June 9, 2008

Македонците и поменот за антиката

Цитати од книги, весници и други документи за историскиот континуитет и свеста на Македонците дека се наследници на античките Македонци и потомци на Александар Велики и Филип Македонски:



(сликата горе е врз база на слика од Македонцки)

„Македонците на Александар Велики, всушност биле Словени, зборувале на истиот јазик на кој и денес зборуваат жителите на Македонија. Воопшто, Македонците, Траките и Мизите, зборуваат на истиот словенски јазик. Многумина го сметаат Александар Македонски за Грк, но неоправдано.“

Мавро Орбини, 1601
Mavro Orbin (redakcija: Franjo Barišić, Radovan Samardžić, Sima Ćirković), Kraljevstvo Slovena, Beograd, 1968


„...Античкиот престол на Филип против кого Демостен зборуваше, и на Александар кој што го освои светот, е толку отсечен од цивилизацијата, па за вестите за тамошните услови ние зависиме од случајни и неверодостојни извори... Сѐ додека не се направи врска, на која може да се смета, со планинските долини на Битола ние сигурно не ќе знаеме за степенот на турското ропство и за тамошното лошо управување...“

The Canadian Magazine of Politics, science, art and literature, Vol. ХХ


„Бев испратил статиjа до 'Автономна Македонија' за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настоjчиво молам за неjзиното публикување. Од капитално значење е да jа сврземе нашата кауза со старата историjа на Македониjа...“

Никола Киров Маjски
Блаже Ристовски, Македонија и македонската нација, 1995, Скопје: Детска радост, стр. 138-139


„...Има уште такви, кои денешните жители на Македониjа не ги сметаат ни за Срби ни за Бугари, туку за посебна народност, вероjатно наследници на старите Македонци...“ 

Jаков Слишковиќ
Jakov Slišković, Albanija i Makedonija, Sarajevo: Vlastita naklada, 1904, str. 160

 



„Многу пати сме слушале од Македонистите дека тие не се Бугари туку Македонци, потомци на Античките Македонци...“

Петко Рачев Славејков
Петко Рачев Славејков, „Македонското прашање“, Македонија, 18 јануари 1871



„...Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне...“

Димитар В. Македонски
Д. В. Македонски, „По македонското прашање“, Македонија, 16 февруари 1871 (Блаже Ристовски, Македонија и македонската нација, Скопје: Детска радост, 1995, стр. 131)


„...Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник, но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв. Ако историјата на турко-монголските Бугари се прима како неразделен дел од историјата на современиот бугарски народ, зошто Македонците да не го почитуваат минатото и славата на својата земја, на своето име и на дел од својата крв? Зашто, како што вели Д. Македонски во 1871 г. 'не зинала земјата па да ги голтне' тие стари Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.“

Блаже Ристовски
Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, II 22 и 32, Скопје, 1983


...Македонија била нивната [на Лозарите] татковина и дека таа е оддел­на словенска држава, чие минато е покриено со блесок, особено во вре­мето на Филип и Александар Велики...“

Левов, 1892
Цитат според Блаже Ристовски


Албанците и Маке­донците... треба да се подготват и заемно да си помагаат како синови на една иста крв, како едни и исти војници на Алекандар Велики и на Скендер-бег... Овие две нации во старите времиња играле најважна улога меѓу сите народи што го населувале Балканскиот Полуостров.“

Водани, албански револуционер, 1898
 Shqiperia, ноември 1898 (цитат според Блаже Ристовски)


Дали Русите треба да се радуваат или да жалат во врска со тоа што во Македонија го издигнува својот глас тамошното старосе­делско на­селе­ние што си се нарекува себеси со старинското име Македонци? Спо­ред на­шето лично мислење праведно би било барем морално да се поддржи ова многубројно племе што зборува на по­себ­но словенско наречје и си има своја ста­ра историја, не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Ср­бите...“

Петар Драганов, 1900
Цитат според Блаже Ристовски


„...Кога ни е потребно да преземеме заштита на угнетените Македонци, ние треба со радо срце да го направиме тоа. Нам тука ни е премногу задоволство да се напомене дека Александар Велики, тој цар на вселената, е посведочил добродетелите на славјанското племе, кога рекол дека Словените носат херојски срца и поради тоа заслужуваат да носат великото име славјани, што ќе рече славни. Пред да издивна овој наш голем патрон изјавил дека го проколнува секој оној кој што за напред би ги нарекол со лош збор Словените. За сите нивни воени квалитети, тој им ги оставил сите земји од Јадранското Море до океанот на вечиот мраз. Покрај тоа, тој ги заколнал небесните покровители да ги пазат од несреќи и постојано да им притрчуваат на помош на дванаесетте кнезови, потомци на дванаесетте негови другари. Сега, ако Македонците не се во состојба сами да го запрат нивното истребување и да ја подобрат својата судбина, тогаш Бугарите, Србите, Црногорците и другите Словени се должи да им притрчаат во помош на оние браќа по крв и вера, на оние кои се родени од 'мајка дојна' [Македонија] и каде излегле најзнаменитите основи и светила...“

Автономна Македонија, I, 9, Софија, 30 август 1903, стр. 1


„Oваа земja e Maкедониja и ако ja погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономиja, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.“

Цариградски весник, 3 март, 1860


„Родум сум Македонец... Од Бога било пишано мојата татковина да страда од Грците, па тие не ни даваат мир ниту денес, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното царство.“

Ерејот Димитрија од Кривопаланечко, 1848


„По долината на Македонија сѐ е стушено и невесело, сѐ е жалосно. Турците од срцето на човекот го искорнале смеењето кое му припаѓа само нему, на човекот. Од нивните робови, од потомците на Ахил и Александар, тие направиле стада од животни.“

А. Н. Дидрон
A. N. Didron, Le Mont Athos Exract from Annales archeologiques, volumes 4, 5, 18 и 21. Национална библиотека Париз сигнатура 4о V, 1122/4,5,18,21 (цит. според академик Александар Матковски, Македонија во делата на странските патеписци, цит. дело).


„Чист Македонец, како што беа Филип и Александар Македонски.“

Иван Шумков од Крушево 
Христо Андоновски, Јужна Македонија од античките до денешните Македонци, Скопје, 1995, стр. 55


„Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земjа Македониja поради причини од еготистички цели од страна на големите сили е оставена повторно на Турциja по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа, доjде во одредени области на нашата татковина до многу крвави сценипознати на секого. Со желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот jaрем, секоj oд нас, кoj колку може, станавме да се жртвуваме, бидеjќи од секого од нас е нижна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што се лее по полината и горите македонски ние служиме, како македонската воjска на Александар Македонски, за слобода со нашата девиза Слобода или смрт!..“

Правила на Македонското (Кресненско) востание, 1878, од приватната библиотека на Кирил, патриjaрх Бугарски, Заведено под сиг. Арх. Од дело 2341, AE 50, l.l. 30-61


„Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!“

Коста Шахов
Коста Шахов, Македонија, бр. 4, Русе, 11 ноември 1888.


„Навистина, некогаш Македониjа била под грчка, како и под римска и бугарска власт..., но поради тоа не може да се нарече “грчка“ ... земjа. Пред да биде завладеана од други Македониjа беше одделно македонско царство, управувано од Александар Велики коj ги разби Грците и го покори целиот свет. Едно што Македониjа во минатото живеела самостоен живот, што и пречи и во иднина да живее таков живот?“

Македоно-одрински преглед, 1907, II/38, стр. 595



„Уште зимоска, по македонските села крстосуваа македонските деjци, борци и водачи што организираа собраниjа, претпоставуваа да собираат потписи под молбата до таткото на сите Словени молеjќи за милостиво застапништво. Тогаш Македонците ги изразиjа своите вистински желби: на древниот македонски престол на Александар Велики, на Самуила и Марко Крале да седне руски кнез. Но за никакво соединување со Бугарите, ни за напад врз Србите, непознато од чие име, никоj од автономистите не зборувал.“

Димитрија Чуповски
Управда, „Бескрупулозен неприjател на Македониjа и на словенството“, Македонски Глас, год. II, бр. 11, стр. 219-220, 20 ноември 1914


„Taму каj Пинд и Шар, кaj Струма и Вардар, каде се е покриено со длабоки рани, достоjни потомци на Велик Александар, хероjски се борат со вековни тирани...“ 

Автономна Македониja, септември 1903


„Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот.“ 

Виктор Григорович
во врска со импресиите од својата посета на Македонија во 1844 - 1845 година


„Клетата раја од Македонија уште ги воспевува подвизите на завојувачот на Персија и Индија.“

Патопис од непознат автор од 1807 година, Френски патеписи за Балканите 19 век, составила и редактирала Бистра Цветкова, Софија. Преземено од Archives de l'armee de terre, со сигнатура МР 1618, 17


„Македонците во стари времиња биле многу проучени како научници, а исто така и по својата храброст. Сега пак тие се плашливци и незнајковци.“ 

Патопис од непознат автор од пред 1798 година, Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 година.


„Македонија толку славна со спомените на Филип и Александар, толку несреќна за време на римското владеење, понижена под Бугарите и најпосле толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фанатизмот, незнаењето и деспотизмот“

Кузинери, 1816
Esprit Marie Cousinery, Voyage dans la Macedoine I, Paris, 1831, p. 11


„Помислете Вие, мили чеда: за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!“

Марко Цепенков, 1899


„За тој расипан град се прикажуа, оти е прајен од Александра, царо Маќедонцќи.“

Марко Цепенков
Предание за Градиште запишано од Марко Целенков (Д-р Кирил Пенушлиски, цит. дело, стр. 100)


„Кога се појавил славниот македоно-словенски цар Александар, албанскиот крал Карел ги испратил своите два капетани да го пресретнат. Тие му се претставиле на големиот словенски цар Александар со зборовите: Добро ни дојдовте, цару Александар! Откако го прочита ова, Гани-беј го запраша шехот:,, Кој народ најпрво ги има населено бреговите на Белото Море: албанскиот или словено-македонскиот? На ова прашање од бејот, шехот одговорил: Најпрво овде се населиле македонските словенски народи и од нивното доаѓање до денес имаат поминато цели 2600 години, а тоа е 200 години пред населувањето на албанскиот народ.“

Исаија Мажовски
Исаија Мажовски, Спомени, Софија, 1922


„Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен...“

Исаија Мажовски 
говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија, во 1888 година


„Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му зборуваше на Гркот не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и Александар...“ 

Рајко Жинзифов
во врска со една полемика меѓу Димитар Миладинов и еден Грк


„Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!“

Григор Прличев
Говор по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј, 1885 година, Солун





„Ние Македонците од Македонија, дел од поранешната Tурска Империја, имигрантите во Колумбус, Френклин Каунти, Охајо, се здружуваме заедно во братска, неполитичка и нецрковна организацијата која ќе се вика 'Македонско-американско друштво Александар Велики' на Колумбус, Охајо.“

Преамбулата на „Македонско-американското друштво Александар Велики“, Колумбус, Охајо, основано на 9 март 1938 година


„Наша должност е сите да застанеме под македонските знамиња и да си ја пролееме крвта за нашата Татковина. Македонци, Споменете си за светскиот победник, светската слава на Македонија - Великиот Александар Македонски, споменете си за храбриот цар Самуил, за македонскиот великан, волшебниот Крале Марко, сесловенска слава, - дека во нив течела македонска крв, тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започната дело. Да се покажеме како достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожтвуваност; да го отфрлиме од себе страмниот јарем што не гуши пет века... Слободата не се купува ни подарува, таа треба да се извојува.“ 

„Кон Македонците и Рaд македонских комитета“, Реформи, 14 септември 1902 и Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2


„Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разединетата атинска интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема спротивни услови - братот брата си го продава.“ 

Петар Поп-Арсов, 1894


„Дваесет и двајца Македонци... во една кафеана пееја песни за победите на Александар.“ 

Франсоа де Тот
Од романите на французкиот генерал Франсоа де Тот, кој работел во Цариград од 1768 до 1775 година, според Александар Матковски, Македонија во делата на странските патеписци, 1371-1777, Скопје: Мисла, 1991, стр. 833


„...Минуваат годините, минуваат вековите, а Македонија се уште е нажалена и несреќна, цела потоната во таги и несреќи. Само дивото незнаење, дивата рутина, со кои се вдахнати цариградските џелати, може да ги создаде оние крвави сцени на кои робот почнал да гледа како на нешто обично, на нешто кое не станало. Жестокостите и циничните грубости, обесчествувањата и грабежите - тоа е целиот систем на гнилата Турска империја! Тие примитивни луѓе и варвари, изроди на пеколот, со груба сила ја завладеале оваа просветена земја - поробената и нереќна Македонија - која едновремено е и лулка на Европската цивилизација. Таа земја која се гордее со своите славни традиции, со своите славни спомени, - денес го влече тешкиот јарем на турското ропство. Гласот на Македонецот, кој систематски е задушуван од пред пет векови наваму, почнува да се надига. Неговиот подземен шепот ќе избувне со силата на величествен и блескав вулкан...“

„Гласот на Македонецот почнува да се надига“, Од програмата на Македонската работничка социјалистичка група од 1895 година, цитирано во Историска вистина, Прогресивната општествена јавност во Бугарија и Пиринска Македонија за Македонското национално прашање - документи, студии, резолуции, апели и публицистички прилози - 1896-1956, Скопје: Култура 1981, стр. 28


 
„Македонија и нејзините големи синови: Александар Велики - цар на Македонците“, Календар на Илинденската организација, Софија, 1923 година


За да се разбере што ги привлекло плевенските книжевници да ја преведат Александријата, треба да се има предвид не само големата склоност кон чудни фантастични разкази, но и целосната увереност на преведувачите дека Македонците на Александар биле предци на сегашните Македонци, затоа Бугари, а Персијците, против кои е војувал големиот цар, биле Турци.

Ј. Трифунов
Ј. Трифунов, Историја на град Плевен до ослободителната војна, 1933, стр 91-92


„Бидејќи денешните Грци се потомци на старите Грци, денешните Албанци - на старите Албанци, денешните Власи - на старите Власи, би требало да се каже дека и денешните Македонци се потомци на старите Македонци... Така како што денешните Елини, Власи и Албанци се потомци на старите Елини, Власи и Албанци, така и денешните Македонци се потомци на старите Македонци. Разлика тука не може да се прави...“

Д-р Ганчо Ценов
Д-р по история Ганчо Ценов, Народността на старите Македонци, София, декември 1938


„...Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките македонци на Филип II и на Александар...“ 

Елефтериос Ставридис
Елефтериос Ставридис, Зад кулисите на КПГ, Атина, 1953, стр. 214



„...Македонија која немала национална самостојност уште од времето на Александар Велики...“ 

Вилијам Б. Кинг
William B. King, "Macedonia Hot Trouble Spot: Patriots Revive Old Cry For Autonomy", The Tuscaloosa News, 24 August 1945, p. 3


Дури и некои физички карактеристики се чини дека одолеале на траумите од историјата; споредете ги профилите, особено на некои од најмладите Македонци, со класичните бисти на нивните прататковци во античноста.“

Fodor's Yugoslavia, 27 January 1990 (Stephan N. Stoyanoff, "Don't Believe It, Macedonians Aren't Bulgarian", New York Times, 12 May 1993)


„...Историја: Александар Велики за кратко ја направил Македонија светска сила чија империја се протегала од Египет до Индија во четвртиот век пред новата ера...“

Џон Талиабју
John Tagliabue, "Macedonians vote for independence from Yugoslavia", New York Times, 10 September 1991 (по повод независноста на Република Македонија)


Балканот, вклучително Бугарија и Македонија, во шестиот век беа населени од словенски племиња... Словенските племиња кои ја населија Македонија се измешаа со домородното население, кои беа потомци на Александар Велики.“

Стефан Н. Стојанов
Stephan N. Stoyanoff, "Don't Believe It, Macedonians Aren't Bulgarian", New York Times, 12 May 1993


Во нашата култура има многу елементи кои датираат од античка Македонија...“

Наде Проева
Спорот за името меѓу Македонија и Грција, ЈП Службен весник на Република Македонија: Скопје 2008, стр. 121

No comments: