May 30, 2012

Пилето ми пее

ПИЛЕТО МИ ПЕЕ

Пилето ми пее рано на сабајле,
рано на сабајле, рано пред зори,
па ми разбудува младата невеста,
младата невеста рано да стане.

Стани ми, стани, ти млада невесто,
коња да ми спремиш, мен да испратиш,
мене да испратиш, на гурбет ќе одам,
на гурбет ќе одам - пуста тугина.

Рачај ми, порачај, ти млада невесто,
рачај ми порачај што да ти пратам,
или писмо сакаш, или пари сакаш,
или мен ме сакаш дома да дојдам.

Ни ти пари сакам, ни ти писмо сакам,
само теб те сакам дома да дојдеш.
Парите се арчат, писмото се кине,
само љубовта е вечна до гроба.

Злата Теодосиевска

No comments: