмен, „откако
Делјан го завладеал градот, го испратил во него стариот, опитен во
военото дело војник Литовој Деволски, давајќи му војска за да ја пази
тврдината. Кога Литовој стасал, ја обновил тврдината, која била
напуштена“.
Во време на Делјановото движење од Скопје
кон југ, и на Антим во Грција, пламнало востание и во Никополската тема,
која се наоѓала јужно
од Драчката, на местото на стариот Епир, во која,
меѓу другото, влегувал и дел од југозападна Македонија. Таа, со исклучок
на главниот град Навпакт, преминала на страната на востаниците, од
следната причина: практорот Иван Куцомит, кој
бил испратен од цариградската власт да ги собира државните даноци од
населението на оваа област, според зборовите на Скилица, „тешко се
нафрлил врз месното население, ја предизвикал својата смрт и станал
причина никополчаните да се
отцепат, зашто, не можејќи да ја поднесуваат неговата алчност, се
кренале на востание, го исекле
на парчиња и навредувајќи го ромејскиот император се присоединиле кон
востаниците“. „Но, заклучува Скилица, тие востанале и го отфрлиле
ромејскиот јарем не поради љубовта кон Делјана, туку поради алчноста на
Орфанотроф (брат на византискиот император Михајло IV) и прекумерните
барања при собирањето на даноците“.
И така, успешните дејствија на востаницитс
довеле до ослободување на голем дел од балканските земји кои се простирале од Дунав до Атика
и од Драч и Никопол до околината на Солун и Софија, која, според кажувањето на Кекавмен, се
наоѓала исто така под власта на Делјана.
Продолжува...
December 30, 2012
Гоце Делчев - 8
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Ванѓа Чашуле
Тој останува во Костурско месец ипол и ги средува сите организациони работи. Оттука заминува за Леринско, Кајларско и Воденско, а кон средината на март е во Струмичко и потоа во Малешевско. Во Малешевските планини ја сретнува врховистичката чета на Софрони Стојанов, ја обезоружува ѝ ја враќа назад откаде што и беше дошла.
По осуммесечно крстосување низ Македонија што открај докрај ја беше изодил пеш, зацврстувајќи ја и проширувајќи ја Организацијата, насекаде со народот пред кој ги отвораше перспективите за една слободна автономна македонска држава на рамноправни граѓани, затврдувајќи ја вербата дека таа треба и единствено може да биде само дело на сопствениот народ, неуловлив за турските власти кои го бараат најусилено (султанот ветува 1000 лири за неговата глава, a познатиот Дервиш ефенди праќа порака од Скопје: „Кажете му на тој јунак Делчев дека сакам да го видам и да му се поклонам — од цар до говедар ние сме веќе изморени, а тој сам не се изморува“), Гоце преку Џумајско се префрлува во Бугарија и околу 10 март 1902 година е во Софија.
Во меѓувреме, таму, во негово отсуство беа станале мошне значајни и судбоносни работи за ослободителното дело на македонскиот народ. На чело на Врховниот комитет сега се наоѓа генералот на бугарската армија Иван Цончев. Целта на Фердинандовиот генерал е да ја ослаби, разниша и уништи Внатрешната македонска револуционерна организација, која не само што не ги прима неговите планови за „ослободување“ на Македонија, туку се осмелува четите што ги праќа тој, да ги обезоружува и да му ги враќа назад. За постигнување на таа цел тој се служи со сите средства: со пари, поткупи, ветувања големи служби и чинови. Касата на кобуршка Бугарија нему му е ширум отворена пред перспективата круната на Фердинанда да се украси со алемкаменот — Македонија, та дури да ја оствари желбата што еден друг бугарски генерал, по повод прославата на Санстефанска Бугарија, ја искажал — Фердинанд да стане крал на Македонија! Од стари арамии и разбојници, од луѓе што ги гони Организацијата поради нивни престапи и грешки, Цончев формира чети и ги праќа во Македонија — сè со истата цел да ја уништи ВМРО, да сее недоверба кај народот во неговите раководители, служејќи се со гнасни клевети и демагошки ветувања. Тој отворено зборува дека најдоцна до есента треба да се дигне востание. „Борбата со Врховниот комитет за Гоце беше една бескрајна мака“, пишува Јаворов во своите спомени за Гоцета. „Во тоа време луѓето често го гледаа Гоцета како снове по работа низ цела Софија — со којзнае од кое ѓубре земена шапка, со негодно веќе и за бит-пазар кусо палто, со панталони — случајно зачувани и предлагани досега на шестмина голтаци, за да бидат шест пати презриво отфрлени... со нервозен вид на потрес и досада, готов небаре да гракне на другари, и на противници, и на цел свет“.
Во септември 1902 година Врховниот комитет од Софија објави востание во Џумајско и Петричко, што беше жална реприза на „востанието“ од 1895 година. „Секое зло за добро — се надеваше Гоце — Џумајско и Петричко ќе ја спасат останатата Македонија“, пишува Јаворов за тоа како Гоце ја примил оваа нова врховистичка провокација. И тој има намера да замине пак во Македонија за да го исползува станатото во разобличување на врховизмот.
Кон средината на јануари 1903 година тој е во Македонија. Тука, меѓу својот народ тој е сосем друг, прероден. Тука тој е војводата кој им заповедува на пашите мир да мируваат, зулуми да не прават и пашите треперат... Тоа е Гоце-војводата кој зборува дека неговата мајка е — земјата македонска, а пак род роднина.— зговорна дружина. Еве го описот на Јаворов за Гоцета од тоа време, што е и единствениот што го имаме за него:
„Бело арнаутско фесче со црн шал, завиткан околу него, покриваше немногу голема, обла глава. Сиво шаечно палто, сиви шаечни панталони и опнати до колената ореови чешири во пристегнати опинци — ги оцртуваа правилните форми на фигура од среден раст. Облечено само во левиот ракав темносиво ќепе, полунаметнато и со повлечена десна пола, и придаваше особено дива убавина на целата горда појава. Co кама, револвер и патрондаш на крстот, со префрлена зад рамото манлихера, Гоце личеше на некакво ајдутско божество.
Китка темнокостенливи коси се подаваа над високото јасно чело, потпрено од лесно смуртени веѓи. Тркалесто црномурно лице се озаруваше од големи кафеави очи, со поглед обично кроток, но готов да блесне како нож при најмала возбуда. Правилен римски нос, подизвиен над неголеми мустаќи, со ноздри што дишат жедно, го обликуваше пламенот на благородното срце. Извајани во неопределена насмевка, одвај подуени усни, и убаво заоблен подбрадник сведочеа можеби за едно пламено чувство, длабоко поетично во својата сушност. И во тој општ вид имаше нешто извонредно меко и истовремено тврдо, нешто извонредно нежно и истовремено заповедничко, нешто којзнае колку мечтателно и секогаш устремно и победно. Во тој општ вид беше самиот Гоце — во својата мисла, во своето чувство, во своего дело, во целиот свој живот...“
Таквиот Гоце ќе го запамети и овековечи цела Македонија. Тука, на својата родна грутка, тој е во својот елемент: по цели ноќи одржува состаноци со раководителите пред кои ги изнесува плановите за идната работа: „Престапно е да се ослободува народ преку преднамерно создавани пожаришта и касапници. Инаку, ние ќе заприлегаме на питач, кој ги чепка своите рани и вади гноишта и крв, за да ги натера луѓето со еден грош да се спасат од глетката на една гнасотија“. Тој е за востание, но востание во кое ќе земе учество целиот народ, бидејќи востанието не е самоцел, туку средство да се извојува саканата слобода. Дотогаш народот треба да се поштеди од непотребни жртви и пожаришта. Организацијата преку своите чети ќе презема акции кои ќе создадат анархија во турската империја и кога народот ќе биде наполно готов, а надворешно-политичката ситуација погодна за дигање востание — тоа ќе биде прогласено.
Продолжува
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН 1. дел
Марија Јовановиќ - „Востанијата на македонскиот народ во XI-ти век“ (стр. 5-25)
I. ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040 — 1041)
I. ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040 — 1041)
Со
пропаѓањето на Самуиловата држава во
1018 година за македонскиот народ настапил период на тешко и долготрајно
византиско господство. Македонија била претворена во провинција
на Византиската Империја и вклопена во нејзиниот тематско-управен
систем. Сета земја била поделена на управни и воени области со кои
раководел специјален управител — дукс, со седиште во
Скопје.
По таков начин бил прекинат натамошниот
самостоен економско-општествен и културен развиток на Македонија.
Економската положба прилично се влошила, поради долгогодишните
опустошувачки војни, од кои најмногу настрадало земјоделството.
Настрадале и многу градови и села. Некои
од нив, како Скопје, Струмица, Острово и други
биле ограбени и опустошени, а дел од нивното население принудно иселено
во Мала Азија и Трачкото приморје. Покрај материјалните загуби, не
биле поштедени ни човечките животи.
Прва грижа на
византискиот император Василие II (976 — 1025) по потчинувањето на
Самуиловата држава била да ја уреди внатрешната положба во покорената
земја. Настојчив и тврд, во
својот стремеж да го уништи Самуиловото царство, жесток спрема својот
противник за време на
војните, тој сметал дека сега, по победата, немало
потреба од грубо наметнување на византиската
власт врз покореното македонско население. Тој
му оставил на поробениот македонски народ да
плаќа даноци на државата онака како што ги
плаќал во времето на цар Самуил, во натура.
