Македонска народна носија - Леринска Река
Wikipedia: Во Леринска Река, чие население е познато како рекарци, подолго е зачувана женската носија која се состои од кошула со бел ажурен вез по долниот дел и разнобоен на ракавите, шајак од бела клашна со везбени и аплицирани декорации, ткаен појас и скутина - прегач. Во составот на носијата е и облеката ресачка или власеник од црна клашна, со рески од внатрешната страна, слична со истоимените облеки од Долно- преспанските села и Костурско. Невестинската носија е дополнета со дополнителни украсни детали ќесици - извезени делови за над ракавите на шајакот, буљка - капа со заострен врв, дулбен, коцле, преврска, како и обилен метален и монистрен накит.

No comments:
Post a Comment