Мате Каповиќ е дел од новата група на хрватски лингвисти, а воедно е и антиглобалист. Тој минатата година ја објави „Чив е јазикот“, книга која што предизвика многу полемики во Хрватска.
Во книгата е застапено и неговото гледиште за македоскиот јазик што беше и повод да го побараме за разговор.
Ова е интервјуто направено со него:
1. Јазикот, како средство за полесна комуникација, нема статички карактер, напротив. Со Вашата книга „Чиј е јазикот“, а и со Вашите ставови околу хрватскиот јазик, предизвикавте многу коментари во Хрватска. Дали вашите критики придонесоа за промена во поглед на хрватската лингвинстика?
На самиот почеток треба да се нагласи дека во медиумите моите ставови за јазикот се прогласени за „револуционерни“, но тоа не е точно. Повеќето работи за кои што зборувам се просто основа на лингвистиката. Меѓутоа, проблемот е во тоа што многу кроатисти не ги познаваат тие основи или дозволуваат национализмот и екстремно десните политички ставови да ја исклучат науката.
Како што напишав во уводот на книгата, не се надевам дека некој од кроатистите ќе ги промени своите ставови – тоа едноставно не е можно. Мојата мисла водилка ми беше да понудам научен и прогресивен поглед на јазикот на младите стручњаци, кои сега почнуваат, да се бават со јазикот, пред старите потполно да ги отруат, а на лаиците да им презентирам книга во која што ќе можат да прочитаат што вопшто е лингвистика, со оглед на тоа дека во текот на образованието и низ медиумите воглавно ги трујат и заглупуваат со апсолутни глупости.
Со оглед на големата читаност на книгата и на многуте пофалби, кои ги добив од нестручни лица, мислам, дека во тоа барем малку и успеав.
Лично лингвистички почнав да се развивам во 1990-ите години, кога атмосферата околу јазикот беше сѐ, само не и здрава. Една од целите ми беше да напишам таква книга каква што јас сакав да имав прилика да прочитам кога почнав да се интересирам за јазикот.
2. На Балканот постојано одредена етничка група го негира правото на друга за именување на својот јазик, па така цело време се јавува потреба да се брани некој од некого. На пример, бугарските и српските лингвисти со години го оспоруваат постоењето на посебен македонски јазик. Според Вас, која е посебноста на македонскиот јазик?
Треба да се знаат неколку основни факти. Јужнословенските јазици, како и други словенски јазици, каде немаше големи историски дисконуитети, го прави дијалектниот континиум. Тоа значи дека дијалектите со текот на времето се прелеваат еден во друг и тешко е да се одреди точна граница помеѓу нив.
На пример, хрватскиот говор на границата со Словенија, има повеќе заеднички карактеристики со словенечкиот, од оние кои што се подалеку од границата. Хрватскиот северно чакавски дијалект во Истра е многу поблизок со словенечкиот одошто јужно чакавскиот дијалект, кој што има голема сличност со западно штоковскоиот дијалект.
Тие западно штокавски дијалекти се прошируваат на источно штокавските дијалекти кои што одат напред до торлачкиот дијалект, кој што е близок до бугарскиот говор. Исто така, на пример, не е можно да се постави остра разграница помеѓу чешкиот и словачкиот или пак помеѓу рускиот и белорускиот говор. Кога се зборува за словенските јазици, а исто е и со повеќето други јазици, секогаш начелно се зборува за стандардни-литературни јазици.
Нема сомнеж дека постои и стандарден литературен македонски јазик. Тој е близок до бугарскиот јазик, но нема ништо лошо во тоа што Македонците го именуваат со свое име и што функционира како засебен стандарден јазик.
А ако зборуваме за дијалекти, тука нема смисла да подвлекуваме остри граници. Но стандардните јазици се секогаш политичко -идентитетски прашања, а не работа (домен) на некоја научна лингвистичка проценка или анализа.