Според зборовите на византискиот историчар Скилица, „секој жител кој
имал еден чифт волови
морал да и дава на државата по еден модиј жито,
толку просо и по една стомна вино“.
Заради осигурување и
правилно функционирање на власта, како и заради држење на населението
во покорност, во најважните стратешки тврдини биле доведени византиски
гарнизони, чие
издржување паѓало врз грбот на македонското население. Другите,
незапоседнати тврдини биле урнати, како превентивна мерка против
евентуални
нови немири и востанија. Таков бил случајот со
престолнината на Самуил, Охрид, чии ѕидини наполно биле уништени.
Што
се однесува пак до поголемиот дел од повидното преживеано македонско
благородништво,
кое, како и кај другите народи во средниот век,
било носител на самостојниот државотворен развој, било одвоено од
неговата етничка средина.
Имено, најопасните биле одведени во малоазиските владенија на
Империјата. Таму добиле високи
патрициски титули и раководни места во државната управа. Таков бил
случајот со синовите на
последниот владетел на Самуиловата држава Јован Владислав. Еден од нив,
Фружин, бил испратен во малоазиската тема Букеллариј (во средна
Мала Азија), на должност стратег, со чин магистер,
а другиот, Арон, бил назначен за стратег во Астракенија (во Ерменија).
Оддалечени од својата
татковина и народот, тие престанале да се интересираат за нивната
судбина. Слично било и со другите членови на последниот царски род, кои
оженувајќи се за Византијки и добивајќи разни должности во Мала Азија и
подалечните источни области на Империјата, ја заборавале Македонија и
својот народ. Оваа мерка на византискиот император Василие II имала за
цел да го лиши поробениот народ од неговите водачи, што можеа да го
побунат против византиската власт.
Што се однесува до
Охридската патријаршија,
таа не била наполно уништена, туку смислено била
сведена на архиепископија. Со цел македонското
свештенство, што поцврсто да се врзе за Византија, како прв нејзин
архиепископ бил назначен домородецот Јован, поранешниот игумен на
дебарскиот манастир. На Охридската архиепископија и
била дадена самостојност, која всушност значела
независност од Цариградската патријаршија и нејзината директна
потчинетост на императорот. И
овој акт бил извршен со одредена цел: да се ограничи преголемата моќ на
цариградскиот патријарх
од една, и да се зацврсти византиската власт во
Македонија, од друга страна. Со три специјални
хрисовули (грамоти) дадени од Василие II во 1019,
1020 и од 1020 — 1025 год. на Охридската архиепископија ѝ биле
потврдени старите привилегии, што
таа ги имала во време на цар Самуил. Освен тоа,
таа добила нови привилегии и богати дарови. Византискиот воен и
чиновнички апарат бил задолжен да го почитува и слуша новиот
архиепископ.
Било забрането секакво мешање во црковните работи и создавање каквигоде
пречки во работата
на архиепископот и неговите епископи.
Додека положбата на
македонската феудална
класа, световна и духовна, со мали исклучоци, не
претрпела речиси никакви промени и ги сочувала
сите свои поранешни привилегии, населението по
селата и градовите уште веднаш по воспоставувањето на византиската власт
почувствувало влошување на својот живот. Освен од своите месни феудални
господари, тоа сега почнало да страда и од
гнетот на туѓинската власт. Врз неговите плеќи се
стоварил сложениот административен и воен апарат на Византиската
Империја и нејзиниот развиен систем на давачки и обврски. Основните
давачки биле: данокот на огниште (капникон), земјарината (синоне) или
(ѕевгарион) подоцна (ситаркија), и данокот на испаша (еномион — од
испаша
во ниските подрачја и орике — од планинската
испаша). Освен тоа, се собирал и десеток од ситната стока (декате), па
дури и од пчелите (мелисономион).
Во Македонија дошле
голем број византиски
чиновници, виши и нижи, кои гледале да се обогатат за сметка на
населението, вршејки разни неконтролирани злоупотреби. Во земјата биле
доведени воени гарнизони кои населението морало да
ги храни и облекува. Покрај сето тоа, вплетена во
долгогодишните тешки војни во Мала Азија и Италија против Арабите и
Норманите, Византиската
Империја имала потреба од големи воени контингенти. Поради тоа, таа не
пропуштала да го искористи и подјарменото македонско население. Од
него биле формирани специјални одреди, на чело
со византиски офицери.
По смртта на Василие II во 1025
година, на
византискиот престол за кусо време се смениле
неколку императори. Наедно со тоа, настанале промени и во обврските и
давачките на македонското
население, така што во периодот до четириесетте
години на XI век неговата положба толку се влошила, што станала речиси
неподнослива. Главна
причина за тоа било засилувањето на даночниот
товар и на злоупотребите на администрацијата. Зголемени биле
задолжителните давачки на храна
и селско-стопански производи, а дошло и до воведување на нови, кои, како
што наведува Скилица. Во XI век изнесувале речиси една четвртина од
сите основни даноци.
Селскостопански работи. Минијатура од византиски
ракопис XI век
Многубројни биле и обврските на
населението. На прво место тоа било задолжено, без разлика на
временските услови, според потребите на
државата, да го отстапува својот добиток за превоз на византиските
чиновници и за потребите на
војската. Исто така, тоа било задолжено да учествува во изградбата на
патиштата, мостовите и градовите, како и во нивното одржување во
исправна
состојба. Овие видови работни и натурални обврски во многу случаи биле
потешки од сите редовни давачки. Тие претставувале пречка за
благовременото извршување на секојдневните работи.
Сепак,
најомразена за поробениот македонски
народ се покажала финансиската реформа на цариградската управа која
почнала да се спроведува
од триесеттите години на XI век. Со неа се предвидувало да се изврши
промена во начинот на плаќањето на даноците. Според новата роформа,
даноците на државата населението морало да ѝ ги
плаќа во пари место во натура, како што било дотогаш. Оваа реформа тешко
го погодила селанството, бидејќи тоа не било во состојба да одговори
на барањата. За македонскиот народ, чии производни сили биле на низок
развоен степен, со затворено натурално стопанство, претворањето на
натуралните давачки во парични претставувало товар кој го сосипувал и
запустувал. Тој не можел
да одделува големи вишоци од своите производи
и да ги продава на пазарот.
Во ова време, како резултат на
зацврстувањето на византискиот феудализам, во Македонија
се засилил крупниот земјопосед, црковните и световните феудалци добиле
широка власт, а се зголемил и бројот на закрепостените селани. Била
воведена пронијата, како основна форма на феудалното владеење. Таа
претставувала земја што византиската власт им ја давала на доживотно
користење на византиски и македонски феудалци,
како награда за специјални заслуги. Корисникот
на оваа земја бил задолжен да врши административна или воена служба.
Македонското население, кое живеело на таква земја, го губело статусот
на слободен селанец и станувало закрепостено, односно врзано за земјата.
Сето тоа довело до
такви длабоки социјално-економски промени, што
непосредниот производител го поставиле во многу
потешки услови за опстанок одошто дотогаш се
наоѓал.
Стремејќи се кон целосно потчинување на
македонскиот народ, византиските власти спроведувале и политика на
асимилација на македонското
население, ја задушувале неговата самобитна словенска култура, и се
стремеле да го потиснат македонскиот народен јазик и творештво. Тие се
стремеле да го ослабнат словенскиот елемент во
завладеаните области. Ова било постигнувано преку доселување византиски,
турски и други колонисти во Повардарјето и Струмичката област, кои
ја разбивале компактноста на словенското население.
Продолжува...
ИСТОРИЈА И СУШТИНА НА ВМРО (ОБЕДИНЕТА) МЕТОДИЈА ШАТОРОВ
“Основите на ВМРО (Обединета) се поставени во 1925 година. Но ВМРО (Обединета) не може да се разгледува изолирано, без врска со старото македонско национално револуционерно движење. Зашто таа е единствената наследничка на Гоцеделчевата ВМРО, ги прифати и ги разви нејзиите идеи и ја продолжи вистинската револуционерна борба за национално и економско осободување на македонскиот народ. Според тоа, корените на ВМРО (Обединета) треба да се бараат во епското македонско минато, кое ја започна епохата на македонската преродба и будење за слобода и независност на македонскиот народ.
2.
Македонското ослободително движење уште на почетокот ја има својата самобитност. Тоа почна стихиски, како движење на македонските селани против нивното жестоко ограбување и угнетување од турските феудални бегови, султани и нивната администрација. Тоа беше движењето на македонските ајдуци, кои го изразуваа негодувањето и страстната желба на македонските исполичари и аргати. Кон негодувањето на селаните се додаде и огорченоста на занаетчиите... Во истото тоа време во Македонија почна да се создава индустријата... и така... се појави уште еден општествен фактор работништвото.
3.
...Во тие услови широко поле за дејност најдоа првоапостолите на македонската револуција Гоце Делчев, Арсов, Ѓорче Петров, Даме Груев,
Пере Тошев, Сандански, Васил Главинов и др., кои, инспирирани од слободољубивите идеи во странство, се вратија во татковината за да го организираат својот народ и да го поведат во револуционерна борба. Во 1895 г. во Македонија беше создаден првиот ЦК на ВМРО и таа за неколку години се претвори во вистинска народна револуционерна организација, која ги опфати широките маси (особено селските) и се здоби со неверојатна привлечност среде широките народни слоеви.
4.
Овој успех старата ВМРО го постигна благодарение на заштитата на аргатите и момоците што ја презедоа против експлоатацијата и насилството на беговите и чорбаџиите. Во тоа се состои длабоко народниот карактер на македонското националнореволуционерно движење уште од времето на Делчев-Сандански. Но старата ВМРО ги придоби на своја страна и ги раздвижи широките народни слоеви... уште и во името на еден свет идеал за македонскиот народ да има своја посебна македонска држава. Само прикриените врховисти, спроведувачите на бугарската завојувачка политика внатре во Организацијата, прифаќаа една автономија на Македонија како етапа кон нејзиното присоединување кон Бугарија. Вистинските претставници на македонскиот народ, првите негови револуционерни водачи во програмата на ВМРО ја фиксираа автономна Македонија како полесно остварлива парола со помошта на така наречените “големи сили”.Тоа беше една заблуда. Но, без секакво сомнение е дека првоапсотолите на македонската револуција како свој краен идеал ја имаа самостојната македонска држава: “Слободна и независна Македонија со широки права на сиромасите од сите националности што ја населуваат” (Гоце Делчев). Со тоа се објаснува херојската и упорна борба на внатрешното македонско револуционерно движење, како против турското ропство, така и против освојувачките стремежи на Бугарија, Србија и Грција и против нивните агенти - врховистите. Како спротивност на воените планови и провокации на балканските држави за поделба на Македонија, старата ВМРО ја прифати масовната народнореволуционерна борба. “Ослободувањето на Македонија - вели Делчев е во внатрешното оружено востание, кој мисли поинаку, тој се лаже и себе си и другите”. На тој начин македонското национално ослободително движење, бранејќи ги својата самостојност и македонскиот народ од посегањата на балканските освојувачи, застана на антивоена, противрховистичка и револуционерна основа. Притоа, старата ВМРО беше национална, но не и шовинистичка организација. Таа водеше остра борба против шовинистите и се обидуваше да го обедини целиот македонски народ, сите националности што ја населуваат Македонија за заедничка борба против општиот угнетувач и ограбувач - турскиот воено-феудален апсолутизам. Борбата не се водеше против Турците воопшто, туку против оние владеечки општествени слоеви од турската нација, кои покрај ропството во Македонија, вршеа и политичко угнетување и економско ограбување и на турските работни маси. Јас не ги мразам Османлиите како народ, туку нивниот систем на управување еве како Гоце Делчев го определуваше вистинскиот причинител на ропството во Македонија. Како револуционерни претставници на македонскиот народ, првите македонски дејци мразеа секаква реакција-тиранија и беа противници а монархијата. Во своите желби слободна Македонија тие си ја претставуваа во една демократска република според угледот на Швајцарија.
5.
Македонскиот народ, воспитуван во духот на тие идеи и систематски организиран и подготвуван за решителна борба со непријателот, на 20 јули ст. стил (1903 г.) (Илинден) се крена на масовно востание. Така тој со крвта на десетици илјади свои чеда ја напиша најсветлата страница на македонската историја - Илинденската епопеја. Но востанието однапред беше осудено на пропаст по вина на врховистите и нивните господари - бугарските управувачи на чело со царот Фердинанд. Врховниот комитет, составен во Софија претежно од офицери по наредба на дворецот, откако безуспешно се обидуваше (со посредство на ветувања и оружен притисок однадвор) да ја потчини на својата волја Македонската револуционерна организација, презеде нова тактика. Тој го испрати во Македонија својот член Борис Сарафов, и други врховисти како него, кои привидно се покајале и наводно ги прифатиле идеите на централизмот со цел да навлезат во ВМРО, да ја преземат и врховизираат однатре. Користејќи ги доверливоста и привременото политичко потслизнување на Д. Груев, како и поддршката на прикриениот врховист Гарванов, Борис Сарафов се добра до ЦК на ВМРО. Во тоа време (крајот на 1902 и почетокот на 1903 год.) Делчев, Ѓорче Петров и др. истакнати македонски дејци се наоѓале надвор од Македонија, некои од нив во својство на членови на ЗП на Организацијата. Во тие околности беше донесено Солунското решение на 20-те делегати (повеќето одбрани приврзеници на Сарафов-Гарванов) за ИЗБРЗАНО востание - решение што беше потврдено на Смилевскиот конгрес раководен од Даме Груев. Востанието беше објавено ПРЕДВРЕМЕНО и покрај волјата на најистакнатите и далековидни македонски револуционери (Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Димо Х. Димов, Чернопеев и др.) и раководено од Сарафов, Гарванов и привремено солидарниот со нив Даме Груев. Задачата што и ја поставија врховистите со провоцирање на неподготвено и ненавремено објавено востание беше да го компромитираат револуционерниот чин на борбата, народот да се разочара, да ја изгиби вербата во сопствените сили за да ги сврти своите надежи кон бугарската армија. Меѓутоа, народот не знаеше за тие намери на врховизираното раководство и тој се крена на оружена борба за свое ослободување. Народот се одзва на повикот за востание зашто раководството на неговата организација го покани, зашто долги години беше воспитуван од таа Организација дека со сопствени или, преку масовно оружено востание ќе се избори за своето економско и национално ослободување. Не е виновен народот дека во раководството на ВМРО преовладаа врховистички елементи. Затоа Илинденското востание не е врховистичко туку е народно дело и се водеше под знамето на централизмот. Централистите, иако беа противници на едно избрзано и неподготвено востание, иако Солунското решение на 20-мина го прогласија за безумие, кое ќе има страшни последици за народот поради неговото сигурно пропаѓање, штом народот се крена, тие заедно со него храбро се фрлија во првите редови на започнатата борба како вистински народни револуционери. Илинденското востание пропадна, жртвите и опустошувањата од разбеснетата турска реакција беа големи. Во тој однос врховистите можеа да триумфираат. Но спротивно на нивните очекувања, Илинденската епопеја и ден - денес ги инспирира македонските маси. Со Илинден се гордее македонскиот народ и во него тој го гледа единствениот пат кон македонската слобода.
6.
Народнореволуционерната теорија и практика на внатрешното македонско ослободително движење најде исто толку сјајна примена во времето на Младотурската револуција и Хуриетот во 1908 год. Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ на чело со Сандански, Чернопеев и Апостол-војвода, кои ја претставуваа внатрешноста како опозиција на врховизираниот ЦК на ВМРО, зедоа (заедно со младотурците) живо учество во таа демократска револуција... Тие го поддржаа младотурскиот преврат и излегоа со своја платформа на барања што одговараа на економските, културните и политичките интереси на македонските селани, занаетчии и работници. Тие не се откажаа да ги искористат хуриетските услови за широка и масовна легална борба за извојување на тие барања на патот за целосно ослободување на Македонија. Поради тоа македонскиот народ испрати во турскиот Парламент свои претставници... Јане Сандански застана на чело на една македонска револуционерна армија и заедно со турските револуционерни полкови од Македонија тргна кон турската претстолнина, благодарение на што реакцијата, беше уништена. Но младотурците... се покажаа недоследни, колебливи и крајно ограничени револуционери. Тие не ја укинаа монархијата... тие не ги укинаа привилегиите на турската нација...тие не му дадоа на македонскиот народ национална и економска слобода, туку се ограничија на тоа да му дадат само некои политички права (право да избираат и да бидат избрани во Парламентот и др.)...Таков беше курсот на Сандански и на сите други што им остана верни на принципите на внатрешноста. Но и сега врховистите не задоцнија да ја изиграат својата злобна улога...Нивен курс беше да продолжат да ги форсираат четничките напади и тероритичките провокации во Македонија со цел да предизвикаат масовно преследување на народот од турската власт...да го компромитираат Хуриетот и со сето тоа да создадат преседан за војна на Бугарија и другите балкански држави против Турција за да се изврши поделба на Македонија...Овој антимакедонски курс го даваа неговите членови на врховизираниот ЦК на ВМРО -Тодор Александров и Александар Протогеров, кои и останаа верни на бугарската империјалистичка политика и во текот на светската војна и по неа. Тие, заедно со бугарските управувачи се главните виновници за новото, уште поцрно ропство на Македонија, расцепкана, угнетувана и разурната од софиските, белградските и атинските освојувачи.
7.
По сите несреќи кај македонскиот народ испарија илузиите што му ги создаваа врховистите за некакво “ослободување” кое ќе дошло од Бугарија и од другите балкански држави. Во тоа се состоеше првиот голем чекор на врховизмот. Така беа создадени новите големи можности за обновување на старата ВМРО, за создавење на едно ново единствено и масовно движење... Добар почеток во таа насока беше создавањето во 1919 год. на Привременото претставништво на чело со Ѓорче Петров и Димо Х. Димов, Павел Христов, Христо Јанков и др. Тоа ги обединуваше револуционерните антиврховистички сили на борбената Македонија, без оглед на нивната партиска припадност. Меѓутоа, тогаш револуциоерната партија на работниците уште не се беше ослободила од погрешното третирање на националното прашање.... Тогаш партијата на револуциоерниот пролетеријат сметаше дека националните движења го изживеале времето, дека влечат назад кон капитализмот во времето кога живееме во ерата на пролетерската револуција за социјализам. Таа тогаш не го сфаќаше длабоко народниот карактер на националните движења во епохата на империјализмот како движења на национално угнетените и колонијално експлоатираните селани, кои преставуваат природен сојузник на проле-таријатот за заедничка борба против истиот непријател - империјализмот. Таа ги потценуваше националните чувства на поробениот македонски народ и прескокнуваше цела една етапа во неговата борба, борбата за национално (демократско) ослободување, повикувајќи ги македонските маси да се борат директно за советска власт и социјализам, во кој ќе биде решено и националното прашање. Следејќи таква политика за националното прашање, револуционерната партија на работниците го негираше македонското националнореволуцонерно движење кое се обновуваше, го извлече својот член Димо Х. Димов од Привременото претставништво и на чело со него го создаде Емигрантскиот комунистички сојуз, кој опфаќаше само еден тесен круг Македонци-членови на Комунистичката партија. Широките народни маси останаа надвор од него, уште повеќе и поради тоа што тој сојуз беше имено емигрантски и ги исклучуваше национално угнетените маси во Македонија под бугарска власт. Неподдржано... Привременото претставништво наскоро беше расформирано. Поради истата причина, Федеративната македонска национална организација, создадена подоцна, не можеше да се претвори во силна, масовна и чисто револуционерна организација.
8.
Целата оваа слабост и расцепканост на револуционерните македонски сили ја искористи реакцијата. Под влијанието на така наречениот “црн блок”, Т. Александров и Ал. Протогеров ја обновија ВМРО и си ставија маска на автономисти за да ги привлечат кон себе националните македонски маси со цел да ги фрлат на помош на фашизмот против револуционерниот бран што се подигаше во Петричкиот крај и во внатрешноста на Бугарија. Така ВМРО повторно падна во врховистички раце и беше искористена при извршувањето на военофашистичкиот реврат во 1923 година и за задушување на селските востанија против превратот, како и на општото востание на работниците и селаните во септември истата година. Но во редовите на обновената од врховистите ВМРО имаше многу дејци и членови, кои стапија во неа со искрена намера вистински да се борат за ослободување на Македонија. Сите тие луѓе не можеа да не бидат огорчени од претворањето на организацијата во џандар-чувар на фашизмот и џелат на работниците и селаните во Бугарија и во самата Македонија под бугарска власт. Поради таа причина во ВМРО и во масовните емигрантски организации беше создадена една опозиција којашто растеше и се засилуваше (во Илинденската организација зеде целосна надмоќност заедно со нејзиното раководно тело и со редакцијата на в. “Илинден”). Опозицијата бараше обединување сите македонски сили врз антиврховистичка база и се ориентираше спрема единствениот анти-империјалистички, антифашистички фронт. Револуционерната опозиција се здоби со особено голема сила во 1924 година, кога Комунистичката партија го корегираше својот однос кон националното прашање и македонските комунисти зедоа активно учество во македонското национално движење заради успех на македонската ослободителна кауза. Револуционерната опозиција стана уште посилна кога во истата (1924) година владата на Ал. Цанков, кој беше испалашен од бурниот пораст на македонското ослободително движење и за да создаде почва за зближување со српската влада, почнува да ги спречува и да ги преследува македонскиот печат и македонската масовна и јавна дејност. Сето ова го натера Т. Александров и Ал. Протогеров да се согласат со третиот член на ЦК на ВМРО - Петар Чаулев за потпишување на историскиот Виенски манифест. Во Манифестот беа поставени принципите на новата ориентација за започнување на една вистинска револуционерна борба во сојуз со сите револуционерни фактори на Балканот против балканските империјалисти за слободна и независна Македонија. Тоа беше новата програма на македонското национално-ослободително движење, кое за општата борба ги обедини сите револуционерни македонски сили и внесе освежувачка струја, создаде голем борбен ентузијазам кај македонскиот народ и македонската емиграција. Во тоа беше залогот на успехот на македонското дело.
9.
Под силниот ритисок на бугарските управувачики сфери Т. Александров и Ал. Протогеров срамно се откажаа од Манифестот и пак се вратија во служба на бугарските империјалисти. Но поради ова, Виенскиот манифест не го изгуби своето значење. Тој остана и понатаму да биде основа за обединување на сите македонски револуционерни сили во една единствена внатрешна македонска национално револуционерна организација. Во 1925 година беа поставени основите на ваквата организација наречена ВМРО (обединета), која ги вклучи во своите редови старите централисти и илинденци, федералистите, левицата од автономистиската организација, македонските комунисти од младото македонско поколение. Така македонскиот народ го најде својот нов револуционерен раководител во ворбата за независност во новите услови.
10.
Како единствена наследничка на Делчевата ВМРО новата ВМРО (обединета) ги прифати од првата сите револуционерни принципи и позитивни својства во кои се воспитуваа македонските маси. (ВМРО (Обединета) со гордост го носи револуционерното наследство од славното македонско минато, чии главни водачи и херои беа Делчев, Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Чернопеев и Димо Х. Димов.) Но, за да може достоинствено да го продолжи делото на првоапостолите на македонската револуција, ВМРО (Обединета) требаше да извлече поука од преживеаните настани и соодветно со новите услови, во кои е поставен македонскиот народ да робува и да се бори, да ги отстрани грешките од минатото и да дополни и да ги развие идеологијата и практиката на старото македонско движење.
Во врска со основното прашање за националноста на Македонците, старата ВМРО имаше нејасни погледи и паѓаше во противречности. Таа го признаваше и, како трн во очите на врховистите, го истакнуваше постоењето на македонскиот народ во самостојната географска и економска целина на Македонија, која ги има сите права да се оддели во независна држава. Но, истовремено во старата ВМРО надвладуваше погрешното убедување дека македонските Словени се Бугари. Во тоа се крие причината зошто таа не можеше до крај да ја издржи борбата против врховизмот и бугарската освојувачка политика спрема Македо-нија. Во старата ВМРО преовладуваше мислењето дека самостојната борба на македонскиот народ за македонска држава е диктирано од маневриски политички причини: не поради тоа дека Македонија не е бугарска па не треба да се припои кон Бугарија, туку другите заинтересирани држави не би дозволиле такво припојување. Ваквото во основа неточно становиште ги натера скоро сите македонски револуционери да станат доброволци во бугарската армија за време на балканската војна против Турција - една капитална грешка со катастрофални последици за македонскиот народ. Основната причина за тој историски погрешен чекор се крие во најголемата штета што врховизмот и бугарската освојувачка политика и ја нанесоа на македонската кауза со насадувањето на бугарштината во Македонија и привременото засенување на самостојното национално чувство кај Македонецот. ВМРО (Обединета) не можеше да не извлече поука од таа погубна грешка во македонското минато. Таа не можеше да не им извика гласно на бугарскиот и на балканскиот империјализам: долу крвавите шепи од Македонија! Таа не можеше да не почне борба за зачувување на Македонците од асимилација и за подигање на самостојната македонска национална свест, дека Македонците не се Срби или Грци, ниту пак Бугари, а се одделна нација. Истовремено и имено во тоа ВМРО (Обединета) постави солидна база на македонското ослободително движење за непрекината и аргументирана борба за слободна и независна македонска држава. Во тој однос таа не само што ја корегира и дополни старата ВМРО, но и ги продолжи заветите на Делчев, Арсов, Теодосиј Скопски и др., кои тежнееа и работеа на создавање македонска национална литература, самостојни македонски училишта и автоќефална македонска црква. ВМРО (Обединета) го продолжи делото на македонскиот весник “Лоза” што излегуваше во 80-те години на минатиот век, кој беше пишуван на македонски јазик, за постоењето на самостојната македонска националност и се залагаше за независна македонска држава.”
ДАРМ, фонд: РСВР (прием од 1979 год.), кут.1,
ВМРО (об.), бр. 24
“Историјата и суштината на ВМРО (Обединета)”, поднесен на Обласната конференција на ВМРО (Об) за Пиринсиот дел на Македонија од 1926 година
УРЕДИЛ: Благојче Андонов (Македонска ризница, бр.4)

The girl warrior who is fighting the Turks
Southern Mercury United with the Farmers Union Password. (Dallas, Tex.), Vol. 25, No. 41, Ed. 1 Thursday, October 12, 1905
The girl warrior who is fighting the Turks
December 29, 2012
Costume Drawing : Albania & Macedonia
Medium: Gouache
Size of Sheet: 19 x 24 cms approx.
Artist: Modern British Circa 1900
Click on the image to enlarge!
December 28, 2012
Нема национална слобода без демократски и социјални права
НЕМА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА БЕЗ ДЕМОКРАТСКИ И СОЦИЈАЛНИ ПРАВА НА РАБОТНИКОТ И СЕЛАНЕЦОТ
Лазар Колишевски
Кога зборуваме за успесите на нашите народи во текот на Народноослободителната борба под раководството на Комунистичката партија, ние никогаш не ја губиме од предвид борбата и улогата на работничката класа, и успесите што таа ги постигна благодарејќи на својата пожртвувана борба против бившите режими на Југославија.
Слободата на нашите народи, слободата на Македонија, е извојувана благодарејќи на борбата токму на основните маси од градот и селото, на работникот и селанецот. Националната слобода на еден народ без да има слобода работникот и селанецот, без тие да имаат полни демократски и социјални права, не е никаква слобода. Значи, не е суштествена само националната слобода за еден народ, но е суштествено токму она основното при таа национална слобода — да имаат полна слобода работникот и селанецот и другиот работен народ и да учествуваат во управувањето на државата.
Денес ние имаме национална слобода, и тоа вистинска национална слобода; нашите народи навистина се слободни, бидејќи работникот и селанецот се слободни. Денес ние имаме таква власт, која навистина им одговара на потребите и интересите на широките народни маси од градот и селото, им одговара на интересите на нашата работнинка класа и на селанството. Тие успеси постигнати во четиригодишната борба под раководството на Комунистичката партија се должат токму на тоа што Комунистичката партија ги имаше предвид општонародните и националните интереси. Борејќи се за тие интереси, таа се бореше за правата на работничката класа, за трудбениците од селото и градот.
Борбата на нашите народи успеа затоа што во неа беше првоборец работничката класа на чело со својот раководител — Комунистичката партија. Таа успеа затоа што македонскиот народ беше единствен, затоа што ние во сиот нејзин тек не бевме изолирани онака како што беа изолирани нашите татковци за време на Илинденското востание, кои војуваа сами со сопствени сили против Турците и сметаа само на својата сопствена вооружена борба и притоа беа издадени од некои свои „водачи“. Во оваа борба македонскиот народ ја имаше поткрепата и сојузништвото на сите народи на Југославија. Негови сојузници беа сите слободољубиви народи на чело со Советскиот Сојуз.
Искуството од 11 октомври, од нашата борба, нè учи дека ние победувавме затоа што бевме единствени и затоа што успеавме да го изградиме единството меѓу работникот и селанецот, занаетчијата и интелектуалецот, т.е. единството на сите патриоти — тоа нè учи и денес, кога стоиме пред важни и судбоносни задачи, дека треба да одиме заедно. Тоа е нашата основна линија, тоа е линијата на Единствениот фронт, која се изгради во текот на нашата борба и за чие изградување беше пионер токму работничката класа. И токму работничката класа во моментот на изградувањето на нашата татковина, во решавањето на проблемите што стојат пред нашата народна власт, треба да оди рамо до рамо со нашето селанство и работна интелигенција. Само преку тој сојуз на работници и селани изграден во текот на борбите, ние ќе можеме да одиме понатаму смело и незастрашливо кон посреќна иднина.
Денес има луѓе кои сакаат националното чувство на нашиот народ, кој за првпат во својата историја ужива национални и демократски права, да го искористат со демагошки пароли и маневри за да прават капитали и да го шовинизираат тоа чувство за да го насочат нашиот народ против српскиот народ, против бугарскиот и другите народи. Работничката класа секогаш се бореше за чисти и јасни позиции, секогаш била против тие што сееле омраза, било национална, било верска. Ние знаеме дека борбата против шовинизмот е една од основните задачи на нашата работничка класа, на нашиот народ, за успешно изградување на нашата земја.
Во Народноослободителната борба, ние го урнавме господството на големосрпската хегемонистичка клика на чело со кралот. Ние создадовме вистинска народна власт, во која еднакво учествуваат работници, селани и нашата народна интелигенциј а, како и сите чесни патриоти. За првпат работничката класа на Југославија има свои министри, има свои одборници и непосредно учествува во власта, во изградувањето на нашата народна власт, таа за првпат е гоеподар на својата судбина и ги решава проблемите онака како што диктираат нејзините и општонародните интереси.
Денес ние знаеме, како што знаете и вие самите, дека економската положба на нашите работници, на широките народни маси, се уште не е таква каква што сите ние би сакале да биде. Но не сме виновни ние. Таквата положба е последица од оваа војна, последица од разурнувањата направени од окупаторот, како и последица од експлоататорската политика на долгогодишните противнародни режими. Но едно знаеме а вие тоа го увидувате, дека власта прави сè што може и дека од ден на ден положбата, макар полека, оди кон поарно, таа се поправува. Денес нашата политика е токму таква да се задоволат потребите на тие кои најмалку имаат а тоа се потребите на работниците и селанството.
Денес, имајќи ги сите политички и демокоатски права, вие слободно се организирате во вашите седикати, учествувате слободно и активно во политичкиот живот, во Народниот фронт, во непосредното изградување на нашата власт, а тоа е гаранција дека утре ќе биде подобро. Ние не можеме да ветуваме златни ридишта, како што рече маршал Тито, но ние знаеме дека токму со вашите усилби и напори во производството и со натпреварувањето ќе ја подобриме општата материјална положба. Колку повеќе се работи и се произведува, толку повеќе ќе имаат нашите работници и нашите најшироки народни маси.
...
Ние по неколку дена ќе го славиме 11 октомври, ќе направиме биланс на досега постигнатите успеси. Но, ќе ги видиме и нашите слабости. Исто така ќе треба, токму во врска со 11 октомври, да ги мобилизираме сите наши сили за претстојните парламентарни избори. Тие избори не треба да ги потценуваме. Оти токму таква опасност постои кај нас, иако нема јасно формирана опозиција, како што е во Србија на чело на која стои Грол. Небудноста спрема намерите на реакцијата може да ги приспие нашите работници и нашите широки народни маси и да не излезат сите до еден да гласаат. Многумина од вас ќе си речат: „Па сеедно, ние ќе добиеме. Нема опозиција, секако ќе добиеме“.
Другари, такви сфаќања треба да се сузбиваат. Ние мораме да гласаме, особено вие, работниците, како најсвесни синови на својог народ треба сто на сто да гласате. Не треба меѓу вас да има такви што не ќе излезат на избори, што не ќе се сетат за својот долг спрема својата класа и народ, спрема Демократска Федеративна Југославија.
Ние другари, на претстојните избори нема да го решаваме прашањето за република или монархија, т.е. за кралот. Тоа прашање за нашите народи, за народите на Југославија е решено во текот на четиригодишната борба. Во врска со тоа се поставува задачата, на претстојните избори до максимум да ги мобилизираме нашите сили и сите да излеземе на изборите, да не дадеме ниту еден глас со нашата апстиненција за опозицијата, оти секое апстинирање, секое негласање, неизлегување на гласачките места, ќе се толкува од реакцијата како тие гласови да се против нашата народна власт. Другари, вие таа предизборна кампања треба да ја спроведете во знакот на засилено производство. Тоа е долг спрема вашата татковина. Оти, ако некој прв треба да се заложи за изградувањето и обновата на нашата земја, треба да се заложи токму работничката класа.
Говор на предизборната конференција на монополските работници во Скопје, одржана на 8
John Adams - banner
"The project of setting at liberty the whole country of ancient Greece, Macedonia, and Illyricum, and erecting independent Republics in those famous seats, however splendid it may appear in speculation, is not likely to be seriously entertained by the two Empires (meaning Austria and Russia), because it is impracticable."
Извор за цитатот: "The Secrets of America", Purpuren
Славата, митот и крвта на ВМРО 20
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Обезглавување на левицата
Во ист ден се убиени Димо Хаџи Димов, Арсение Јовков и Славчо Ковачев, најголемите македонски интелектуалци во Софија
Виктор Цветаноски (Утрински весник)
Серијата ликвидации и обезглавувањето на македонската левица што ја почнал Тодор Александров со убиството на Ѓорче Петров по формирањето на автономистичката ВМРО, засилено ќе ја продолжи Ванчо Михајлов. Убиството на Александров на 31 август 1924 година ќе го искористи како повод за да се пресмета со сите оние кои што не мислеле како него и кои му стоеле на патот да застане на чело на организацијата. На сите они што ги ставил на списокот за отстрел ќе им го залепи епитетот „заговорници“ во убиството и „предавници на македонското дело“.
Првиот масакр Михајлов ќе го изврши во Горна Џумаја, ноќта на 12 септември 1924 година. Претходно, со итрина ќе ги намами и ќе им постави стапица на Алеко Василев, тогашен прв човек на ВМРО во Пиринскиот крај, на потполковникот Георги Атанасов, кои ќе ги прогласил за главни организатори на убиството на Александров. Во Горна Џумаја ќе го покани и раководството на Илинденската организација за, наводно, заедно да расправаат за недоразбирањата што ги имале и така сите на куп да ги ликвидира.
Меѓутоа, тој нема лично да отиде во Горна Џумаја, туку, за да му ја завршат валканата работа, ќе ги испрати Петар Шанданов, Кирил Дрангов, војводата Панчо Михајлов, чија восочна фигура, исто така, ќе биде изложена во Музејот на револуционерната борба. Ванчо Михајлов една година подоцна ќе го ликвидира и него за да не му пречи во освојувањето на власта, а Петар Шанданов по четири години ќе стане негов најголем непријател.
Од тројцата, според него, директни виновници за смртта на Александров, ќе го остави жив само Протогеров, за да му ги потпишува смртните пресуди од име на ВМРО, бидејќи тој тогаш бил единствениот жив член на ЦК на автономистичката ВМРО.
Во таа страшна македонска Вартоломејска ноќ раководството на Илинденската организација панично ќе се обиде да избега од местото на злосторството. За време на бегството ќе биде фатен Арсение Јовков и вратен во Горна Џумаја, а Михајлов ќе дојде наредниот ден специјално од Софија за да го испрашува. Охридскиот војвода, Петар Шанданов, кој бил еден од главните егзекутори на тие крвави настани и знаел за многу чекори што ги преземал самопрогласениот лидер на ВМРО, ќе напише во своите спомени дека Михајлов го измачувал Арсение Јовков на свиреп начин за на крајот да го ликвидира.
Вториот чин на крвавата македонска драма Михајлов ќе го изрежира наредниот ден на софиските улици, кога ќе ги испрати своите терористи да ги застрелаат првите луѓе на левицата. Тој петок, 13 септември, за Димо Хаџи Димов, Славчо Ковачев и други левоориентирани македонски револуционери, навистина ќе биде црн петок. Откако по брза постапка ќе ги прогласи за интелектуални убијци на Александров и ќе испрати терористи да ги убијат.
