Славата, митот и крвта на ВМРО (12)
[Ениџевардаското блато со кое господареле македонските комити никогаш не било освоено од аскерот: четата на војводата Апостол Петков]
Султанот преговарал со македонски војвода
Американскиот новинар Алберт Сониксен присуствувал на преговорите на Апостол Петков со претставник на султанот
Виктор Цветаноски (Утрински весник)
Во 1906 година американскиот новинар Алберт Сониксен, кој шест месеци војувал заедно со македонските комити, извесен период бил со четата на Апостол Петков Терзиев, кој господарел во Ениџевардарското блато во близина на Солун. Султанот сметал дека војводата Апостол е еден од главните луѓе во македонската борба и затоа испраќал луѓе да преговараат со него. Во таквите приказни што често ги слушал Сониксен не верувал, но кога еднаш лично присуствувал на такви преговори увидел колку навистина султанот го ценел македонскиот војвода.
Ениџевардаското блато била слободна територија на војводата Апостол, која аскерот не можел да ја стави под контрола. Не успеал да ја заземе ниту тогаш кога бил испратен цел корпус војска, со специјални чунови и со 12 сантиметарски топови со кои било гранатирано мочуриштето. До комитите можеле да се приближат само по единствениот канал меѓу високите трски, низ кој можел да се движи само еден чун, кој лесно станувал плен на македонските четници. По неколку такви обиди аскерот кренал раце. Сониксен објаснува дека местото каде живееле комитите било заградено од плитка, но тињеста вода и затскриено од сите страни со трски, високи повеќе од три метри. Среде островот имало високо дрво, на кое деноноќно стражарел човек, кој сигнализирал ако доаѓал некој.
„Вечерта се собравме во големата колиба, каде што спијат четниците. Во средината светна голем оган, чиј чад се цедеше низ трските на покривот. На дното послаа голема черга врз дебел пласт од шамак. Таа просторија ни беше нашето постојано ноќевалиште. Ни еден аристократски салон не бил подобро украсен со оружје. Над главата над секој заспан четник висеше манлихеров карабин, штик и наган“, ги пренесува Сониксен впечатоците од првиот ден кога стасал во Ениџевардаското блато, на покана на војводата.
Еднаш пред легнување Апостол случајно му спомнал на Сониксен дека султанот му го испраќа некој Кемал бег да преговара со него. Како што му објаснил, станувало збор за братучед на султановиот престолонаследник. Притоа му го покажал и писмо што го добил. Во него Кемал бег предлагал да се сретнат каде што ќе сака Апостол. „Не сум му одговорил и што да му одговорам? Тој сака да ме поткупи... како што се обидуваше еднаш да ме поткупат преку жена ми. Што ќе помислат моите другари од другите реони? Еве, Апостол си мисли дека е голем водач... Тоа ќе го повреди моето име“, гласно размислувал македонскиот војвода решен да ја одбие средбата.
За Сониксен тоа ќе биде голема вест и таа средба ќе ја определи како најважен настан од неговото шестмесечно комитлакување во Македонија.
„Апостоле, ние треба да се видиме со тој султанов човек. Моето присуство на средбата ќе го зачува твоето име. Треба да се сретнеме со него... нека дојде... тој ќе ми даде материјал за еден допис, ако не излезе ништо друго. Помисли си за тоа, ако напишам дека еден делегат на султанот ве среќава во вашата тврдина, со тоа јас ќе му го дадам најдоброто свидетелство на светот, кои сте вие и какви се четите во Македонија“, ќе го убедува Сониксен македонскиот војвода.
Веднаш потоа испратиле писмо и ја прифатиле средбата. Одговор стасал набрзо. Од султановиот претставник војводата Апостол бил наречен главатар на четите. Високиот гостин пристигнал во неосвоената водена тврдина на Апостол.
„Сите ние останавме назад и Апостол со достоинство, што дотогаш не насетував дека го има, излезе напред и свечено се бакна со него; потоа Владо, помошникот на Апостол и јас му бевме претставени и на истиот начин се поздравивме. Ние скршнавме во големата колиба и четниците по турски обичај го поздравија посетителот. Изнаседнавме на церемонијалната черга. Еден четник веднаш му стави кафе на гостинот, а Шеикот ни даде на сите слатки“, ја опишува Сониксен средбата.
Кемал бег не го соопштил веднаш она за што дошол, туку наредниот ден. Разговарале за општи работа, а ноќта преспал кај нив. Американскиот новинар подвлекува дека високиот гостин не бил реакционер, иако носел султански полномоштија, туку по убедување младотурчин.
„Зошто сте грабнале оружје, инсистираше тој. Вооружените револуции се бесмислени, бескорисни. Одете по стапките на младотурците. Примете ги нештата такви, какви што се, но агитирајте. Придружете им се ним. И направете го прогресивното движење една здрава сила. Мнозинството, Турци и христијани, се прогресивни луѓе... Вие разурнувате, уништувате... Зошто не создавате“, им говорел Кемал бег.
По разговорот му го покажале чифликот на Апостол, кошниците со пчели, пилињата, мисирките, мочуриштето на пајките и трлото. Кон полноќ легнале да спијат. Утредента Кемал бег го пренел предлогот на султанот.
„Тој го покани Апостол да појде во Цариград, како гостин на султанот еден месец. Неговото Величество го признава Апостол за човек со восхитувачка воена и административна способност и како водач на народот. Неговото Величество сака да ги изучи подробно желбите на народот, но директно од неговиот водач. Во времето на посетата во Цариград аскерот ќе биде повлечен од реонот на Апостол и тој ќе може да одржува врска со своите подвојводи секој ден преку специјални курири. Апостол ќе биде примен и гоштеван во дворецот со царски почести“, го пренесува Сониксен предлогот на султанот кој, очигледно, немал претстава што, всушност, претставува ВМРО и кои се нејзините водачи.
Апостол го одбил предлогот, а Кемал бег го замолил да го напише тоа на хартија, а македонскиот војвода напишал: „Да се сите чиновници како Шеик Кемал, многу малку недоразбирања ќе има меѓу народот и неговиот Господар“.
На заминување Кемал бег ги фотографирал. Наредната зима, кога Сониксен пристигнал во Софија во хотелот го чекало писмо, во кое имало негова снимка, на чија задна страна пишувало Кемал. Писмото завршувало со зборовите: „Господ да ве чува во вашите авантури“.
Апостол Петков, од народот наречен Ениџевардарско сонце, е роден во 1869 година во селото Бојмица, Гевгелиско. Пред формирањето на ВМРО имал комитска (арамиска) чета. Подоцна се ставил во служба на Организацијата. Учествувал во Илинденското востание и стекнал голем авторитет меѓу народот. На 1 март 1905 година неговата чета и онаа на војводата Сава Михајлов биле предадени од овчари Арнаути во близина на селото Смол, Гевгелиско. Двете чети броеле 42 души. Битката со турскиот аскер траеле 4-5 часа. Во неа загинале 36 четника и војводата Сава Михајлов. Апостол Петков, ранет, со уште петмина четници го препливал Вардар и се спасил. Убиен е во заседа на 2 август 1911 година во близина на Крушари, Ениџевардаско.
По битката во Смол, Турците сметале дека е убиен, но по една недела солунскиот валија добил писмо во кое му соопштувале дека е жив.
„Тоа непријатно соопштение не било објавено. Еден султански пратеник отишол кај жената на Апостол во неговото родно село и и' предложил владата да му даде на нејзиниот маж богата пензија во странство, ако тој престане да дејствува и да молчи, нека сметаа дека е мртов. Дури и после, кога го сретнав во мочуриштето на Караферија, во Бугарија, не се знаеше дека е жив, а во Солун турски офицери носеле медали, што им беа дадени за учество во неговото убиство“, пишува Сониксен книгата „Исповед на еден македонски четник“, објавена во САД во 1909 година.
Тој додава дека Апостол Петков бил многу популарен и во Бугарија, а негови портрети виселе во многу крчми во Софија. Странски полициски офицери и конзулски верувале дека тој е претставник на селските маси.
(Продолжува)

No comments:
Post a Comment