May 14, 2011

Баби

Каменеста формација наречена Баби - Штип

Според локалната легенда на 14 март, кога времето малку се затоплило, неколку баби тргнале да го напасуваат своето стадо кон подножјето на планината Плачковица. На самиот излез на градот луѓето кои ги пресретнале им рекле на бабите дека не е дојдено времето за напасување на добитокот и дека Сечко сè уште може да ги покаже своите заби на што бабите подбивно одговориле „Тиц кози јарина, серам сечко брадина!“.

Сечко (Февруари) којшто ги слушнал бабите налутен и навреден од нивната дрскост ја замолил Марта (Март) да му позајми некој од нејзините денови, дувнал со силен северен ветер, настанала лапавица и ги скаменил Бабите на самото место кадешто може да се видат и денес. Од тогаш деновите до 14 март му припаѓаат на Сечко, а деновите до 20 март на бабите. Во годините кога времето од 14 до 20 март е сончево се вели дека бабите се добри, а во оние години кога е студено дека бабите се лоши.

Во чест на оваа легенда штипската населба Баби, која е на само неколку стотици метри од каменестата формација, го носи ова име.

Локација: Штип (излез на градот, кон село Караорман)

Координати: 41.768349,22.20107 Google map.

Фото и текс: А.С. мај, 2011 година.

Кликнете на сликaтa за целосен размер! / Click on the photo to enlarge!

Александар Стеванов, објавено и на Cooltura

No comments: