Името Македонија носи со себе голема историска гордост и вековна традиција, па така секој оној којшто сакал да ги асимилира Македонците прво нешто кон постигање на таа негова цел било оспорувањето на тоа величествено име.
За време на петвековното османлиско ропство на Македонија, Македонците како и сето христијанско население во Империјата биле нарекувани Каури. Македонија пак биле поделена на вилаети.
Во американскиот весник "The sun", од 16 јуни, 1903 година (стр. 12) се објаснети обидите на османлиските власти целосно да го избришат името Македонија бидејќи тоа само по себе асоцира на самостојната земја толку позната во минатото:
"Зборот "Македонија" го буди цензорот после толку многу години. Го сака турското име на територијата наместо името на независната земја...
Турските цензори од Константинопол протестирале за зборот "Македонија" од седмото издание од првото поглавје на Солунјаните беше потврдено преку писмо од Американското библиско друштво...
Ние имаме сериозни тешкотии во Турција со одделот за јавни инструкции. Цензорите протестираа за зборот "Македонија" од Новиот Завет. Нашите апликации за дозвола за нашите нови едиции се подложени на подолготрајно и уште понеразумно одлагање, одошто било кога претходно."
Во американскиот весник "The national tribune" од 24 септември 1903 година (стр. 3) по повод непостоењето на земјата Македонија на географската мапа, е напишано објаснување за читателите за тоа каде Македонија се наоѓа:
"Во дописите од Константинопол постојано се спомнува Македонија. Нашите читатели ќе имаат големи тешкотии да ја најдат на мапата, бидејќи македонското име исчезна од светската политичка историја пред векови.
Во денешно време под тој термин се подразбира земјата на север од Грција (!) расположена меѓу..."
По балканските војни (1912-1913) и Букурешкиот договор, Македонија е поделена меѓу соседните држави Грција, Србија и Бугарија (мал дел Албанија) и се продолжува со засилено темпо да се асимилира тамошното македонско население.
Територијата на денешна Република Македонија потпаѓа под Кралството Србија (струмичко потпаѓа под Бугарија) и српските власти во согласност со нивната пропаганда и асимилаторска дејност ја нарекуваат Јужна Србија, а Македонците Јужносрбијанци.
Од 1918 година територијата на денешна Р. Македонија (вклучително и струмичко) станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и како што се гледа од името на кралството, Македонија е изоставена од истото. Уставни нации се до 1929 година биле Србите, Хрватите и Словенците, а Македонците биле сметани како дел од српската нација. Македонскиот јазик пак е сметан за дијалект на српскиот и бил забрануван.
Во хрватскиот весник Narodno jedinstvo, број 48, од 1923 година, на насловната страна е цитиран допис од еден Македонец од Скопје во којшто тој го опишува негирањето на Македонија и на Македонците:
"Србите велат дека ние Македонците сме Срби и дека тие не ослободиле. Да видиме што говорат нивните дела, односно недела спрема нашиот народ. А тие говорат дека за нас Србите се полоши и од Турците. Бидејќи не е само тоа што не викаат Јужносрбијанци (?!), ниту тоа што Македонија ја викаат Јужна Србија (се гледа дека на нашите "ослободители" им е тешко да кажат Македонија)."
Од горниот цитат се гледа дека името на Македонија било предмет на негација и во тоа време. Понатаму во текстот се спомнуваат ѕверствата и убиствата вршени над македонскиот народ.
Територијата на денешна Р. Македонија (и дел од Србија) од 1929 до 1941 година, во рамките на кралството Југославија добива нов назив - Вардарска Бановина со цел заборавање на античкиот корен од Македонците и создавање на новата нација Југословени.
Забраната за користење на македонскиот јазик и принудното користење на српскиот во администрацијата и образованието во Македонија продолжила и во овој период. За ова сведочи визионерскиот цитат на Методија Андонов Ченто од 8 Декември, 1940 година:
"Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца.
Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на нивниот мајчин српски јазик. Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека останат Македонци. Ако овој политички поредок не ни ги дава нашите политички и национални права за самостојност, ќе дојде ден, во една федеративна држава, кога оваа земја нема да се вика Јужна Србија, туку Македонија и ќе биде самостојна држава. "
Ситуацијата во пиринскиот дел на Македонија под Бугарија не бил многу поразличен (со исклучок на периодот 1944-1948) што може да се види од фотографијата (десно) на којашто националноста Македонец е пречкртана и на нејзино место е напишано Бугарин.
Ова непризнавање на Македонците и на македонскиот јазик продолжува и до ден денес од страна на официјална Софија.
И покрај тоа што Бугарија е земја членка на ЕУ, таа сепак не ги почитува малцинските права кога се во прашање Македонците.
Најостри мерки против Македонците се превземени во егејскиот дел од Македонија. Во 1926 година грчката влада донесува закон за укинување на македонските топоними и лични имиња. Македонскиот јазик било забранет да се користи дури и меѓу членовите на едно семејство, а за прекршителите биле предвидени остри казни.
Во 1954 година упатена е писмена забрана за македонскиот јазик до леринската префектура.
Грција која денес тврди дека тие имаат право на името Македонија, дури кон крајот на осумдесетите години почна помасовно да го користи за северниот дел на Грција (егејска Македонија). За разлика од ова Македонците иако биле предмет на бројна асимилаторска дејност сепак преку со векови старите народни песни на македонски јазик, покажале дека се идентификуваат со името "Македонија".
Како што гледаме од посочените примери негацијата на нашето вековно име (и јазик и нација) не е само во последните две децении. Тоа бил плански процес којшто траел со векови, на сепак на крајот не бил успешен поради самиот факт што денес постојат Македонци со високоизразена македонска национална свест и земја која го носи името Македонија.
Нашите предци и покрај тешките измачувања, војни , окупација и страдања успеале да го сочуваат името Македонија. Да не дозволиме ние, денешните Македонци во мирнодобни услови самите да се откажеме од него.
Александар Стеванов, објавено и на Macedonian Spark

No comments:
Post a Comment