1918, јули
На средбата на претставниците на Југословенскиот одбор и српската влада на Крф во 1917 година, кога било прокламирано создавање на југословенската држава, се расправало и за прашањето на Македонија. Претставниците на Југословенскиот одбор не покажале интерес за разрешување на македонското прашање. Српската влада останала при својата дотогашна политика спрема Македонија. Поради тоа група македонски интелектуалци во српската државна служба, предводена од проф. Глигорие Хаџи Ташковиќ од Воден, во јули 1918 година издадоа декларација „Ставот на Македонците кон Крфската декларација“ во која бараат обединување на цела Македонија и влегување на претставници од Македонија во Југословенскиот одбор.
Од името на Македонците (македонските Словени) - како оние во границите на Србија така и оние надвор од неа - ја даваме следнава декларација:
1. Никој не оспорува дека Македонците (македонските Словени) се југословенско племе, а такво е и чувствувањето и мислењето на сите Македонци без разлика.
2. Како југословенско племе ние сме солидарни со сите југословенски стремежи и ја прифаќаме Крфската декларација од 1917 год. Сакаме и молиме да се дополни Крфската декларација со тоа да ја опфати цела Македонија и сите Македонци.
3. За ова го прифаќаме единството со другите Југословени врз основа на демократско уредување на чело со Караѓорѓевата династија.
4. Според тоа, сакаме и ние Македонците да имаме свои претставници во Југословенскиот одбор, поради што му се примолуваме на Одборот да го прошири својот обем со примањето на претставници од Македонците надвор од границите на Србија, како што се влезени во Одборот и претставници на другите југословенски области што се надвор од границите на Србија.
Gradzja o stvaranju Jugoslovenske drzjave. (подготвиле: д-р Драг. Јанковиќ и д-р. Б. Кризмаи). Том. I., Белград 1964, стр. 238.

СТАВОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ КОН КРФСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА

No comments:
Post a Comment