ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Ванѓа Чашуле
Познат по својата конспиративност и здржаност, Даме оддалеку ќе почне разговор со новодојдените учители. Ги праша, зошто не останале во Бугарија? Прашањето е навидум наивно, но всушност мошне провокативно. И Гоце си ги отвора душата и срцето, онака како што ќе го прави тоа секогаш до крајот на својот живот, набележувајќи го патот за ослободување на Македонија.
— Може ли да има друго место за еден Македонец освен Македонија? — го праша сега тој Дамета. — Има ли понесреќен народ од македонскиот? Има ли некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија? Во Штип дојдовме случајно — сеедно каде, но треба да се започне побрзо. Треба да се просвети и организира народот, да се вооружи, да му се вдахне верба во неговите сили — да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата — да му се отворат очите.
Даме само слуша и откако завршува Гоце, тој извикнува со радост: „Добре ми дојдовте“, го вади уставот на Организацијата и им го дава. Истата вечер Гоце положува заклетва и станува нејзин член. Веднаш по давањето заклетва ги разделуваат реоните за работа: Даме и Делииванов градот со селата откај неговата страна, а Гоце Ново Село со селата што се наоѓаат од таа страна.
Во текот само на два месеца работа веќе целиот град и Ново Село се раздвижени. И тоа не само посветените во Организацијата членови, туку целиот град живее со нов дух. Новото што го проповедаа учителите, било во непосреден поединечен контакт, било преку читалиштето што го основаа при училиштето, беше прифатено од сите.
Истовремено Гоце се зафаќа со организирање на селата и со уредување канали за префрлување оружје и друг материјал од Бугарија. „Секоја сабота навечер тој исчезнуваше од Штип, кога преоблечен кога не, и се враќаше во недела вечерта или рано во понеделник“, пишува во спомените за Гоце Туше Делииванов. „За два месеца тој го заврши тоа и кон Водици една вечер само- задоволно и насмевнувајќи се рече дека можеме и карвани да праќаме за Бугарија и од Бугарија дури до Радовиш и Струмица. Селата, што спаѓаа кон реонот што го имавме со Дамета, и тие незабележано поминаа под негово раководство, се под прикриената цел за уредување на каналите, а главно зашто беше толку активен што не можеше да нè уреди и да види сè. Така сите села беа под негово раководство и грижа“.
Во текот на таа прва година од револуционерната дејност на Гоце, во Штип и Ново Село е создадена цврста револуционерна организација со над 400 членови, која ќе го даде и првиот херој на организацијата Доне Стојанов, кој со своето храбро држење пред турската полиција, кога во вреќите со ориз ќе бидат најдени бомби, предназначени за организацијата во Битола, нема да каже ниту збор. Во секое село од Штипска околија се формирани групи од по 4—5 до 20 посветени во организацијата луѓе и е создаден канал за префрлување оружје и материјал од Бугарија.
Сега се поставува мошне акутно прашањето за финансиски средства потребни за набавка на оружје, што ќе биде постојана грижа на Гоцета. Тој ги ползува велигденскиге празници и со Делииванов заминува преку Велес и Солун за Кукуш. Во Велес се сретнува со Петар Поп Арсов, некогашен уредник на списанието „Лоза“, го информира за постигнатото во Штип и го упатува да го сврти вниманието не само кон организирање на градот, туку и на селата. За двата празнични дена, колку што останува во Кукуш, Гоце ги поставува основите на револуционерната организација во својог роден град — прима околу 15 души и успева да собере голема сума пари — 300 лири што му ги предава на Татарчев во Солун. Откако ги свршува овие работи, тој ита кон Штип, овојпат преку Дојран, Струмица и Радовиш, каде што исто така ги поставува основите на организацијата.
По завршувањето на учебната година, Гоце е пак низ Македонија — го обиколува Солунско, Кукушко, Гевгелиско. Насекаде настануваат нови комитети на организацијата. Десетици, стотици, илјадници нови членови се постројуваат под нејзиното знаме. И сè поостро се поставува прашањето за оружје и каде да се побара тоа.
Продолжува
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

No comments:
Post a Comment