За делото на Димо Хаџи Димов и на Арсение Јовков македонската јавност знае многу повеќе отколку за Владислав (Славчо) Ковачев, иако и тој е многу заслужен за македонското дело. Бил голем интелектуалец и едно од најистакнатите македонски имиња на Илинденската организација во Софија. Потекнува од Штипско револуционерно семејство, бил војвода и учесник во Илинденското востание. Дипломирал право во Париз, а докторирал правни науки во Брисел. По убедување бил федералист и се борел за самостојна и независна Македонија. Д-р Владо Поповски вели дека Ковачев во своите погледи во однос на македонскиот национален идентитет отишол најдалеку од сите Македонци што тогаш живееле во Софија, факт кој не можел да ги остави спокојни бугарските власти и оние македонски струи кои биле нивни заложници и нивни инструменти.
Д-р Зоран Тодоровски истакнува дека Славчо Ковачев бил еден од ретките македонски дејци кои меѓу првите по Првата светска војна во Бугарија, преку употребата на термините Македонци, македонски народ, македонско население, како и лозунгот Македонија на Македонците, всушност, ја истакнувал посебноста на македонскиот народ, заговарајќи го принципот на негово самоопределување. „Ваквото политичко промакедонско дејствување на Славчо Ковачев му пречеше на раководството на Македонскиот револуционерен комитет и на автономистичкото крило на ВМРО, како и на бугарскиот политички фактор, кои го ставија на нивната смртна листа, заедно со најистакнатите лево ориентирани македонски дејци. Врз основа на писмена смртна пресуда, потпишана од членот на ЦК на ВМРО, генералот Александар Протогеров, тој беше убиен на 13 септември 1924 година во центарот на Софија, само неколку часа пред да го убијат неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов“, подвлекува Тодорвски.
Ковачев бил убиен пред своите деца. „Јас не знаев во што беше вината на убиениот од мене Ковачев. Верував целосно во праведноста на решенијата издавани од организацијата и сметав за свој долг да ги исполнам безусловно. Исто така, до моето затворање не знаев дека Тодор Александров е убиен. Инаку, тогаш ќе ги убиев и неговите деца“, ќе изјава неговиот егзекутор, Мирчо Кикиритков.
И Сопругата на Ковачев – Анастасија Размова била позната во Софија. Таа ја играла улогата на Цвета во првата претстава на „Македонска крвава свадба„ на Војдан Чернодрински, изведена во Софија. Кум на нивната свадба бил Борис Сарафов, а девери Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
За тоа како Михајлов ги испраќал тој ден своите терористи да ги ликвидираат најголемите македонски интелектуалци во Софија најилустративно говори искажувањето на атентаторот на Ковачев, Мирчо Кикиритков: „Ме воведоа во една голема широка соба преполна од наши другари, четници. Се отвори соседната врата до неа и се покажа Иван Михајлов. Не' поздрави и возбудено повторуваше како да говореше за самиот себеси: ’Не плашете се, Македонија е слободна‘. При секое влегување подоцна тој одвојуваше еден по еден од другарите, кои што не се враќаа. Разбравме дека нешто се случило и претстои работа за завршување. Телефонот од другата соба непрестано ѕвонеше во неговата рака. Самиот тој таа ноќ неколку пати ’одлета‘ со автомобилот. Но каде? Тоа нас не не' интересираше. Најпосле, кон 8 часот утрото дојде и на мене ред. ’Ќе го смааш ли (по штипски) Славчо Ковачев?‘ ’Каков е?‘ ’Предавник!‘ ’Се согласуваш ли?‘ ’Согласен‘. ’Бакнете се тогаш со Страхил Развиговор, тој ќе ти го покаже‘“, раскажува Кикиритков.
За ликвидациите што Михајлов ги вршел говори и едно писмо што му го испратил на Петар Шанданов, кое требало да биде уништено, но сепак Кирил Прличев го зачувал: „Ова ноќ В’ндев долу ќе го заколе Методи Алексиев (Пандов ја знае шифрата) му даде наредба. Утре вечер ќе завршиме со претставниците Гоце Манолев, Стојо Хаџов, Говедарчето и Медникаров. Таму Филипов веројатно веќе ги убил – Димитар Пенков, Бујнов. Да знаете дека со Ковачев е завршено“, му пишува Михајлов на Шанданов. Тие по четири години ќе станат најголеми непријатели и ќе ги извршат најголемите крвопролевања на софиските улици.
Атентаторот на Ковачев нема долго да остане во затвор. Заедно со Владо Черноземски, кој што истиот ден го убил Димо Хаџи Димов и со други терористи - Стефчо Каркалашев, од Богданци и Ипократ Развигоров кои извршиле други убиства избегале од затвор. Бегството го организирале луѓето на Михајлов со знаење на бугарската власт.
(Продолжува)

December 27, 2012
„Опструкција, Деструкција, Санкција“
Деновиве сме сведоци на невидени игри и сценарија, апсолутно „деструктивни“, неплодни, уништувачки...
Во едно општество уредено по некои начела на демократијата, каде населението на фер и слободни избори избира свои претставници кои ќе се грижат истото да функционира, каде мислењето и вољата на мнозинството владее, преку спомнатите избрани претставници, една мала група на луѓе се обидува со примена на сирово и сурово насилство да предизвика криза, која би довела до некаква „техничка влада“ , и така повторно спротивно на вољата на мнозинството, да дојде на власт. (еднаш веќе се случи во 2001ва...)
Позадините на тие уништувачки игри како обичен граѓанин на Република Македонија не ме интересираат многу, нека се занимаваат со тоа надлежните служби, нешто друго би сакал да спомнам...
После последните случки, ми се вратија спомените на едни тешки, трагични времиња, кога со разни фингирани / изрежирани инциденти се започнуваа судири, војни...
Во една друга трагична прилика, кога се случи масакрот кај Смилковското Езеро, напишав еден текст, и дел би сакал да цитирам во оваа прилика:
------------------------------
„За оваа прилика, не би пишувал за манифестациите на човечкото лудило изразено во масовните форми на уништување, како геноциди, војни, туку за нешто друго, за измами кои довеле до големи уништувања и несреќи. Ќе пишувам за измами како државниот удар во Иран во 1953та, за инцидентот во заливот Тонкин, и за палењето на „Рајхстагот“ (германскиот парламент).
Државниот Удар / Пучот во Иран во 1953та, е во режија на тајни служби на Обединетото Кралство и САД. Против легалната и демократски избрана Влада на Мосадек. Тоа денес е општо-познат и прифатен факт.
The 1953 Iranian coup d'etat: http://en.wikipedia.org/wiki/1953_Iranian_coup_d%27%C3%A9tat
"The 1953 Iranian coup d'état (known in Iran as the 28 Mordad coup) was the overthrow of the democratically elected government of Iranian Prime Minister Mohammad Mosaddegh on 19 August 1953, orchestrated by the intelligence agencies of the United Kingdom and the United States"
Инцидентот во заливот Тонкин е измама извршена од страна на група политичари и раководни лица на Воената Индустрија и Морнарицата на САД, со цел да се предизвика војната во Виетнам.
Gulf of Tonkin incident: http://en.wikipedia.org/wiki/Gulf_of_Tonkin_incident
„The Gulf of Tonkin Incident, or the USS Maddox Incident, are the names given to two separate confrontations, one actual and one now recognized as non-existent, involving North Vietnam and the United States in the waters of the Gulf of Tonkin.“
Палењето на германскиот „Рајхстаг“ (парламент) беше измама со цел да се елиминира единствената посериозна конкуренција на Хитлер и Фашистите во Германија (Комунистичката партија).
Reichstag fire: http://en.wikipedia.org/wiki/Reichstag_fire
"The Nazis alleged that Van der Lubbe was part of the Communist conspiracy to burn down the Reichstag and seize power, while the Communists alleged that Van der Lubbe was part of the Nazi conspiracy to blame the crime on them."
Значи, сите три инциденти се денес општо-познати факти, никакви теории на заговор. И сите имале катастрофални последици. Поради тоа што Поединци и Народи замешани во тие инциденти, не покажале доволно стрпливост и мудрост, не биле способни да се однесуваат како разумни суштества, туку подпаднале под лагите / манипулациите.
Државниот Удар од 53та во Иран, е директна и индиректна причина за многу подоцнежни конфликти. (војната меѓу Иран и Ирак, и нападите врз Ирак во 1991ва и 2003та, како дел од тие конфликти).
Бројот на жртвите во тие конфликти е огромен.
Непостоечкит втор инцидент во заливот Тонкин, беше директен иницијатор на Виетнамската војна, како и на неколку други конфликти во регионот.
Бројот на Жртвите во тие конфликти е огромен.
Палењето на Рајхстагот доведе до Втората Светска Војна.“
-----------------------------------------
После најновите случувања, сум сериозно загрижен дека некои членови на опозицијата во Република Македонија спремаат режирани судири, спомнуваат дури и пукање, и ја користам оваа прилика да ве повикам сите да оставите разумот да преовладее, вољата на мнозинството да владее.
Власт и фотељи да се добиваат на слободни и демократски избори, а не со напад врз Објекти / Институции / Имот на Република Македонија и нејзините граѓани, како и личноста и институцијата Претседател на Највисокиот Дом на Државата - Народното Собрание.
Би сакал да ги опоменам сите оние кои се замешани во некакви уништувачки сценарија, дека таквите работи не остануваат тајна, дали порано или покасно, излегуваат на површина, и се сносат последици за тоа.
Провоцирање или режирање на судири е Злосторство, и за тоа следува Казна.
Секој кој сака да добие власт нека повели да направи програми, па на следните РЕДОВНИ парламентарни избори, според понуденото и сработеното, Народот ќе одлучи кому ќе ги довери толку посакуваните фотељи.
Изборите не ги плаќаат политичарите од свој џеб, па секои неколку месеци да им излегуваме на избори, според нечија моментална воља...
Граѓанин на Република Македонија
Labels:
Trivia
December 26, 2012
Основната опасност за братството и единството е сепаратизмот
ОСНОВНАТА ОПАСНОСТ ЗА БРАТСТВОТО И ЕДИНСТВОТО НА НАШИТЕ НАРОДИ Е СЕПАРАТИЗМОТ
Лазар Колишевски
Првиот Президиум на АСНОМ несомнено имаше да се бори со огромни политички и стопански тешкотии. Покрај големите успеси, во неговата работа имаше и сериозни слабости и тоа во прв ред од политички карактер. Мислам дека не грешам ако речам дека во првиот Президиум на АСНОМ имаше и поединци кои пројавија извесни сепаратистички тенденции и така, свесно или несвесно, ги ставија своите тесни национални чувства над и на штета на братството и единството меѓу народите на Југославија. Тие луѓе беа склони да ги решаваат сите работи божем од „македонска перспектива“, заборавајќи притоа дека ние сме дел од Демократска Федеративна Југославија. По одделни прашања тие се обидоа дури да внесат и извесна доза на недоверба спрема Националниот комитет на АВНОЈ, како божем тој да сакал по ова или она прашање нас Македонците да не измами.
Некои пак членови од вториот состав на Президиумот на АСНОМ покажаа основна слабост на подрачјето на стопанството и финансиите. Задачите што ги постави во тој поглед пред Президиумот Второто заседание на АСНОМ, а кои беа израз на желбите на широките народни слоеви, не беа од нив сосема исполнети. Тие се колебаа да ги применат сите оние мерки на стопанската и финансиската политика, што се спроведуваат во другите федерални единици, а преку кои единствено можеше да се создадат за нашата војска неопходните средства за облека и исхрана. Понатаму, тие не беа решителни во тоа остро да се удри по сите оние што не сакаа да ги исполнат своите обврски спрема државата, и како да се плашеа да пристапат кон реквизиција на производите што се неопходки за нашата војска и за исхраната и облеклото на нашиот работен народ.
Јасно е дека таквата политика не може да ја има поддршката на нашите работни луѓе. Ние треба решително да го спроведуваме нашиот курс. Нашата политика не може да биде корисна само за грст луѓе. Таа треба да биде во согласност со интересите на широките народни слоеви, на работниците, селаните, занаетчиите, па и трговците кои сакаат да го помогнат изградувањето на земјата. Ние не треба да ги изедначуваме шпекулантите со трговците. Чесни трговци има и нивната соработка ние ја бараме за да го обновиме нашето стопанство. Нашата борба треба да се насочи против нечесните трговци — шпекуланти, кои за својата противнародна дејност ќе треба да сносат законска одговорност.
Сакам овдека да кажам нешто и за разните интервенции. Неодамна слушнав едно многу точно мислење дека најмногу шпекулантите ги „тријат праговите“ на Президиумот. Тие под маската на демократијата, идат да интервенираат де за едно, де за друго. Вистина, широките народни слоеви, работниците, селаните, занаетчиите сè уште ги нема да се поплачат, иако ним сега се уште не им е лесно. Ние нема да ја премавнеме интервенцијата и таа е пожелна, но пожелна е таква интервенција која ќе ѝ помага на нашата власт и која ќе биде во интерес на целиот народ, но не лична интервенција и за одбрана на фашистички пробисвети или разни шпекуланти. Пожелно е, пред да се дојде до Президиумот, луѓето да се обраќаат прво до одборите на народната власт.
Одделни поединци, пак под маската на демократијата и како големи македонски „патриоти“, а всушност прикриени агенти на фашизмот, се обидуваат „добронамерно“ да ја критикуваат нашата политичка линија по однос на казнувањето на воените злочинци, саботерите и шпекулантите. Се претставуваат како да зборуваат од името на народот а, нивниот „народ“ се тие самите и нивните штитеници — воени злочинци, саботери и шпекуланти. Нашата политика не била ни досега, а нема да биде ни' отсега управена кон одделување на власта од народот. Дека ние навистина се опираме во спроведувањето на својата политика врз народот и дека нашата линија е правилна, речито говорат и оваа дискусија во Собранието и многубројните митинзи по цела Македонија во врска со нашево заседание. Народот е против секаква лабавост во однос на изведувањето пред суд на сите воени злочинци и шпекуланти. Народот бара да се земат законски мерки не против трговците воопшто, а конкретно против саботерите и шпекулантите.
Некои од другарите народни претставници во дискусијата зедоа неправилен став спрема нашите учители и професори. Во своето мнозинство нашите учители и професори зедоа активно учество во нашата борба или беа нејзини симпатизери, а денес во својот најголем број земаат активно учество во изградбата на народната власт. Затоа, ако некој професор направил нешто лошо, ние не може да ги изедначуваме сите професори со него. Но точно е и тоа дека еден дел од нашиот просветен кадар, воспитуван во стар дух, треба да вложи напори што побрзо и што поправилно да ги разбере насоките на нашето ново, народно училиште. Мислам да засегнам уште едно важно прашање, тоа е за сепаратизмот. Кај нас има луѓе кои повеќе зборуваат за реакцијата и опасноста отстрана, отколку за таа кај нас. Основната опасност, покрај сите други што удираат по нашата слобода и нашите права, по братството и единството на македонскиот и на сите народи на Југославија, е сепаратизмот. Појавата на сепаратизмот не е случајна и има длабоки економски и историски корени во животот на македонскиот народ. Нашата земја немала никакви политички слободи. Нашата незакрепната трговска и индустриска буржоазија никогаш не дошла до својот израз, затоа што беше систематски потиснувана од разните поробувачки буржоазии во Македонија. И во моментот кога се виде дека Македонија е пред ослободување, а при положба на голема сиромаштија која постоеше во народот кај нас и во другите делови на Југославија, при тие урнатини, слабиот транспорт и врска со другите краишта на Југославија, тие си рекоа: „дајте да го зачуваме тоа што го имаме“ . Поединци кои сега ги држат финансиските средства а со политички нерасчистени сфаќања започнаа да го „држат грнчето“ , а слични појави се забележија и во некои наши одбори од страна на таканаречените „локални патриоти“. Сепаратизмот и шовинизмот кај трговцитге со шпекулантски дух се изрази во криењето на своите стоки, очекувајќи да започне криза во која народот ќе гладува. Тие отидоа дури дотаму, што бараа да се затвори границата спрема Србија се со цел да можат да го уценуваат изгладнетиот народ со своите високи шпекулантски цени. За жал, такви појави најдоа поддршка и кај одделни другари во самиот Президиум.
Манифестации на сепаратизам сретнавме и кај еден дел од нашата интелигенција вдахновен со големобугарски идеи, кој не само што не учествуваше во денешната борба на македонскиот народ, ами и доби разни положаи и места од бугарските фашистички окупатори и затоа никако не можеше да се помири со новото. Главните експоненти на сепаратизмот кај нас се големобугарските фашистички агенти кои, користејќи ги економските врски што постоеја дојпред извесно време со Бугарија, се обидоа во некои средини кај нас по одделни прашања да внесат сепаратистички разбирања.
И покрај тоа што во Бугарија постои народна власт, сепак големобугарските тенденции, кои имаат длабоки корени во некои слоеви на бугарскиот народ и во еден дел од нашата емиграција во Бугарија, уште не се изживеани. Дека големобугарските агенти и империјалисти не се откажале од завладувањето на Македонија, и дека тие денеска под други услови дејствуваат, по друг начин и со други средства, говори примерот со испраќањето неколку вагона жито и 1.050 кгр. шеќер од Охридското братство во Бугарија. Со тој „подарок“ не се сакаше да му се помогне на нашиот народ туку се изразуваше желба да се ослободи од заслужената казна најверниот фашистички агент во Охрид, воениот злочинец Коцаров. Во Софија дури за таа цел бил формиран специјален комитет со задача да дејствува за ослободување на овој злочинец, шпекулирајќи со некакви „заслуги“ на Коцаров за спасување на 25 бугарски војници од Германците. Доколку нашата емиграција или некој друг во Бугарија сака да ни помогне, тоа може да стане само по патот Софија—Белград—Скопје. Ние сме составен дел од Демократска Федеративна Југославија и сите работи што стојат меѓу нас и некоја друга држава може единствено да се решат преку единствената влада на маршал Тито.
Ние треба уште повеќе да работиме и тоа доста сериозно турското и албанското малцинство да го привлечеме поблизу до нашата народна власт и да го вовлечеме во нашиот политички живот. Нашата политика спрема Србите што живеат во Македонија треба да биде јасна и недвосмислена. И ним треба да им се дадат училишта на мајчин јазик, исто така како што му се дадоа на турското и албанското малцинство. На тој начин ние ќе можеме Србите од населеничките села и други места уште поуспешно да ги приврземе кон нашата народна власт и да ги вклучиме во општата борба против фашизмот и во изградбата на слободна Македонија во Демократска Федеративна Југославија. Што се однесува до барањето на извесни „србомански“ елементи и за нив да се отворат српски училишта, јасно е како ден дека за тоа не може ни збор да стане. Македонци, што бараат денес отворање на српски училишта не можат да бидат ништо друго, освен агенти на Дража Михајловиќ и разбивачи на македонскиот народ.
Не треба да се сомневаме дека српскиот народ решително тргнал по патот да раскрсти еднаш за секојпат со големосрбизмот. Дека братскиот српски народ цврсто стои на тоа да не се повтори старото, зборува и примерот во Врање со осуетувањето на желбата од бившиот скопски митрополит Јосиф одново да се врати во Скопје.
Јас мислам дека ние не треба во секој Србин во Македонија да гледаме дражиќевец, ниту пак смееме во секој „бугарофил“ да гледаме врховист. Ние не смееме да дозволиме бившите големобугарски, големосрпски, големоалбански и големотурски агенти во Македонија да ги рушат основите и да го разбиваат единството меѓу народите на Југославија.

Говор на вонредното заседание на АСНОМ, одржан на 17 април 1945 год. во Скопје по образувањето на првата Влада на Федерална Македонија.
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска библиотека]
ПО ТРАГИТЕ НА ЕДНА СТАРА ФОТОГРАФИЈА
Пред извесно време, на facebook профилот „Прилеп Стари Фотографии“, една стара фотографија предизвика интерес кај повеќемина Прилепчани. Имено, оваа фотографија како да беше падната во заборав, па благодарение на љубителите на стари фотографии од градот Прилеп имаме можност повторно да ја видиме и да се потсетиме на еден интересен настан, за кој таа ни говори. Фотографијата ни сведочи за еден редок и несекојдневен настан од 1913 година, односно, за враќање во прадедовската вера на двајца Македонци со исламска вероисповед и нивно крштевање.
Петвековното ропство под Османлиите било не само економско, туку и духовно. За да го одржат голиот живот, цели села морале да го сменат своето религиозно убедување и да ја примат исламската вера. Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат некаде од средината на XV век. Најпрво, примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе, кои имале големи имоти и кои биле побогати, со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на Турците. Еден дел од Македонците христијани го примиле исламот, со цел да ја задржат земјата и имотот, за и понатаму братски во задруги да ја обработуваат со своите роднини, кои останале христијани. Со примањето на исламот на побогатите Македонци, Турците во прво време сметале дека тоа ќе послужи за пример на останатото население во Македонија да ја прими исламската вера. Подоцна, откако доброволното примање на исламот земало многу мали размери, Турците започнале и со насилна исламизација на македонското население, која се остварувала или преку директно исламизирање, или преку принуда, најчесто со киднапирање на женски членови на семејствата, ослободување од плаќање на даноци итн. Македонците-муслимани, иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијански храм кога се има болно дете, а во некои куќи на Македонци-муслимани сѐ уште се чуваат православни икони итн.).
Исламизацијата, односно ширењето на исламот сред христијанското население во Македонија, започнало во XV век, иако во почетокот течело бавно и се ограничило речиси исклучиво на градовите. Според пописите на населението од 1445, 1452/53, 1465, 1467/68 година, во повеќето од македонските градови не биле регистрирани исламизирани христијани, а исклучок биле неколку поединечни случаи во Драма, Сер, Тетово, Скопје и Битола. Исламизацијата продолжувала со сè посилно темпо, а најсилниот бран се случил во втората половина на XVI век. Според пописите од 1569/70 година, во градовите Скопје, Тетово, Кичево, Прилеп, Битола, Лерин, Костур, Бер, Ениџе Вардар, Серфиџе, Солун, Демир Хисар, Неврокоп, Сер, Драма, Кавала, Штип, Струмица, Дојран и Кратово биле регистрирани вкупно 3.019 исламизирани лица, што во однос на регистрираните муслимани изнесувало нешто повеќе од една третина. Во Дебарската каза од Охридскиот санџак, според пописот од 1583 година, тој процент бил уште повисок. Се смета дека процентот на исламизираните христијани по градовите кон крајот на XVI век изнесувал една четвртина од градската популација. За разлика од градовите, во истиот период процентот на исламизираното христијанско население во селата на ниво на Македонија изнесувал само 3% од вкупното селско население. Исламизацијата во Македонија не се одвивала рамномерно, ниту територијално, ниту временски. Како карактеристични примери, каде што исламизацијата имала масовен карактер, може да се издвојат Родопскиот крај во југоисточна Македонија и Дебарскиот крај во Западниот дел на Македонија. Исламизацијата продолжила и во натамошните векови од османлиското владеење, со побавно темпо, но засилувајќи се посебно во кризните години и во времето на воените судири.
Во историската наука се вели дека не постоела единствена причина за примањето на исламот, туку се спомнуваат повеќе поводи. Како главен секогаш се наведува потребата од заштита на населението, особено она од Реканскиот крај, од дивеењето на албанските банди, кои секојдневно упаѓале од Албанија и зулумќареле низ западна Македонија. Всушност, единствен излез од тешката состојба изразена со грабежи и пљачки од албанските качаци, претежно од Љума и Мат, кои ја одземале стоката и неретко убивале луѓе, било прифаќањето на исламот, бидејќи само во тој случај турската империја давала поефикасна заштита на населението. Исто така, стратешка цел на Турците во доцното средновековие била и создавање на муслимански појас меѓу бунтовните Албанци и битните клисури (Реканската и Кичевско-Јамската).
Покрај овие причини, се наведуваат уште неколку помали, кои влијаеле врз Македонците за прифаќање на исламот:
Откажувањето од христијанството на немажените девојки преку мажење за турски бегови и за властодршци влијаело за создавање на роднинска блискост со семејствата на исламизираните девојки, со што омекнувале религиските ставови и се менувале конфесиите; Одењето на печалба на Мијаците во Турција, Мала Азија или други краишта, каде мнозинство биле муслимани, исто така е еден од факторите за исламизацијата во Река. Практично, кога печалбарите се враќале дома, тие веќе биле исламизирани и го пренесувале исламот на своите семејства во селата;
Примањето на исламот влијаело одделни семејства да бидат ослободувани од тешки даноци, а со тоа добивале и можност за повисоко искачување на општествените скалила. Кои и да се причините за исламизирањето на Македонците-муслимани, останува фактот дека, Македонците-муслимани никогаш не се откажале од македонскиот етнос, а исто така секогаш се чуствувале поврзани со одделни христијански празници и верувања како што се Ѓурѓовден, Митровден, Петковден, Варвара или Летник.
Затоа, не е чудно што враќањето во христијанството на двајца Македонци-муслимани од Прилеп, пред манастирската црква „Свети Архангел Михаил“ било празник на градот и населбата Варош.
Во историјата на Македонија познати се уште два такви случаја: покрстувањето на една жена, за кој чин бил приготвен голем кршталник, но било осуетено од Турците. Вториот случај се спомнува во книгата „Манастирите во Македонија“, кога се покрстени двајца Македонци-муслимани, на кои подоцна Турците им ги извадиле забите, со кои јаделе свинско месо.
Според ракописните податоци на покојниот протоереј-ставрофор Борка Талески, оваа фотографија на враќање во прадедовската вера на двајца муслимани, пронајдена е во куќата на Иванка Дамеска од Прилеп.
Сликата е направена во 1913 година од Христо Димкар, основоположникот на македонската фотографија (1883-1920). Фотографијата е изработена на француски материјал со американска подлога.
На покрстувањето двајцата муслимани добиле нови имиња. Вукашин и Марко.
На Вукашин кум му бил Петре Димитриевиќ – Србинот, а на Марко, синот на Петре – Јордан Петровиќ, кој подоцна бил директор на Гимназијата во Крагуевац. На оваа фотографија, покрај другите, присутни се: Роканчето – кмет на Прилеп и околискиот управник Брајовиќ.
Од граѓаните, присутни се неколку црковни одборници, меѓу кои: Диме Сусуле, Стерју Ѓорѓиоски, Стеван Десоски трговецот, кој бил брат на Петре Димшоски, Андон Ѓупчето свирачот, Ордан Дајпопе, Владо Чкатра кафеџијата, Ордан Локвенец книжарот и Атанас Шемкоски мутавџијата. Покрстувањето било разгласено низ Прилеп и населбата Варош и масовно било посетено. Вукашин бил момок и тутунски работник кај Тутевци, а подоцна бил шанкуш и во 1941 година неговата трага се губи од Прилеп.
Марко бил на Солунскиот фронт во 1922 година. Бил под истрага за убиството на ученикот Балабаноски. Бил оженет со вдовицата Гена, родена Корнушоска, а по маж Атанасоска, со која немал деца, а живеел во една трошна куќа во Вишне маало. Во 1943 година се губи и неговата трага од Прилеп. Марко и Вукашин со сигурност биле Торбеши, зашто, според сведочењата на старите Прилепчани, одлично говореле македонски.
Во горниот дел од сликата, две деца држат едно прасенце, со кое сакаат да покажат дека на покрстените ќе му се даде да јадат и свинско месо. По покрстувањето, многу прилепчани посведочиле дека Марко и Вукашин каснале од свинското, но по јадењето долго време повраќале и имале стомачни проблеми.
Од свештениците присутни се: отец Михајло Караџиќ, како член на Духовниот суд при Битолската епархија; отец Јован Смичкоски, отец Дамјан Пеливаноски, ѓаконот Никола Смичкоски и еден мохан со византиска камилавка, најверојатно од манастирот „Свети Архангел Михаил“.
ПРОТОЕРЕЈ Златко Ангелески (Македонска Ризница, бр. 4)
Labels:
Фото
Subscribe to:
Posts (Atom)