Никола БАДЕВ (с. Глишиќ, Кавадаречко, 8. VIII 1918 ‡ Скопје, 25. IX 1976) интерпретатор на македонски народни песни. По освојувањето на првото место на фолклорниот фестивал во Скопје (1948), забележан од етномузикологот Васил Хаџиманов, наскоро започнал и професионална кариера како пејач и инструменталист на тамбура (1950). Бил член на Народниот оркестар на Радио Скопје, а подоцна и негов раководител. Со Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ од Скопје го афирмирал македонскиот мелос ширум светот. За потребите на Радио Скопје снимил над 500 македонски народни песни, меѓу кои и антологиските „Збогум, мајко, јас отидов“, „Сечи, моме, руси коси“, „Ој Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“ и др. Снимил песни и во дуети со Анка Гиева, Благој Петров-Караѓуле и Александар Сариевски. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и тиражните Сребрена и Златна плоча на РТВ Белград.
Македонска Енциклопедија (ЛИТ.: Роска Бадева, Збирка на народни песни на Никола Бадев, Скопје, 2004. С. Мл.)
Македонска Енциклопедија (ЛИТ.: Роска Бадева, Збирка на народни песни на Никола Бадев, Скопје, 2004. С. Мл.)
No comments:
Post a Comment