Александар Турунџев е македонски револуционер, роден во 1872 година во селото Екши Су (Горно Врбени), Леринско, Егејска Македонија. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. Делувал главно во леринскиот регион, Долна Преспа и битолско. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско.
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското Горско началство.
Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година.
Александър Кицев Турунджев (1872 Екши Су - 18 януари 1905 Битоля)
Македонски революционер, лерински войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
Александар Турунџев (1871 Горно Врбени - 18 јануар 1905 Битољ)
Македонски четник (хајдук) и борац против Турака. На почетку је био хајдук а касније постао члан Тајне Македонско-Одринске Револуционарне организације (ТМОРО). Био је учесник неуспелог Илинданског устанка. 1904.
1 comment:
Илинденецот Турунџев ќе добие споменик во Битола
Post a Comment