Бугарските посегања по македонскиот јазик се одраз на јазичниот национализам и империјализам, што е потполно непримерно и непотребно. Тоа е исто со она што грчката политика ѝ го прави на Македонија, само што во овој случај се работи за јазикот.
Невозможно е еден народ на друг народ да му наметнува, како би требал да се именува себе си, својата земја и својот јазик.
Но мислам дека Македонците на такви екстремистички и шовинистички ставови не треба да одговорат на ист начин, туку треба да повикуваат на толеранција, соработка и заедничка борба на обичниот народ за подобра иднина.
3. Каков е интересот за изучување на македонскиот јазик во вашата земја - Хрватска?
На Отсекот за славистика на Филозофскиот факултет во Загреб делува и катедра за македонистика. Таму и јас, на времето кога студирав, учев македонски јазик. Бидеќи не така одамна живеевме во заедничка држава, нормално е тоа што сè уште се чувствува одредена блискост со Македонија, Македонците, па и со македонскиот јазик.
Треба да се нагласи дека односот помеѓу хрвасткиот и македонскиот говорник е поинаков отколку односот помеѓу некои други јазици.
Покрај тоа што многумина Македонци барем пасивно знаат српски јазик, самите јазици, македонскиот и хрватскиот се доволно слични, па така комуникацијата без проблеми може да се одвива на хрватско-македонски, поготово со малку време за прилагодба.
4. Има двајца исклучителни хрватски македонисти Ватрослав Јагиќ и Горан Калоѓера, кои се активни во проучувањето и промовирањето на македонскиот јазик. Дали Вие сте учестувале и дали би учествувале на некој симпозиум во Македонија?
Покрај наведените, треба да го спомнам и не така одамна починатиот хрватски лингвист Далибор Брозовиќ, кој што беше член на МАНУ.
Лично 2008 во Скопје, во организација на Хрватската Матица и лекторатот за хрватски јазик на Филозовскиот факултет во Скопје, одржав предавање за односот помеѓу српскиот и хрватскиот јазик. Меѓународниот славистички конгрес во Охрид во 2008 година, за жал го пропуштив.
5. За разлика од Македонија, која не е ниту на почеток на преговорите за приклучување во Европската Унија, Хрватска оваа година ќе стане полноправна членка. Дали сметате дека освен финансиски бенефит, државите, кои претендираат да бидат дел од Унијата, ќе имаат и големи културно – општествени придобивки?
Што се односува до јазикот, културата, тука членството во ЕУ нема ништо битно да промени.
Но се плашам дека се лажете ако мислите дека ќе имате финанциска корист со влезот во Европската Унија.
За Хрватска, а ќе биде исто и за Македонија, ако дојде до тоа, влез во Европската Унија ќе значи само присуство во неоколонијалната периферија на Европа и трајна неразвиеност. Во Хрватска во последните 20 години индустријата е потполно уништена и потребна е комплетна реиндустријализација.
Тоа е, за жал, со отворените граници и слободниот пазар во Европската Унија, во конкуренција со големите западноевропски корпорации, економски потполно е невозможно.
Во Хрватска премногу луѓе наседнаа на митот за просперитет, кој што нè чекал во Европската Унија, а вистината е сосема спротивна.
Европската Унија е недемократска и неолиберална творба, во која се води политика исклучително во корист, пред сè, на западноевропскиот капитал. Нема потреба, да се биде голем генијалец, за да се разбере што Европската Унија вистински носи. Посебно не во Македонија – доволно е да погледнете источно, кон Бугарија, и ќе видите дали таму се живее подобро по влезот на земјата во Европската Унија.
А да не зборуваме за ситуацијата јужно од Македонија, Грција, која веќе со децении е во Европската Унија, е во ужасна позиција, а тоа е благодарение, пред сè, на членството во еврозоната.
Благојче Андонов
превод: Виолета Матијевиќ
Извор: Македонска ризница, број 1, 4 август, 2012 година.

No comments:
Post a Comment